265 - 270 рецепти од 270 | Страница: | 1 | << | ... | 21 | 22 | 23 |
Касато торта >
Сосотојки:
250 гр. путер
70 гр. какао
200 гр. шеќер во прав
1 јајце
160 гр. мелен кекс
160 гр. кршен кекс
1 лажица рум
0,5 дл. млеко
50 гр. чоколадо
чоколадна глазура
Упатства:
Во подлабок сад во компактна смеса се мешаат 250 гр. путер изматен со шеќерот во прав и останатите состојки, се формира ролат и се прелива со чоколадна глазура.
Глазура: 100 гр. чоколадо, 100 гр. шеќер, 1 дл. вода, 50 гр. путер се топат на тивко и веднаш се прелива тортата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Добош торта >
Сосотојки:
1.5 дл масло за јадење
2.5 дл. вода
1.5 дл. мед
1 лажичка сода бикарбона
150 гр. чоколадо
400 гр. шеќер
300 гр. ореви
200-400 гр. брашно
20 гр. путер
Упатства:
Брашното се замесува со маслото, 0,5 дл. вода, медот и содата, за да се добие тесто кои се сучи со сукало. На превртен калап се печат околу 5 кори.
Крем: 300 гр. шеќер се топи со 1 дл. вода и на тивко се вари додека се добие густина на шербет. Се додаваат мелените ореви и 50 гр. чоколадо. Се филуваат сите кори освен последната, која се прелива со чоколадна глазура.
Чоколадна глазура: 100 гр. чоколадо се растопува со 1 дл. вода, 100 гр. шеќер и непрестано се меша додека постане изедначена и густа смеса. При крај се додава 20-30 гр. путер и веднаш се прелива тортата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна баклава >
Сосотојки:
1кг. кори
1/2 л. кисела вода
1/2 л. масло
750 гр. шеќер
2 пецива
200 гр.кокос
200 гр.сусам
Шербет:1л.вода,1 кг. шеќер, ванила
Упатства:
1/2 л. кисела вода,1/2 л. масло,750 гр.шеќер и 2 пецива се мешаат заедно. Се отвораат корите една по една и секоја се прска со смесата од кисела вода и масло. Исто така секоја кора откако ќе се испрска се поросува со кокосот. Две кори се поросуваат со кокос а три кори со сусам и се така додека да се потрошат состојките. Се пече 45 минути на 200 степени. Се попарува баклавата ладна а шербетот топол. Шербетот се вари 15 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
200 грама Бисквити
100 грама Кокосово брашно
150 грама Лешник
200 грама Маргарин
100 милилитри Млеко
400 грама Шеќер во прав
Упатства:
Сите намирници се мешаат и се прават бомбици.
Во секоја од бомбиците се става по еден лешник.
Се валкаат во кокос и се шараат со чоколаден прелив (по желба).
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Куглоф >
Сосотојки:
4 јајца, 14 лажици шеќер, 1 чаша ладна вода, 1 чаша зејтин, 15 лажици брашно, 1 пециво, 1 ванилин шеќер и какао.
Упатства:
Се матат јајцата со 14 лажици шеќер, и ванилиниот шеќер. Откако ќе се изматат убаво се додава капка по капка 1 чаша од млеко - вода и се продолжува со матење. Матејки постепено се додава 1 чаша зејтин. Се исклучува миксерт и постепено со лажица се додаваат 15 лажици брашно, пециво, се меша со лажица и се става тестото во подмачкан калап со путер. Од тестото се одделува малку и се додава малку какао и се става во преостанатото тесто, со вилушка се поминува низ тестото за да се направи шара, се пече на 220 Ц околу 30 мин. Откако ќе се испече се остава да се олади, се превртува и се поросува со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 35 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од Цедевита >
Сосотојки:
Цедевита и вода
Упатства:
Растворете Цедевита во вода, ставете го во калап за сладолед и потоа во замрзнувач... едноставно а вкусно за летните горештини.
Време потребно за подготовка: 7 минути
<< Сокриј го рецептот