Ситни колачи >
Сосотојки:
300 грама локум
150 грама шеќер
100 грама ореви
150 грама бисквити
50 грама печен сусам
125 грама маргарин
Упатства:
Се става шеќерот и еден мал филџан вода да зовријат.Се меша на тивок оган додека не се растопи шеќерот.
Локумот се сече на на ситни парчиња и се додава во шербетот.Се меша на тивок оган додека не се растопи.Се трга од оган и се додава маргаринот.Мешаме додека не се растопи.
Се додаваат оревите, бисквитите и сусамот и смесата се изедначува.Оставаме да се излади.
Од изладената смеса на маса расукуваме кора од неа вадиме колачиња со помош на калапчиња.Украсуваме со растопено бело и црно чоколадо.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед Viennetta >
Сосотојки:
200 гр. чоколадо
50 гр. печени сецкани лешници
300 гр. шлаг во прав
3,5 дцл. млеко
180 гр. кисела павлака
Упатства:
Од хартија за печење исечете 4 дела со големина 10 х 30. Истопете 200 гр. чоколадо и рамномерно премачкајте ги 4-те дела од хартијата и ставете сецкани лешници. Оставете да се стегне. Изматете 200 гр. шлаг крем во прав со 2 дцл. млеко и додадете 1 чаша кисела павлака. Земете калап со големина од 10 х 30 и висина 8 цм. Калапот обложете го со најлон кеси за замрзнување. Изматениот шлаг поделете го на 4 дела. Во калапот прво ставете шлаг, па чоколадото, па повторно шлаг и чоколадо. Најгоре треба да биде чоколадото. Оставете го во замрнувач да се стегне и извадете ги на табла за торта. Изматете 100 гр. шлаг со 1,5 дцл.млеко и украсете го сладоледот. Оставете го да се замрзне и сечетесо топол нож.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од боровинки >
Сосотојки:
100 гр. Индиски оревчиња
180 гр. Замрзнати боровинки
80 мл. вода
2 лажици сируп од агава
Упатства:
Ставете ги состојките во блендер и направете компактна смеса. Неколку оревчиња оставете и исецкајте ги. Смесата ставете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути. Извадете го сладоледот и повторно измиксирајте го , додадете ги оревчињата и повторно вратете го во замрзнувач.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од кафе и чоколадо >
Сосотојки:
- 8 жолчки
- 150 гр. смеѓ шеќер
- 600 мл. слатка павлака
- 2 лажици инстант кафе
- 2 лажици коњак
- 150 гр, темно чоколадо
- 1 лажица какао во прав
- Пластична кутија за сладолед
Упатства:
1. Во сад изматкајте ги жолчките ддека смесата не стане бледо жолта.
2. Во тенџере ставете ја слатката павлака, додадете го кафето и мешајте на тивок оган додека не зоврие.
3. Во павлаката почнете полека да ги додавате жолчките, со константно мешање.
4. Додадете го и коњакот и продлжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг.
5. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го какаото. Потполно растопеното чоколадо ставете го во кремот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да се излади.
6. Смесата ставете ја во пластична кутија и ставете ја во замрзнувач да стои најмалку 4 часа.
7. По четири часа извадете го сладоледот од замрзнувач и полузамрзнат измиксирајте го во блендер. Вратете го во садот и оставете го да замрзне уште 4 часа.
Време потребно за подготовка: 480 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од лешник >
Сосотојки:
1/2 кгр. лешници
1 л. слатка павлака
7 жолчки
250 гр. шеќер во прав
Упатства:
1. Лешниците ставете ги во плех и печете ги додека не се зацрвенат. Потоа извадете ги, изладете ги, излупете ги и издробете ги.
2. Слатката павлака ставете ја на оган и загрејте ја, но да не врие. Прелијте ја топлата неизматена павлака над лешниците, поклопете го садот и оставете да се излади
3.Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Изладената павлака и лешници додадете ги во смесата од жолчки. Добро измешајте. Со рачна мешалка матете ја смесата на пареа, додека не се згусне
4. Тргнете ја смесата од пареа и мешајте додека не се излади. Готовиот сладолед посипете го со дробени лешници.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од портокали >
Сосотојки:
300 мл слатка павлака
100 мл кисела павлака
5 портокали
150 грама шеќер во прав
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 лажичка ситно рендана кора од портокал
Упатства:
Во сад ставете ги слатката павлака, киселата павлака, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Потоа се заедно добро изматете со миксер, па додадете го сокот од исцедените портокали и ренданата кора од портокал.
Се заедно добро измешајте и ставете ја смесата во соодветен сад.
Сладоледот ставете го во ладилник за да стегне.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од Цедевита >
Сосотојки:
Цедевита и вода
Упатства:
Растворете Цедевита во вода, ставете го во калап за сладолед и потоа во замрзнувач... едноставно а вкусно за летните горештини.
Време потребно за подготовка: 7 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед торта >
Сосотојки:
5 dcl. слатка павлака
400 гр. кондензирано млеко
4 чоколадни бананчиња или повеќе (по желба)
кекс за подлога (може чоколадна плазма)
Упатства:
Подготовка на кондензирано млеко:
1 л. млеко, 500 гр. шеќер, 50 гр, гликозен сируп, екстрат од ванила. Сите состојки се соединуваат и готват на средна температура 1 час и 15 минути.
Соединете ја слатката павлака со кондензираното млеко и изматете цврст крем.Додатете сецкани бананчиња измешајте и распоредете го кремот во калап на чие дно ќе го ставите кексот. Кексот претходно натопете го во млеко. Ставете го во замрзнувач цела ноќ, па потоа извадете го обрачот од калапот.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатка пита со тиква и ореви >
Сосотојки:
1 кг тиква
200 г ореви
50 г суво грозје
1 пакетче готови кори
150 г масло
200 г шеќер
1 лажичка цимет
? лажичка индиско оревче
За прелив
3 јајца
300 мл млеко
50 г шеќер
Упатства:
Најнапред излупете ја и исчистете ја тиквата. Потоа изрендајте ја. Оревите истолчете ги, а путерот стопете го на пареа.
Во голем сад измешајте го шеќерот, ренданата тиква и добро промешајте додека шеќерот се стопи. Додадете цимет и индиско оревче. На крај додадете ги оревите. Повторно промешајте.
Раширете една кора, намачкајте ја со стопен путер и посипете ја со смесата од тиква. Завиткајте ја кората и ставете ја во средината на подмачкан тави. Повторете го ова со сите кори.
Печете во загреана рерна на 180 степени за 45-50 минути.
За прелив:
Во голем сад измешајте ги јајцата со шеќерот и добро промешајте. Додаде го млекото и повторно промешајте.
Кога колачот се испече во овие 45-50 минути се вади од рерната и се залива со преливот. Печете заедно со него уште околу 10 минути.
Послужете ја кората посеана со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатко од дуњи >
Сосотојки:
1 кг излупени дуњи, може да ги исецкате, може да ги рендате (јас секогаш ги рендам)
• 1 ? кг шеќер
• 2 чаши вода
Упатства:
Во длабок сад се ставаат дуњите. Се истура шеќерот врз нив и се налева со 2 чаши вода. Се остава да почне да врие. Додека шеќерот врие се вадат дуњите од водата и се ставаат на цедалка да се исцедат. Во наполно густиот шеќер се враќаат дуњите. Садот често се протресува и се меша за да не се залепат на дното. Слаткото се вари додека не почне шеќерот од лажицата да паѓа една по една капка. Свареното слатко се трга од оган, се вади пена доколку има и се покрива со наводенета чиста крпа. Утредента дуњите се редат во тегли и се преливаат со сокот.
Одлично се комбинираат со неколку јатки ореви
Совет плус:
Секогаш кога се вари слатко од дуњи треба да се проверат дуњите дали се за слатко или не. Во сад се става вода, па кога водата ќе проврие, се ставаат излупени дуњи. Доколку дуњите остнат бели, значи дека од нив може да се прави слатко.
За да добиете потемна боја на слаткото можете да ги варите малку подолго со постојано мешање.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Слатко од кора од лубеница >
Сосотојки:
3 килограми кора од лубеница
2 филџани за кафе оцет
3 лимонтоси
100 грама суво грзоје
лимон
за шербет
750 грама вода
3 килограми шеќер
Упатства:
Корупките ги чистиме од зелената кора.Ги миеме и сечкаме на коцки.Ги ставаме да се варат во тенџере , им ставаме вода околу два прста над корупките.Се додаваат лимонтосите и оцетот.
Кога ќе се свари се цеди и се плакни 3 4 пати.
Во друга шерпа се спрема шербет, вариме 750 грама со 3 килограми шеќер околу 5 минути. Потоа ги тураме исцедените корупки и се варат додека се згусти шеќерот.
Кога ќе се извади од оган се става сувото грозје и лимон исечкан на парчиња.Се покрива со влажна крпа и се собира ладно во тегли.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Слоново око >
Сосотојки:
За жолт ролат:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
џем од кајсии
За темен ролат:
7 белки
7 лажици шеќер
3 жолчки
10 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
4 жолчки
две кесички ванила
100 гр. чоколадо
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За чоколадна глазура:
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За глазура:
100 гр. чоколадо две лажици масло и 1 коцка маргарин
Упатства:
Изматете ги целите јајца со шеќер, додека шеќерот не се стопи, потоа додадете брашно, ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и испечете ја во рерна.
Извадете го печениот ролат, внимателно одлепете ја хартијата и благо завиткајте го во ролат.
Темен ролат: Изматете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и матете додека не се стопи, потоа полека додавајте една по една жолчка. Во дрвена лажица внимателно промешајте ги оревите измешани со брашно и прашок за печиво. Ставете ја смесата до подмачкан и со хартија обложен плех. Изпечете го ролатот, отстранете ја хартијата и внимателно завиткајте го во ролат.
Додека се печат тестата, подгответе фил. Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и ставете ги на пареа. Кога филот ќе почне да се згуснува ставете го чоколадото искршено на коцки, маргарин и млеко, мешајте за се` да се соедини и тргнете го садот од оган. На крајот ставете две три капки рум и мелени ореви.
Ролатите филовајте ги додека се млаки. Најпрво жолтото тесто обилно премачкајте го со џем од кајсии и завиткајте. Темното тесто премачкајте го со фил потоа на неговиот почеток ставете го завитканиот жолт ролат, кој ќе го завиткате во темниот ролат. Премачкајте го со танок слој џем од сливи и одозгора ставете чоколадна глазура.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот