Рафаело коцки >
Сосотојки:
КОРА:
6 белки
200 гр. шеќер
3-4 големи лажици кокос
100 гр. брашно
пола кесичка прашок за пециво
200 мл. млеко (за попарување)
ФИЛ:
6 жолчки
2 кесички пундинг од ванила
4 лажици брашно
12 лажици шеќер
1 л. млеко
100 гр. путер
200 мл. слатка павлака
За декорација:
Кокосово брашно
Лешници
Упатства:
1. Кора
Од белките се мати цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Потоа се додава кокосоото брашно и брашното измешано со прашокот за пециво. Ова се меша со шпатула. Се пече во добро загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Откако кората ќе се излади, се прелева со топлото млеко (да не е врело).
2. Фил
Добро измешајте ги жолчките, пудинзите, брашното, со шеќерот и 200 мл. млеко. На останатите 800 мл. млеко штом зовријат додадете ја смесата од жолчки и непрекинато мешајте додека да смесата да се згусне и проврие на неколку минути. Сварениот крем тргнете го од рингла и оставете сосема малку да се излади (5 мин.). Додадете го путерот (на коцки, неизматен) со мешање. Потоа оставете филот сосема да се излади. Кога ќе биде сосема ладен, настрана изматете слатка павлака, а потоа соединете ја со изладениот крем.
Филувајте ја изладената кора со кремот. Одозгора наросете кокос и наредете по еден лешник на секое исечена коцка.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со вишни/цреши >
Сосотојки:
5 јајца
300 гр. шеќер
300 гр. брашно
200 мл. масло
200 мл. јогурт
1 пак. прашак за печиво
вишни/цреши обарени во 200 мл. вода, 100 гр. шеќер и 1 пак. ванилин шеќер
шеќер во прв за посипување
Упатства:
Се одделуваат белките од жолчките. Се матат со миксер жолчките и шеќерот, додека смесата не стане густа и не обели. Се додаваат јогуртот, маслото и брашното и сето заедно се миксира. На крај се додава прашокот за печиво.
Белките се матат во посебен сад. Кога ќе се направи снег од белки, смесата се истура во садот со жолчките. Се меша со жица за матење. Смесата треба да остане пенаста.
Се подготвува тркалезна тава бр. 30. Се мачка со масло и се посипува со брашно. Во тавата се истура смесата за колач. Над смесата се ставаат обарените цреши/вишни една по една на растојание.
Се печи во загреана рерла на 250 степени. По 15 минути се намалува температурата на 200 степени.
Печениот колач се сече на парчиња и се посипува во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошни мафини >
Сосотојки:
2 јајца
2 лажици шеќер (или повеќе ако сакате поблаго)
200 мл јогурт
50 мл масло
15 лажици брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
рендана кора од лимон
овошје по желба
шеќер во прав
Упатства:
Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па жолчките, јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го брашното со прашокот за печиво.
Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
Печете во претходно загреана рерна на 180°С.
Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Јапонски чизкејк од три состојки >
Сосотојки:
3 јајца
120 грама бело чоколадо
120 грама несолено крем сирење (собна температура)
Упатства:
Одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките оставете ги во фрижидер и уклучете ја рерната на 170 степени. Стопете го белото чоколадо на пареа. По ладењето, ставете го крем сирењето. Потоа додадете ги жолчките и мешајте со шпатула. Извадете ги белките од фрижидер и миксирајте додека не добиете добра пена.
Измешајте ги со пластична шпатула крем сирењето и чоколадото со изматените белки.
Ставете малку масло на тавата за печење со 15 см дијаметар и полијте ја смесата. Кревајте го и спуштајте ја тавата неколку пати за да се отстрани заробениот воздух.
Внимавајте тортата да не се скрши за време на печењето.
Ставете во голема тава малку топла вода и ставете ја тавата со смесата во неа. Печете 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете тортата внатре уште 15 минути.
Извадете ја тортата од рерна, и оставете да се излади целосно. Посипете шеќер во прав врз неа.
Пријатен апетит.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со вишни >
Сосотојки:
1/4 кг. брашно
150 гр. путер
150 гр. шеќер
4 јајца
5 лажици млеко
50 гр. мелени ореви
прашок за пециво
1/2 кг. црешни или вишни
Упатства:
Изматете ги пенасто путерот, шеќерот и жолчките, па постепено додавајте го брашното ( помешано со прашок за пециво), млекото, мелените ореви и снегот од белки.
Подмачкате ја тепесијата, па посејте брашно и потоа додадете ја смесата врз која се редат вишните исчистени од семки.
Печете во топла рерна околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици на стапче >
Сосотојки:
18 сендвич колачиња со фил
кора од портокал
кокос
100 гр. путер
стапчиња за колачите
250 гр. чоколадо
чоколадни мрвици по желба
Упатства:
Колачињата, путерот и кората од портокал изблендирајте ги додека убаво да се соединат. Смесата ставете ја во фрижидер да се олади.
Извадете ја смесата од фрижидер и формирајте топчиња со иста големина.
Чоколадото растопете го на пареа. Стапчето потопете го во чоколадо, потоа на стапчето боцнете го топчето и оставете ги во замрзнувач да се стегнат.
Извадете ги стапчињата, потопете ги во растопено чоколадо, а потоа во кокос, чоколадни трошки или декорација по ваша желба.
Сервирајте!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани во кокос >
Сосотојки:
банани
шлаг
кокос
Упатства:
Изматете шлаг и намачкајте ги излупените банани. Одозгора ставете им кокос и исечете ги на парчиња.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
БИСКВИТНА ТОРТА со желе бомбони, урми, ореви и лешници >
Сосотојки:
600 грама бисквити (плазма)
200 грама желе бомбони
15-20 урми(лупени)
250 грама вкупно сецкани ореви и лешници
2 пуднга од ванила може и чоколадни
4 лажици шеќер ( за пудингот) може и повеќе по желба
1 литар мелко
1 лажица рум
100 грама маргарин
Декорација по желба: глазура, шлаг, сецкани ореви – лешници
Упатства:
Бискивитите се кршат, желе бомбоните и оревите-лешниците се сецкаат. Урмите се лупат и се сецкаа(кинат ) на парченца. Се мешаат заедно во еден подлабок сад и се потураат со 100 мл млеко измешано со една лажица рум.
Прашокот од пудинзите се меша со 100 мл ладно мелко и 4 лажици шеќер убаво да се растопи. На оган се става 800 мл млеко да зоврие па се трга на страна и постепено се додава од растопениот прашок. Откако убаво ќе се измеша се враќа на оган (на 1-иница)и му се додава маргаринот и се меша додека да се растопи. Потоа пудингот (не се чека да се олади) се истура врз измешаната смеса од бисквитите и убаво се меша да се соедини. Се става во калап и во фрижидер да се излади. Смесата одговара за округол калап со дијаметар од 24 см, а висина 6см. Декорацијата е по желба
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизкејк во чаша >
Сосотојки:
– ? чаша млеко
– 2 чаша малини, јагоди (или некое друго овошје)
– 225 г. кремсир
– 1 чаша мелени бисквити
– кора од еден лимон
– 1 лажица мед
Упатства:
Помешајте го медот со кремсирот, додадете ја наренданата кора од лимон и млекото и добро измешајте. Ставете во тегла две лажици фил од сирење, потоа додадете 6-7 малини, и на крајот две лажици мелени бисквити, а потоа повторете ја постапката.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Кифлички Пеперутки >
Сосотојки:
1 чаша нишесте (густин)
2 чаши брашно
150 грама маргарин на собна температура
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша шеќер во прав
1 ? лажица какао
1 јајце
1 лажиче прашок за печиво
Упатства:
Во длабок сад за месење ставете ги брашното, нишестето, маргаринот, ванилата, шеќерот, јајцето и прашокот за печиво. Од наведените состојки замесете тесто, а по потреба додадете вода.
Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и добро измесете. Оставете го тестото во ладилник за време од 30 минути.
Со сукало од секој дел исучете кора како што е прикажано на сликата.
Корите ставете ги една врз друга и формирајте ролат.
Ролатот поделете го на два еднакви дела.
Двата ролати ставете ги еден покрај друг и сечете парчиња. (Следете ги инструкциите на сликите).
Парчињата редете ги во тава обложена со хартија за печење и малку притиснете ги странично за да се добие форма на пеперутки. Печете ги во загреана рерна на 175 степени додека поруменат.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Нестле торта >
Сосотојки:
Кора:
6 белки
6 лажици шеќер
5 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
Прелив за кора:
300 гр чоколадо
125 гр маргарин
Фил:
1 л млеко
18 жолчки
10 лажици брашно
10 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр Несквик
Топ фил за цела торта:
300 гр шлаг крем
400 мл минерална вода
Упатства:
Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори.
Тргнете го кремот од оган и оставете да се излади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта Ден и Ноќ >
Сосотојки:
Тесто
280 гр. мелени ореви
280 гр. шеќер
14 јајца
100 гр. чоколадо за готвење
4 лажици презла
Фил
250 гр. шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
4 јајца
250 гр. маргарин
Упатства:
Количината која е наведена, служи за подготовка на две теста.
7 жолчки се матат со 140 гр. шеќер, се додава 50 гр. рендано чоколадо. Се мати снег од 7 белки и во нив се додава 140 гр. ореви и две лажици презла.
Потоа во тоа се додава смесата од жолчки и чоколадо и се печи во плеџ со средна големина.
Постапката се повторува и за другото тесто.
Тестата се сечат по висина, така што ќе се добијат 4 потанки теста.
Фил: Изматете ги жолчките со шеќер на пареа и додадете 100 гр. чоколадо. Кога ќе се излади кремот додадете го изматениот маргарин и изматениот снег од белки. Секое тесто да се филува, се до последното. На крај тортата украсете ја по желба.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот