1 - 12 рецепти од 270 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 23 |
Смоква торта >
Сосотојки:
10 јајца
400 гр. шеќер
250 гр. сецкани смокви
80 гр. брашно
150 гр. потпечени и сецкани ореви
Упатства:
10 белки се матат со 200 гр. шеќер во цврст снег, внимателно се става брашното, смоквите и оревите. Во плехот од шпоретот се пече смесата на 180 C околу 20 минути
Крем: На пареа се варат жолчките, претходно изматени со 200 гр. шеќер додека да се згуснат, се ладат и се спојуваат со претходно изматениот путер. По желба во кремот се додава и малку рум.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Линцер срца >
Сосотојки:
Мера 1 чаша = 250 мл.
- 1 чаша мелени бадеми
- 2 чаши брашно
- 1/2 лаж. цимер
- 1/4 лаж. сол
- 2/3 чаша шеќер
- 1 чаша путер
- 2 жолчки
- кора од 1 лимон
- 1 лаж. природен екстрат од ванила
- шеќер во прав
- 1/2 чаша џем од јаготки
Упатства:
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во другиот садизмешајте путер и шеќер. Додајте ја жолчката, кората од лимон и ванилата.
Додајте ги сите состојки и добро соединете ги. Ставете го готовото тесто во целофан и ставете го во фрижидер да се излади. Да се исука и да се стави на хартија за печење. Со калапи да се исечат кекси во облик на срце и да се печат на температура од 177 C околу 10 минути, или додека не заруменат. Кога ќе се изладат да се премачкаат со мармалад и да се залепат како сендвичи. Да се чуваат во кутија.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Мафини со банана >
Сосотојки:
3 банани
1/2 чаша шеќер
1 јајце
1,5 чаша брашно
1 лажиче сода
1 лажиче прашок за печиво
1/2 лажиче сол
Упатства:
Ставете ја изматената смеса во калап за мафини и печете 15-20 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни барови со овес и путер од кикирики >
Сосотојки:
• 3 чаши (од по 250мл) овесни снегулки
• 100 гр путер
• ? чаша кафеав шеќер
• 1 чаша путер од кикирики
• 1 чаша стопено црно чоколадо (околу 150 гр)
Упатства:
Најпрво во плех ставете хартија за печење или проѕирна фолија. На тивок оган растопете го путерот со шеќерот и додадете ги овесните снегулки. Мешајте до добивање на хомогена смеса. Добиената смеса натапкајте ја во тавчето да биде со висина околу 1,5цм. Оставете малку од смесата на страна за горниот дел од баровите. Ставете во фрижидер да се стегне.
Во меѓувреме на пареа растопете го путерот од кикирики со чоколадото. Оваа смеса истурете ја врз смесата од овесни снегулки и над неа додадете го остатокот од нив. Треба да отстои барем 1 час во фрижидер и потоа се сече на коцки или лентички делумно одмрзнато.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со цимет и мед >
Сосотојки:
2 лажички брашно
2 големи јајца
3 лажици мек путер
1 и 1/2 лажиче. прашок за пециво
2 лажички мелен ѓумбир
1 и 1/2 лажиче. цимет во прав
1/4 лажиче мелено морско оревче
1/4 лажиче мелени каранфилчиња
1 и 1/4 чаша вода или млеко
1/2 лажиче мед
Упатства:
Во сад соединете ги и измешајте ги сувите состојки. Посебно изматете ги течностите заедно со медот и путерот, па додајте ги во сувите. Треба да се добие мазна смеса без грутки. Во добро загреан тавче растопете малку путер и формирајте мали и полни палачинки. Печете ги од двете страни додека не поруменат и послужете ги со омилените вкусови.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Урбан колач од само 4 состојки >
Сосотојки:
100 гр. бисквити
100-120 гр. еурокрем
120 гр. путер
150 гр. бело чоколадо
Упатства:
За подлогата еурокремот истопете го на пареа со путерот и измешајте го со бисквитите. Постепено додавајте од бисквитите дури не добиете густа смеса(по потреба додадете уште малку бисквити). Натапкајте ја подлогата во мало плехче со хартија за печење. Одозгора прелијте го со бела чоколада исто така растопена на пареа. За поинтересен изглед јас одозгора го ишарав со црно чоколадо и со чачкалица направив разни шари дури не беше зацврстено белото чоколадо. Оставете сосем малку во фрижидер колку да се зацврсти чоколадото и може да го исечете и послужите колачот.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банани во кокос >
Сосотојки:
банани
шлаг
кокос
Упатства:
Изматете шлаг и намачкајте ги излупените банани. Одозгора ставете им кокос и исечете ги на парчиња.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици a la Natuska85 >
Сосотојки:
600 грама ресана
150 грама мелени ореви
50 мл.млеко
пола коцка маргарин
Упатства:
Сето ова убаво се меша да дојде хомогена смеса, се прават бомбици и внатре може да се стави по една вишна или цреша од слатко од вишни или црешки.Се валкаат по желба во мрвици или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна салата >
Сосотојки:
Потребни состојки за 2 лица:
- 1/5 кг цреши
- 1/5 кг јагоди
- 2 праски
- 2 банани
- 1 портокал
- Шлаг пена
Упатства:
Добро измијте ги продуктите или излупете, а кај црешите извадете ги семките. Јагодите исечкајте ги на крупни парчиња како и праските. Бананите, на крукчиња, а портокалот разделете го. Црешите ставете ги цели, само без семки. Откако ќе го средите овошјето, наредете го во две високи чаши. Редењето може да биде и мешано овошје или ред, банани, ред цреши итн. По ваш избор. На крај, додадете шлаг пена, а врз неа една цела јаготка.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошен јогурт >
Сосотојки:
- 100 гр. јаготки
- 200 мл. јогурт
- 1 лажица шеќер
Упатства:
Јаготките се пасираат со вилушка и им се додава шеќер. Се оставаат да постојат 5 минути. Им се додава јогуртот и се меша.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Експрес колач >
Сосотојки:
-2 чаши(големи, за млеко) рендани јаболки
- пола чаша шеќер
- 1 чаша гриз
- 1 јајце
- 1 чаша мелени ореви
- 1 чаша брусница (или суво грозје)
- пола чаша масло
- 1 прашок за пециво
- 1 и пол чаша млеко (Сите намирници се мерат со истата чаша).
Упатства:
Сето ова се мати заедно во изедначена смеса и се истура во подмачкан и со брашно посипан плех. Се пече на 180 C (претходно загреана рерна) 25-30 минути. ПРЕЛИВ- 100 гр. чоколадо за готвење, пола чаша млеко, 2 лажици супени маргарин, 4 лажици супени шеќер. Преливот се посипува на изладен колач. Многу брзо, лесно и сочно.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од боровинки >
Сосотојки:
100 гр. Индиски оревчиња
180 гр. Замрзнати боровинки
80 мл. вода
2 лажици сируп од агава
Упатства:
Ставете ги состојките во блендер и направете компактна смеса. Неколку оревчиња оставете и исецкајте ги. Смесата ставете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути. Извадете го сладоледот и повторно измиксирајте го , додадете ги оревчињата и повторно вратете го во замрзнувач.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот