Непечена чоколадна торта >
Сосотојки:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300g млечно чоколадо
100g бело чоколадо
500ml слатка павлака
Пакетче бисквити
Упатства:
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.
Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.
Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ? додадете во темното и светлото чоколадо.
Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.
Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.
Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.
Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.
Сечете и декорирајте по желба.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден чизкејк >
Сосотојки:
120гр. темно чоколадо
120гр. путер
150гр. шеќер
2 јајца
60гр. брашно
За чиз глазурата:
240гр. сирење
60гр. шеќер
1 пакетче ванила
Упатства:
Земете тава и обложете ја со алуминиумска фолија, а рерната оставете ја да се загрее на 180 целзиусови степени. Чоколадото и путерот се топат во тенџере и се мешаат цело време додека не се растопат, на водена пареа. Во смесата со чоколадо се додаваат шеќерот и јајцата па се мешаат со миксер. Потоа додадете го и брашното.
Сите состојки добро се мешаат додека не се добие пенеста смеса.3/4 од смесата се става во тавата, а врз неа се става смесата за чизкејк. Останатата смеса можете да ја додадете со лажица и по желба може да оформите некаков мотив.
Се пече околу 30-35 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта Бел Ангел >
Сосотојки:
Состојки за фил:
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
200 гр. млеко во прав
250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
Бел дел
300 гр. шлаг
200 мл. кисела вода
1 павлака
Уште
1 пакување росен кори (8 парчиња)
200-300 гр. лешници
шлаг за декорација
Упатства:
Сварете го пудингот. Тргнете го од оган и додадете му бело чоколадо и екстрат од ванила. Мешајте додека не се стопи, па оставете го потполно да се излади.
Изматете го маргаринот со шеќер во прав и млеко во прав. На изматениот маргарин додадете му го изладениот пудинг.
Изматете го шлагот со кисела вода, па додадете кисела павлака и шеќер.
Испечете ги лешниците на тефлон тава. Кога ќе се изладат излупете им ја лушпата и исецкајте ги.
Распоредете на првата кора една лажица од филот, па одозгора 3 лажици шлаг и ставете лешници.
Наредете ги на тој начин сите кори.
Одозгора декорирајте со шлаг, украсете со лешници и послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Торта Црвенкапа >
Сосотојки:
70 g margarina
100 g secera
2 јајца
140 гр. брашно
1 прашак за печиво
2 лажици Нутела
1 тегла вишни
500 гр. свежо сирење
100 гр. шеќер
2 кесички ванилин шеќер
0,5 л. хопла
1 кесичка црвен прелив за торта
Упатства:
Измешајте го маргаринот, шеќерот, јајцата, брашното и прашакот за печиво. Смесата поделете ја на два дела. Првиот дел ставете го во калап за торта, кој претходно сте го премачкале со маргарин. Другата половина од смесата помешајте ја со Нутела и ставете ја над светлата смеса. Исцедете ги вишните (зачувајте го нивниот сок) и распореете ги по тестото. Печете го колачот околу 45 минути на 150 C во претходно загреана рерна. После тоа извадете го колачот и оставете го да се излади. Ставете го на чинија за торта, која може да ја собере во фрижидер. Ставете прстен за торта околу тортата.
Измешајте ги свежото сирење, 100 гр. шеќер и ванила. Избијте го шлагот и измешајте го со свежото сирење. Со тој крем премачкајте ја тортата. Направете прелив од остатокот од сокот од вишни и црвениот прелив за торта. Прелијте ја тортата и оставете ја во фрижидерот да се стегне. Извадете го прстенот за торта и послужете.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со наполитанки >
Сосотојки:
Состојки за тесто:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
половина кесичка прашок за пециво
Состојки за фил:
1 л. млеко
3 пудинзи од ванила
3 лажици густин
6 жолчки
200 гр. шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. Милка чоколадо
150 мелени наполитанки
Упатства:
Изматете снег од белките, додадете шеќер, а потоа пополека со лажица додадете го брашното, прашокот за печиво и оревите. Испечете го тестото во плех.
Сварете го пудингот и густинот во млекото и додадете жолчки. Кога ќе се излади додадете го маргаринот. Поделете го кремот на 2 дела. Во едниот дел додадете го растопеното чоколадо, а во другиот дел додадете ги наполитанките. На тестото намачкајте го прво кремот од наполитанки, а над него кремот од чоколадо. На крај украсете го колачот со шлаг.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече >
Сосотојки:
6јајца
300гр. шеќер
400гр брашно
1 пециво
2 пак. ванилин шеќер
0,5л хопла
350 мл.кондензирано млеко
0,5-0,6 л.млеко(трајно)
500гр карамел
Упатства:
6 јајца се матат со 300гр шеќер
потоа се додава 400гр. брашно,1 прашак за пециво и 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Смесата се тура во правоаголен подлабок плех,прекриен со хартија за печење.
Се печи на 180-200 степени околу 20 мин. Се вади тестото од плехот и му се отстранува хартијата.На дното од плехот тураме половина од хоплата(да се прекрие дното)Одозгора го ставаме тестото и го сечиме на коцки.Потоа ја дотураме одозгора другата половина од хоплата.Следно го тураме кондензираното млеко,на крај го дотураме и трајното млеко.Оставаме 5-6 мин.млекото да се впие во тестото и премачкуваме со карамел одозгора.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна торта со јаготки >
Сосотојки:
500 гр. бисквити
800 мл. вода
400 гр. шеќер
1/4 маргарин
200 мл вода
2 пудинзи од ванила
овошје по желба
шлаг пена по желба
Упатства:
500гр бисквити,се кршат и се растураат во подлабок плех за печење. Настрана во тенџере тураме 800 мл вода и 400 гр секер да зоврие.
Кога ке зоврие црпиме една чаша (од оние за млеко) од шербетот и ги попрскуваме бисквитите.
Во останатиот шербет кој врие додаваме 1/4 маргарин.Во 200 мл вода разматуваме 2 пудинзи од ванила.Го оставаме шербетот да врие 5 мин.
Над бисквитите редиме 400-500 грама сецкани јагоди(може и вишни,праски,кајсии, малини и сл.)
Го тураме разматениот пудинг во шербетот и мешаме. Кога ке згусти смесата,потураме над овошјето.
Израмнуваме со лажица одозгора да биде рамномерно и оставаме да се излади.Потоа кога ќе се излади може да се декорира одозгора со шлаг пена.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза баклава од палачинки >
Сосотојки:
12 палачинки
мелени ореви по желба
мед или шеќер
суво грозје
2 дцл. вода
100 грама шеќер
Упатства:
Направете палачинки по сопствен рецепт. Во огноотпорен тркалезен сад (со големина на палачинките) ставете 1 палачинка, посолете ја со ореви, над оревите ставете мед и суво грозје и одозгора ставете друга палачинка. Постапката повторете ја се додека не ги потршите палачинките.На горната палачинка ставете само ореви и мед. Ставете го огноотпорниот сад во рерна и печете околу 20 минути.Направете шербет од водата, шеќерот, ванила и сок од половина лимон. Кога палачинките ќе бидат готови ставете им го шербетот, по краевите на садот. Оставете да се излади и послужете.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Oвошен колач >
Сосотојки:
4 јајца
15 лажици брашно
15 лажици шеќер
15 лажици млеко
15 масло
1 пециво
1 ванилин шеќер
500 гр овошје по желба
Упатства:
Во сад се матат јајцата со шеќерот. Кога ќе се добие убава хомогена смеса се додаваат останатите состојки и на крај брашното постепено лажица по лажица со тоа што се мати од споро до најголема брзина се содека не се измеша се убаво да нема грутчиња. Во правоаголно тавче се сипува половина од смесата и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 15мин. Одозгора се реди овошје по желба и врз него се посипува остатокот од смесата. Се враќа во рерна уште некои 20-25мин и се остава малку да олади па се посипува со шеќер во прав и се сече на коцки. Наздравје!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен колач со свежи кајсии >
Сосотојки:
2 чаши вода
2 чаши шеќер
2 ванили
1 чаша масло.
1/2 кг брашно
1 пециво
свежо овошје по желба
Упатства:
2 чаши вода со 2 чаши шеќер се топат на оган, плус 2 ванили и чаша масло. Се трга од оган и се додава пола кг брашно и едно пециво, се меша со лажица и се става во подмачкано тавче. Се реди озгора свежо овошје. Се пече 20-25 минути на максимум со вентилатор.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јагоди >
Сосотојки:
500 гр. кори
500 гр. јагоди
250 мл. слатка павлака
3 јајца
100 гр. шеќер во прав
100 гр. шеќер кристал
малку сол
малку масло
Упатства:
Имијте ги и исчистете ги јагодите. исечете ги на четвртини. Поделете ги подеднакво во пет садови и во секој сад додадете по 20 гр. шеќер во прав. измешајте. Изматете ги белките со малку сол, а жолчките со шеќер кристал. Изматете ја со миксер и слатката павлака. Се заедно измешајте. Во секој сад со јагоди додадете по 7 лажици од смесата. Оставете малку смеса за премачкување на кората.
Првата кора премачкајте ја со малку масло и на неа ставете ја втората кора. Повторете ја постапката со 3-те кори. На последната кора ставете ја цела смеса од 1 сад. завиткајте ја во форма на ролат и краевите на кората завиткајте ги кон внатрешната страна. Повторете ја постапката со сите кори. Корите одозгора премачкајте ги со смесата. Печете на 200 степени.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бејлис торта >
Сосотојки:
за кора:
5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици вода
160 г брашно
120 г мелени ореви
2 лажици какао
1 прашок за печиво
за фил:
2 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици густин
400 мл млеко
3 лажици ликер „Бејлис“
200 г путер
100 г шеќер во прав
за прелив:
300 мл млеко
50 г кафеав шеќер
100 мл Бајлис ликер
шлаг за украсување
Упатства:
1. За подготовка на кората, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.
2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.
3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.
4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот