Најдобриот рецепт за бајадера >
Сосотојки:
9 лажици вода
20 дкг шеќер
15 дкг мелени ореви, бадеми или лешници
25 дкг Петит бисквити
17 дкг путер
10 дкг чоколадо
Малку рум
За прелив:
10 дкг чоколадо за готвење
Малку масло
Упатства:
Во тенџере додадете вода и шеќер и загрејте ја содржината на послаб оган додека шеќерот се стопи.
Додадете путер, тргнете го тенџерето од оган и мешајте се додека се стопи.
Кога путерот сосема ќе се стопи, додадете ореви и мелени бисквити и мешајте додека не добиете густа смеса.
Добиената смеса поделете ја на два дела.
Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во едната половина од смесата со оревите, а во другиот дел ставете рум.
На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата, оној со чоколадо и со раце оформете квадрат, а горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.
Врз него на ист начин ставете го другиот дел и обликувајте исто како претходно.
Остатокот од чоколадото се топи на пареа, додадете во тоа малку масло и посипете ја бајадерата со готовиот прелив.
Бајадерата се остава една ноќ да отстои во фрижидер за да се стегне, а следниот ден се сече на парчиња.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече >
Сосотојки:
6 ЈАЈЦА
6 ЛАЖИЦИ ШЕЌЕР
6 ЛАЖИЦИ БРАШНО
1/2 ПАКЕТЧЕ ПРАШАК ЗА ПЕЦИВО
500 МЛ ХОПЛА ЗА БЛАГО
600-700 МЛ МЛЕКО СО 3,5 МАСЛЕНОСТ
КАРАМЕЛ
Упатства:
Се двојат белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот да се добие ептен густа пена.(кога ќе се преврти садот во кој ги матите да не се истуратuser posted image ) Потоа една по една се додаваат жолчките и се продолжува со матење. Штом ќе се заврши со матењето се додава лажица по лажица брашното претходно помешано со пецивото. При додавање на брашното се меша полека со дрвена лажица. Потоа смесата се става да се пече во подмачкана тава со средна големина на 180-200 степени 15-20 мин во претходно загреана рерна. Откако ќе се испече се чека малку да се олади да биде млако. Со обична лажица се мешаат хоплата и млекото( не се матат) и се потура врз млаката кора. На почеток изгледа дека има многу млеко но подоцна се упива целото. По 1 час(може и побрзо во зависност млекото кога ќе се упие) се премачкува со карамел и се става во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијански кекс со сушени плодови >
Сосотојки:
кајсии - 100 гр. сушени
смокви - 100 гр. сушени
сливи - 50 гр. сушени
урми - 50 гр.
портокали - 30 гр. кандирана кора од портокал
мед - 4 лажици
коњак - 2 лажички
брашно - 1 ч.ч.
квасец - 20 г
масло - 3 лажици
бадеми - 100 гр.
сол - 1 краен
млеко - 3 лажици
јајца - 1 парче
лимони - 1 парче
Упатства:
Кората на лимонот се ренда, сокот се цеди. Кората од портокал и сушеното овошје се сечат на ситно и се мешаат. Над овошјето налејте ја мешавината од загреан мед и коњак, лимонова кора и сок од лимон. Оставете ги да отстојат 5 часа.
Од брашното, квасецот, млекото, 2 лажици путер, јајца и солта се замесува тесто и се остава за половина час на топло. Додадете го сушеното овошје.
Се додаваат бадемите и сe се промешува. Тестото се става во калап, послан со хартија за печење, и се остава на топло за половина час. Печете 1 час на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Австралиски десерт со карамел и банани >
Сосотојки:
шеќер - 1 ч.ч.
скроб - 2 лажички
оцет - 1 лажиче
јајца - 4 парчиња (белки)
сол - 1 прстофат
ванила - 1 пак.
банани - 2 парчиња.
бонбони - 150 г препечен шеќер
павлака - 300 г
чоколадо - 50 г
Упатства:
Се меша шеќерот со нишестето. Белките се разбиваат со солта, ванила и се додава малку оцет, додека не се добие многу густа смеса. Се додаваат шеќерот и нишестето и се мати додека смесата не стане густа и сјајна.
Се стави на хартија за печење, ставена на задната страна на послужавник. Се оформува голема тркалезна торта од белки. Се измазнуваат со нож врвот и страните. Се стави во загреана на 180 степени рерна и веднаш се намалува на 150 степени.
Печете 2 часа до бледозлатеста боја. Рерната се исклучува и вратата се отвора сосема малку. По 2 часа тортата се вади. Се стави врз голема чинија и одозгора се ставаат парчиња банана.
Бонбоните од карамела се топат и во овој сос се потопуваат бананите. Слатката павлака се мати и се става одозгора. Чоколадото се ренда и со него се посипува десертот.
Време потребно за подготовка: 270 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со слатко од цреши >
Сосотојки:
јајца - 4 парчиња
млеко - 300 мл
вода - 300 мл
брашно - 2 ч.ч. нецелосни
шеќер - 1 лажиче
ванила - 1 пакетче
сол - 1 шрстофат
слатко од цреши - за филување
Упатства:
Прво измешајте ги јајцата многу добро со миксер.
Додадете ги течните состојки - водата, млекото, а по нив шеќерот и солта. Избијте ги и додадете го пополека брашното. При потреба дотурете уште малку вода и млеко. Оставете ја смесата да отстои половина час.
Загрејте капки масло во тава со нелеплив слој. Додавајте од смесата по малку и испечете ги палачинките од двете страни. Филувајте ги со слатко од цреши.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Раскошна шарлота од малини >
Сосотојки:
павлака - 350 г крем
малини - 450 г
желатин - 5 листови или 2 и 1/2 лажица на гранули
вода - 250 мл (за желатин)
ванила
млеко - 250 мл
сол - 1 прстофат
шеќер - 4 лажици
јајца - 4 жолчки
масло - 1 лажица
шеќер - 1 лажица
бишкоти - околу 21 парч.
малини - 400 г
шеќер во прав - 2 лажици
лимонов сок - 1 лажица
ликер - 200 мл малина
Упатства:
Изладете ја павлаката во фрижидер и измијте ги и исцедете ги малините. Растворете го желатинот во студена вода. Ставете го млекото на оган и додадете ја ванилата. Додадете шеќер и малку сол и сварете го млекото. Изматете ги јајцата и постепено додадете го млекото. Вратете го кремот на шпоретот и мешајте додека се згусне. Исцедете го желатинот од водата и промешајте го со топлиот крем, за да се стопи и оставете да се олади. Изладете го кремот во фрижидер.
Намачкајте ги страните и дното на калапот со маргарин и посипете со шеќер. Наредете ги на ѕидовите вертикално пишкотите.
Измешајте го кремот постепено додека се хомогенизира. Истурете 1/3 од смесата во садот. Наредете ред малини, потоа ред крем, пак малини и завршете со кремот. Посипете со едната кршена пишкота, покријте над трошките со фолија и оставете во фрижидер најмалку 6 часа или 1 ноќ.
За сосот од малини измијте ги и исцедете ги малините. Одвојте околу 20 парчиња за декорација. Останатите малини поминете ги низ сито и измешајте ги со шеќер во прав, сок од лимон и ликер од малини.
За да ја извадите шарлотата од калапот, потопете ја неколку секунди во топла вода, отворете ги страните и ставете го колачот во послужавник. Украсете со малините.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Божиќен колач >
Сосотојки:
- 200 гр. маргарин
- 150 гр. жолт шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- половина лажиче цимет
- половина лажиче кардамом во прав
- половина лажиче коријандер во прав
- половина лажиче каранфилче во прав
- 4 јајца
- 200 гр. ореви
- 200 гр. црно чоколадо
- 250 гр. црно суво грозје
- 250 гр. бело суво грозје
- 50 гр. кандирана кора од портокал
- 50 гр. кандирана кора од лимон
- 250 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- маргарин и брашно за калапот
Глазура:
- 100 гр. црно чоколадо
- 75 мл. слатка павлака
- 1 лажичка маргарин
Упатства:
Омекнатиот маргарин измешајте го со жолтиот шеќер, ванилиниот шеќер, медот и преостанатите зачини. Се измешајте пенасто, па полека ставајте едно по едно јајце.
Издробере ги на крупно чоколадото и оревите, па заедно со кандираното овошје и двата вида суво грозје, замешајте ги во смесата со јајца. и маргарин. На крај додадете го брашното и прашокот за печиво. Направете густо тесто.
Премачкајте го калапот за колачи со маргарин и посипете брашно. Ставете го тестото. Печете го колачот во загреана ре4рна на 160 степени околу 1,5 часа. По еден час печење покријте го со алуминиумска фолија, за да не потемни. Откако ќе се испече, оставете го колачот 10 минути во калапот, за да се излади. Потоа со нож одделете го од страните на калапот и полека извадете го. Оставете го колачот потполно да се излади.
Подгответе ја глазурата, растопувајќи ги состојките на шпорет. Премачкајте го изладениот колач.
Честит Божиќ!
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети грклани >
Сосотојки:
500 гр.брашно
2 жолчки
300 гр. маргарин
1 лажичка сол
4 еднакви лажици вода
2 белки
ореви
шеќер во прав
ванила
Упатства:
Изматете го маргаринот и кон него додајте ги една по една жолчките, солта, брашното и водата. Исучете го тестото со дебелина од 0,5 см.
Од оваа кора исечете правоаголници. Ставете од филот и завиткајте го тестото како цигара.
Наредете ги гркланите врз плех посеан со брашно и хартија и печете во загреана рерна. Уште додека се топли наросете ги со шеќер во прав. На крај посипете ги со мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатка пита со тиква и ореви >
Сосотојки:
1 кг тиква
200 г ореви
50 г суво грозје
1 пакетче готови кори
150 г масло
200 г шеќер
1 лажичка цимет
? лажичка индиско оревче
За прелив
3 јајца
300 мл млеко
50 г шеќер
Упатства:
Најнапред излупете ја и исчистете ја тиквата. Потоа изрендајте ја. Оревите истолчете ги, а путерот стопете го на пареа.
Во голем сад измешајте го шеќерот, ренданата тиква и добро промешајте додека шеќерот се стопи. Додадете цимет и индиско оревче. На крај додадете ги оревите. Повторно промешајте.
Раширете една кора, намачкајте ја со стопен путер и посипете ја со смесата од тиква. Завиткајте ја кората и ставете ја во средината на подмачкан тави. Повторете го ова со сите кори.
Печете во загреана рерна на 180 степени за 45-50 минути.
За прелив:
Во голем сад измешајте ги јајцата со шеќерот и добро промешајте. Додаде го млекото и повторно промешајте.
Кога колачот се испече во овие 45-50 минути се вади од рерната и се залива со преливот. Печете заедно со него уште околу 10 минути.
Послужете ја кората посеана со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни топчиња со лешници >
Сосотојки:
вафли кори - 100 г
лешници - 150 г
течно чоколадо - 200 гр
млечно чоколадо - 250 гр
Упатства:
Рерната се загрева на 180 степени и во неа се ставаат лешниците околу 10 минути. Со памучна крпа се лупат и се сечат на ситно.
Корите од вафли се кршат на крупни трошки и се мешаат со лешниците. Се додава течното чоколадо и се прават топчиња, а за секое топче се користи по една лажичка од смесата.
Ако смесата е премногу мека и ретка, се остава половина час во фрижидер. Готовите топчиња се оставаат 45 минути во фрижидер.
Млечното чоколадо се растопува на пареа. Секое топче се потопува во него.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Кремаст сутлијаш >
Сосотојки:
1 чаша ориз
1 чаша вода
2 чаша млеко
1 чаша шеќер
1 пакетче шлаг крем од ванила
100гр кокос
50 гр бела чоколада
1 пакетче шлаг крем од чоколада
100гр мелени ореви
50 гр рендана црна чоколада
200гр кекс
Упатства:
Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање)
Сварениот сутлијаш се остава да се олади.
Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи.
Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот.
Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоко- локум ролат >
Сосотојки:
150 г локум
150 г шеќер во прав
1 лажица путер (омекнат)
180 г бисквити
50 г путер
50 мл вода
80 г суви сливи (малку потопени во вода)
Упатства:
Во сад ставете го локумот, шеќерот во прав и една лажица стопен маргарин.
Со раце месете се додека на добиете фина, хомогена смеса, слична на тесто.
Врз површината за сукање, наросете малку шеќер во прав и смесата од локум расукајте ја во големи на калапот за колач.
Калапот обложете го со проѕирна фолија и обложете го смесата од локум. Нежно притиснете ја смесата за локумот да ја добие саканата форма.
Во блендер ставете ги бисквитите заедно со сувата слива. Измелете ги и додадете го путерот и водата. Блендирајте неколку минути се додека не добиете фина смеса.
Со смесата од бисквити наполнете го калапот, добро притиснете, израмнете и оставете го ролат да се излади.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот