Бејлис торта >
Сосотојки:
за кора:
5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици вода
160 г брашно
120 г мелени ореви
2 лажици какао
1 прашок за печиво
за фил:
2 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици густин
400 мл млеко
3 лажици ликер „Бејлис“
200 г путер
100 г шеќер во прав
за прелив:
300 мл млеко
50 г кафеав шеќер
100 мл Бајлис ликер
шлаг за украсување
Упатства:
1. За подготовка на кората, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.
2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.
3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.
4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Бела пита >
Сосотојки:
400 грама шеќер
250 грама путер
1 кесичка прашак за печиво
300 милилитри млеко
250 грама маст
2 лажици лимонов сок
50 грама Гриз
1 кесичка ванилин шеќер
500 грама брашно
2 јајца
Упатства:
Свинската маст убаво изматете ја со миксер, додадете ги јајцата, 200 гр.шеќер и брашното, прашокот за печиво и половина кесичка ванилин шеќер.
Добро изматете.
Добиената смеса поделете ја на три дела.
Сите три дела расукајте ги, наредете ги на плех и испечете ги во рерна, една по една.
Фил: Во млекото сварете ги 200 гр. шеќер и гризот.
Додадете ја преостанатата половина ванилин шеќер и малку лимонов сок.
Филувајте ги корите: најпрво ставате една кора, па фил, потоа ја ставате втората кора, повторно фил и најгоре ја ставате третата кора.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Бисквит празнични колачи >
Сосотојки:
100гр. маргарин
220гр. брашно
1 кесичка ванила
1 белка
5 лажици шеќер
1 кора рендана од портокал
1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
1 белка од јајце
200гр. шеќер во прав
1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои
Упатства:
Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завиткува во фолија и се остава во фрижидер половина час.
Се вади од фолијата и на работна површина се сука кора од тестото, дебела 4 мм. Кога ја сукате посипете најгоре шеќер во прав а долу поставете ја на хартија за печење за да не се лепи.
Со калапи се вадат форми.
Шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема на следниов начин:
белката се мати со вилушка, се додава постепено половина од шеќерот и сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Натаму во основниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој се користи за образување на контурите на колачите. Остатокот е на вашата имагинација.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
БИСКВИТНА ТОРТА со желе бомбони, урми, ореви и лешници >
Сосотојки:
600 грама бисквити (плазма)
200 грама желе бомбони
15-20 урми(лупени)
250 грама вкупно сецкани ореви и лешници
2 пуднга од ванила може и чоколадни
4 лажици шеќер ( за пудингот) може и повеќе по желба
1 литар мелко
1 лажица рум
100 грама маргарин
Декорација по желба: глазура, шлаг, сецкани ореви – лешници
Упатства:
Бискивитите се кршат, желе бомбоните и оревите-лешниците се сецкаат. Урмите се лупат и се сецкаа(кинат ) на парченца. Се мешаат заедно во еден подлабок сад и се потураат со 100 мл млеко измешано со една лажица рум.
Прашокот од пудинзите се меша со 100 мл ладно мелко и 4 лажици шеќер убаво да се растопи. На оган се става 800 мл млеко да зоврие па се трга на страна и постепено се додава од растопениот прашок. Откако убаво ќе се измеша се враќа на оган (на 1-иница)и му се додава маргаринот и се меша додека да се растопи. Потоа пудингот (не се чека да се олади) се истура врз измешаната смеса од бисквитите и убаво се меша да се соедини. Се става во калап и во фрижидер да се излади. Смесата одговара за округол калап со дијаметар од 24 см, а висина 6см. Декорацијата е по желба
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Божиќен колач >
Сосотојки:
- 200 гр. маргарин
- 150 гр. жолт шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- половина лажиче цимет
- половина лажиче кардамом во прав
- половина лажиче коријандер во прав
- половина лажиче каранфилче во прав
- 4 јајца
- 200 гр. ореви
- 200 гр. црно чоколадо
- 250 гр. црно суво грозје
- 250 гр. бело суво грозје
- 50 гр. кандирана кора од портокал
- 50 гр. кандирана кора од лимон
- 250 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- маргарин и брашно за калапот
Глазура:
- 100 гр. црно чоколадо
- 75 мл. слатка павлака
- 1 лажичка маргарин
Упатства:
Омекнатиот маргарин измешајте го со жолтиот шеќер, ванилиниот шеќер, медот и преостанатите зачини. Се измешајте пенасто, па полека ставајте едно по едно јајце.
Издробере ги на крупно чоколадото и оревите, па заедно со кандираното овошје и двата вида суво грозје, замешајте ги во смесата со јајца. и маргарин. На крај додадете го брашното и прашокот за печиво. Направете густо тесто.
Премачкајте го калапот за колачи со маргарин и посипете брашно. Ставете го тестото. Печете го колачот во загреана ре4рна на 160 степени околу 1,5 часа. По еден час печење покријте го со алуминиумска фолија, за да не потемни. Откако ќе се испече, оставете го колачот 10 минути во калапот, за да се излади. Потоа со нож одделете го од страните на калапот и полека извадете го. Оставете го колачот потполно да се излади.
Подгответе ја глазурата, растопувајќи ги состојките на шпорет. Премачкајте го изладениот колач.
Честит Божиќ!
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици >
Сосотојки:
1 чаша за чај лешници
10-15 суви урми
1 чаша ореви
1 лажичка канела
1 рака овесни снегулки
Кокосови струготини за декорација
една лажичка мед
Упатства:
Оревите и лешниците се мелат во машинка.Може со рачна,може и со електрична(смесата ќе биде пофина)
Се додаваат канелата,урмите(насечкани на ситно),снегулките и лажичката мед во еден подлабок сад. Се мешаат добро со рака или во блендер за да се добие по фина смеса.Од тестото се оформуваат топки кои се сплеснуваат на врвот со прст и се става еден лешник.Се валкаат во кокосовите трошки.Се ставаат во фрижидер да се изладат и стегнат.
Се декорираат по желба во кошнички...
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици a la Natuska85 >
Сосотојки:
600 грама ресана
150 грама мелени ореви
50 мл.млеко
пола коцка маргарин
Упатства:
Сето ова убаво се меша да дојде хомогена смеса, се прават бомбици и внатре може да се стави по една вишна или цреша од слатко од вишни или црешки.Се валкаат по желба во мрвици или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици на стапче >
Сосотојки:
18 сендвич колачиња со фил
кора од портокал
кокос
100 гр. путер
стапчиња за колачите
250 гр. чоколадо
чоколадни мрвици по желба
Упатства:
Колачињата, путерот и кората од портокал изблендирајте ги додека убаво да се соединат. Смесата ставете ја во фрижидер да се олади.
Извадете ја смесата од фрижидер и формирајте топчиња со иста големина.
Чоколадото растопете го на пареа. Стапчето потопете го во чоколадо, потоа на стапчето боцнете го топчето и оставете ги во замрзнувач да се стегнат.
Извадете ги стапчињата, потопете ги во растопено чоколадо, а потоа во кокос, чоколадни трошки или декорација по ваша желба.
Сервирајте!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Бонбони од тиква >
Сосотојки:
1/4 тиква
1 чаша шеќер
1 чаша вода
екстракт од портокал
Упатства:
Тиквата се сечи на коцки и се става во варова вода да отстои неколку часа.
На оган се става 1 чаша вода и 1 чаша шеќер да зовријат. Се ставааат парченцата тиква во шербетот и се оставаат да вријат околу 30 минути.
Се вадат од шербетот и на нив се ставаат неколку капки екстракт од портокал. Се цедат и се валкаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 400 минути
<< Сокриј го рецептот
Бонжита >
Сосотојки:
150 гр. шеќер
8 лажици мед
125 гр. маргарин
50 гр. чоколадо
150 гр. сецкани ореви/лешници
200 гр. корнфлекс
Упатства:
Истопете го медот на оган, додадете шеќер и добро измешајте. Додадете го маргаринот и чоколадото. Мешајте додека не се добие хомогена смеса, тргнете ја од оган и почекајте додека не се излади. Ставете ги во смесата оревите и корнфлексот. Ставете ја во правоаголен калап и почекајте добро да се излади. Исечете и послужете.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Браунис >
Сосотојки:
185 гр квалитетно чоколадо
125 гр путер
2 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
150 гр брашно
70 гр сечкани лешници (ореви, бадеми ... по желба)
Упатства:
На пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, додадете ги претходно лесно изматените јајца и останатите состојки. Во четвртасто тавче за печење ставете хартија за печење и претурете ја смесата.
Печете во претходно убаво загреана рерна на 180 целзиусови степени, 20 минути. Средината на колачот не треба да биде убаво исепечена. Таа ќе се стврдне во текот на ладењето.
Испечениот колач оставете го убаво да се олади и сервирајте го исечен на коцки.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брз колач со кокос >
Сосотојки:
2 чаши брашно,со иста чаша се работи за да биде иста мерката,2 чаши шеќер,2 чаши млеко,2 чаши масло,2 супени лажици какао,1 супена лажица сода бикарбона,
Состојки за фил:6 лажици шеќер,20 лажици млеко,100г чоколадо,150 г кокос,125 г путер
Упатства:
Најпрво во подлабок сад го ставаме брашното,шеќерот,млекото,маслото,какаото и содата,убаво се промешува со рачна маталка.Кога ќе се добие еднолична смеса се истура во намастено и набрашнето правоаголно тавче и се става во претходно загреана рерна да се пече на 180 степени околу 25-30 мин.Кога е печен пандишпанот се остава да се олади а потоа со вилушка на неколку места не длабоко се прободува за да го впие филот кој се подготвува на следниот начин.
Во тенџере на оган се става млекото,шеќерот,путерот и чоколадата и убаво се промешува додека не се растопи се,потоа тенџерето се тегнува од оган и се додава кокосот и се промешува.Со овај фил кога е млак се прелива печениот колач.
Време потребно за подготовка: 35 минути
<< Сокриј го рецептот