265 - 270 рецепти од 270 | Страница: | 1 | << | ... | 21 | 22 | 23 |
Чокомафини >
Сосотојки:
(суви состојки)
250г брашно,
ќесичка прашок за пециво,
половина лажиче сода бикарбона,
2 лажици какао
175 г шеќер
200г сечкана црна чоколада и уште барем 50 г за посипување
(течни состојки)
250 мл млеко
90 мл масло
едно јајце
екстракт од ванила или рум
Упатства:
Во длабок сад убаво се мешаат сувите состојки, а посебно се матат течните состојки и им се додаваат на сувите. Се меша со маталка колку да нема грутки. Се полнат хартиени корпици во калап за мафини и се поросуваат со парченца чоколадо. Се печат на 200 степени, 15-20 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чуден колач од портокал >
Сосотојки:
700 мл. јогурт
сок од 1 портокал
80 гр. шеќер
200 гр. брашно
1/2 лажица сода бикарбона
2 белки
35 гр. шеќер
Друго тесто
4 жолчки
70 гр. шеќер
350 мл. млеко
250 г. брашно
2 белки
35 гр. шеќер
Прелив
сок од 1 портокал
80 гр. шеќер
Упатства:
Измешајте го јогуртот со сокот од портокал, додадете шеќер па брашно помешано со сода и на крај додадедте го снегот од белки.
Ставете го да се печи во тава посолена со брашно и печете околу пола час на температура од 160 степени.
На печениот прв дел додадете ја смесата за второто тесто, така што ќе ги измешате жолките со шеќер, па додадете брашно и млеко и на крај снег од белки.
Вратете го плехот во рерна и печете уште 40 минути
Жешкиот колач исечете г на коцки па прелијте го со шербет, кој ќе го направите така што ќе го варите сокот од портокал со шербетот.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Чудо од чоколадо >
Сосотојки:
Кора:
4 јајца
100 гр. шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. чоколадо за готвење
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
Крем:
0,5 лит. слатка павлака
200 гр. чоколадо за готвење
1 лажица шеќер
Упатства:
Кора:
Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ги растопениот маргарин и чоколадо, брашното измешано со прашокот за пециво и на крај снегот од белки. Печете на температура од 180 степени.
Крем:
Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загрејте ги тивок оган, додека не провријат. Повремено мешајте.
Печената кора избоцкајте ја со вилушка на неколку места и додека е уште топла прелијте ја со кремот. Ставете го колачот во фрижидер да се стегне.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла од јаболка со цимет, суво грозје и ванила >
Сосотојки:
500 гр лиснато тесто
5 големи јаболка, зелени
Сок од лимон
140 гр шеќер
1 лажичка цимет
1 лажица брашно
1 лажичка екстракт од ванила
80 пар. суво грозје
1 јајце, изматено со 3 лажици млеко
Шеќер во прав за посипување
Упатства:
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Намачкајте плех и обложете со хартија за печење.
За полнење:
Излупете ги и ситно исечкајте ги јаболката. Можеби на тенки рамни парчиња. Ставете ги јаболката во голем сад и посипете ги со сок од лимон додека не поруменат. Во друг сад посебно измешајте ги шеќерот, циметот и брашното. Додадете ја оваа смеса во јаболката. Додадете ја ванилата. Измешајте сe многу добро. На крај додадете го сувото грозје.
Подготовка на штрудла:
Во тавата намачкајте еден лист лиснато тесто. Поставете го филот во центарот. Одозгора ставете го вториот лист тесто. Притиснете со прстите на рабовите. Премачкајте со изматено јајце и млеко. Печете 20-30 минути во загреана рерна. Потоа намалете на 190 степени и печете уште 20 минути или додека не поруменат.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јагоди >
Сосотојки:
500 гр. кори
500 гр. јагоди
250 мл. слатка павлака
3 јајца
100 гр. шеќер во прав
100 гр. шеќер кристал
малку сол
малку масло
Упатства:
Имијте ги и исчистете ги јагодите. исечете ги на четвртини. Поделете ги подеднакво во пет садови и во секој сад додадете по 20 гр. шеќер во прав. измешајте. Изматете ги белките со малку сол, а жолчките со шеќер кристал. Изматете ја со миксер и слатката павлака. Се заедно измешајте. Во секој сад со јагоди додадете по 7 лажици од смесата. Оставете малку смеса за премачкување на кората.
Првата кора премачкајте ја со малку масло и на неа ставете ја втората кора. Повторете ја постапката со 3-те кори. На последната кора ставете ја цела смеса од 1 сад. завиткајте ја во форма на ролат и краевите на кората завиткајте ги кон внатрешната страна. Повторете ја постапката со сите кори. Корите одозгора премачкајте ги со смесата. Печете на 200 степени.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудли од смоква >
Сосотојки:
Тесто
- 300 гр брашно
- 170 гр путер на собна температура
- 100 гр шеќер
- 50 гр мед
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- малку цимет
- рендана кора од 1 портокал или лимон
- 2 лажички чист екстракт од ванила
- 4 жолчки од јајца
Полнење
- 400 гр сушени смокви
- 80 гр пире од јаболка
- 50 гр мед
- на врвот на лажичка цимет
Упатства:
ПОДГОТОВКА
1. Ставете омекнат путер, шеќер, мед, рендана кора од лимон, сол, екстракт од ванила и цимет во сад. Добро измешајте со миксер.
Додадете ги жолчките еднa по една, мешајќи постојано, сe додека не се комбинираат со смесата.
Додадете го брашното прелиено со сода бикарбона - прво измешајте со миксер со најмала брзина, а потоа со дрвена лажица за добро да ја измешате смесата.
Тестото треба да биде многу меко, затоа не додавајте повеќе брашно.
Поделете го тестото на четири дела, обликувајте го секој во ролна што малку ја раширивте со дланката и завиткајте во парче фолија. Оставете го тестото добро да се олади во фрижидер најмалку 2 часа.
2. Во меѓувреме, подгответе го полнењето.
Ставете исечени смокви, мед и пире од јаболка во миксер и измешајте додека не добиете мазна смеса.
Смесата ставете ја во кесичка за печење за украсување или обична кесичка замрзнувач на која и го отсекувате врвот.
3. Тестото исучете го многу тенко (околу 2 мм) и исечете го на правоаголници широки 8 см (соберете го остатокот од тестото и изладете го, а потоа повторно исучете го). Затегнете го тестото помеѓу две парчиња хартија за печење, и брашно и под тестото и на самото тесто одозгора, бидејќи брзо се омекнува на собна температура и станува лепливо.
По секој правоаголник, во средина, стиснете го полнењето, а потоа раширете го малку со нож.
Преклопете го тестото над полнењето, а потоа свртете така што преклопот е на долната страна.
Пренесете ги сите обликуваните штрудли во сад за печење и замрзнете ги 1 час.
4. Кога штрудлите добро ќе се изладат, исечете ги со многу остар нож на парчиња должина од 6 см и не ги одделувајте исечените парчиња.
Ставете ги во загреана рерна на 180 ° C околу 12 минути, додека не се зацрвенат лесно на врвот.
Додека се уште топли, пресечете повторно и оставете ги да се изладат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот