Бонбони од тиква > Сосотојки: 1/4 тиква
1 чаша шеќер
1 чаша вода
екстракт од портокал
Упатства: Тиквата се сечи на коцки и се става во варова вода да отстои неколку часа.
На оган се става 1 чаша вода и 1 чаша шеќер да зовријат. Се ставааат парченцата тиква во шербетот и се оставаат да вријат околу 30 минути.
Се вадат од шербетот и на нив се ставаат неколку капки екстракт од портокал. Се цедат и се валкаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 400 минути
<< Сокриј го рецептот
Песок торта > Сосотојки: 900мл млеко
3 пудинга од ванила
200 гр кокос
200 гр мелени ореви
200 гр мелени бисквити
1 маргарин
Шеќер (за во пудингот)
Упатства: Пудинзите се варат, па се додава маргаринот. Се дели на три дела. Во првиот се додаваат мелените бисквити, во вториот мелените ореви, а во третиот кокос. Се редат еден над друг, и може да се обликува по желба.
П.С. Состојките во пудингот може да се менуваат, многу е вкусна и со сецкана ресана.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач - Медено срце > Сосотојки: 1 шолја шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко...))
2 шолји брашно
1 пакетче пециво
половина ќесиче цимет
3 лажици какао
3 лажици масло за јадење
5 лажици мармалад (или мед)
1 шолја кисела вода
1 пакетче ванилин шеќер (по желба)
(за глазура):
100 гр чоколадо за готвење
7 лажици масло за јадње
4 лажици вода
Упатства: Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач.
Исечете на коцки и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Јогобела торта > Сосотојки: - 2 кесичка/ки Прелив за торта
- 200 грама Шеќер во прав
- 2 Округли кори за торта
- 3 кесиќки Желатин
- 1 кесичка ванилин Шеќер
- 150 грама Јагоди
- 1 л. милилитри Јогурт
- 1 л. блага павлака
Упатства: Во овошниот јогурт додајте ги шеќерот во прав и ванилниот шеќер, па измешајте.
Изматете ја слатката павлака и вмешајте ја во јогуртот.
Исецкајте ги јагодите па и нив вмешајте ги во смесата од јогурт и слатка павлака.
Желатинот ставете го во еден сад со 60 гр. вода, па садот ставете го на оган со ниска температура за да се истопи желатинот.
Внимавајте, не смее да зоврие. Истопениот желатин полека вмешајте го во смесата од јогурт, павлака и јагоди.
Во соодветна тава ставете една кора па истурете го филот.
Израмнете ја површината и ставете ја втората кора.
На врвот наредете исечкани јагоди и полијте со подготвениот прелив за торта.
Оставете ја тортата убаво да се олади и послужете.
Може да користите и друго овошје ако немате јагоди.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Топло - ладно > Сосотојки: 100 гр темно чоколадо (70% какао маса)
100 гр путер
100 гр шеќер во прав
50 гр брашно, просеано низ сито или цедалка
3 јајца
рендана кора од портокалц(по желба)
сладолед
Упатства: Рерната загрејте ја на 200 целсиусови степени. Во сад на пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, тргнете од оган и ставете го шеќерот. Мешајте полека со дрвена лажица додека да се растопи шеќерот. Ставете ги брашното, изешајте и едно по едно додавајте ги јајцата со нежно мешање. Ставете ја кората од портокал, ако ја користите. Смесата ставете ја, во претходно намрсени со растопен путер, керамички садови. Не ги преполнувајте садовите, затоа што нема убаво да се извадат. Печете ги колачињата 10 до 12 минути (максимум). Оставете малку да се оладат и извадете ги. Сервирајте со топка сладолед, по желба.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со грозје > Сосотојки: (за тесто)
250 гр.брашно, 75 гр.шеќер, 150 гр.путер, жолчка, малку сол.
(за фил)
750 гр.бело грозје, 200 гр.несолено сирење, 75 гр.шеќер, 3 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 гр.слатка павлака, стругана лимонова кора, 1/ 2 кеса пудинг-ванила, 2 лажици џем од кајсии.
Упатства: Замесете брашно, жолчка, шеќер, сол на врв на нож и путер и направете тесто во облик на топка. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер 1,5 час. Две третини од тестото ставете го на дно од подмачкана округла тава (со пречник од 30 см). Од преостанатата 1 / 3 направете „колбас“ и обложете ги ѕидовите на тавата, на висина од 4 см.
Изматете го несоленото сирење, шеќерот, јајцата и лимоновата кора, потоа додадете слатка павлака измешана со прашакот за пудинг и ванилин шеќер, и измиени зрна од белото грозје, па сето тоа истурете го преку тестото во калапот.
Во рерна, на 200Ц, печете го 45-50 минути. Врелата површина на колачот премачкајте ја со тенок слој од џемот (малку растопен и измешан со 1 лажица вода) и сето тоа вратете го на печење уште 2 минути.
Извадете го колачот, посипете го со прав-шеќер и оставете го да се олади.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден сладолед со лешници > Сосотојки: - 120 гр. чоколадо
- 2 чаши слатка павлака
- 1 и 1/2 чаша млеко
- 1/2 чаша шеќер
- 5 жолчки
- 1/3 чаша млеко во прав
- малку сол
- 1 полна лажица какао
- 2 с.л. растворено кафе
- 1/2 чаша печени лешници
- 1 с.л. ликер од лешник
- екстрат од ванила
Упатства: Растопете го чоколадото на пареа, со често мешање. Додадете ја слатката павлака, млекото,жолчките, шеќерот во прав и солта и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте ја растопената чоколада,
какаото и раствореното кафе и мешајте. Поставете го садот на пареа и миксирајте додека се згусни.
Додајте екстрат од ванила и ликер и оставете ја смесата да се замрзне во фрижидер. По еден час ставете ги
печените и на листови сечени лешници, а потоа вратете го сладоледот во фрижидер, додека не замрзне потполно.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Куглоф со лимон и мед > Сосотојки: Прв чекор Куглоф:
250 гр.брашно
1 лажиче сол
15 гр. свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
кора од 1 лимон
2 лажици мед
6 јајца
100 гр.мек путер
90 мл. рум
Втор чекор Сируп:
250 гр.шеќер
250 мл вода
1 лимон
1 стапче ванила
Упатства: Прв чекор:
Колачот-куглоф се пече во калап во облик на престен и по печењето се попрскува со сируп со рум и се полни со шлаг пена или некој друг крем.
Постапката почнува со сирупот. Во Садот за сос се загрева шеќерот со вода, на тивок оган, додека да се растопи шеќерот. Кората на лимонот се сече во ленти (само жолтиот дел) и додајте ги во сирупот. Хоризонтално исечете го семето од ванила и додајте го во сирупот, заедно со дршката. Кога шеќерот е стопен, нека зоврие и нека се крчка околу 3 минути.
Кога ќе се олади, извадете ја кората од лимон и исцедете го сирупот. Сирупот може да се чува во фрижидер, до неколку недели.
Втор чекор:
Во сад, со миксер изматете го брашното со сол, квасец и кората од лимон. Во Тавата со рачка загрејте мед, колку да стане течност, не да зоврие. Медот се мати со 3 јајца. Оваа смеса се додава на брашното и со омекнат путер, се мати околу 3 минути, додека да се изедначи смесата. Изматете ги јајцата и и остатокот од нив додајте го по малку во смесата со брашно, мешајќи цело време со миксер на средна брзина.
Мешајте уште неколку минути и истурете ја смесата во чиста чинија, покријте ја и оставете нека нарасне двојно. Бидејќи смесата содржи јајца и путер, за нараснување ќе треба неколку часа, но проверувајте ја на секои 30 мин.
Трет чекор:
Диеталниот сад премачкајте го со путер. Кога тестото е веќе видливо надигнато, пренесете го во Диеталниот сад, покријте го со пластична фолија и оставете нека расне на топло уште околу 30 мин, колку само да почне да расне. Откако тестото пак ќе порасне извадете ја фолијата и печете 20-30 минути додека да добие златна боја и кога ќе почне да се одвојува од Диеталниот сад.
Извадете го тестото од Диеталниот да се лади околу 5 минути, потоа ставете го на маса и почекајте колачот добро да се излади. Со дрвени стапчиња, направете дупчиња од сите страни и потоа вратете го назад во Диеталниот сад.
Четврти чекор:
Загрејте го сирупот –кога ќе стане жежок, додајте му рум и истурете преку колачот. КОга тестото ќе го впие сирупот, уште еднаш извадете го од Диеталниот сад и оставете го нека се олади на чинија за служење.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна салата > Сосотојки: Потребни состојки за 2 лица:
- 1/5 кг цреши
- 1/5 кг јагоди
- 2 праски
- 2 банани
- 1 портокал
- Шлаг пена
Упатства: Добро измијте ги продуктите или излупете, а кај црешите извадете ги семките. Јагодите исечкајте ги на крупни парчиња како и праските. Бананите, на крукчиња, а портокалот разделете го. Црешите ставете ги цели, само без семки. Откако ќе го средите овошјето, наредете го во две високи чаши. Редењето може да биде и мешано овошје или ред, банани, ред цреши итн. По ваш избор. На крај, додадете шлаг пена, а врз неа една цела јаготка.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Лимон торта > Сосотојки: • 4 лажички Шекер
• 350 грама Шеќер во прав
• 150 грама Путер
• 125 милилитри Млеко
• 1 Кора од лимон
• 3 Жолчкки
• 1 парче Ванила
• 150 грама Брашно
• 30 грама Бадеми
• 6 Јајца
Упатства: За тестото се матат 6 жолчки со 200 гр. шеќер во прав, се додава сок и кора од еден лимон, потоа 120 гр. брашно и на крај снег од 6 белки. Сето тоа се пече во подмачкан калап за торти. Оладеното тесто се сече хоризонтално на половина. За филот се матат 3 жолчки со 4 лажици шеќер и една 125 грама млеко
Потоа се додава лажичка брашно и се вари крем на пареа додека да згусне. Кога кремот е до пола варен се додава прачка ванила. Сварениот крем се остава да се олади малку, и му се додава изматен путер со 150 гр. шеќер во прав. Со овој фил се филува тортата и внатре и од страните. Одозгоре, исто така, се мачка со фил и се украсува со сечкани бадеми претходно излупени и пропржени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со ореви > Сосотојки: - 1 литар млеко
- 200 грама Ореви
- тесто за палачинки
- 150 грама Шеќер
Упатства: Секоја палачинка се посипува со лажица мелени ореви, измешани со лажица шеќер. Се виткаат како ролати и се редат во огноотпорен сад. Одозгора се посипуваат со 3 лажици шеќер и литар млеко и се ставаат во рерна да се печат додека да се впие течноста.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со боровинки > Сосотојки: За 12 палачинки потребно е
1. 2 јајца
2. 2 1/4 мали лаж. пециво
3. 3 големи лажици шеќер
4. 3/4 мала лаж. сол
5. 1 1/2 cup или 375гр брашно
6. 1 cup или 250мл млеко
7. 3 гол. лажици стопен маргарин
8. 1 cup или 250гр свежи боровинки
За сирупот(опција)
1. 1 cup или 250мл Јагоди, боровинки или др. овошје со малку вода и шеќер по вкус, се става на оган со постојано мешање се додека не се направи како сируп.
Упатства: Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките додека не станат како шлаг. Во друг сад измешајте ги сувите состојки, брашното, пецивото, шеќерот и солта. Потоа во посебен сад изматете ги жолчките со млекото и маргаринот. Сето тоа додадете го во сувата смеса. На крај додадете ги боровинките. Потоа додадете ги и изматените белки. Сето та се измеша. Во тава за палачинки, подмачкана со малку зејтин, ставајте по една голема лажица од смесата во форма на круг. Почекајте додека не се појават меурчиња и тогаш свртете ја од другата страна. Печете 1-2 мин и палачинката е готова. Повторете ја постапката се додека имате од смесата. Излегуваат отприлика 12 палачинки. За двајца се доволни 6.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|