Тирамису на турски начин >
Сосотојки:
Додатоци за брашно :
50 гр . Мек Маргарин
јајца
50 мл . Млеко
За влажнење на тестото :
350 мл . Млеко
1-2 супени лажици кафе
2-3 супени лажици шеќер во прав
по желба додадете 1-2 лажици рум или ликер од бадем
Додатоци за кремот :
400 мл . Ладно млеко
200 гр . или 1 пакет лабне сирење .
Упатства:
Подготовка на тестото :
Брашното , јајцата , млекото и маргаринот се матат со миксер околу 3 мин . Тестото се става во тепсија со предходоно ставена мрсна фолија и се пече на препорачаната температура . Извадете го пандишпанот и оставете да се олади . Оладеното тесто исечете го вертикално на два еднакви дела .
Подготовка на кремот и влажнење на тестото :
Дел од пандишпанот ставете го во сад за послужување . Во млекото додадете го кафето и шеќерот во прав убаво измешајте ( по желба додадете рум или ликер од бадем ) и навлажнете го тестото . Кремата во прав и двете чаши ладно млеко ставете ги во соодветен сад и изматете со миксер околу 3 мин . после додадете го лабне сирењето и поматете уште 1 мин .
Декорација:
Со половина од подготовката за влажнење навлажнете го долниот дел од пандишпанот кој е сместен во садот за сервирање . Половина од кремата ставете ја врз овој пандишпан . Потоа ставете го горниот дел од пандишпанот и навлажнете го . Со останатата крема премачкајте ја тортата . Тирамису тортата ставете ја во фрижидер најмалку 1 час . Пред сервирање испрскајте ја тортата со правот за декорација и исечете на парчиња .
Тестото се пече во претходно загреана рерна од 160 С од 15-25 мин.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Мафини со овошен јогурт >
Сосотојки:
* 2 јајца
* 110 г шеќер
* 65 мл масло
* 150 мл овошен јогурт од кајсија
* 220 г пченично брашно тип 550
* 1-2 лажички прашок за пециво
* сол
* 15 г путер
* 60 г свежо кравјо сирење
* 4 лажици мармалад од кајсија
Упатства:
Јајцата и шеќерот се мешаат со електричен миксер се додека не се добие густа маса.
Додадете во смесата масло, јогурт и брашно помешано со прашок за пециво и сол.
Калапите за мафини намрсете ги со со путер а потоа набрашнете ги. На крајот во смесата се додава сирењето и лажичка мармалад од кајсија и се меша се заедно со миксер.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 C 25 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кинески пудинг од ориз >
Сосотојки:
* 250 г ориз
* 100 г шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 1 лажичка рендана портокалова кора
* 100 гр суво грозје
За прелив:
* 200 мл вода
* 100 г шеќер
* 2 лажици сок од лимон
* 1 лажица густин
Упатства:
Сварете го оризот и процедете го.
Во топлиот, варен ориз, додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер,кората од портокал и лимон и мешајте додека шеќерот се раствори.
Калапите за пудинг пудинг премачкајте ги со путер, на дното од калапите ставете измиено суво грозје, и наполнете ги калапите со ориз, па притиснете ги со лажица.
Калапите со оризот ставете ги на пареа да се сварат околу 30 минути.
Водата, шеќер и сок од лимон зовријте ги, а потоа додадете густин разматен во малку вода.
Варениот ориз, извадете го од калапот и прелијте го со подготвениот прелив.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кадаиф >
Сосотојки:
500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје
Упатства:
Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимунот сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Раванија >
Сосотојки:
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
4 лажици брашно
3а шербетот:
1,5 литар вода
650 гр. шеќер
Упатства:
Изматете ги белките. Потоа изматете ги жолчите со шеќерот, па додајте го гризот и брашното и на крај изматените белки. Измешајте се добро и ставете ја смесата во намачкано тавче и печете ја 10 минути на температура од 200?С. Откако се испече оставете ја раванијата да се олади. Од шекерот и водата сварете шербет и ладната раванија попарете ја со врел шербет. Потоа вратете ја раванијата во исклучена рерна да се олади.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тулумби >
Сосотојки:
300 гр. брашно
300 гр. вода
50 гр. маст
6 јајца
1 кгр. и 200 гр. шеќер
1 литар вода
малку сок од лимон
масло
Упатства:
Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако ќе зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се излади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта >
Сосотојки:
за фил:
3 пудинзи од ванила ( може и овошни ) или комбинирани
1 лажица нишесте
10 лажици шеќер
1 маргарин
250 грама шеќер во прав
за кора:
1 чаша вода ( за се се користи чаша за млеко )
1 чаша шеќер
1 чаша масло
2 чаши брашно
малку сода бикарбона
1 пециво
1 ванила
3 лажици мармалад
портокал
Упатства:
3 пудинзи се варат со вода ( ако сакате мрсна со млеко ) заедно со 10 лажици шеќер и нишестето, се остава да се лади, настрана го матиме маргаринот со шеќерот па го мешаме со убаво оладените пудинзите.
Се ставаат сите состојки по ред, се ренда малку кора од портокал и се става малку сок од портокалот, смесата се меша убаво па се става во намачкан плех со маргарин и се пече во загреана рерна на 200 степени.Откако ќе се испече се филува и декорира по желба.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Македонска слатка пита >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
100 гр. маст
1 литар млеко
б јајца
4 лажици шеќер
Упатства:
Замесете тесто од брашното со малку сол како за секоја пита. Измесете гo добро тестото и пoделете гo на осум еднакви кравајчиња. Секое кравајче расукајте го па намачкајте го сo растoпена врела маст освен едно кравајче кoе ќе дојде одозгора. Потоа сите кори сложете ги една преку друга а добиената дебела кора исукајте ја малку пoголема од големината на плехот за да може да се направи витка. Сега земете плех и ставете ја кората во плехот, а тестото што е повеќе од плехот свиткајте го и направете витка. Вака припремената кора попрскајте ја со маст и избодете ја со вилушка на неколку места и ставете ја во рерна да се пече малку. Филот за оваа пита припремете го вака: ставете на оган млекoто да се свари и кога малку ќе проврие тргнете гo oд оган и oставете го да се олади. Вo посебен сад измешајте ги јајцата сo шеќерoт, но не ги матете долго туку самo толку колку што е пoтребно да се разбијат белките. Овие разматени јајца сипајте ги во млекото, дoбро иэмешајте, па смесата сипете ја преку кората која не е дoпечена и вратете ја пoвторно вo рерна, печете ја со дoдека не се вцрви..
Време потребно за подготовка: 75 минути
<< Сокриј го рецептот
Црна Торта >
Сосотојки:
- 10 јајца
- 10 лажици жеќер
- 20 лажици мелени ореви
- 3 лажици брашно
за фил
- 8 цели јајца
- 400 грама шеќер
- ?? путер
- 300 грама чоколадо за готвење
Упатства:
10 – те јајца и шеќерот се мешаат и убаво се матат се миксер. Потоа се додаваат брашното и оревите. Целата смеса се става во сад за печење во округла форма. Се пече на 180 Целзиусови степени, отприлика 20 минути.
Откако ќе се испече тестото, се остава да се олади и потоа целото тесто се дели на 4 кругови (се сече).
Начин на приготвување на филот:
8 – те јајца заедно со шеќерот се мешаат се матат на пареа се додека смесата не почне да се згуснува. Во овој момент се додава и путерот како и чоколадата за готвење која е пожелно претходно да се растопи со малку путер. Откако смесата ќе се соедини се филува врз тестото дел по дел. Исто така од филот треба да остане и за преливање врз целата торта односно на последниот дел од тестото како и од страните.
Препорака:
Додека филот не е оладен истурете одозгора сецкани бадеми.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со афион >
Сосотојки:
4 чаши брашно
2 чаши млеко
2 чаши шеќер
2 чаши масло за јадење
100 г афион во зрно
1 кесичка Ванила
1 кесичка пециво
Упатства:
Постапка: сето добро да се измеша со лажица, се истура во подмачкан и побрашнет правоаголен сад и се пече во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин.Оладениот колач се декорира со чоколаден прелив или шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Црна шума >
Сосотојки:
- 100 гр путер
- 100 гр шеќер
- ? лажичка цимет
- ? слатка павлака
- 4 јајца
- 60 гр брашно
- 40 гр пченкарно брашно
- 2 лажици сув квасец
- 25 гр какао во прав
- 75 гр чоколада со вкус на кафе (рендана)
- 75 гр мелени лупени бадеми
- Маргарин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 7 лажици ликер од црешна
- 400 гр црешни или вишни без семки
Упатства:
Се мешаат путерот, шеќерот, циметот, јајцата, брашното, пченкарното брашно и квасецот. Полека се додава какаото, чоколадата и бадемите. Тестото се става во плех намачкан со путер и со малку брашно и се пече во рерна на 175 – 200 степени од 30 до 40 минути.
Откако ќе се испече тестото се лади, се вади од лехот и се сече на три хоризонтални делови. Се мати слатката павлака со ванилин шеќер.
Од ликерот од вишна две лажички се капат врз тестотои се ставаат половина од црешните и малку слатка павлака. Од горе се ства второто парче и истата операција се повторува. Се покрива со последното парче и се додава ликерот врз тестото. Се премачкива со остатокот од слатката павлака и се декорира со ренданото чоколадо и со црешни.
Препорака:
При сервирање може да се попрска тањирот со сецкани бадеми или пак со тенки линии на чоколаден прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Еклери (Принцес крофни) >
Сосотојки:
8 филџани вода
3 филџани масло
6 филџани брашно
7 јајца
фил:
350гр шеќер
4 лажици брашно
3 лажици нишесте
1 жолчка
1 лажица маргарин
Упатства:
8 филџани вода
3 филџани масло
се ставаат да зовријат, додека вријат се додаваат
6 филџани брашно
Се промешува и се трга на страна.
Кога ке се излади смесата се додаваат 7 јајца и добро се измесува тестото со рака.
Се тураат во подмачкан плех , може со лажичка а мозе и со сприц за тулумби.Се печат 45мин на 200 степени без отварање на рерната.
Готовите еклери се полнат со фил
фил:
350гр шеќер
4 лажици брашно
3 лажици нишесте
1 жолчка
Оваа мешавина се вари во 1 литар млеко додека се згусни.
Откако ке се излади се додава 1 голема лажица маргарин и убаво се бие со миксер.
Се полнат еклерите и од горе се декорираат по желба со шеќер во прав или со чоколаден прел
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот