Фритула >
Сосотојки:
400 г брашно
200 мл млеко
1 јогурт
2 жолчки од јајце
1 лажица рум
2 лажици шеќер
Рендана кора од портокал
? мала лажица сол
квасец
Упатства:
Измешајте го квасецот со малку брашно, шеќер и топло млеко. Во посебен сад ставете брашно, па додадете шеќер, јогурт, рендана кора од портокал, рум, сол, жолчки и квасец (што го подготвивте претходно). Истурете топло млеко и мешајте со миксер, додека не се појават меурчиња. Оставете ја смесата на топло околу еден час. Потоа, со лажица вадете го тестото и пржете на загреано масло, додека не примат жолто-златна боја.
По желба, додадете суво грозје или рендано јаболко во смесата.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со јаболка и ореви >
Сосотојки:
1/2 кгр. готови кори
3 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 пециво
1 кгр. јаболка
150 гр. мелени ореви
цимет
1 кгр. шеќер
800 гр. вода (за шербет)
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат и се додава 1 чаша јогурт, 1 чаша масло и една чаша гриз. Сето се мати и на крај се додава едно пециво.
Се рендаат 1 кгр. јаболка и им се додаваат 150 гр. мелени ореви и цимет.
За еден ролат потребни се три кори.
Секоја кора се мачка со 2-3 лажици фил и на последната кора се ставаат ренданите јаболка. Се добиваат пет ролати, кои пред печење се сечат.
Се вари шербет од остатокот од шеќерот (околу 800 гр.) и 800 гр. вода, додека ја добие потребната густина.
Баклавата да биде ладна, а шербетот млак. Се полева и се остава да отстои најмалку два часа. Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Зимски сладолед >
Сосотојки:
- 100 грама рендано темно чоколадо
- 300 мл. млеко
- 85 гр. шеќер
- 3 жолчки
- 300 мл. хопла
Упатства:
Ставете го ренданото чоколадо и млекото со сад и загревајте го на тивок оган додека не добиете еднолична смеса. Оставете го да се излади.
Изматете ги шеќерот и жолчките в густа смеса и додадете ги в растопеното чоколадо. Се заедно мешајте на тивок оган додека не се соедини.
Оставете го кремот да се излади повремено мешајќи за да не се направи кора. Изматете ја хоплата и соединете ја со чоколадниот крем. Ставете го сладоледот во замрзнувач.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од јаболка со ореви >
Сосотојки:
За кора
1 + 1/4 чаша брашно
1/4 лажичка сол
4 лажици путер
2 лажици сало
4 лажици ладна вода
За прелив
1/2 чаша брашно
3/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша кафеав шеќер
1/4 лажица сол
4 лажици путер
За фил
1/2 чаша шеќер
1/4 чаша брашно
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка свежо рендана кора од лимон
Прстофат сол
6 поголеми јаболка, излупени и исечени на парчиња
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Подгответе го тестото за кора. Ставете ги во сад брашното и солта и промешајте. Ставете го путерот и салото и месете додека смесата не се соедини. Додавајте ја ладната вода, една по една лажица. Исплескајте го тестото на табла и ставете го во фрижидер да стои најмалку 30 минути.
Во меѓувреме направете го преливот. Во сад измешајте ги брашното, оревите, кафеавиот шеќер и солта. Ставете го и путерот и мешајте додека не се направат крупни трошки.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Исучете го тестото на набрашета површина во круг. Ставете го во тепсија наменета за пита. Краевите на кората декоративно свиткајте ги како на сликата.
Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, циметот, кората од лимон и солта. Додадете ги парчињата јаболко и сокот од лимон и ставете ги на оган додека смесата се соедини. Ставете го филот на кората, а одозгора ставете го преливот од ореви. Печете на 250 степени околу 30-40 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече >
Сосотојки:
тесто
10 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици брашно
прелив
1 литар млеко
500мл слатка павлака
500мл кондензирано млеко
300гр готов карамел
Упатства:
Се бијат јајцата со шеќерот и се додава брашното лајца по лајца за да се изедначи смесата.
Се печи во длабок плех 20х30.
Потоа настрана се мешаат трите млека и кога пандиштанот е готов се прелива.
Се сечи на коцки и се става карамел.(сакате готов карамел, а може и со стопени карамели).
На здравје!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчка баклава >
Сосотојки:
2 jaja
1 jogurtska casa secera
1 jogurtska casa mleka
1 чаша брашно
1/2 чаша масло
1/2 чаша мелени ореви
1/2 чаша сецкани ореви
1 прашок за печиво
Шербет:
250 гр. шеќер
100 мл. вода
Упатства:
Изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додадете ги сите останати состојки, измешајте и добро изматете. Ставете ја смесата во подмачкан плех со средни димензии и печете на температура од 250 степени, околу 20 минути.
Кога колачот ќе се испече исечете го на коцки и прелијте го со претходно сварениот и изладен шербет.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Киндер алва >
Сосотојки:
1 чаша масло за јадење
2 чаши пченкарен гриз
3 чаши шеќер (одбијте ако не сакате многу благо)
2 чаши вода
2 чаши млеко
1 кесичка ванилин шеќер
Упатства:
Во поголемо тенџере на оган се пржи гризот со маслото. Во друго тенџере се ставаат млекото,водата,ванилиниот шеќер и шеќерот. Додека го мешате гризот течноста во другото тенџере треба да зоврие и шеќерот да се растопи. Кога гризот сосем малку ќе зарумени се трга настрана и се додава зовриената течност. Мора да се меша брзо за да не се направат грутки. Алвата е готова кога ќе почне да се одлепува од рабовите на тенџерето. Половина се истура во плехче а на другата половина и се додава 60-70 гр чоколадо или какао.(по желба). Врз белиот се става црниот дел и откако кје се олади се сече на коцки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1 пакетче прашок за пециво
1кг. jаболка
1 чаша растително масло
1 кафена чаша мелени ореви
1 лажица цимет
Упатства:
Тавата се мачка со малку од маслото. Рерната се загрева на 170 степени.
Првите 4 состојки се мешаат добро.
Половина од оваа мешавина се става во тавата. За да е рамномерно фатете ја тавата со двете раце и нежно навалете ја на едната, па на другарта страна.
Ренданите јаболка измешајте ги со циметот и оревите и распоредете ги врз првата смеса.
Врвот се покрива со втората половина од сувата смеса.
Се додава маслото со помош на лажичка.
Се измазнува и се пече додека да порумени (околу 20 минути).
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
100gr кокосово брашно
200gr бисквити
100ml млеко
200gr маргарин
400gr шеќер во прав
150gr лешници
Упатства:
Сите состојки се мешаат и рачно се прават бомбици. Во секоја од нив се става по еден лешник. Потоа, секоја бомбица посебно се валка во кокос.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Васина торта >
Сосотојки:
- 9 јајца
- 13 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 6 полни лажици мелени бадеми (или ореви)
- 125 мл. млеко
- 200 г. мелени ореви
- 1 портокал
- 100 г. темна чоколада
- 250 г. путер
- 250 г. шеќер
Упатства:
Се матат 5 белки и им се додаваат 5 полни лажици шеќер. Потоа се додаваат една по една 5 жолчки. Се продолжува со матењето и на крај им се додава 1 лажица брашно и 6 полни лажици мелени бадеми или ореви. Тестото се пече на намастена хартија во тавче (број 28).
125 мл. млеко со 4 лажици (шеќер) се става на оган да зоврие. Потоа му се додаваат 200 г. мелени ореви. Се меша добро, се трга од оган и се остава да се излади. Посебно се матат 4 жолчки со 4 лажици шеќер. На оладените ореви се додаваат матените жолчки, рендана кора и сок од еден портокал и 100 г. растопена темна чоколада. Посебно се мати 250 грама путер и кога е готово се меша со оревите и јајцата. Со оваа смеса се премачкува тортата.
Од белките се прави густ снег и во него се додава тогаш сварен густ шербет од 250 грана шеќер со 2 чаши вода. Со снегот се премачкува тортата од сите страни да стане комплетно бела. Од горе се украсува со шприц.
Кога е тортата готова, потребно е да постои неколку саати во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен фондан за торта >
Сосотојки:
1 пакетче желатин
50 мл вода
900 гр.шеќер во прав
Шербет
20 мл вода
100гр шеќер во прав
1 лажица глицеринско масло
2 лажици масло за јадење
Упатства:
1 пакетче желатин се раствора во 50 мл вода(во еден подлабок сад) 900 гр.шеќер во прав На оган се растопува 20мл вода,со 100гр шеќер во прав(да се направи како шербет) му се додава 1лажица глицеринско масло(го има по аптеките ) и 2 лажици обично масло за јадење
Од кога ќе се растопи шербетот го тргаме од оган и му ги додаваме глицеринското и обичното масло и на крај во оваа смеса го додаваме настрана накиснатиот желатин.Го промешуваме сето ова убаво,и го тураме во длабокиот сад со 900гр.шеќер во прав.Всушност го замесуваме шеќерот во прав со оваа смеса.
Смесата се меси убаво 15-20 минути. По потреба се посипува шеќер во прав на работната површина се додека престани да се лепи смесата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес колач >
Сосотојки:
-2 чаши(големи, за млеко) рендани јаболки
- пола чаша шеќер
- 1 чаша гриз
- 1 јајце
- 1 чаша мелени ореви
- 1 чаша брусница (или суво грозје)
- пола чаша масло
- 1 прашок за пециво
- 1 и пол чаша млеко (Сите намирници се мерат со истата чаша).
Упатства:
Сето ова се мати заедно во изедначена смеса и се истура во подмачкан и со брашно посипан плех. Се пече на 180 C (претходно загреана рерна) 25-30 минути. ПРЕЛИВ- 100 гр. чоколадо за готвење, пола чаша млеко, 2 лажици супени маргарин, 4 лажици супени шеќер. Преливот се посипува на изладен колач. Многу брзо, лесно и сочно.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот