25 - 36 рецепти од 270 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 23 |
Посна бајадера >
Сосотојки:
• 800 гр шеќер
• 1 чаша вода (250 мл)
• 300 гр мелени посни бисквити
• 300 гр мелени ореви
• 1 маргарин
• 2 лажици какао
Глазура:
• 300 гр чоколадо за готвење
• 1 лажица масло за јадење
Упатства:
Најпрво се зоврива водата и шеќерот, малку да згуснат, но не и густо како шербет. Се трга на страна и се додаваат бисквитите, оревите и маргаринот. Се меша до хомогена смеса и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото.
Во намрсен плех прво се става темниот слој и се израмнува, па врз него се става светлиот слој.
Во меѓувреме на тивок оган го ставате чоколадото да се растопи заедно со маслото и потоа го нанесувате врз бајадерата.
Се остава во фрижидер да се стегне, потоа се сече на парчиња и се ужива во вкусот.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Нутела елка >
Сосотојки:
• 450 гр брашно
• 70 гр шеќер
• 2 мали лажички сув квасец
• прстофат сол
• 30 гр омекнат путер
• 250 мл топло млеко
• 2 жолчки за тестото и 2 белки за премачкување
• 1 чаша нутела
• масло за јадење
Упатства:
Во длабок сад се мешаат со лажица брашното, шеќерот, сувиот квасец и солта.
Потоа се додаваат млекото, путерот и 2 жолчки. Се замесува тесто кое на почетокот ќе биде малку лепливо но по неколку минути месење ќе добиете мазно тесто. Месењето нека биде околу 10-тина минути и доколку тестото потоа внатре ви изгледа суво со прстите ќе втриете малку млеко во него.
Вака замесеното тесто ставете го во длабок сад премачкан со масло за јадење и оставете го да стаса на топло 1час.
Откако ќе стаса, се дели на 4 дела и се сука во триаголна форма. Врз секој триаголник се премачкува нутела, освен на последниот. Потоа се сече во облик на елка, се сечат ленти широки околу 2 цм и се превиткуваат како на сликата.
Вака оформената елка се остава на страна уште 30 минути да стаса. Потоа се премачкува со белките и се пече во загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути. На крај се премачкува со мешавина од шеќер и вода и по краевите се става сусам по желба како декорација.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Куглоф со лимон >
Сосотојки:
• 250 гр омекнат маргарин
• 250 гр брашно
• 1 лажица прашок за пециво
• 1/2 лажица сол
• 225 гр шеќер во прав
• кора од 3 лимони
• 4 јајца
Сируп:
• 100 гр шеќер во прав
• Сок од 3 лимони
Глазура:
• 80 гр шеќер во прав
• 2 лажици ладна вода
Упатства:
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°Ц и намрсете го калапот за куглоф.
Измешајте го брашното со прашокот за пециво во еден сад.
Во друг подлабок сад измиксирајте ги со миксер, маргаринот, шеќерот и кората од лимоните додека не добиете хомогена смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно. Постепено додавајте ја смесата со брашното, исклучете го миксерот и продолжете да мешате со дрвена лажица. Смесата истурете ја во калапот и печете околу 30 минути.
Во меѓувреме припремете го сирупот, за кој е потребно да се помеша сокот од лимоните со шеќерот и да ја загреете смесата до вриење. Продолжете со варење уште 2-3 минути и потоа тргнете ја од оган за да се олади.
Печениот и оладен куглоф прелијте го со сирупот и оставете го во калапот уште 15 минути за да се впие сирупот.
Откако ќе се олади прелијте го со глазурата од шеќер и вода и уживајте во прекрасниот вкус.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со јаболка и пудинг од ванила >
Сосотојки:
Потребни состојки:
• плочка готово замрзнато лиснато тесто
• 2 јаболка
• 2 ванила пудинзи
• 900 мл млеко
• 1 јајце за премачкување
• кафеав шеќер
• цимет
Упатства:
Подготовка:
Оставете го тестото да се одмрзне. Најпрво се подготвува пудингот со 900 мл млеко според упатството на пакувањето.
Откако ќе го сварите пудингот, оставете го на страна да се излади. Во меѓувреме земете сад во кој ќе ја печете питата и намрсете го. Јас користев калап за тарт со големина 27цм.
На набрашнета површина растегнете го тестото и исечете круг со приближна димензија како калапот за печење. Од останатото тесто исечете ленти.
Во калапот ставете го тестото кое го исековте како круг и ќе внимавате да биде распоредено и по краевите. Потоа ставете го пудингот на дното од тестото и распоредете го по цел калап. Исечете 2 јаболка на парчиња и наредете ги во круг. По секој ред од јаболка ќе ставате по една лента од тестото.
На крај премачкајте ја со јајца и ставете кафеав шеќер и цимет врз јаболката.
Печете на температура од 180°Ц, 20 минути.
Добар апетит!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизкејк >
Сосотојки:
Бисквитна кора:
• 400 гр мелени бисквити
• 100 гр шеќер во прав
• 200 гр путер
• 50 мл сок од вишна
Фил:
• 20 гр желатин
• 400 гр крем сир
• 200 гр шеќер во прав
• 500 мл слатка павлака
Прелив
• 600 гр овошна мешавина од црвени плодови
• 5-6 лажици шеќер
• 2 лажици вода
• 10 гр желатин
Упатства:
Подготовка:
Во поголем сад помешајте ги мелените бисквити, шеќерот, путерот и се убаво соединете, на крај додадете го и сокот од вишни. Откако ќе добиете хомогена смеса втиснете ја на подлогата на калапот.
Желатинот растворете го во ладна вода според упатството на ќесичката и оставете го да набабри.
Крем сирењето матете го со шеќерот во прав, а во друг сад изматете ја павлаката во шлаг.
Потоа изматената павлака додавајте ја во филот со сирењето.
Загрејте го желатинот да се стопи и додадете го кон целиот фил.
Матете со миксер уште некоја минута и филот распоредете го низ целата бисквитна кора.
Овошниот микс заедно со шеќерот и водата ставете го да зоврие. Откако ќе почне да врие, намалете ја темературата и нека остане на оган уште 3 минути. Додадете го желатинот (кој претходно сте го оставиле да бабри па сте го стопиле). Откако филот ќе се олади распоредете го врз белиот крем и оставете ја тортата во фридижер неколку часа добро да се стегне.
Уживајте во овој прекрасен спој на вкусови!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пудинг торта со јаболкa >
Сосотојки:
Пандишпан
- 2 јајца
- 250 гр. брашно
- 150 мл. млеко
- 80 мл. масло
- пециво
- 150 гр. шеќер
1 дел
- 500 гр. јаболка
- 100 гр. шеќер
- 600 мл. вода
- 1 пудинг
2 дел
- 200 гр. јаболка
- 600 мл. млеко
- 2 пудинзи ванила
- 100 гр. шеќер
3 дел
шлаг крем
Упатства:
Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200С(плех 15х30). Јаболките кратко пропржете ги само на шек?ерот, па додадете им ја водата да се варат 10тина минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболки извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите 2 дел посебно, јаболките запржете ги на шек?ерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен 1 дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. И да заборавив да кажам, во делот со јаболка може да додадете и цимет(по желба). Знам дека изгледа многу за правење, многу состојки и комплицирано, но воопшто не е.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Урбан колач од само 4 состојки >
Сосотојки:
100 гр. бисквити
100-120 гр. еурокрем
120 гр. путер
150 гр. бело чоколадо
Упатства:
За подлогата еурокремот истопете го на пареа со путерот и измешајте го со бисквитите. Постепено додавајте од бисквитите дури не добиете густа смеса(по потреба додадете уште малку бисквити). Натапкајте ја подлогата во мало плехче со хартија за печење. Одозгора прелијте го со бела чоколада исто така растопена на пареа. За поинтересен изглед јас одозгора го ишарав со црно чоколадо и со чачкалица направив разни шари дури не беше зацврстено белото чоколадо. Оставете сосем малку во фрижидер колку да се зацврсти чоколадото и може да го исечете и послужите колачот.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Медени колачиња >
Сосотојки:
Во длабок сад се мешаат со шпатула
* 120 гр мек путер
* 3 лажици мед
* 2 лажици млеко
* 1 лажичка ванила арома
* Рендана кора од еден лимон
Во друг сад се мешаат
* 300 гр интегрално брашно
* Прстофат сол
* 80 гр шеќер ( најдобро мусковадо)
* 1 лажичка прашок за пециво
* 2 лажички цимет
Упатства:
Мешавината со брашно се додава во путерот, се замесува тесто и се остава минимум половина час во фрижидер.
Се формираат топчиња со големина на орев, се редат на плех обложен со хартија за печење @folii_za_domakinstvo, со вилушка се прават нежни стисоци во форма на х и се печат 12 минути на 170 степени.
Пред јадење се оставаат 10 минути да се изладат - тоа е најтешкиот делFollow me_mother_of_three on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Линцер колачи >
Сосотојки:
• 100 гр листови од бадем
• 110 гр шеќер
• 350 гр брашно
• ? лажичка прашок за пециво
• ? лажичка сол
• 1 лажичка цимет
• 225 гр путер
• 2 лажички екстракт од ванила
• 1 јајце и уште една жолчка
• по желба џем, нутела и шеќер во прав
Упатства:
Потребно е во блендер да ги сомелете листовите од бадемите со шеќерот, па на тоа да го додадете брашното помешано претходно со цимет, сол и прашокот за пециво. Потоа добро промешајте смесата да се изедначи.
Путерот, на собна температура, со миксер изматете го, па додадете го во него екстрактот од ванила, јајцето и жолчката. Повторно матете и постепено додавајте ги сувите состојки.
Замесете тесто, кое во оваа фаза ќе ви изгледа многу меко, но тоа не треба да ве буни. Поделете го тестото на два дела, завиткајте го со проводна фолија и оставете го во фрижидер околу еден час за добро да се стегне.
На набрашнета површина, развлечете тенко тесто и вадете облици по желба.
На хартија за печење распоредете ги колачињата и печете во претходно загреана рерна на 180°Ц точно 8 минути.
Откако ќе се оладат, филувајте ги по желба и спојувајте ги. Врз нив наросете шеќер во прав.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Тарт со ф’стаци >
Сосотојки:
Бисквитна кора:
• 200 гр мелени бисквити
• 50 гр мелени ф’стаци
• 60 мл слатка павлака
• 120 мл омекнат путер
Фил од ф’стаци:
• 125 мг несолени ф’стаци без лушпа
• 2 мали лажички масло за готвење
• ? лажичка сол
• ? чаша шеќер
• 50 мл слатка павлака
• 50 гр несолени ф’стаци без лушпа
Чоколаден прелив:
• 300 гр црна чоколада (може и млечна)
• 150 мл слатка павлака
Упатства:
Помешајте ги мелените бисквити со путерот и слатката павлака, додадете ги мелените ф’стаци и притиснете ја смесата со рацете во калап за тарт премачкан со путер. Ставете го калапот во фрижидер за да се стегне смесата.
Во меѓувреме подгответе го филот од ф’стаци. За него е потребно во блендер да ги сомелете несолените ф’стаци заедно со солта и маслото за готвење. Откако ќе се соедини таа смеса, додадете го шеќерот и слатката павлака и повторно блендирајте се додека не добиете полутечна смеса.
Оваа смеса нанесете ја врз бисквитната кора и на неа додадете уште 50 гр сецкани ф’стаци.
Ставете го калапот повторно во фрижидер.
Сега на ред за подготовка е чоколадниот прелив. Потребно е да ја загреете слатката павлака до вриење и да се прелие преку чоколадото кое претходно сте го скршиле на коцки. Откако чоколадото ќе се стопи и се добие хомогена смеса, се прелива преку тартот.
Вака подготвениот тарт треба да стои во фрижидер најмалку час и половина за да добро се стегне.
Уживајте во готвењето и прекрасниот спој на чоколадо со ф’стаци.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Врвен рецепт за чоколадна торта >
Сосотојки:
200 гр темно чоколадо, сецкано
200 гр путер, на коцки
1 лажица гранули за инстант кафе
170g брашно
? лажиче сода бикарбонат
400 гр шеќер
25 г какао во прав
3 средни јајца
75 мл матеница
50g рендано чоколадо или 100g кадрици, за украсување
За прелив
200 гр темно чоколадо (околу 60% цврсти какао), сецкано
300мл двоен крем
2 лажици шеќер
Упатства:
ЧЕКОР 1
Загрејте ја рерната на 160С. Ставете путер во тркалезен калап за торта 20 см (длабок 7,5 см).
ЧЕКОР 2
Ставете 200 гр сецкано темно чоколадо во тава со 200гр путер.
ЧЕКОР 3
Измешајте 1 лажица гранули за инстант кафе во 125 ml ладна вода и истурете ја течноста во тавата.
ЧЕКОР 4
Загрејте ги состојките на тивок оган само додека сe не се стопи - не прегревајте. Или стопете се во микробранова печка околу 5 минути, мешајќи на половина.
ЧЕКОР 5
Измешајте 170 гр.брашно, лажичка бикарбонат сода, 400 гр шеќер и 25 гр какао во прав, и разбијте ги сите грутки.
ЧЕКОР 6
Изматете 3 средни јајца со 75 ml матеница.
ЧЕКОР 7
Истурете ја смесата со стопено чоколадо и смесата со јајца во мешавината на брашно и мешајте додека не добиете мазна, прилично течна конзистентност.
ЧЕКОР 8
Истурете ја смесата во плехот и печете 1 час и 30 мин.
ЧЕКОР 9
Оставете да се излади во плехот (не грижете се ако малку се спушти), а потоа извадете ја на решетка за целосно ладење. Исечете ја ладната торта хоризонтално на три.
ЧЕКОР 10
За да го направите преливот, ставете 200 гр сечкано темно чоколадо во сад. Истурете 300мл двоен крем во тава, додадете 2 лажици шеќер и загревајте додека не зоврие.
ЧЕКОР 11
Тргнете го огнот и прелијте го со чоколадото. Мешајте додека не се стопи чоколадото и смесата не се изедначи. Ладете додека преливот не стане малку подебел, но сепак да може да се истури.
ЧЕКОР 12
Ставете од преливот меѓу слоевите. Истурете го остатокот врз колачот оставајќи го да падне по страните и измазнете ги сите празнини со нож.
ЧЕКОР 13
Украсете со 50гр рендано чоколадо или 100гр чоколадни кадрици. Тортата стои сочна и мека 3-4 дена.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Кокосови коцки со мармалад >
Сосотојки:
За колачот:
3 јајца
150g шеќер
100ml масло
100ml млеко
130g брашно
10g прашок за печиво
Прстофат сол
За чоколадниот прелив:
250g темно чоколадо
250g путер
200ml млеко
За декорација:
300g кокос
Упатства:
Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги белките додека не добиете пенеста смеса.
Измешајте ги жолчките со маслото и шеќерот, па додадете го прашокот за печиво и постепено млекото.
Потоа додадете прстофат сол и полека измешајте ги белките со смесата од жолчки.
Прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна 20 минути на 180 степени. Оставете колачот да се излачи половина час.
Оладениот колач поделете го на половина и внатрешниот дел намачкајте го со богат слој мармалад од јагоди/малини или друго црвено овошје. Преклопете со горниот дел и исечете коцки.
Стопете го чоколадото со путерот и млекото така што ќе добиете мазна смеса за фил.
Потопете ги коцките од сите страна, а потоа извалкајте ги во кокос.
Служете ги на собна температура.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот