Макаронс со малини >
Сосотојки:
2 белки
80 гр. мелени бадеми
120 гр. шеќер во прав
50 гр. ситен кристал шеќер
прехранбена боја или малку какао
Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал
100 гр. бела чоколада
30 мл. слатка павлака
малку сок од лимон
прстофат изрендана кора од лимон или портокал
Упатства:
1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав.
2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сe додека не добиете цврста смеса.
3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини.
4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри.
6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови.
7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате.
Ганаж со лимон и портокал:
Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сe додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Француски слатки гевречиња >
Сосотојки:
2 јајца
6 лажици млеко
6 лажици масло или растопен путер/маст
6 лажици шеќер
1 прашок за печиво
350 г брашно +/-
Упатства:
Од наведените состојки се замесува тесто од кое се расукува кора. Со чаша се вадат тркалца, а со помала чашка се прават дупчиња во нив.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Галета - мирисна торта од Париз >
Сосотојки:
150-200 г ореви
2-3 лажици масло
-сливи, свежи или смрзнати
2-3 јаболка
-шеќер
-цимет
-ѓумбир
Упатства:
1.Изладеното лиснато тесто извадете го од фрижидер. Развлечете го на побрашнета работна површина и префрлете го врз калап обложен со хартија за печење.
Можеби е подобро доколку тавата за печење ја превртите а тестото да го ставите на надворешната страна (на тој начин галетата полесно ќе се извади од тавата.
2.Врз тестото намачкајте ја пастата од ореви. Врз неа рамномерно наредете сливи и јаболка и доколку сакате, дополнително поросете со шеќер. Овошјето не го редете до краевите, туку оставете неколку центиметри празно.
3.Откако ќе го наредите овошјето, завртете ги рабовите од тестото кон внатре.
4.Премачкајте ги рабовите од тестото со изматено јајце. Печете на 200°C околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизкејк од Нутела >
Сосотојки:
250 гр бисквити
100грама Путер
400 грама нутела
500 грама несолено сирење (како на пример Маскарпоне)
? чаша шеќер во прав
Упатства:
Во сад, измешајте го путерот исечен на коцки и една лажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка, само малку, колку да се растопат состојките.
Бисквитите сомелете ги, а потоа помешајте ја смесата од путер и Нутела.
Промешајте ги сите состојки и истурете ја во округол плех, кој претходно сте го намрсиле со путер.
Во посебен сад, изматете го крем сирењето со шеќер, а потоа додадете го остатокот од нутелата.
Изматете со миксер, за сe да се соедини убаво.
Истурете ја смесата врз смесата со бисквити, убаво оформете и ставете во фрижидер да се "стегне", пред да послужите.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни гербери >
Сосотојки:
500 г брашно
1 квасец
1 лажичка сол
100 мл масло
Млеко
Фил:
100 г чоколадо за готвење (Менаж)
За премачкување:
1 јајце
Упатства:
Растопете го квасецот со малку млако млеко. Во подлабок сад измечајте: брашно, сол, масло, растопениот квасец и сето замесете го со млако млеко за да добиете средно тврдо тесто.
Покријте го со крпа и оставете на топло за да може тестото да надојде. Удвоеното тесто премесете го на работна површина и поделете го на два дела.
Со помош на оклагија растегнете кора и со помош на чаша или тркалезна подла, вадете кругови. Секој круг премачкајте го со малку растопено чоколадо. Потоа преклопете, а краевите спојте ги кон внатре, за да се добијат латици.
Постапката се повторува и со останатите кругови, па се редат во плех обложен со хартија за печење, во круг по пет латици за да се добие форма на цвет.
Еден исечен и ненамачкан круг се завиткува во ролат, се засекува по средина, па делот кој е засечен се става во средината на формираниот свет.
Се мати едно јајце и се премачкува секој гербер. Рерната се загрева на 250° и се пече додека да зарумени.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини корпици со три вкусови >
Сосотојки:
200 милилитри млеко
1 филџан масло
1 јајце
1 лажичка сол
1 пресен квасец
брашно по потреба
Упатства:
Квасецот се остава да стаса со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку вода.
Од квасецот и останатите состојки се меси средно меко тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се растегнува кора дебела околу 5 милиметри. Со чаша се сечат кругови од тестото кои се ставаат во претходно намачкани со маргарин метални корпици или друг облик на калапи.
Фил од пилешко
300 грама пилешко месо (батак или гради) се вари со зачини. Свареното месо се сецка на парчиња, се додава 200 грама сецкан кашкавал, 100 грама сецкани маринирани шампињони, малку кечап, 2 лажици павлака и оригано.
Од филот се става во секоја корпица и се пече.
Само овие корпици се печат заедно со филот. Останатите, се обликуваат во намрсени калапчиња, над тестото се става малку кујнска хартија и неколку зрна грав или ориз да не се подига многу тестото при печењето.
Фил со авокадо
1 авокадо се блендира со малку сок од лимон. Се додава крем сирење 150-200 грама, малку сецкан босилек и црн пипер. Се меша смесата и се полнат испечените корпи. Од горе се става чаден лосос.
Фил со павлака
1 краставица се сече на поситни коцки, се додава дробено или рендано сирење, неколку парчиња сувомеснато (може и без него), сецкани ореви, 2 лажици мајонез, сецкан магдонос и павлака. Се меша сe заедно. Со овој фил се полнат испечени корпици и се украсува со маслинка.
Погодни се зошто првите можат и да се замрзнат со филот, а останатите празни, па по потреба да се полнат со каков било фил или салата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини тортички >
Сосотојки:
2 филџани брашно
2 филџани масло за јадење
4 јајца
1 филџан млеко
2 филџани мелени ореви
1 ќесичка прашок за печиво
За фил: 200мл млеко
150г шеќер
100г чоколада
Шлаг пена
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред.
Изматената смеса се истура во подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути.
По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките. Се украсува со шлаг пена.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочни потпечени јаболка >
Сосотојки:
Јаболка по желба
? шолја овесни снегулки
? шолја кафеав шеќер
3 лажички цимет
1 лажичка каранфилче (по желба)
Коцка путер
Упатства:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки кои ги одбравте заедно со шеќерот и зачините.
Јаболката измијте ги и издлабете ги со лажица. Наполнете ги со мешавината од чинијата.
На врвот на јаболката ставете коцка путер.
Наредете ги во супер крчко тенџере или во тава, и истурете ? шолја вода.
Печете на тивко 3-4 часа.
Време потребно за подготовка: 200 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани со плазма и ореви >
Сосотојки:
300 г мелени плазма кекси
100 г маргарин
100 г шеќер во прав
2 банани
1 крушка
1 кесичка ванилин шеќер
120 г мелени ореви
4 банани
1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
200 мл млеко (за шлагот)
Упатства:
Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен мус од јагоди >
Сосотојки:
За жолтиот фил:
2 жолчки
3 лажици шеќер
50g бело чоколадо
1 ванилин шеќер
1,5dl слатка павлака
5g желатин
За филот од јагоди:
250g јагоди
4 лажици шеќер
5g желатин
1,5dl слатка павлака
За декорација:
150g јагоди
3 лажици шеќер
5g желатин
Упатства:
Жолтиот фил:
1. Во сад, соединете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, па гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не се згусне. Додадете искршена бела чоколада и мешајте додека не се растопи.
2. Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и бавно мешајте.
3. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, измешајте и веднаш додадете во филот. Добро измешајте со дрвена лажица.
Филот од јагоди:
1. Измиксирајте ги јагодите во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од течноста не зоврие.
2. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, мешајте додека набабри и потоа додадете го во топлата смеса од јагоди.
3. Изматете ја слатката павлака така што ќе добиете цврст шлаг и потоа додадете го оладениот фил од јагоди и мешајте.
Финална постапка:
1. Во стаклени чаши нанесете го филот од јагоди, а потоа и жолтиот фил.
2. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги заедно со шеќерот. Во него додадете го набабрениот желатин и оставете да се олади.
3. Разлејте ја оладената смеса преку жолтиот фил и оставете да се зацврсти.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сникерс >
Сосотојки:
500гр мелени petit beurre бисквити
500гр толчени кикирики (солени,лупени,пржени)
2 ванили
200гр чоколада за готвење
200гр шеќер
250гр путер
малку млеко
Упатства:
Сите бисквити и 400гр кикирики, 2 ванили 200гр путер ги замесувате во тесто. Во зависност од бисквитите додајте и малку млеко. Распоредете го во намачкан плех со дебелина 1.5 cm.
Ставете го во фрижидер додека го приготвувате карамелот ( dulce de leche).
200гр шеќер се карамелизира со 2 лажици вода. Пред да е готово кога ќе замириса на карамел ставете 50гр путер и 2-4 лажици млеко. Пазете бидејќи многу прска. Нека поврие уште малку за да се згусне. Веднаш прелијте го карамелот преку смесата од фрижидер,насолете ги преостанатите 100гр кикирики.
Вратете го плехот во фрижидер,
200гр чоколада стопете на тивок оган, со малку масло.
Прелијте ја преку смесата, оставете да се олади и пресечете ја на коцки.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Турски капи со кокос >
Сосотојки:
35-38 супени лажици брашно
2 јајца
2 мали шолји за кафе - масло
4 мали шолји за кафе – топло млеко
1 кесичка сув квасец
2 супени лажици шеќер
2-3 лажици какао за темниот дел од тестото
2-3 лажици кокос во светлиот дел од тестото – но може и без него
700 г шеќер
1 литар вода
Упатства:
1.Пенесто измиксајте ги јајцата па постепено додавајте масло, млеко, потоа квасец и лажица по лажица од брашното.
2.Потоа тестото поделете го два еднакви дела, во едниот додадете какао а во другиот кокос, па оставете 45 минути да се дигне.
3.Премесете го тестото на работна површина и од секој дел одвојте по 24 топчиња, може и помали, зависно колку капи (турбани) сакате.
4.Развлечете едно светло и едно кафеаво топче во суканици, исплете ги во круг, а крајот завлечете го оздола, за да не се одвојува при печењето.
5.Печете на 200 степени во претходно загреана рерна околу половина час, малку да потемнат.
6.Сварете шербет од 700 г шеќер и 1 литар вода, колку да се растопи шеќерот. Со млакиот шербет потурајте ги турските капи. Ова правете го постепено и полека за да можат убаво да се натопат. Повремено превртувајте ги за да бидат сочни.
7.Во првите половина час тоа правете го на секои 10 минути, не треба повеќе.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот