Дамски бакнежи >
Сосотојки:
150 гр. брашно
100 гр. шеќер
150 гр. мелени лешници
150 гр. маргарин
20 гр. какао
30 гр. темно чоколадо
30 гр. млечно чоколадо
Упатства:
Лешниците испржете ги на сува тава. Откако ќе се изладат сомелете ги.
Во поголем сад измешајте го брашното со какаото. Ддадете шеќер и мелени лешници. На крај додадете ги парчињата маргарин.
Замесете тесто. завиткајте го тестото во проѕизна фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час.
Оставете го тестото 1о минути на собна температура. Кинете парчиња од тестото и правете топчиња. Топчињата ставете ги на плех покриен со хартија за печење.
Печете на 170 степени околу 15-20 минути.
Извадете ги колачите од плехот и оставете ги да се изладат.
Во меѓувреме стопете ги темното и млечното чоколадо.
Со растопеното чоколадо составете две половинки од колачите.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Добош торта >
Сосотојки:
1.5 дл масло за јадење
2.5 дл. вода
1.5 дл. мед
1 лажичка сода бикарбона
150 гр. чоколадо
400 гр. шеќер
300 гр. ореви
200-400 гр. брашно
20 гр. путер
Упатства:
Брашното се замесува со маслото, 0,5 дл. вода, медот и содата, за да се добие тесто кои се сучи со сукало. На превртен калап се печат околу 5 кори.
Крем: 300 гр. шеќер се топи со 1 дл. вода и на тивко се вари додека се добие густина на шербет. Се додаваат мелените ореви и 50 гр. чоколадо. Се филуваат сите кори освен последната, која се прелива со чоколадна глазура.
Чоколадна глазура: 100 гр. чоколадо се растопува со 1 дл. вода, 100 гр. шеќер и непрестано се меша додека постане изедначена и густа смеса. При крај се додава 20-30 гр. путер и веднаш се прелива тортата.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен мус од јагоди >
Сосотојки:
За жолтиот фил:
2 жолчки
3 лажици шеќер
50g бело чоколадо
1 ванилин шеќер
1,5dl слатка павлака
5g желатин
За филот од јагоди:
250g јагоди
4 лажици шеќер
5g желатин
1,5dl слатка павлака
За декорација:
150g јагоди
3 лажици шеќер
5g желатин
Упатства:
Жолтиот фил:
1. Во сад, соединете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, па гответе на пареа со постојано мешање додека смесата не се згусне. Додадете искршена бела чоколада и мешајте додека не се растопи.
2. Во оладената смеса од жолчки и чоколадо додадете шлаг од слатка павлака и бавно мешајте.
3. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, измешајте и веднаш додадете во филот. Добро измешајте со дрвена лажица.
Филот од јагоди:
1. Измиксирајте ги јагодите во блендер, соединете ги со шеќерот и кратко варете додека 1/3 од течноста не зоврие.
2. Прелијте го желатинот со 2 лажици ладна вода, мешајте додека набабри и потоа додадете го во топлата смеса од јагоди.
3. Изматете ја слатката павлака така што ќе добиете цврст шлаг и потоа додадете го оладениот фил од јагоди и мешајте.
Финална постапка:
1. Во стаклени чаши нанесете го филот од јагоди, а потоа и жолтиот фил.
2. Преостанатите јагоди за декорација измешајте ги и сварете ги заедно со шеќерот. Во него додадете го набабрениот желатин и оставете да се олади.
3. Разлејте ја оладената смеса преку жолтиот фил и оставете да се зацврсти.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен сладолед од банана со путер од кикирики >
Сосотојки:
2 банани со средна големина
? чаша путер од кикирики, природен или засладен по ваш избор
Кокос или чоколадо за посипување
Упатства:
Во садот на процесорот за храна, прво изгмечете ги бананите. Потоа додадете го путерот од кикирики и повторно матете додека не се изедначи. Добро е путерот од кикирики да остане на собна температура и да не биде премногу тврд и стегнат. Префрлете ја смесата во соодветен сад и замрзнете ја во замрзнувач неколку часа. Обликувајте топчиња со топка за сладолед. Украсете по ваш избор.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашен фондан за торта >
Сосотојки:
1 пакетче желатин
50 мл вода
900 гр.шеќер во прав
Шербет
20 мл вода
100гр шеќер во прав
1 лажица глицеринско масло
2 лажици масло за јадење
Упатства:
1 пакетче желатин се раствора во 50 мл вода(во еден подлабок сад) 900 гр.шеќер во прав На оган се растопува 20мл вода,со 100гр шеќер во прав(да се направи како шербет) му се додава 1лажица глицеринско масло(го има по аптеките ) и 2 лажици обично масло за јадење
Од кога ќе се растопи шербетот го тргаме од оган и му ги додаваме глицеринското и обичното масло и на крај во оваа смеса го додаваме настрана накиснатиот желатин.Го промешуваме сето ова убаво,и го тураме во длабокиот сад со 900гр.шеќер во прав.Всушност го замесуваме шеќерот во прав со оваа смеса.
Смесата се меси убаво 15-20 минути. По потреба се посипува шеќер во прав на работната површина се додека престани да се лепи смесата.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашно баунти >
Сосотојки:
За 25-30 топчиња
200 гр. кокос
100 мл. слатка павлака
70 гр. шеќер во прав
70 гр. маргарин
200 гр. чоколадо
Упатства:
Во сад ги ставаме кокосот и шеќерот во прав. Ја загреваме слатката павлака заедно со маргаринот, додека маргаринот не се стопи. Изладената смеса ја преливаме преку кокосот и шеќерот во прав. Сето добро го мешаме. Ако смесата Ви се чини ретка, додадете кокос. Мешајте додека не добиете тврда смеса.
Направете мали топчиња со мало лажиче.
Ставајте ги топчињата на тацна, на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Оставете ги во фрижидер околу 1 час.
Растопете го чоколадото на пареа.
Со помош на чечкалица, потопете ги топчињата во чоколадо и повторно ставете ги на фолијата
Оставете ги во фрижидер пред сервирање.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Еклери (Принцес крофни) >
Сосотојки:
8 филџани вода
3 филџани масло
6 филџани брашно
7 јајца
фил:
350гр шеќер
4 лажици брашно
3 лажици нишесте
1 жолчка
1 лажица маргарин
Упатства:
8 филџани вода
3 филџани масло
се ставаат да зовријат, додека вријат се додаваат
6 филџани брашно
Се промешува и се трга на страна.
Кога ке се излади смесата се додаваат 7 јајца и добро се измесува тестото со рака.
Се тураат во подмачкан плех , може со лажичка а мозе и со сприц за тулумби.Се печат 45мин на 200 степени без отварање на рерната.
Готовите еклери се полнат со фил
фил:
350гр шеќер
4 лажици брашно
3 лажици нишесте
1 жолчка
Оваа мешавина се вари во 1 литар млеко додека се згусни.
Откако ке се излади се додава 1 голема лажица маргарин и убаво се бие со миксер.
Се полнат еклерите и од горе се декорираат по желба со шеќер во прав или со чоколаден прел
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес колач >
Сосотојки:
-2 чаши(големи, за млеко) рендани јаболки
- пола чаша шеќер
- 1 чаша гриз
- 1 јајце
- 1 чаша мелени ореви
- 1 чаша брусница (или суво грозје)
- пола чаша масло
- 1 прашок за пециво
- 1 и пол чаша млеко (Сите намирници се мерат со истата чаша).
Упатства:
Сето ова се мати заедно во изедначена смеса и се истура во подмачкан и со брашно посипан плех. Се пече на 180 C (претходно загреана рерна) 25-30 минути. ПРЕЛИВ- 100 гр. чоколадо за готвење, пола чаша млеко, 2 лажици супени маргарин, 4 лажици супени шеќер. Преливот се посипува на изладен колач. Многу брзо, лесно и сочно.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1 пакетче прашок за пециво
1кг. jаболка
1 чаша растително масло
1 кафена чаша мелени ореви
1 лажица цимет
Упатства:
Тавата се мачка со малку од маслото. Рерната се загрева на 170 степени.
Првите 4 состојки се мешаат добро.
Половина од оваа мешавина се става во тавата. За да е рамномерно фатете ја тавата со двете раце и нежно навалете ја на едната, па на другарта страна.
Ренданите јаболка измешајте ги со циметот и оревите и распоредете ги врз првата смеса.
Врвот се покрива со втората половина од сувата смеса.
Се додава маслото со помош на лажичка.
Се измазнува и се пече додека да порумени (околу 20 минути).
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Есенски сон >
Сосотојки:
За тесто
3 жолчки
140 гр. шеќер
100 гр. маргарин
3 лажици какао
1 лажица ситно сецкано темно чоколадо
4 лажици млеко
80 гр. брашно
1/2 пак. прашок за печиво
снег од 3 белки
Прелив
6 лажици врело млеко + 1 лажица рум
Крем
2 јајца
4 лажици брашно
1 пак. ванилин шеќер + 2 лажици шеќер
3 дл. млеко
120 гр. маргарин
250 гр. пире од костени
Глазура
4 лажици Нутела
1 дл слатка павлака
рендано чоколадо
Упатства:
Пенесто изматете ги маргаринот и шеќерот, додавајќи една по една жолчка. Додадете го млекото и мешавината од брашно со прашок за печиво. Измешајте и додадете сецкано чоколадо и лажица по лажица снег од белки. Испечете го тестото во подмачкан плех (25 х 30)
Ставете го млекото на оган и додадете го румот. Врелиот колач прелијте го со млекото и оставете го да се излади.
Со миксер пенесто измешајте ги јајцата со две лажици шеќер брашно и ванилин шеќер.Додадете ги в о млекото кое врие и мешајте додека кремот не се згусне. Тргнете ги од оган, покријте ги со проѕирна фолија и оставете да се излади.
Пенесто изматете го маргаринот додадете го пирето од костени и додадете го во изладениот фил. Премачкајте го тестото.
На пареа стопете ја Нутелата и слатката павлака и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Оставете го преливот да се излади и премачкајте го колачот.
Оставете го колачот најмалку два часа во фрижидер пред послужување.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Еским торта >
Сосотојки:
Тесто
6 јајца
15 лажици млака вода
8 лажици шеќер
300 гр. брашно
100 гр. мелени ореви
1 прашак за печиво
Фил
1 литар млеко
11 лажици гриз
100 гр. мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
кора од лимон
1 маргарин
250 гр. шеќер во прав
Упатства:
Јајцата се матат со млаката вода и шеќерот. Им се додава брашното, печивото и оревите. Се печи со намрзен плех, обложен со хартија. Откако ќе се излади се сечи на две ленти.
Гризот се меша со дел од млекото и шеќерот, а останатото млеко се вари. Се додава гризот и се меша додека не се згусне. Се остава потполно да се излади.
Маргаринот се миксира со 250 гр. шеќер во прав.
Се меша изладениот гриз со маргаринот, се додаваат 100 гр. меленим ореви, две ванили и кора од лимон (или портокал).
Се филува тортата
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Ескимо торта >
Сосотојки:
500 гр бисквити
1 маргарин
4 јајца
250 гр шеќер во прав
250 чоколада
250 мл млеко
200 гр сецкани ореви
5 лажици рум
2 кесички шлаг
Упатства:
На пареа изматете ги јајцата со шеќерот во прав, па додајте ја исецканата чоколада и варете додека не чоколадата не се растопи. Посебно изматете го маргаринот и додајте го во изладениот крем. Издробените бисквити прелијте ги со вреелото млеко, во кое го ставивте румот. Во таа смеса ставете го изладениот крем и сецканите ореви. Обликувајте ја тортата и премачкајте ја со шлаг.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот