Миризливи јаболка со прелив од карамела >
Сосотојки:
7 мали јаболка
3 лажици блага хопла
Дрвени стапчиња (можете да употребите и од оние за ражничи)
400g карамела
Кикиритки, чоколадни трошки, ореви, кокос за декорација (по желба)
Упатства:
Отстранете ги дршките на јаболката, измијте ги со топла вода и избришете ги. Уште подобро е ако ги оставите во фрижидер неколку часа пред да почнете со десертот.
Ставете ги стапчињата на јаболката, така што ќе бидат како дршки. Наредете ги јаболката во еден сад, а во разни плитки садови ставете ги додатоците за украсување, како кикиритки и чоколадни трошки.
Во тенџере ставете ги карамелата и хоплата и оставете го на тивок оган додека не се растопи карамелата. Оставете ја смесата околу 5 минути да се излади, за карамелата подобро да се залепи за јаболката.
Држејќи ги јаболката за стапчето, потопете ги во смесата со карамела и хопла и разлејте ја низ целото јаболко. Веднаш потоа, додека карамелата е уште топла, додајте ги и кикиритките, чоколадните трошки или какви било додатоци по желба.
Наредете ги јаболката во сад обложен со хартија за печење, а потоа оставете ги да се стврднат.
Вака приготвените јаболка можете да ги чувате во фрижидер и до две недели.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Здрава торта - Панфорте >
Сосотојки:
100 гр. суви смокви
100 гр. мешавина од кандирано овошје
50 гр. кандирани вишни
100 гр. бадеми
100 гр. ореви
50 гр. лешници
150 гр. шеќер
50 гр. брашно
100 гр. чоколадо
3 лажици мед
1 лажица цимет
Упатства:
Во еден сад ставете брашно, додадете ги зачините, цели лешници и бадеми, издробено ситно чоколадо, рендана кора од портокал, сечкани смокви.
Добро промешајте за да се изедначат состојките.
На умерена температура загрејте го медот и додадете го шеќерот. Варете пет минути, без мешање.
Добиениот карамел излејте го врз приготвената смеса, брзо промешајте додека не се стегнало.
Смесата излејте ја во калапот, израмнете со намастена лажица и ставете во загреана рерна на 150 степени, околу половина час.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудли од смоква >
Сосотојки:
Тесто
- 300 гр брашно
- 170 гр путер на собна температура
- 100 гр шеќер
- 50 гр мед
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- малку цимет
- рендана кора од 1 портокал или лимон
- 2 лажички чист екстракт од ванила
- 4 жолчки од јајца
Полнење
- 400 гр сушени смокви
- 80 гр пире од јаболка
- 50 гр мед
- на врвот на лажичка цимет
Упатства:
ПОДГОТОВКА
1. Ставете омекнат путер, шеќер, мед, рендана кора од лимон, сол, екстракт од ванила и цимет во сад. Добро измешајте со миксер.
Додадете ги жолчките еднa по една, мешајќи постојано, сe додека не се комбинираат со смесата.
Додадете го брашното прелиено со сода бикарбона - прво измешајте со миксер со најмала брзина, а потоа со дрвена лажица за добро да ја измешате смесата.
Тестото треба да биде многу меко, затоа не додавајте повеќе брашно.
Поделете го тестото на четири дела, обликувајте го секој во ролна што малку ја раширивте со дланката и завиткајте во парче фолија. Оставете го тестото добро да се олади во фрижидер најмалку 2 часа.
2. Во меѓувреме, подгответе го полнењето.
Ставете исечени смокви, мед и пире од јаболка во миксер и измешајте додека не добиете мазна смеса.
Смесата ставете ја во кесичка за печење за украсување или обична кесичка замрзнувач на која и го отсекувате врвот.
3. Тестото исучете го многу тенко (околу 2 мм) и исечете го на правоаголници широки 8 см (соберете го остатокот од тестото и изладете го, а потоа повторно исучете го). Затегнете го тестото помеѓу две парчиња хартија за печење, и брашно и под тестото и на самото тесто одозгора, бидејќи брзо се омекнува на собна температура и станува лепливо.
По секој правоаголник, во средина, стиснете го полнењето, а потоа раширете го малку со нож.
Преклопете го тестото над полнењето, а потоа свртете така што преклопот е на долната страна.
Пренесете ги сите обликуваните штрудли во сад за печење и замрзнете ги 1 час.
4. Кога штрудлите добро ќе се изладат, исечете ги со многу остар нож на парчиња должина од 6 см и не ги одделувајте исечените парчиња.
Ставете ги во загреана рерна на 180 ° C околу 12 минути, додека не се зацрвенат лесно на врвот.
Додека се уште топли, пресечете повторно и оставете ги да се изладат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брзи бомбици од 3 состојки >
Сосотојки:
250 мл. хопла
250 гр. ресани
100 гр. мелени бисквити/јатки
кокос (по избор)
Упатства:
Изматете ја цврсто хоплата и додадете ги ситно сечените ресани и по желба мелени бисквити, плазма, јатки или кокос. Се убаво измешајте и формирајте бомбици. Или извалкајте ги во бисквити, кокос или сл. или прелијте ги со растопена чоколада. Уживање во секој залак
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Освежителен летен колач >
Сосотојки:
300 мл. хопла
200 гр. овошје
1 пак. желатин
Упатства:
Изматете ја хоплата и во неа додадете го желатинот. Желатинот прво потопете го со неколку лажици вода и оставете го да набабри, па растопете го во сад на оган. Измешајте ги хоплата и желатинот и додадете го овошјето. Јас пола овошје го додадов на парчиња, а пола го изблендирав(малини, јагоди, цреши). Е сега интересниот дел е во тоа што смесава ја полните во обични пластични чаши за една употреба. Најпрво малку ги намрсив чашите и ги наполнив со смесата. Оставете ги најмалку 1 час во фрижидер или преку нок?, а можете и кратко(20-30 мин) да ги замрзнете па да добиете сладолед.
Толку е лесно, пенасто и вкусно за јадење што нема да знаете колку ви е доста. Од смесава јас наполнив 7-8 големи чаши. За да ги извадите од чашите после, засечете ги чашите со ножички на неколку места и нежно притиснете одозгора и к?е излезе. Или пак исечете ја целата чаша. Доколку се замрзнати малку и полесно к?е излегуваат.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Рафаело бомбици од само 3 состојки >
Сосотојки:
200 мл. хопла
100 гр. чоколадо
100 гр. кокос
Упатства:
Хоплата и чоколадото ставете ги на тивок оган и мешајте дури не се растопи чоколадото. Тргнетe од оган и додадете го кокосот. Убаво измешајте и смесата оставете ја 6-7 минути во фрижидер(или дури не се зацврсти малце). Оформете ги бомбиците и по желба извалкајте ги во кокос. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Чоколадни браунис колачиња >
Сосотојки:
3 јајца
150 гр. чоколадо за готвење
125 гр. маргарин
100 гр. брашно
100 гр. шеќер
2-3 лажици какао
Упатства:
Чоколадото(100гр) и путерот/маргаринот ставете ги во сад и истопете ги на пареа. Во друг сад изматете ги јајцата со шек?ерот со рачна маталка или миксер сосем малку колку да се спојат. Додадете го растопеното чоколадо и путер, брашното и какаото и измешајте. Истурете на хартија за печење(или намрсен плех) 15х30 или помал и останатото чоколадо исечете ги на помали парчиња и ставете ги врз смесата. Печете 20-25 минути во загреана рерна на 180 С. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брз колач со овошје >
Сосотојки:
3 јајца
3 чаши шеќер
3 чаши млеко
6 чаши брашно
1 чаша масло
1 пециво
Упатства:
Во длабок сад изматете ги јајцата со шек?ерот, додадете ги маслото, млекото па брашното и пецивото(шолја 200-220 мл). Смесата истурете ја на хартија за печење или намрсен плех(бр.30 или поголем). Одозгора ставете парчиња овошје, свежо или од компот и печете во загреана рерна на 180 С околу 30-40 минути. Јас ставив свежи цреши и јаготки(околу 150 гр овошје). Оставете да се излади, па исечете го.Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пржени лепчиња полнети со еурокрем >
Сосотојки:
Парчиња леб
Еурокрем/џем
јајце
Упатства:
Од парчиња бриош лепче(или по избор) исечете ги коричките од 4 страни. Секое лепче нежно исукајте го со сукало или овален предмет. Премачкајте го со еурокрем или џем и завиткајте го. Потопете го во изматено јајце и пржете го на сосем малку масло на загреана тава. Јас ги правев во грил тава. Испржете ги убаво од сите страни и наросете им шек?ер во прав, а послужете ги со овошје по избор.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Печени крофни од рерна >
Сосотојки:
350 мл. млеко
100 мл. вода
60 гр. путер/маргарин
40 гр. свеж квасец
6-7 лажици шеќер
околу 800 гр. брашно (се додава по потреба)
Упатства:
Најпрво растопете го путерот/маргаринот и измешајте го со млекото и водата. Додадете го квасецот и шек?ерот(може да додадете и ванилин шек?ер или екстракт од ванила) и постепено додавајте брашно. Мешајте со лажица дури не добиете густа смеса налик на тесто. Префрлете ја смесата на набрашнета површина и со постепено додавање на брашно оформете меко тесто. Оставете го тестото да се удвои. Расукајте го отприлика 1 cm дебелина и со чаша или модла вадете кругови, а со помала чаша направете дупка(испечете го и тој дел како мини крофни). Редете ги на хартија за печење и оставете ги уште 15-20 минути да нараснат. Премачкајте ги со масло само одозгора и попрскајте ги со вода. Печете ги во загреана рерна на 180 С околу 15 минути. Откако к?е се изладат потопете ги во чоколадо и декорирајте по желба.Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Џем од јагоди >
Сосотојки:
4 кгр. јагоди
2 кгр. шеќер
сок од лимон или 1 лимонтус
1 желатин
вода
Упатства:
Многу лесно и едноставно за правење. Јас правев со 4 кг јагоди, но можете и со 100 гр и со 10 кг, само к?е си ги прилагодите состојките. Убаво измијте ги јагодите и исчистете им ги листовите. Ставете ги во тенџере (големината зависно од количината), додадете го шек?ерот(може и повек?е шек?ер, но мене лично вака ми е поубаво) и сокот од лимон и ставете ги на оган на средна температура. Јас додадов и 500 мл вода, но на пола варење(после 1-1ипол час) извадив околу 1 литро сок за растварање. Доколку не сакате сок, ставете само околу 100 мл вода, а со оглед на тоа што и јаготките пуштаат сок к?е ви дојде супер. Варете го околу 1ипол-2 часа со повремено мешање на средна температура. При крај кога век?е водата к?е се намали скоро целосно мешајте постојано да не ви загори и тогаш додадете една кесичка желатин(претходно набабрен - растворен со вода). Можете да ги изгмечите јагодите дополнително, но со самото варење тие се разделуваат на помали парчиња. Топлиот џем веднаш префрлете го во тегли и убаво затворете ги. Отприлика од 1-1ипол кг јагоди излегува една голема тегла џем. Верувам к?е уживате во вкусот, а и мирисот кој се шири дома дури се вари.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта со желе и крем банани >
Сосотојки:
400 гр. бисквити
300 мл сок
250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
200 гр. желе
6 крем банани
300 гр. шлаг
200 гр. киви
Упатства:
Се дробат бисквитите, а кивито се чисти и сече на коцки.
Се додава во бисквитите и се додава и сеченото желе, па се додаваат и сечените крем банани.
Се додава и природен сок по избор.
Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава.
Се меша и се става на послужавник, со убава форма.
Украсете со шлаг или пак и чоколадо.
Нека се лади.
Уживајте!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот