Кори со пире од тиква (Тиквеник) >
Сосотојки:
Производи:
200 г брашно
500 г тиква
100 г ореви
100 г вода
100 г масло
150 г шеќер
лажица цимет
Упатства:
Начин на приготвување:
Направете тесто од брашното и водата и исукајте 5 кори. Сварете ја и излупете ја тиквата од кората. Посипете сод шеќер, мелени ореви и цимет и откако ќе се излаи наредете во корите на редови и поклопете со последната кора.
Испечете на умерена температура и посипете со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Бисквит празнични колачи >
Сосотојки:
100гр. маргарин
220гр. брашно
1 кесичка ванила
1 белка
5 лажици шеќер
1 кора рендана од портокал
1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
1 белка од јајце
200гр. шеќер во прав
1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
Упатства:
Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завиткува во фолија и се остава во фрижидер половина час.
Се вади од фолијата и на работна површина се сука кора од тестото, дебела 4 мм. Кога ја сукате посипете најгоре шеќер во прав а долу поставете ја на хартија за печење за да не се лепи.
Со калапи се вадат форми.
Шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема на следниов начин:
белката се мати со вилушка, се додава постепено половина од шеќерот и сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Натаму во основниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој се користи за образување на контурите на колачите. Остатокот е на вашата имагинација.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кремисимо коцки >
Сосотојки:
600 милилитри млеко
2 кесички пудинг од ванила
125 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
3 лажици шеќер
100 грама крем
70 грама темно чоколадо
4 крем банани
36 парчиња бисквити
200 милилитри млеко за бисквитите
Упатства:
Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
Исечете го на коцки и послужете.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Фереро бомбици >
Сосотојки:
400 гр наполитанки
200 гр еурокрем
2 темни чоколади
малку мелени кикирики
Упатства:
Наполитанките ситно ги дробите со рака. Еурокремот и чоколадото ги топите заедно на пареа.
Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.
Ја месите смесата во топчиња, и потоа ги оставате да се стегнат во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Целувки >
Сосотојки:
2 белки
150 гр. шеќер
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Во чист сад за матење ставете ги белките. Започнете со матење и додајте го сокот од лимон. Во текот на матењето постепено додавајте го шеќерот.
Матете со миксерот додека добиете цврст шлаг.
Тавата обложете ја со хартија за печење.
Со помош на готварски шприц формирајте целувки со форма по желба. Можете да ги направите кружни или правоаголни, изборот го оставаме на вас.
Целувките ставете ги да се печат во рерна на ниска температура од 130 степени за време од еден час. Печените целувки извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.Потоа послужете ги со омиленото кафе. На здравје!
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Вртени кори со чоколадо и малини >
Сосотојки:
20 парчиња кори за баклава
170 g стопен путер
1 шолја шербет
1 ? шолја чоколадо, стопено
1 ? шолја сечкани фстаци
1 шолја малини
Упатства:
Загрејте ја рерната на 170?С. извадете една кора и целосно премачкајте ја со стопениот путер. Преклопете ја кората на пола (така што страните со путерот ќе се спојат).
Од пошироката страна на кората почнете да ролате тенко стапче/сукало до другиот крај на кората.
Наберете ги двата краја и извадете го стапчето, а од ролната направете кружна форма и ставете на хартија за печење.
Премачкајте ги сите „баклави“ со путер и ставете да се печат 25 минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Извадете ги од рерна и веднаш намачкајте ги со шербетот. Во средината наполнете го секој прстен со 1 лажица од стопеното чоколато и наросете од фстаците, а на врвот ставете малина.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело торта >
Сосотојки:
140 грама брашно
130 грама кафеав шеќер
100 грама исушен кокос
125 грама несолен путер, стопен
Прстофат сол
За филот:
400 милилитри млеко од кокос
80 грама кокос, изрендан
200 грама бело чоколадо, ситно исечкано
50 грама маскарпоне
60 грама шеќер во прав
85 грама цреши
За декорација:
80 грама кокос, изрендан
2,3 цреши
Упатства:
Загрејте ја рерната на 100 степени и премачкајте го садот за готвење со путер. За да ја направите кората на тортата, измешајте ги брашното, кокосот, кафеавиот шеќер, солта и стопениот путер. Мешајте сe додека не се соединат целосно и потоа рамномерно поставете ја смесата во садот за готвење. Печете 12 – 15 минути, или сe додека не добиете златна кора, а потоа тргнете ја настрана да се олади и ставете ја во фрижидер додека не ви притреба повторно.
За да го направите филот, сипете го кокосовото млеко заедно со 80-те грама изрендан кокос во тенџере со средна големина и варете на тивок оган. Гответе 30 – 40 минути или сe додека кокосот не го впие целото кокосово млеко и не заборавајте повремено да мешате. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте сe додека не се стопи и соедини целосно, па префрлете ја мешавината во друг сад, покријте ја површината и ставете ја во фрижидер додека не се олади.
Откако мешавината ќе се олади, изматете ги маскарпонето и шеќерот во прав, па додадете ги заедно во мешавината со чоколадо и кокос. Одвојте 1/4 од филот и разнесете ја рамномерно на кората, па наредете ги врз неа црешите. Покријте со останатиот дел од филот и на крај, сипете го и останатиот изрендан кокос.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од портокали >
Сосотојки:
300 мл слатка павлака
100 мл кисела павлака
5 портокали
150 грама шеќер во прав
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 лажичка ситно рендана кора од портокал
Упатства:
Во сад ставете ги слатката павлака, киселата павлака, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Потоа се заедно добро изматете со миксер, па додадете го сокот од исцедените портокали и ренданата кора од портокал.
Се заедно добро измешајте и ставете ја смесата во соодветен сад.
Сладоледот ставете го во ладилник за да стегне.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Нутела тирамису >
Сосотојки:
2 шолји слатка павлака за готвење
2 шолји маскарпоне
Ванилин шеќер или екстракт од ванила
2 жолчки
2 лажици шеќер
2 шолји Нутела
2/3 шолја полномасно млеко
12 бисквити
Какао во прав за горниот слој
Упатства:
1. Ставете ги жолчките заедно со шеќерот во длабок сад. Матете додека добро не се соединат, а потоа додадете ја павлаката и ванилата. На крајот додадете го маскарпонето и нежно измешајте со лажица додека не добиете убав бел крем.
2. Обичното млеко ставете го во тенџерче на оган и додадете 1 лажица Нутела. Мешајте додека млекото не се загрее и не се соедини со кремот. Тргнете го настрана добро да се олади.
3. На кратко, потопете ги бисквитите еден по еден во течноста и наредете ги на дното од садот.
4. Врз наредените бисквити, намачкајте слој од белиот крем со павлака.
5. Остатокот од Нутела кремот додадете го во течноста во која ги потопивте бисквитите. Добро промешајте и истурете ја целата смеса врз првиот бел слој од тирамисуто.
6. Врз ова нанесете го остатокот од белиот крем. Добро измазнете и посипете со какао.
7. Оставете го добро да се олади пред да ги вкусите залчињата тирамису со Нутела.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадна лазања >
Сосотојки:
36 сендвич колачиња со крем
6 лажици стопен путер
235 gr маскарпоне
? шолја шеќер
2 лажици млеко
2 пакетчиња чоколаден пудинг подготвен според упатството
4 пакетчиња шлаг пена
Чоколадни топчиња или мрвички
Упатства:
1. Во блендер (или во проѕирна ќеса со помош на сукало) изгмечете ги добро сендвич-колачињата додека не добиете покрупни трошки.
2. Истурете ги во подлабок сад заедно со стопениот путер и мешајте додека добро не се соединат.
3. Во правоаголно тавче или стаклен сад истурете ја смесата и нежно притиснете за да ја израмните добро.
4. Во подлабок сад ставете го маскарпонето и започнете да го матите рачно или со миксер. Додадете ги двете лажици млеко и шеќерот и добро промешајте.
5. Додадете половина од подготвената (или готовата) шлаг пената во смесата од маскарпоне и измешајте. Потоа нанесете ја врз слојот од здробени колачиња и ставете ја лазањата во фрижидер да се стегне околу 10-тина минути.
6. Подготвениот чоколаден пудинг (според упатството на ќесичката) истурете го врз белиот слој маскарпоне. Повторно вратете ја лазањата во фрижидерот уште 10 минути.
7. На крајот, додадете го остатокот од шлаг пената и посипете чоколадни топчиња, мрвички или покрупно рендано чоколадо.
8. Покријте ја чоколадната лазања со проѕирна фолија и оставете ја добро да се олади околу 4 часа во фрижидерот пред да ја исечете на парчиња.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини баклави во калапи за мафини >
Сосотојки:
1/2 шолја ф’стаци, плус уште малку за декорација
1 1/2 шолја ореви
1/2 шолја бадеми
1/3 шолја шеќер
1 лажичка цимет
500g кори за баклава
3/4 шолја стопен путер
За шербет:
3/4 шолја вода
3/4 шолја шеќер
3/4 шолја мед
1 лажичка рендана кора од лимон
2 лажички свеж сок од лимон
Упатства:
Во блендер иситнете ги јаткастите плодови и додадете ги шеќерот и циметот.
Загрејте ја рерната на 350 степени. Исечете 24 квадрати со средна големина од тестото и 72 кругови со чаша со големина отприлика колку калапот за мафини. Поголемите квадрати наредете ги на дното од калапот.
Наизменично редете кора, од измелената смеса, па премачкувајте со растопен путер.
Повторувајте додека не го потрошите материјалот. Печете околу 30-35 минути или додека корите не добијат златесто-кафеава боја.
Шербетот се подготвува го така што сите состојки ќе ги ставите во поголемо тенџере и ќе варите околу 10 минути. Оладете, па со лажичка истурете врз баклавите по печењето.
Декорирајте со малку измелени ф’стаци. Оладете ги баклавите барем 4 часа на собна температура пред да ги послужите.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Цимет - ролнички со јаболка >
Сосотојки:
500 гр меко брашно
25 гр свеж квасец
250 мл топло млеко
3 лажици шеќер
1 јајце
За премачкување и за посипување
100 гр путер
150 гр шеќер
2 рамни лажици цимет
3 јаболка
За прелив
100 гр шеќер во прав
2 лажици млеко
2 лажици путер
2 пакетчиња ванилин
Упатства:
1. Сите состојките за тесто ги промешуваме и месиме тесто и чекаме да стаса околу 30 минути.
2. Нараснатото тесто се сука со сукало во правоаголник со дебелина на 5 мм-1 см и се премачкува со 100 г стопен путер исе посипува со мешавина од цимет и шеќер.
3. Јаболката се лупат и се рендаат, па добро се цедат и се распоредуваат преку шеќерот и циметот . Тестото внимателно се витка во ролат, па се сече на парчиња дебели 2-3 см.
4. Соодветна тепсија се премачкува со преостанатиот путер и во неа се редат ролничките и се остава да нараснат околу 20 минути. Потоа се премачкуваат со путер и се печат во рерна загреана на 180 степени додека се зарумени.
5. Прелив. Путерот се растопува, па се соединува со шеќерот, ванилинот и млекото.
6. На топлите ролнички се нанесува приготвениот прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот