Cheese cake >
Сосотојки:
кора: еден маргарин, 4 лажици шеќер во прав, 12 лажици млеко, 300 г мелени бисквити (плазма)
бел фил: 150 мл вода, 2 ќесички желатин, 8 лажици шеќер во прав, 250 мл слатка павлака, 500 г несолено крем сирење
прелив: 2 ќесички желатин, 200 мл вода, 10 лажици шеќер, 500 г црвено овошје (малини, јагоди, вишни)
Упатства:
Се мати маргаринот со шеќерот, а бисквитите се попаруваат со млекото. Се мешаат смесите и се оформува кора во длабок правоаголен сад.
Посебно се мати слатката павлака, а посебно крем сирењето со шеќерот. Водата и желатинот се мешаат и се варат до вриење (ама да не врие). Се мешаат павлаката и крем сирењето, се додава оладениот желатин и смесата се става врз кората.
Се мешаат овошјето и шеќерот, водата и желатинот и се ставаат на оган до вриење (да не врие). Се процедува и млако се прелива врз филот.
Се остава убаво да се стврдне во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Чокомафини >
Сосотојки:
(суви состојки)
250г брашно,
ќесичка прашок за пециво,
половина лажиче сода бикарбона,
2 лажици какао
175 г шеќер
200г сечкана црна чоколада и уште барем 50 г за посипување
(течни состојки)
250 мл млеко
90 мл масло
едно јајце
екстракт од ванила или рум
Упатства:
Во длабок сад убаво се мешаат сувите состојки, а посебно се матат течните состојки и им се додаваат на сувите. Се меша со маталка колку да нема грутки. Се полнат хартиени корпици во калап за мафини и се поросуваат со парченца чоколадо. Се печат на 200 степени, 15-20 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни коцки >
Сосотојки:
100 грама оризови снегулки
200 грама чоколадо ( било какво може и за готвење)
100 мл млеко
сечкани ореви или лешници
малку путер
Упатства:
Во топло млеко го ставаме чоколадото да се стопи , мешаме па ги тураме останатите состојки и мешаме додека не се добие
густа и хомогена смеса.Смесата ја тураме во помал правоаголен сад ја виткаме , превиткуваме со фолија и оставаме неколку часа во фрижидер да се стегне.Се сече по желба.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Англиска пита од јаболкa >
Сосотојки:
250гр.- брашно
170гр. -путер
1вреќичка-Ванилин шекер
6 лажици вода
1кг.-Јаболки
1 лимон
4лажици шеќер
3 лажици густин
100гр.-суво грозје
цимет
2 лажици мармалад од кајсија(или било кој)
Упатства:
Омекнатиот путер го гмечиме со вилушка,го додаваме брашното и 6 лажици вода и мешаме со рака. Добиеното тесто го оставаме во прозирна фолија замотано и го ставаме на 10мин во фрижидер. Така оладеното тесто го делиме на два еднакви дела.Првиот дел го ставаме во калапот за печење,и со прстите го оформуваме рамномерно на долниот дел од калапот. Потоа го бодиме тестото со вилушка.
Јаболкате ги лупиме и сецкаме на мали коцки или пак може и едно рендано јаболко. Така на исецканите (рендани) јаболка го додаваме сокот од лимонот,го додаваме сувото грозје,шеќерот,густинот,ванилиниот шекер и циметот.Состојките ги мешаме и овој прелив од јаболка го ставаме врз тестото.
Останатиот дел од тестото,го ставаме на набрашнетата работната површина и со помош на сукало го развлекуваме тестото до саканата големина и го ставаме врз преливот од јаболка.Полека го притискаме за убаво да се залепи на смесата,и да не излегува од страната.
Печиме 30 минути на 170 степени во загреана рерна.
Така изладена питата ја вадиме од калапот и ја премачкуваме со мармаладот од кајсија и по желба ставаме шеќер во прав.
Бон апетит! :))
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со jаболка >
Сосотојки:
За тесто:
1 јајце
1/2 чаша масло
1 чаша млеко
1,5 чаша шеќер
2 чаши рендани јаболка
1-2 чаши мелени ореви
1 чаша гриз
1 прашок за печење
За прелив:
100 гр. чоколада
4 лажици шеќер
1/2 чаша млеко
1 лажица путер
Упатства:
Изматете го јајцето со маслото, па матете уште малку. Додајте ги потоа ренданите јаболка, мелените ореви, гризот и прашакот за печење. Се добро помешајте и ставете во подмачкан и со брашно наросен плех, па печете го на умерена температура околу половина час. За тоа време сварете го млекото со шеќерот, додајте го стопеното чоколада и путерот, па со жежок прелив, прелејте го топлиот колач и оставете го да се лади.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Ванилици >
Сосотојки:
200 гр. маст
500 гр. брашно
1 цело јајце
1 жолчка
4 лажици шеќер
сок од еден лимон
шеќер во прав
ванила
Упатства:
Изматете ја пенасто маста, а потоа додајте ја жoлчката, целoтo јајце, шеќерoт и сoкoт од лимон. Потоа дoдајте го брашното, префрлете ја смесата на даска за месење, замесете тесто и исукајте гo тестотo вo кора со дебелина од 1/2 см. Со чашка од ракија вадете ванилици од тестотo и редете ги вo подмачкан плех. Печете ги 20 мин. на 150С. Печените ванилици премачкајте ги со џем, сoставете ги две по две и увалкајте ги во шеќер во прав вo кој претхoдно сте додале ванила.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Бела пита >
Сосотојки:
400 грама шеќер
250 грама путер
1 кесичка прашак за печиво
300 милилитри млеко
250 грама маст
2 лажици лимонов сок
50 грама Гриз
1 кесичка ванилин шеќер
500 грама брашно
2 јајца
Упатства:
Свинската маст убаво изматете ја со миксер, додадете ги јајцата, 200 гр.шеќер и брашното, прашокот за печиво и половина кесичка ванилин шеќер.
Добро изматете.
Добиената смеса поделете ја на три дела.
Сите три дела расукајте ги, наредете ги на плех и испечете ги во рерна, една по една.
Фил: Во млекото сварете ги 200 гр. шеќер и гризот.
Додадете ја преостанатата половина ванилин шеќер и малку лимонов сок.
Филувајте ги корите: најпрво ставате една кора, па фил, потоа ја ставате втората кора, повторно фил и најгоре ја ставате третата кора.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Бајадера колачи >
Сосотојки:
400 г. путер
10 лажици вода
400 г. шеќер во прав
400 г. мелени ореви
400 г. мелени бисквити
4 реда чоколадо за готвење
Упатства:
Сите состојки освен чоколадото да се промешаат и смесата да се подели на 2 дела. Двете смеси да остават во фрижидер 2 часа.
Потоа ги вадите и во едната смеса ставате растопено чоколадо за готвење. Смесата со чоколадо прва ја размачкувате на плех, со дебелина од 1 прст, а врз неа ја размачкувате и смесата без чоколадо со истата дебелина.Одозгора ставете чоколаден прелив
Кога ќе се излади се сече на ленти.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Munchmallow >
Сосотојки:
Тесто
- 4 жолчки
- 1 чаша чеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша брашно
- 1 чаша масло
- 1 пак. прашок за печиво
- 1 - 2 лажици какао
Крем
- 4 белки
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
Глазура
- 1 чоколадо за готвење
- 1-2 лажици масло
Упатства:
Тесто:
Пенесто изматете ги жолчките и додадете ги останатите состојки. Печете околу 40 минути
Крем:
Изматете ги белките во цврста пена, додавајте лажица по лажица шеќер и ванилин шеќер. Над печеното тесто ставете го снегот од белки и ставете го во исклучена рерна да се потсуши.
Испечениот колач премачкајте го со глазура и оставете го да се излади.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденска торта “Росарио” >
Сосотојки:
За тесто:
- 5 јајца
- 70 гр. шеќер
- 60 гр. мелени ореви
- 50 гр. брашно
- 2 лаж. прашок за печиво
- 4 белки
- прстофат сол
- 1 лажица шеќер
Прелив за тесто:
- 100 мл. млеко
- 2 лаж. рум
За прв крем:
- 200 гр. јаготки
- 2 кесички прелив за торта
- 80 гр. шеќер
- 5000 мл. вода
- екстрат од јагода
За втор крем:
- 500 мл. хопла
- 3 кесички ванилин шеќер
- 200 мл. овошен јогурт од јагода
- неколку капки екстрат од рум
- 1 кесичка желатин
- 5 лаж. вода
За украсување
- јаготки
- мали чоколадни јајца
Упатства:
Состојките за тестото изматете ги со миксер. Додајте ги мелените ореви помешани со брашното и прашокот за печиво.
На белките додадете ги солта и шеќерот и се` заедно изматете во цврст снег. Подготвените белки ставете ги во смесата за тесто. Печете во плех обложен со хаартија, со големина од 32 х 22 cm. Изладеното тесто исечете го за да добиете две кори.
На површина за сервирање на тортата ставете го тестото и прелијте го со половина од преливот за тесто. На тестото ставете ги исечените јагоди.
За првиот крем: содржината од вреќичката за прелив на торта измешајте ја со шеќерот и со 6 лажици ладна вода. Остатокот од водата загрејте го до вриење, тргнете ја водата од оган и ставете го преливот. Мешајте додека се згусни и оставете го преливот да се излади. Ставете неколку капки екстрат од јагода. Добиениот фил ставете го на тестото, над јагодите.
За вториот фил: миксирајте ја хоплата додека не добиете цврст шлаг. Во шлагот ставете го ванилиниот шеќер, јогуртот и рум. Измешајте го желатинот со вода и оставете да набабри 10 минути. Ставете ја мешавината да се загрее и подгответе желатин. Ставете го желатинот во кремот. Нанесете го на колачот над првиот крем.
Вториот дел од тестото прелијте го со преливот и ставете го над кремот. Оставете ја тртата на ладно да се стекне. Над тортата ставете чоколадна глазура и украсете ја со јагорки и чоколадни јајца.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Млечна плетенка - козињак >
Сосотојки:
- 500 гр. брашно
- 1 инстант квасец
- 2 јајца
- сол
- 50 гр. маргарин
- 50 гр. шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- 200 мл. млеко
- кора од лимон
- 1 белка (за премачкување)
Упатства:
Измешајте го брашното со квасецот, додадете шеќер, ванилин шеќер, растопениот маргарин, изматените јајца, малку сол и рендана кора од лимон. Малку промешајте и со топло млеко замесете меко тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место да скисне.
Тестото премесете го лесно и разделете го на два дела и тоа еден дел од 1/3 од тестото, а другиот дел од 2/3 од тестото. Двата дела обликувајте ги во должина и скоро до врвот засечете ги на три делови. Исплетете две плетенки еднакно долги.
Поставете ја помалата на пошироката плетенка, премачкајте со белка, посипете шеќер и ставете ја да се печи околу 50 минути на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени јаболка со ванила >
Сосотојки:
3 јаболка
1 јајце
100 грама брашно
7 лажици млеко
1 лажица бренди
1 лимон
ванилин шеќер
1 лажичка шеќер
масло
шеќер во прав
Упатства:
1.Лимонот се цеди и во сокот се додава брендито.
2.Јаболката се лупат, чистат и се сечат по должина.
3.Се мешаат брашното со млекото,шеќерот, ванилата и жолчката.Белката ја матиме одделно додека не стане пенлива па тогаш ја додаваме на смесата.Парчињата јаболка ги валкаме во смесата.
4.Загреваме поголема количина масло во тава.Ги пржиме јаболката од двете страни додека не заруменат.
Ги вадиме на салветка , посипуваме шеќер во прав и ги сервираме топли.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот