Ситни колачи >
Сосотојки:
300 грама локум
150 грама шеќер
100 грама ореви
150 грама бисквити
50 грама печен сусам
125 грама маргарин
Упатства:
Се става шеќерот и еден мал филџан вода да зовријат.Се меша на тивок оган додека не се растопи шеќерот.
Локумот се сече на на ситни парчиња и се додава во шербетот.Се меша на тивок оган додека не се растопи.Се трга од оган и се додава маргаринот.Мешаме додека не се растопи.
Се додаваат оревите, бисквитите и сусамот и смесата се изедначува.Оставаме да се излади.
Од изладената смеса на маса расукуваме кора од неа вадиме колачиња со помош на калапчиња.Украсуваме со растопено бело и црно чоколадо.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Бајадера со оризови снегулки >
Сосотојки:
2 јајца
300 грама шеќер
150 грама чоколадо
250 грама маргарин ( коцка)
300 грама мелени бисквити
100 грама оризови снегулки
100 грама чоколадо
3 лажици масло
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат пенесто. Ги ставаме на тивок оган и ги додаваме маргаринот и чоколадото. Мешаме додека убаво не се стопат маргаринот, шеќерот и чоколадото.
Тргаме од оган и ги додаваме бисквитите и снегулките. На намастена тава ја истураме смесата рамниме со раце и ставаме глазура.
Глазурата ја правиме со растопено чоколадо на 3 лажици масло.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од лешник >
Сосотојки:
1/2 кгр. лешници
1 л. слатка павлака
7 жолчки
250 гр. шеќер во прав
Упатства:
1. Лешниците ставете ги во плех и печете ги додека не се зацрвенат. Потоа извадете ги, изладете ги, излупете ги и издробете ги.
2. Слатката павлака ставете ја на оган и загрејте ја, но да не врие. Прелијте ја топлата неизматена павлака над лешниците, поклопете го садот и оставете да се излади
3.Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Изладената павлака и лешници додадете ги во смесата од жолчки. Добро измешајте. Со рачна мешалка матете ја смесата на пареа, додека не се згусне
4. Тргнете ја смесата од пареа и мешајте додека не се излади. Готовиот сладолед посипете го со дробени лешници.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат со вишни >
Сосотојки:
5 јајца
9 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 лажици млеко
9 лажици брашно
1 прашок за пециво
100 гр. мелени ореви
200 гр. вишни
200 мл. слатка павлака
4 пак. шлаг крем од ванила
Упатства:
1. Јајцата, шеќерот, маслото и млекото изматете ги пенасто. Додатете брашно и прашок за пециво и со лажица лесно измешајте.
2. Прекријте го плехот со хартија за печење и ставете го тестото. Печете на 200 C. Тестото малку изладете го, одвојте го од хартијата и завиткајтегоа во влажна кујнска крпа. Оставете го така да се излади.
3. Изматете го шлаг кремот цврсто и премачкајте го тестото. Одозгора ставете исечени на пола вишни и замотајте го. Со остатокот од филот премачкајте го ролатот одозгора, посолете го со мелени ореви и украсете со цврсто изматената слатка павлака и вишни.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Роденденска торта >
Сосотојки:
За тесто:
15 белки
20 лажици шеќер
20 лажици сецкани ореви
5 лажици мелени плазма бисквити
за фил:
15 жолчки
2 пудинзи од ванила
1 литар млеко
300 гр. маргарин
250 гр. сецкани ореви
250 гр. мелени плазма бисквити
1 литар слатка павлака
За украсување - 500 мл. слатка павлака
Упатства:
Изматете ги белките во цврст шлаг, додадете шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Додадете сецкани ореви и мелени плазма бисквити, па поделете ја масата на три еднакви делови и испечете 3 кори. За фил - со миксер изматете ги жолчките, шеќерот и пудингот и сварете ги во млекото. Во изладениот фил ставете го изматениот маргарин, додадете ги сецканите ореви и мелената плазма, па се добро измешајте. Изматете ја слатката павлака. Првата кора премачкајте ја со жолт фил, а потоа со шлаг. Ставете ја преку другата кора, па повторете ја постапката. Ставете ја и третата кора, жолтиот фил и на крај украсете ја тортата со шлаг.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Желирана торта од јагоди >
Сосотојки:
150 гр. бисквити
100 гр. маргарин
Прв фил:
500 гр. кисела павлака
300 гр. хопла
120 гр. шеќер
1 кесичка желатин
Втор фил:
1 кгр. јагоди
2 кесички желатин
Упатства:
Измелете ги бисквитите и замесете ги со маргаринот.
Измешајте ја киселата павлака со шеќерот додека не се растопи и додадете го изматканиот шлаг и желатинот кој сте го подготвиле по упатството на кесичката.
Ставете го филот на бисквитите (морате се да ставите во калап за торта). За едниот дел од филот да биде повисок, откако малку ќе се здрви земете фолија и обликувајте ја. Извадете ја фолијата откако малку ќе се стегне филот.
Јагодите исчистете ги, измелете ги, додадете шеќер и загрејте ја смесата неколку минути на шпорет додека шеќерот не се растопи. Направете две кесички желатин по упатството. Додадете го желатинот во смесата со јагоди и ставете го вториот фил над првиот фил на тортата.
Оставете ја тортата цела ноќ да се стегне.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Јафа штангли >
Сосотојки:
2 листа обланди
3 дл. млеко
400 гр. шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
250 гр. маргарин
700 гр, бисквити
2 портокали
300 гр. јафа кекс (ресана)
Упатства:
Сварете го млекото со шеќерот, чоколадото и маргаринот. Оставете го филот да се излади.
Излупете два портокали и исцедете ги. Додадете ги во мелените бисквити.Измешајте ги бисквитите во филот од чоколадо и оставете го да се здрви на ладно.
На листот обланда нанесете ја едната половина од филот. над него ставете јафа кекс, потоа премачкајте со другата половина од филот и над филот ставете го другиот лист обланда.
Оставете го на ладно место, па кога ќе биде доволно цврсто исечете го на штангли.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Непечена торта со јаготки >
Сосотојки:
200 гр. бисквити
100 гр. мелени бадеми или лешници
100 гр. растопен маргарин
За фил:
300 мл. хопла
300 мл.павлака
150 гр. шеќер во прав
12 гр. желатин во прав
3 лажички сок од лимон
500 гр. јаготки
Упатства:
Измелете ги бисквитите и бадемите и додадете го растопениот маргарин. Добро измешајте за да се соединат состојките. Смесата ставете ја на дното на подмачкан калап. Оставете го на ладно додека го подготвувате филот.
Натопете го желатинот со ладна вода и оставете да набабри. За тоа време измиксирајте ја хоплата со шеќер во прав и кон тоа додадете ја павлаката, сокот од лимон и се` добро измешајте
Земете го набабрениот желатин и загрејте го во микробранова или на шпорет на ниска температура да се стопи и во тенок млаз додавајте го во смесата од хопла и кисела павлака, миксирајќи цело време.
Јагодите измијте ги, исчистете ги и оставете ги цели. Наредете ги густо, една до друга на подготвената подлога и полијте ги со филот. Одозгора ставете рендана кора од лимон. Ставете ја тортата да се излади во фрижидер и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици >
Сосотојки:
1 чаша за чај лешници
10-15 суви урми
1 чаша ореви
1 лажичка канела
1 рака овесни снегулки
Кокосови струготини за декорација
една лажичка мед
Упатства:
Оревите и лешниците се мелат во машинка.Може со рачна,може и со електрична(смесата ќе биде пофина)
Се додаваат канелата,урмите(насечкани на ситно),снегулките и лажичката мед во еден подлабок сад. Се мешаат добро со рака или во блендер за да се добие по фина смеса.Од тестото се оформуваат топки кои се сплеснуваат на врвот со прст и се става еден лешник.Се валкаат во кокосовите трошки.Се ставаат во фрижидер да се изладат и стегнат.
Се декорираат по желба во кошнички...
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден чизкејк - Срце за двајца >
Сосотојки:
-Филџан сецкани ореви(може и мелени)
-филџан сецкани лешници
-2-3 лаж. овесни снегулки
-2 лаж. семе од лен
-2 лаж. сусам
-10-тина урми(со извадена семка и исецкани на ситно)
-1 лаж. кафеав шеќер
-2 табли чоколадо за готвење(стопени на водена пареа)
Упатства:
Истурате се во еден подлабок сад и мешате со рака.Треба да добиете нешто како ровко тесто.Тоа тесто го лепите на некоја рамна површина која ја поросувате со кокосови струготини,за полесно да се сече.
За филот:
-1 банана со две лажици мелени пченични никулци(испасирани)
-за срцето,4-5 вишни со едно резне праска и кокосови струготини
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Снек бар од јатки >
Сосотојки:
-Чаша за чај ореви
-Чаша за чај лешници
-Еден филџан бадеми
-Една рака сусам
-Една рака ленено семе
-Една лажичка мед
-Две табли чоколада
Упатства:
Истурате се заедно во подлабок сад.Претходно ја топите чоколадата.Ја ставате во врела вода(отприлика 5-6 лажици) без да ја загревата,таа сама се топи...Мешате со раце убаво.Ја истурате смесата на најлон(од тој за готвење)и ја притискате со нешто рамно,може со чинија.Идеално ќе биде ако имате некоја плитка но широка чинија.Убаво ја притискате и ја ставате во фрижидер.Сечете како сакате, може да се извадат и некакви форми.
Извор: http://makstrip.com.mk/
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Брз овошен колач (со вишни) >
Сосотојки:
4 јајца
3 филџани шеќер
1 филџан јогурт
1 филџан масло
2 и пол филџани брашно
ќесичка прашок за пециво
500 г овошје по желба
Упатства:
Се матат јајцата и шеќерот со миксер, а потоа се додаваат јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво притоа мешајќи со лажица. Длабоко правоаголно тавче (бр.30) се подмачкува со малку масло и се наросува со мелени бисквити.
Ако се користи овошје како јаболка, круши и и слично, се лупи и се сечка ги на големи кругови кои се редат на дното на тавчето и одозогора се истура смесата (после печењето колачот се превртува, па овошјето ќе дојде одозгора). Ако се користи поситно овошје како вишни, малини, јагоди - се истура смесата во тавчето, па одозгора се става овошјето. Се пече на 180 степени во претходно загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот