Торта со јогурт >
Сосотојки:
500 мл јогурт
9 лажици шеќер
500 грама бисквити
смрзнато овошје (било какво)
шлаг
Упатства:
Се матат јогуртот и шеќерот додека се стопи шеќерот.Во таа смеса се кршат бисквитите , може по желба да се стави крембанани, се става и смрзнатото овошје.Се меси убаво за да може да се обликува.Се прави форма (круг, правоаголник како сакате) и одозгора се става шлаг, или рендано чоколадо.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Крем банани со кокос >
Сосотојки:
2 банани
100 грама чоколадо
малку путер
1 лажица масло
Упатства:
Бананите ги сечкаме на кругови.
Чоколадото, путерот и маслото ги ставаме да се стопат.
Откако смесата ќе стане хомогена во неа ги ставаме бананите.Со виљушка ги превртуваме од двете страни убаво да се потопат во чоколадото.Потоа ги вадиме од тој сад и ги валкаме во кокос убаво од сите страни.Се послужуваат ладни.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Кекс со јаболка >
Сосотојки:
5 јајца
4 филџани шеќер
1 чаша брашно
1 филџан масло
1 филџан млеко
1 пециво
3-4 поголеми јаболка
сецкани ореви
мед
шлаг
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат, се додава брашно, пециво, масло, млеко.
Јаболката се лупат и се сечат на кругови. Се редат во намрснета тава (со маргарин и брашно), се става врз нив мед, и сецкани ореви. Се потпекува 10-тина минути на 180 степени, па се тура тестото, и се враќа во рерна.
Откако ќе се излади, се превртува јаболката да дојдат горе, и се става шлаг.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашно баунти >
Сосотојки:
За 25-30 топчиња
200 гр. кокос
100 мл. слатка павлака
70 гр. шеќер во прав
70 гр. маргарин
200 гр. чоколадо
Упатства:
Во сад ги ставаме кокосот и шеќерот во прав. Ја загреваме слатката павлака заедно со маргаринот, додека маргаринот не се стопи. Изладената смеса ја преливаме преку кокосот и шеќерот во прав. Сето добро го мешаме. Ако смесата Ви се чини ретка, додадете кокос. Мешајте додека не добиете тврда смеса.
Направете мали топчиња со мало лажиче.
Ставајте ги топчињата на тацна, на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Оставете ги во фрижидер околу 1 час.
Растопете го чоколадото на пареа.
Со помош на чечкалица, потопете ги топчињата во чоколадо и повторно ставете ги на фолијата
Оставете ги во фрижидер пред сервирање.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава-гнездо >
Сосотојки:
1/2 кг. кори за баклава
1 маргарин за готвење (коцка)
еурокрем
200 гр. лешници
700 гр. шеќер.
Упатства:
Маргаринот се растопува и стои на тивок оган со цел да остане растопен во текот на целата постапка. Секоја кора се премачкува со маргарин, и се сече на шест еднакви дела. Секој дел посебно се витка во тенок ремен. Ремените пак се виткаат во круг околу прстот, како би се добил отвор на средината на завитканата баклава, и се редат во плех за печење. Откако ќе се завиткаат сите баклавчиња, се печат во загреана рерна, 10-15 минути на 200 степени. Испечените баклави треба добро да се оладат. Се припрема шербетот (700 гр. шеќер со 700 мл. вода да зоврие) и се потура врз изладените баклави. Се ладат шербетираните баклави, и се шприц за готвење се полнат на средина со еурокрем. Врз секое баклавче се става по еден лешник.
Овој рецепт е погоден за време на пости.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Милка торта >
Сосотојки:
12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол маргарин)
300 г мелена плазма
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни Милка чоколади
Упатства:
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да се вари на пареа за да згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки. Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со шлаг.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Браунис >
Сосотојки:
185 гр квалитетно чоколадо
125 гр путер
2 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
150 гр брашно
70 гр сечкани лешници (ореви, бадеми ... по желба)
Упатства:
На пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, додадете ги претходно лесно изматените јајца и останатите состојки. Во четвртасто тавче за печење ставете хартија за печење и претурете ја смесата.
Печете во претходно убаво загреана рерна на 180 целзиусови степени, 20 минути. Средината на колачот не треба да биде убаво исепечена. Таа ќе се стврдне во текот на ладењето.
Испечениот колач оставете го убаво да се олади и сервирајте го исечен на коцки.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Црнчиња >
Сосотојки:
За торта:
3 јогуртa (3 ? 180 г)
300 g брашно
120 ml масло
25 гр какао
2 лажички сода бикарбона
путер за премачкување
За глазура:
150 г путер
150 г чоколадо за готвење
120 гр шеќер
120 мл млеко
250 г шеќер
Упатства:
Јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона се мешаат со електричен
миксер за 2-3 минути.
2. Истурете ја смесата во тава со големина од 20 ? 30 cm претходно обложена со путер и
печете во загреана рерна на 200 ° C околу 20 минути.
3. Зовриен,путерот отстранете го од топлината, ставете чоколадо искршено на коцки, шеќер
и млеко и мешајте додека не се изедначи смесата.
4. Оставете го колачот да се излади и потоа прелијте го со чоколадната смеса.
Послужување:
Послужете торта со шлаг крем, а во зависност од сезоната може да се служи со овошје по желба.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со вишни >
Сосотојки:
5 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици зејтин
15 лажици млеко
20 лажици брашно
1 пециво
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат убаво со миксер.Кога ќе се добие пенеста смеса се додаваат останатите состојки и сето тоа уште малку се мати. Смесата се става во тава бр.30, а вишните претходно исчистени од семки се разредуваат низ смесата.Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.Кога е готов колачот се посипува со шеќер во прав и чоколаден прелив.Се сече на коцки и спремен е за послужување.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Чајни чоколадни колачиња >
Сосотојки:
-500 гр брашно
-200 гр шеќер во прав
-2 јајца
-2 пецива
-2 лаж.какао
-200 гр маргарин
-5 лаж.млеко
Упатства:
Се меси тесто од сите овие состојки и се сучи кора.Се прават форми со калапчиња,па се редат во тава подмачкана со путер. Се печат во претходно загреана рерна на 250 степени околу 5-6 минути.Се премачкуваат со растопено чоколадо, па се попрскуваат со сецкани оревчиња.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни топчиња >
Сосотојки:
50гр. путер
150 гр. чоколадо
150 гр. мелени бисквити
100 гр. ореви
чоколадни трошки
Упатства:
Путерот се растопува на оган.Се става чоколадото и се меша додека не се растопи и тоа.Се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и оревите.Се тоа се меша за да се добие хомогена смеса.Се прават мали топчиња и се валкаат во чоколадните трошки.Од овие мерки се добиваат околу 15 чоколадни топчиња.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач „Ледени јаболка“ >
Сосотојки:
1 кг јаболка
600 мл вода
150 гр шеќер
2 пудинга ванила
Пола лажичка цимет
400 гр бисквити
Какао, или рендано чоколадо
шлаг
Упатства:
Јаболката се рендаат, и се ставаат во водата 5-10 минути да се варат. Пудинзите се раствораат со 12 лажици вода, па кога ќе се сварат јаболката се додаваат заедно со циметот па се заедно се вари 5-10 минути со постојано мешање.
Во еден плех се реди ред бисквити, па се става од јаболката, пак бисквити, па јаболка и се завршува со бисквити.
Се остава да се излади, па се премачкува со шлаг и се декорира со рендано чоколадо.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот