1 - 12 рецепти од 270 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 23 |
Црна Торта >
Сосотојки:
- 10 јајца
- 10 лажици жеќер
- 20 лажици мелени ореви
- 3 лажици брашно
за фил
- 8 цели јајца
- 400 грама шеќер
- ?? путер
- 300 грама чоколадо за готвење
Упатства:
10 – те јајца и шеќерот се мешаат и убаво се матат се миксер. Потоа се додаваат брашното и оревите. Целата смеса се става во сад за печење во округла форма. Се пече на 180 Целзиусови степени, отприлика 20 минути.
Откако ќе се испече тестото, се остава да се олади и потоа целото тесто се дели на 4 кругови (се сече).
Начин на приготвување на филот:
8 – те јајца заедно со шеќерот се мешаат се матат на пареа се додека смесата не почне да се згуснува. Во овој момент се додава и путерот како и чоколадата за готвење која е пожелно претходно да се растопи со малку путер. Откако смесата ќе се соедини се филува врз тестото дел по дел. Исто така од филот треба да остане и за преливање врз целата торта односно на последниот дел од тестото како и од страните.
Препорака:
Додека филот не е оладен истурете одозгора сецкани бадеми.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Cheese cake >
Сосотојки:
кора: еден маргарин, 4 лажици шеќер во прав, 12 лажици млеко, 300 г мелени бисквити (плазма)
бел фил: 150 мл вода, 2 ќесички желатин, 8 лажици шеќер во прав, 250 мл слатка павлака, 500 г несолено крем сирење
прелив: 2 ќесички желатин, 200 мл вода, 10 лажици шеќер, 500 г црвено овошје (малини, јагоди, вишни)
Упатства:
Се мати маргаринот со шеќерот, а бисквитите се попаруваат со млекото. Се мешаат смесите и се оформува кора во длабок правоаголен сад.
Посебно се мати слатката павлака, а посебно крем сирењето со шеќерот. Водата и желатинот се мешаат и се варат до вриење (ама да не врие). Се мешаат павлаката и крем сирењето, се додава оладениот желатин и смесата се става врз кората.
Се мешаат овошјето и шеќерот, водата и желатинот и се ставаат на оган до вриење (да не врие). Се процедува и млако се прелива врз филот.
Се остава убаво да се стврдне во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брз колач со овошје >
Сосотојки:
3 јајца
3 чаши шеќер
3 чаши млеко
6 чаши брашно
1 чаша масло
1 пециво
Упатства:
Во длабок сад изматете ги јајцата со шек?ерот, додадете ги маслото, млекото па брашното и пецивото(шолја 200-220 мл). Смесата истурете ја на хартија за печење или намрсен плех(бр.30 или поголем). Одозгора ставете парчиња овошје, свежо или од компот и печете во загреана рерна на 180 С околу 30-40 минути. Јас ставив свежи цреши и јаготки(околу 150 гр овошје). Оставете да се излади, па исечете го.Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брзи бомбици од 3 состојки >
Сосотојки:
250 мл. хопла
250 гр. ресани
100 гр. мелени бисквити/јатки
кокос (по избор)
Упатства:
Изматете ја цврсто хоплата и додадете ги ситно сечените ресани и по желба мелени бисквити, плазма, јатки или кокос. Се убаво измешајте и формирајте бомбици. Или извалкајте ги во бисквити, кокос или сл. или прелијте ги со растопена чоколада. Уживање во секој залак
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Освежителен летен колач >
Сосотојки:
300 мл. хопла
200 гр. овошје
1 пак. желатин
Упатства:
Изматете ја хоплата и во неа додадете го желатинот. Желатинот прво потопете го со неколку лажици вода и оставете го да набабри, па растопете го во сад на оган. Измешајте ги хоплата и желатинот и додадете го овошјето. Јас пола овошје го додадов на парчиња, а пола го изблендирав(малини, јагоди, цреши). Е сега интересниот дел е во тоа што смесава ја полните во обични пластични чаши за една употреба. Најпрво малку ги намрсив чашите и ги наполнив со смесата. Оставете ги најмалку 1 час во фрижидер или преку нок?, а можете и кратко(20-30 мин) да ги замрзнете па да добиете сладолед.
Толку е лесно, пенасто и вкусно за јадење што нема да знаете колку ви е доста. Од смесава јас наполнив 7-8 големи чаши. За да ги извадите од чашите после, засечете ги чашите со ножички на неколку места и нежно притиснете одозгора и к?е излезе. Или пак исечете ја целата чаша. Доколку се замрзнати малку и полесно к?е излегуваат.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Печени крофни од рерна >
Сосотојки:
350 мл. млеко
100 мл. вода
60 гр. путер/маргарин
40 гр. свеж квасец
6-7 лажици шеќер
околу 800 гр. брашно (се додава по потреба)
Упатства:
Најпрво растопете го путерот/маргаринот и измешајте го со млекото и водата. Додадете го квасецот и шек?ерот(може да додадете и ванилин шек?ер или екстракт од ванила) и постепено додавајте брашно. Мешајте со лажица дури не добиете густа смеса налик на тесто. Префрлете ја смесата на набрашнета површина и со постепено додавање на брашно оформете меко тесто. Оставете го тестото да се удвои. Расукајте го отприлика 1 cm дебелина и со чаша или модла вадете кругови, а со помала чаша направете дупка(испечете го и тој дел како мини крофни). Редете ги на хартија за печење и оставете ги уште 15-20 минути да нараснат. Премачкајте ги со масло само одозгора и попрскајте ги со вода. Печете ги во загреана рерна на 180 С околу 15 минути. Откако к?е се изладат потопете ги во чоколадо и декорирајте по желба.Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пржени лепчиња полнети со еурокрем >
Сосотојки:
Парчиња леб
Еурокрем/џем
јајце
Упатства:
Од парчиња бриош лепче(или по избор) исечете ги коричките од 4 страни. Секое лепче нежно исукајте го со сукало или овален предмет. Премачкајте го со еурокрем или џем и завиткајте го. Потопете го во изматено јајце и пржете го на сосем малку масло на загреана тава. Јас ги правев во грил тава. Испржете ги убаво од сите страни и наросете им шек?ер во прав, а послужете ги со овошје по избор.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Рафаело бомбици од само 3 состојки >
Сосотојки:
200 мл. хопла
100 гр. чоколадо
100 гр. кокос
Упатства:
Хоплата и чоколадото ставете ги на тивок оган и мешајте дури не се растопи чоколадото. Тргнетe од оган и додадете го кокосот. Убаво измешајте и смесата оставете ја 6-7 минути во фрижидер(или дури не се зацврсти малце). Оформете ги бомбиците и по желба извалкајте ги во кокос. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Чоколадни браунис колачиња >
Сосотојки:
3 јајца
150 гр. чоколадо за готвење
125 гр. маргарин
100 гр. брашно
100 гр. шеќер
2-3 лажици какао
Упатства:
Чоколадото(100гр) и путерот/маргаринот ставете ги во сад и истопете ги на пареа. Во друг сад изматете ги јајцата со шек?ерот со рачна маталка или миксер сосем малку колку да се спојат. Додадете го растопеното чоколадо и путер, брашното и какаото и измешајте. Истурете на хартија за печење(или намрсен плех) 15х30 или помал и останатото чоколадо исечете ги на помали парчиња и ставете ги врз смесата. Печете 20-25 минути во загреана рерна на 180 С. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Џем од јагоди >
Сосотојки:
4 кгр. јагоди
2 кгр. шеќер
сок од лимон или 1 лимонтус
1 желатин
вода
Упатства:
Многу лесно и едноставно за правење. Јас правев со 4 кг јагоди, но можете и со 100 гр и со 10 кг, само к?е си ги прилагодите состојките. Убаво измијте ги јагодите и исчистете им ги листовите. Ставете ги во тенџере (големината зависно од количината), додадете го шек?ерот(може и повек?е шек?ер, но мене лично вака ми е поубаво) и сокот од лимон и ставете ги на оган на средна температура. Јас додадов и 500 мл вода, но на пола варење(после 1-1ипол час) извадив околу 1 литро сок за растварање. Доколку не сакате сок, ставете само околу 100 мл вода, а со оглед на тоа што и јаготките пуштаат сок к?е ви дојде супер. Варете го околу 1ипол-2 часа со повремено мешање на средна температура. При крај кога век?е водата к?е се намали скоро целосно мешајте постојано да не ви загори и тогаш додадете една кесичка желатин(претходно набабрен - растворен со вода). Можете да ги изгмечите јагодите дополнително, но со самото варење тие се разделуваат на помали парчиња. Топлиот џем веднаш префрлете го во тегли и убаво затворете ги. Отприлика од 1-1ипол кг јагоди излегува една голема тегла џем. Верувам к?е уживате во вкусот, а и мирисот кој се шири дома дури се вари.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 140 минути
<< Сокриј го рецептот
Munchmallow >
Сосотојки:
Тесто
- 4 жолчки
- 1 чаша чеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша брашно
- 1 чаша масло
- 1 пак. прашок за печиво
- 1 - 2 лажици какао
Крем
- 4 белки
- 5 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
Глазура
- 1 чоколадо за готвење
- 1-2 лажици масло
Упатства:
Тесто:
Пенесто изматете ги жолчките и додадете ги останатите состојки. Печете околу 40 минути
Крем:
Изматете ги белките во цврста пена, додавајте лажица по лажица шеќер и ванилин шеќер. Над печеното тесто ставете го снегот од белки и ставете го во исклучена рерна да се потсуши.
Испечениот колач премачкајте го со глазура и оставете го да се излади.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Oвошен колач >
Сосотојки:
4 јајца
15 лажици брашно
15 лажици шеќер
15 лажици млеко
15 масло
1 пециво
1 ванилин шеќер
500 гр овошје по желба
Упатства:
Во сад се матат јајцата со шеќерот. Кога ќе се добие убава хомогена смеса се додаваат останатите состојки и на крај брашното постепено лажица по лажица со тоа што се мати од споро до најголема брзина се содека не се измеша се убаво да нема грутчиња. Во правоаголно тавче се сипува половина од смесата и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 15мин. Одозгора се реди овошје по желба и врз него се посипува остатокот од смесата. Се враќа во рерна уште некои 20-25мин и се остава малку да олади па се посипува со шеќер во прав и се сече на коцки. Наздравје!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот