Банана торта >
Сосотојки:
300 гр. бисквити
5 банани
околи 1 л. млеко
2 пудинзи од ванила
250 гр маргарин(коцка)
250 гр.шеќер во прав
2 јајца
2 кесички шлаг пена
Упатства:
Пола литар млеко да зоврие и во него се додаваат два претходно растопени во малку млеко пудинзи од ванила.Се меша убаво за да се добие пудинг.Се остава да се излади. На страна се мати 250 гр маргарин(коцка), 250 гр. шеќер во прав и 2 жолчки.Кога ќе се изедначи смесата се додава и изладениот пудинг и сето тоа уште малку се промешува.
Во караванче бр.30 се реди ред бисквити,ред сецкани на кругчиња банани,па се мачка пола од кремот.Потоа пак ред бисквити,ред банани и остатокот од кремот,за најгоре да се премачка со шлаг(2 чесички шлаг матени со 200 мл млеко).
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатко од кора од лубеница >
Сосотојки:
3 килограми кора од лубеница
2 филџани за кафе оцет
3 лимонтоси
100 грама суво грзоје
лимон
за шербет
750 грама вода
3 килограми шеќер
Упатства:
Корупките ги чистиме од зелената кора.Ги миеме и сечкаме на коцки.Ги ставаме да се варат во тенџере , им ставаме вода околу два прста над корупките.Се додаваат лимонтосите и оцетот.
Кога ќе се свари се цеди и се плакни 3 4 пати.
Во друга шерпа се спрема шербет, вариме 750 грама со 3 килограми шеќер околу 5 минути. Потоа ги тураме исцедените корупки и се варат додека се згусти шеќерот.
Кога ќе се извади од оган се става сувото грозје и лимон исечкан на парчиња.Се покрива со влажна крпа и се собира ладно во тегли.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Тостерки >
Сосотојки:
5 јајца
400 грама шеќер
300 грама млеко
300 грама масло за јадење
800 грама брашно
1 пециво
2 кесички ванилин шеќер
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат во подлабок сад додека шеќерот не се растопи.
Се додаваат млекото, маслото, брашното, кесичките со ванилин шеќер и пецивото. Продолжуваме да матиме со миксер додека состојките не се изедначат.
Од смесата црпиме со лажиче и ставаме на загреан, малку со масло подмачкан тостер, поклопуваме со горниот дел од тостерот и оставаме да се печат 1 – 2 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Лиснато тесто со јагоди и крем од ванила >
Сосотојки:
500 gr (купечко) замрзнато лиснато тесто,
1/2 kg јагоди, измиени, исчистени и исецкани на четвртинки
1 шоља ванилин крем
јајце за премачкување
за кремот од ванила:
1 шоља млеко
2 лажици нишесте
4 лажици шеќер
1 јајце
1 кесичка ванилин шеќер
Упатства:
Помешајте ги нишестето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го јајцето и убаво измешајте, да нема грутчиња. Загрејте го млекото. Ставете третина од жешкото млеко во мешавината со јајце и брзо промешајте, па ставете го сето тоа во останатото млеко. Вратете го лончето на шпорет, на тивко и мешајте додека кремот не се згусне.
Одмрзнатото лиснато тесто, посипено од брашно од двете страни, исукајте го на дебелина од околу 3 mm и исечете го на 6 дела со димензии отприлика 10 x 17 cm. Исечете ги лентите како на сликите и наредете ги парчињата на подмачкано тавче или врз хартија за печење. Ставете по 1 голема лажица (или малку повеќе) од кремот во средината на секое парче тесто, врз него ставете јагоди, па свиткајте ги лентите од тестото врз јагодите, една по една, наизменично, од едната и од другата страна и притиснете ги малку да се залепат. Премачкајте ги погачиците со белката и печете ги во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути или додека тестото не е добро испечено.
Преземено: sitnoseckano.com
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кекс куглоф >
Сосотојки:
4 јајца со 4 фил.шеќер се матат
3 фил.пресно млеко
2 фил.масло
6 фил.брашно
1 пециво
1 ванила
2лаж. какао
Упатства:
Се дели на два дела, едното да биде бело, а другото кафено, тестото се тура заедно и се пече
Откако ќе се испече се става шеќер во прав или може да се прелее со чоколадо (по желба)
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Монте >
Сосотојки:
Тесто:
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици топла вода
- 3 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 1/3 прашок за печиво
Прелив:
- 1/2 дцл. млеко
- 2 полни лажици несквик
Бел крем:
- 6 дцл. млеко
- 5 лажици шеќер
- 6 лажици густин
- 2 пак. ванилин шеќер
- 20 гр. бело чоколадо
- 150 гр. маргарин
Темен крем:
- 200 гр. темно чоколадо
- 100 гр. млечно чоколадо
- 5 дцл. слатка павлака
Упатства:
Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот, додадете вода па уште малку матете. Додадете ги сите останати состојки и матете колку што е потребно за да се изедначат состојките.
Печете на 180 C околу 20 минути.
Печеното тесто прелијте го со преливот (со врелото млеко додадете несквик и добро измешајте)
за белиот крем одвојте неколку лажици млеко за да го растворите густинот. Преостанатото млеко варете го со шеќерот. Откако ќе зоврие додадете густин.
Да се меша неколку минути и да се додаде ванилиниот шеќер.
Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се лади. Во изладениот крем измешајте го маргаринот.
За темниот крем ставете ја слатката павлака на тивок оган, додадете ги двете врсти чоколадо и мешајте додека не се стопи чоколадото.
Оставете да се лади барем 2 часа.
Ако сакате посладок крем додадете 1-2 лажици шеќер.
Изладениот бисквит премачкајте го со бел крем, па со темен крем.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња од јаболка со бадеми >
Сосотојки:
1,5 килограм јаболка
400 грама бисквити
150 грама шеќер
80 грама сечкани бадеми
80 грама суво грозје(омекнато во ладна вода)
рендана кора од лимон
2 јајца
1 пециво
1 лажичка цимет
масло
Упатства:
1. Јаболката се мијат, лупат, чистат и сечат на парчиња.Ставете ги во еден сад со малку вода и варете додека не омекнат.Потоа испасирајте ги и соберете го пирето во еден сад.
2.Додајте 100 грама шеќер,250 грама ситно сечкани бисквити, сечканите бадеми и сувото грозје(омекнато во ладна вода),кората од лимонот, пецивото и циметот.Со влажни раце измешајте ги сите состојки и направете мали ќофтиња.Извалајте ги ќофтињата во изматените јајца и во останатите сомелени бисквити.
3.Пржете ги во поголемо количество врело масло и вадете врз салфета за да се впие вишокот маснотија.Сервирајте ги извалани во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кадифени срца >
Сосотојки:
- 75 гр. маргарин
- 200 грама багремов мед
- 100 гр. шеќер
- 1 јајце
- 40 гр. какао
- 400 гр. брашно
- 1/2 лажичка цимет
- рендано морско оревче
- 2 лажички прашок за пециво
- 2 лажици мармалад од сливи
За глазура:
- 200 гр. чоколадо
- 80 гр. маргарин
Упатства:
Маргаринот, медот и шеќерот загрејте ги на ниска температура да се растопат. Во подготвената смеса ставете ги јајцата, какаото, брашното, циметот, морското оревче и прашокот за пециво. Замесете тесто и оставете го да стои околу еден час во фрижидер.
Исукајте го тестото малку подебело и со помош на калап извадете срца. Ставете ги во плех обложен со хартија и печете на 175 C околу 10 минути.
Изладените срца потопете ги во чоколадна глазура и ставете ги на решетка да се стврднат, а потоа залепете ги со мармалад.
Колачињата чувајте ги во кутија неколку дена, за да омекнат.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Линцер срца >
Сосотојки:
Мера 1 чаша = 250 мл.
- 1 чаша мелени бадеми
- 2 чаши брашно
- 1/2 лаж. цимер
- 1/4 лаж. сол
- 2/3 чаша шеќер
- 1 чаша путер
- 2 жолчки
- кора од 1 лимон
- 1 лаж. природен екстрат од ванила
- шеќер во прав
- 1/2 чаша џем од јаготки
Упатства:
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во другиот садизмешајте путер и шеќер. Додајте ја жолчката, кората од лимон и ванилата.
Додајте ги сите состојки и добро соединете ги. Ставете го готовото тесто во целофан и ставете го во фрижидер да се излади. Да се исука и да се стави на хартија за печење. Со калапи да се исечат кекси во облик на срце и да се печат на температура од 177 C околу 10 минути, или додека не заруменат. Кога ќе се изладат да се премачкаат со мармалад и да се залепат како сендвичи. Да се чуваат во кутија.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Аморови стрели >
Сосотојки:
- 125 гр. маргарин
- 3 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 250 гр. брашно
- 1 прашок за пециво
- малку сол
- 1,5 дл. млеко
- 2 лажици какао
- 100 гр. сецкани лешници или ореви
- слатко од вишни
- 100 гр. сецкано црно чоколадо
Упатства:
Во поголем сад ставете брашно, прашок за пециво, сол, какао, сецкани лешници или ореви и промешајте.
Во друг сад ставете маргарин, шеќер, ванилин шеќер, јајца, млеко и мешајте додека смесата не се соедини.
Спојте ги двете смеси во една.
Во калап за мафини ставете ги хартиените калапи и наполнете ги малку повеќе од половина. На врвот додадете ги вишните и сецканото чоколадо.
Печете во загреана рерна околу 20 минути.
Можете да ги служите и без декорација.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Valentine`s heart >
Сосотојки:
- 250 гр. лиснато тесто
- 50 гр. листови бадеми
- 3 лаж. шеќер
- рендана кора од портокал
- 1 белка
Фил:
- 1 пак. црвен желатин
- 300 гр. мешано замрзнато овошје (малини,вишни, капинки, јагоди...)
- 130 гр. шеќер во прав
- 1 жолчка
- 200 гр. слатка павлака
- рендана кора од портокал
Упатства:
Од лиснатото тесто исечете 3 еднакви срца. Ставете ги на плех обложен со хартија и премачкајте ги со белка, па одозгора ставете ги листовите бадеми, шеќерот и ренданата кора од портокал.
Печете ги срцата во рерна додека не се зацрвенат.
Растворете го желатинот. Испасирајте го овошјето и исцедете го. Во добиената каша ставете жолчка, шеќер и растворениот желатин. Штом масата точне да се желира додадете ја изматената павлака и ренданата кора од портокал.
Ставете го кремот во шприц и обилно филувајте ја секоја кора. Ставете ги корите една над друга.
Украсете по желба.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чудо од чоколадо >
Сосотојки:
Кора:
4 јајца
100 гр. шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. чоколадо за готвење
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
Крем:
0,5 лит. слатка павлака
200 гр. чоколадо за готвење
1 лажица шеќер
Упатства:
Кора:
Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ги растопениот маргарин и чоколадо, брашното измешано со прашокот за пециво и на крај снегот од белки. Печете на температура од 180 степени.
Крем:
Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загрејте ги тивок оган, додека не провријат. Повремено мешајте.
Печената кора избоцкајте ја со вилушка на неколку места и додека е уште топла прелијте ја со кремот. Ставете го колачот во фрижидер да се стегне.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот