25 - 36 рецепти од 270 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 23 |
Бајадера со оризови снегулки >
Сосотојки:
2 јајца
300 грама шеќер
150 грама чоколадо
250 грама маргарин ( коцка)
300 грама мелени бисквити
100 грама оризови снегулки
100 грама чоколадо
3 лажици масло
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат пенесто. Ги ставаме на тивок оган и ги додаваме маргаринот и чоколадото. Мешаме додека убаво не се стопат маргаринот, шеќерот и чоколадото.
Тргаме од оган и ги додаваме бисквитите и снегулките. На намастена тава ја истураме смесата рамниме со раце и ставаме глазура.
Глазурата ја правиме со растопено чоколадо на 3 лажици масло.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бајадера торта >
Сосотојки:
Кора
8 јајца
8 лажици шеќер
3 лажици какао
5 лажици брашно
Фил
300 гр. мелена плазма
300 мл. млако млеко
2 кесички ванилин шеќер
150 гр. лешници
250 гр. путер или маргарин
250 гр. шеќер во прав
Глазура
5 лажици шеќер
5 лажици млеко
5 лажици вода
1 лажица масло
20 гр. путер
4 лажици какао
Упатства:
Се матат белките посебно со шеќерот и во нив се додаваат претходно изматените жолчки, брашното и какаото. Се пече во загреана рерна на 180 степени.
Фил : 300 гр мелена плазма се потопува во 300 мл млако млеко во кое претходно се ставаат 2 кесички ванилин шеќер.
150 гр лешници прво малку се пропржуваат во тавче (без масло) и потоа се мелат. Се мати 250 гр. путер (или маргарин) со 250 гр. шеќер во прав и во тоа се додаваат лешниците и мелената плазма. Тортата се филува и се остава во фрижидер околу 1 час да се стегне.
Одозгора се премачкува со глазура, 5 лажици шеќер, 5 лажици млеко, 5 лажици вода, 1 лажица масло, 20 гр. путер, 4 лажици какао. Или поедноставно со 100 гр растопено чоколадо со малку млеко и масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со јаболка и ореви >
Сосотојки:
1/2 кгр. готови кори
3 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 пециво
1 кгр. јаболка
150 гр. мелени ореви
цимет
1 кгр. шеќер
800 гр. вода (за шербет)
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат и се додава 1 чаша јогурт, 1 чаша масло и една чаша гриз. Сето се мати и на крај се додава едно пециво.
Се рендаат 1 кгр. јаболка и им се додаваат 150 гр. мелени ореви и цимет.
За еден ролат потребни се три кори.
Секоја кора се мачка со 2-3 лажици фил и на последната кора се ставаат ренданите јаболка. Се добиваат пет ролати, кои пред печење се сечат.
Се вари шербет од остатокот од шеќерот (околу 800 гр.) и 800 гр. вода, додека ја добие потребната густина.
Баклавата да биде ладна, а шербетот млак. Се полева и се остава да отстои најмалку два часа. Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со кокос >
Сосотојки:
500 гр кори
250 гр мелени плазма бисквити (бамби)
250 грама кокос
1 маргарин
150 грама масло
Шербет:
1 кг шеќер
800 мл. вода
Упатства:
Маслото и маргаринот се растопуваат заедно.Бисквитите се промешуваат со кокосот
Се земаат 3 кори.Секоја кора се прска со мешавината од масло и маргарин и фил (бисквити со кокос).На третата кора се става најмногу фил и потоа се виткаат во ролат. Истото се прави со сите кори.
Се редат во плех и се печат да заруменат.Готовата баклава се прелива со шербет
Шербет:
1 кг шеќер
800 мл. вода
Се вари шербетот да биде малку погуст и се прелива баклавата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со таан алва >
Сосотојки:
1 пакетче кори за баклава
300 гр таан алва
2 чаши мелени ореви
масло
За сируп:
2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 ванила
Упатства:
Алвата се дроби и се меша со оревите. Корите две по две се прскаат со масло и врз нив се премачкува филот. Се виткаат во ролна и се редат во подмачкана тава. Печете додека не порумени. Производите за сируп се ставаат да се варат. Кога сирупот ќе се излади, прелијте го врз баклавата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава-гнездо >
Сосотојки:
1/2 кг. кори за баклава
1 маргарин за готвење (коцка)
еурокрем
200 гр. лешници
700 гр. шеќер.
Упатства:
Маргаринот се растопува и стои на тивок оган со цел да остане растопен во текот на целата постапка. Секоја кора се премачкува со маргарин, и се сече на шест еднакви дела. Секој дел посебно се витка во тенок ремен. Ремените пак се виткаат во круг околу прстот, како би се добил отвор на средината на завитканата баклава, и се редат во плех за печење. Откако ќе се завиткаат сите баклавчиња, се печат во загреана рерна, 10-15 минути на 200 степени. Испечените баклави треба добро да се оладат. Се припрема шербетот (700 гр. шеќер со 700 мл. вода да зоврие) и се потура врз изладените баклави. Се ладат шербетираните баклави, и се шприц за готвење се полнат на средина со еурокрем. Врз секое баклавче се става по еден лешник.
Овој рецепт е погоден за време на пости.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана сладолед >
Сосотојки:
(375 мл) млеко или крем
(може и мешавина од двете по сопствена желба)
100 гр. шеќер
3 спремни банани и подготвени во форма на пире
Упатства:
Во соодветен сад бананите може да ги гмечите за да станат како течно пире. Потоа истурете во сад со подготвените млеко/крем и шеќер. Потоа измешајте добро. Ставете ја целата смеса во сад за сладолед и замрзнете ја во ладилник за замрзнување.
Екстра идеи: Додадете неколку парчиња егзотично овошје 5 минути пред да го извадите сладоледот од замрзнување.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана Сплит >
Сосотојки:
1 банана
3 топки сладолед
малку сецкани ореви
шлаг
чоколаден прелив
Упатства:
Бананата се расекува по должина и се става во долгманест сад. Во средината меѓу двете половинки се ставаат трите топчиња сладолед и се посипуваат со сецканите ореви. Одозгора се става шлаг и чоколаден прелив. Се украсува по желба.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана торта >
Сосотојки:
300 гр. бисквити
5 банани
околи 1 л. млеко
2 пудинзи од ванила
250 гр маргарин(коцка)
250 гр.шеќер во прав
2 јајца
2 кесички шлаг пена
Упатства:
Пола литар млеко да зоврие и во него се додаваат два претходно растопени во малку млеко пудинзи од ванила.Се меша убаво за да се добие пудинг.Се остава да се излади. На страна се мати 250 гр маргарин(коцка), 250 гр. шеќер во прав и 2 жолчки.Кога ќе се изедначи смесата се додава и изладениот пудинг и сето тоа уште малку се промешува.
Во караванче бр.30 се реди ред бисквити,ред сецкани на кругчиња банани,па се мачка пола од кремот.Потоа пак ред бисквити,ред банани и остатокот од кремот,за најгоре да се премачка со шлаг(2 чесички шлаг матени со 200 мл млеко).
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани во кокос >
Сосотојки:
банани
шлаг
кокос
Упатства:
Изматете шлаг и намачкајте ги излупените банани. Одозгора ставете им кокос и исечете ги на парчиња.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани со плазма и ореви >
Сосотојки:
300 г мелени плазма кекси
100 г маргарин
100 г шеќер во прав
2 банани
1 крушка
1 кесичка ванилин шеќер
120 г мелени ореви
4 банани
1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
200 мл млеко (за шлагот)
Упатства:
Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Баунти штангли >
Сосотојки:
225 гр. кокос
300 гр. кондензирано незасладено млеко
100 гр. шеќер во прав
300 гр. црно чоколадо
2 лажици кокосово масло
Упатства:
На умерена температура загрејте го кондензираното млеко во кое ќе го додадете шеќерот и кокосот. Соединете се убаво и смесата истурете ја во правоаголен калап 30*20 и оставете ја во фрижидер да се здрви. Потоа исечете го да на парчиња со големина по ваша желба. Чоколадото заедно со кокосовото масло ставете го на пареа да се стопи и чоколадирајте ги штанглите.
Follow cookingwithviki na Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот