Печени тулумби >
Сосотојки:
6 филџани вода
3 филџани масло
6 филџани брашно
7-8 јајца
Шербет:
500мл вода
1 кг шеќер
1-2 ванилин шеќер
Упатства:
6 филџани вода
3 филџани масло
мешавината се става да зоврие и додека врие се додаваат:
6 филџани брашно
Се меша брзо убаво и се трга на страна. Се остава да се излади .
Кога тестото ке се излади се додаваат 7-8 јајца едно по едно и 1 пециво и се измесува убаво тестото со рака.
Со помош на шприц за тулумби се шприцаат тулумбите во намрсен плех .
Се печат околу 40 минути на 180-200 степени во веке загреана рерна додека да заруменат и не се отвараат додека се печат.
Печените тулумби се преливаат со шербет.
Шербет:
500мл вода
1 кг шеќер
1-2 ванилин шеќер
п.с секогаш користите ист филџан за сите мерки
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со кокос >
Сосотојки:
500 гр кори
250 гр мелени плазма бисквити (бамби)
250 грама кокос
1 маргарин
150 грама масло
Шербет:
1 кг шеќер
800 мл. вода
Упатства:
Маслото и маргаринот се растопуваат заедно.Бисквитите се промешуваат со кокосот
Се земаат 3 кори.Секоја кора се прска со мешавината од масло и маргарин и фил (бисквити со кокос).На третата кора се става најмногу фил и потоа се виткаат во ролат. Истото се прави со сите кори.
Се редат во плех и се печат да заруменат.Готовата баклава се прелива со шербет
Шербет:
1 кг шеќер
800 мл. вода
Се вари шербетот да биде малку погуст и се прелива баклавата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тробоен куглоф a la Twins >
Сосотојки:
7 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици млеко
6 лажици брашно
6 лажици масло
1/2 пециво
Упатства:
6 жолчки и 1 јајце се бијат убаво со
6 лажици шеќер
откако се избијат убаво се додава :
6 лажици млеко
6 лажици брашно
6 лажици масло
1/2 пециво
Половината од оваа смеса се тура во куглоф претходно премачкан со маргарин и се печи 10 минути на 200 степени.
Во останатата смеса се додаваат 2 лажички мали какао се меша убаво и се тура над првиот потпечен дел.
Рерната се намалува на 150 степени и се печи уште 10 минути.
6 белки се бијат убаво па се додаваат 6 лажици шеќер и се продолжува со матење да се избие убаво па се додаваат:
6 лажици масло
6 лажици брашно се промешува убаво
по желба во белките може да додадете сецкани ореви или суво грозје
се меша убаво и се тура над веке подпечените делови , се враќа во рерна и и се печи уште 15 минути на 150 степени.
Потоа се исклучува и се остава уште малку да постои во исклучена рерна
Се вади од рерна, се остава да се излади и потоа се декорира по желба на пример со шеќер во прав или растопено чоколадо.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици a la Natuska85 >
Сосотојки:
600 грама ресана
150 грама мелени ореви
50 мл.млеко
пола коцка маргарин
Упатства:
Сето ова убаво се меша да дојде хомогена смеса, се прават бомбици и внатре може да се стави по една вишна или цреша од слатко од вишни или црешки.Се валкаат по желба во мрвици или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Татлии >
Сосотојки:
* 3 Шекер лажичка/ки
* 1000 грама Шеќер
* малку Цимет
* 200 грама Урми
* 1 кесичка/ки Прашак за печиво
* 150 грама Ореви
* 250 грама Маргарин
* 4 лажица/ци Лимонов сок
* 1 Кора од лимон
* 1000 милилитри Вода
* 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
* 450 грама Брашно
* 2 Јајца/це
Упатства:
Од брашното, прашокот за печиво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин замесете убаво тесто.
Тестото оставете го да одмори 15-тина минути.
Потоа продолжете со месењето, при што се додава (доколку е потребно) уште малку брашно.
Во посебен сад ги месиме оревите, иситнетите урми, циметот и 3-те лажици шеќер.
Тоа е филот за татлиите.
Од тестото земаме мали топчиња со големина колку орев, со дланката се стискаат, се филуваат, па убаво се затвораат од сите страни за да не испадне филот.
Вака подготвените татлии се редат на плех и се печат на 220 степени.
Додека татлии се печат се подготвува се подготвува сирупот од 1кг. шеќер, водата. ванилата и лимоновиот сок кој се додава после 15 минути варење.
Потребно е сирупот да биде сварен и со светло жолта боја.
Кога татлиите ќе се испечат се налеваат со сирупот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени чоколадни топчиња >
Сосотојки:
100 г чоколадо
60 мл слатка павлака
1 лажица какао
Тесто:
1 јајце
160 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
200 мл млеко
1 прстофат сол
Плус:
масло за пржење
Упатства:
Искршете го чоколадото и заедно со павлаката загревајте да се поврзат состојките. Убаво измешајте и оставете на страна да се излади. Потоа од смесата правете топчиња со големина на орев и префрлете на еден час во фрижидер.
Од јајцето, млекото и брашното со печивото и малку сол изматете тесто за панирање, со густина како за колачи.
Во соодветен сад загрејте масло. Убаво стврднатите топчиња чоколадо вронувајте ги во смесата за панирање и пржете ги многу бргу во загреано масло, по 4 - 5 секунди од секоја страна. Бидете прзи во пржењето бидејќи чоколадото моѓе да се истопи.
Готовите топчиња со чоколадо извадете ги на кујнска хартија и сервирајте ги топли наросени со какао.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Корнет торта >
Сосотојки:
Кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
2 лажици какао
Фил:
500 мл слатка павлака
100 г чоколадо
50 г печени лешници
Глазура:
50 г чоколадо
2 лажици масло
Украс:
100 мл слатка павлака
неколку корнети за сладолед
Упатства:
Кора:одвојте ги белките од жолчките, Белките изматете ги во цврст снег па додајте шеќер. На изматената смеса од белки постепено додавајте ги жолчките, една по една. Кога ќе добиете воздушеста и хомогена смеса додајте ги брашното и какаото. Подготвената смеса истурете ја во калап за торта покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 25 минути. Тестото оставете да се излади, исечете на половина.
Во длабок сад ставете ја слатката павлака, чоколадото истопете го на ниска температура и додајте во павлаката заедно со иситнетите лешници.
Дното од калапот за торта покријте го со 1/2 тесто. Истурете го филот и покријте со горната кора. Чоколадото истопете го со малку масло и истурете врз горната кора. Ставете ги корнетите на тортата, а најдобро ако секој наполните со фил. Изматете ја слатката павлака и украсете ја тортата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Фрапе торта >
Сосотојки:
• 75 гр марципан
• 150 гр путер
• 125 гр шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 3 јајца
• 125 гр брашно
• малку прашок за пециво
за фил
• 1,5 ќесичка желатин
• 300 гр капини
• 100 мл сок од рибизла
• 2 големи лажици сок од лимон
• 75 гр шеќер
• 1 ќесичка ванилин шеќер
• 500 гр несолено сирење во грутки
• 400 мл слатка павлака
за декорација
• ќесичка шлаг
• рибизла
Упатства:
Изматете го марципанот со миксер, се додека не добиете мазна смеса. Постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер и постојано матете. Потоа, додадете го путерот и јајцата, едно по едно, без да престанете со матење. На крај се додаваат брашно и прашок за пециво. Тестото се пече 25 минути на 180°С.
Откако ќе се излади, поделете го на една подебела и една потенка кора. Желатинот подгответе го според упатството на ќесичката. Во сад, изгмечете ги капините и додадете ги сокот од рибизли и лимон, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса додадете го и подготвениот желатин, па потоа сирењето и изматената слатка павлака.
Тенката кора намачкајте ја со фил, преку неа ставете ја дебелата кора и потоа исфилувајте ја и неа. Декорирајте со шлаг и рибизла.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Red velvet торта >
Сосотојки:
• 230 гр путер
• 2 јајца
• 375 гр шеќер
• 1 мала лажица какао во прав
• 60 мл црвена прехранбена боја
• 235 гр тесто за колачи и торти
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја матеница или ајран*
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 мала лажица прашок за пециво
• 1 мала лажица оцет
за глазура
• 2 големи лажици брашно
• 1 шолја млеко
• 200 гр путер
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 110 гр шеќер во прав
Упатства:
Во подлабок сад, измешајте ги путерот, јајцата и шеќерот. Во друг, помал сад, измешајте ги бојата и какаото и потоа додадете ги кон смесата со путер. Кон тестото додадете го, на три пати, ајранот или матеницата. Надополнете со екстракт од ванила, прашок за пециво и оцет.
Во тавата за печење ставете пекарска хартија и наросете ја со брашно и сол. Ставете го брашното и печете околу 30 минути. Додека тестото се лади, подгответе ја глазурата.
На средна температура, гответе ги брашното и млекото, додека не згуснат. Потоа, оставете ја смесата да се излади. Со миксер, измешајте ги путерот, шеќерот во прав и ванилата. Потоа, спојте ги двете смеси и измешајте.
Тестото пресечете го по должина на два слоја и ставете од глазурата помеѓу двата слоја и на врвот на тортата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Ледена бајадера >
Сосотојки:
• 3 Шекер лажичка/ки
• 1 мала лажица Шеќер во прав
• 50 грама Шеќер
• 200 грама Чоколадо
• 200 грама Путер
• 100 грама Ореви
• 500 милилитри Млеко
• 2 лажица/ци Какао
• 10 милилитри Вода
• 1 Ванила пудинг/а
• 250 грама Бисквити
Упатства:
Кора: 100 грама чоколадо искршете и на пареа истопете го со постојано мешање и оставете го на топло.
Пенесто изматете 100 путер со 50 грама шеќер и додајте го истопеното чоколадо.
Во друг сад измешајте 250 грама мелени бисквити, какаото и мелените ореви па додајте ги во смесата со путер и чоколадо.
Додајте 50 грама сечкани ореви и 50 грама млеко за да добиете густа смеса.
Фил: Одвојте 100 милилитри млеко и во него растворете ги шеќерот и прашокот за пудинг. 300 млеко ставете го да зоврие и додајте ја смесата со пудингот.
Сварете густ крем. Омекнатиот 50 грама путер исечкајте го на ливчиња и додадете во малку изладениот пудинг и убаво измешајте.
Глазура: Искршете 100 грама чоколадото, додајте шеќер во прав, 30 грама путер исечен на ливчиња и една лажица вода. Истопете на пареа со постојано мешање.
Редење: Поголем, правоаголен, плиток сад обложете со проѕирна фолија.
Нанесете ја смесата за кора и убаво израмнете. Рамномерно распоредете го филот и нанесете ја топлата глазура.
Садот преку ноќ префрлете го во фрижидер а потоа исечете го на коцки и послужете.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Смоква торта >
Сосотојки:
10 јајца
400 гр. шеќер
250 гр. сецкани смокви
80 гр. брашно
150 гр. потпечени и сецкани ореви
Упатства:
10 белки се матат со 200 гр. шеќер во цврст снег, внимателно се става брашното, смоквите и оревите. Во плехот од шпоретот се пече смесата на 180 C околу 20 минути
Крем: На пареа се варат жолчките, претходно изматени со 200 гр. шеќер додека да се згуснат, се ладат и се спојуваат со претходно изматениот путер. По желба во кремот се додава и малку рум.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Касато торта II >
Сосотојки:
200 гр. сецкани ореви
200 гр. суво грозје
180 гр. сецкано желе
220 гр. сецкано чоколадо
500 гр. бисквити
1 дл. млеко
0,5 дл. рум
200 гр. шеќер во прав
250 гр. путер
3 жолчки
1 кесичка шлаг пена
Упатства:
Кексот се крши, се попрскува со млеко и рум. Посебно се мати путерот со шеќерот, па се додаваат сите останати состојки. Сето се соединува со кексот и се обликува како ролат, а се украсува со шлаг подготвен според упатството.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот