Martinas cooking: Чоколадни браунис колачиња >
Сосотојки:
3 јајца
150 гр. чоколадо за готвење
125 гр. маргарин
100 гр. брашно
100 гр. шеќер
2-3 лажици какао
Упатства:
Чоколадото(100гр) и путерот/маргаринот ставете ги во сад и истопете ги на пареа. Во друг сад изматете ги јајцата со шек?ерот со рачна маталка или миксер сосем малку колку да се спојат. Додадете го растопеното чоколадо и путер, брашното и какаото и измешајте. Истурете на хартија за печење(или намрсен плех) 15х30 или помал и останатото чоколадо исечете ги на помали парчиња и ставете ги врз смесата. Печете 20-25 минути во загреана рерна на 180 С. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Рафаело бомбици од само 3 состојки >
Сосотојки:
200 мл. хопла
100 гр. чоколадо
100 гр. кокос
Упатства:
Хоплата и чоколадото ставете ги на тивок оган и мешајте дури не се растопи чоколадото. Тргнетe од оган и додадете го кокосот. Убаво измешајте и смесата оставете ја 6-7 минути во фрижидер(или дури не се зацврсти малце). Оформете ги бомбиците и по желба извалкајте ги во кокос. Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Сникерс >
Сосотојки:
500гр мелени petit beurre бисквити
500гр толчени кикирики (солени,лупени,пржени)
2 ванили
200гр чоколада за готвење
200гр шеќер
250гр путер
малку млеко
Упатства:
Сите бисквити и 400гр кикирики, 2 ванили 200гр путер ги замесувате во тесто. Во зависност од бисквитите додајте и малку млеко. Распоредете го во намачкан плех со дебелина 1.5 cm.
Ставете го во фрижидер додека го приготвувате карамелот ( dulce de leche).
200гр шеќер се карамелизира со 2 лажици вода. Пред да е готово кога ќе замириса на карамел ставете 50гр путер и 2-4 лажици млеко. Пазете бидејќи многу прска. Нека поврие уште малку за да се згусне. Веднаш прелијте го карамелот преку смесата од фрижидер,насолете ги преостанатите 100гр кикирики.
Вратете го плехот во фрижидер,
200гр чоколада стопете на тивок оган, со малку масло.
Прелијте ја преку смесата, оставете да се олади и пресечете ја на коцки.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини тортички >
Сосотојки:
2 филџани брашно
2 филџани масло за јадење
4 јајца
1 филџан млеко
2 филџани мелени ореви
1 ќесичка прашок за печиво
За фил: 200мл млеко
150г шеќер
100г чоколада
Шлаг пена
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред.
Изматената смеса се истура во подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути.
По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките. Се украсува со шлаг пена.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини корпици со три вкусови >
Сосотојки:
200 милилитри млеко
1 филџан масло
1 јајце
1 лажичка сол
1 пресен квасец
брашно по потреба
Упатства:
Квасецот се остава да стаса со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку вода.
Од квасецот и останатите состојки се меси средно меко тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса, се растегнува кора дебела околу 5 милиметри. Со чаша се сечат кругови од тестото кои се ставаат во претходно намачкани со маргарин метални корпици или друг облик на калапи.
Фил од пилешко
300 грама пилешко месо (батак или гради) се вари со зачини. Свареното месо се сецка на парчиња, се додава 200 грама сецкан кашкавал, 100 грама сецкани маринирани шампињони, малку кечап, 2 лажици павлака и оригано.
Од филот се става во секоја корпица и се пече.
Само овие корпици се печат заедно со филот. Останатите, се обликуваат во намрсени калапчиња, над тестото се става малку кујнска хартија и неколку зрна грав или ориз да не се подига многу тестото при печењето.
Фил со авокадо
1 авокадо се блендира со малку сок од лимон. Се додава крем сирење 150-200 грама, малку сецкан босилек и црн пипер. Се меша смесата и се полнат испечените корпи. Од горе се става чаден лосос.
Фил со павлака
1 краставица се сече на поситни коцки, се додава дробено или рендано сирење, неколку парчиња сувомеснато (може и без него), сецкани ореви, 2 лажици мајонез, сецкан магдонос и павлака. Се меша сe заедно. Со овој фил се полнат испечени корпици и се украсува со маслинка.
Погодни се зошто првите можат и да се замрзнат со филот, а останатите празни, па по потреба да се полнат со каков било фил или салата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Вртени кори со чоколадо и малини >
Сосотојки:
20 парчиња кори за баклава
170 g стопен путер
1 шолја шербет
1 ? шолја чоколадо, стопено
1 ? шолја сечкани фстаци
1 шолја малини
Упатства:
Загрејте ја рерната на 170?С. извадете една кора и целосно премачкајте ја со стопениот путер. Преклопете ја кората на пола (така што страните со путерот ќе се спојат).
Од пошироката страна на кората почнете да ролате тенко стапче/сукало до другиот крај на кората.
Наберете ги двата краја и извадете го стапчето, а од ролната направете кружна форма и ставете на хартија за печење.
Премачкајте ги сите „баклави“ со путер и ставете да се печат 25 минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Извадете ги од рерна и веднаш намачкајте ги со шербетот. Во средината наполнете го секој прстен со 1 лажица од стопеното чоколато и наросете од фстаците, а на врвот ставете малина.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Целувки >
Сосотојки:
2 белки
150 гр. шеќер
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Во чист сад за матење ставете ги белките. Започнете со матење и додајте го сокот од лимон. Во текот на матењето постепено додавајте го шеќерот.
Матете со миксерот додека добиете цврст шлаг.
Тавата обложете ја со хартија за печење.
Со помош на готварски шприц формирајте целувки со форма по желба. Можете да ги направите кружни или правоаголни, изборот го оставаме на вас.
Целувките ставете ги да се печат во рерна на ниска температура од 130 степени за време од еден час. Печените целувки извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.Потоа послужете ги со омиленото кафе. На здравје!
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици на стапче >
Сосотојки:
18 сендвич колачиња со фил
кора од портокал
кокос
100 гр. путер
стапчиња за колачите
250 гр. чоколадо
чоколадни мрвици по желба
Упатства:
Колачињата, путерот и кората од портокал изблендирајте ги додека убаво да се соединат. Смесата ставете ја во фрижидер да се олади.
Извадете ја смесата од фрижидер и формирајте топчиња со иста големина.
Чоколадото растопете го на пареа. Стапчето потопете го во чоколадо, потоа на стапчето боцнете го топчето и оставете ги во замрзнувач да се стегнат.
Извадете ги стапчињата, потопете ги во растопено чоколадо, а потоа во кокос, чоколадни трошки или декорација по ваша желба.
Сервирајте!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошни мафини >
Сосотојки:
2 јајца
2 лажици шеќер (или повеќе ако сакате поблаго)
200 мл јогурт
50 мл масло
15 лажици брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
рендана кора од лимон
овошје по желба
шеќер во прав
Упатства:
Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па жолчките, јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го брашното со прашокот за печиво.
Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
Печете во претходно загреана рерна на 180°С.
Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со вишни/цреши >
Сосотојки:
5 јајца
300 гр. шеќер
300 гр. брашно
200 мл. масло
200 мл. јогурт
1 пак. прашак за печиво
вишни/цреши обарени во 200 мл. вода, 100 гр. шеќер и 1 пак. ванилин шеќер
шеќер во прв за посипување
Упатства:
Се одделуваат белките од жолчките. Се матат со миксер жолчките и шеќерот, додека смесата не стане густа и не обели. Се додаваат јогуртот, маслото и брашното и сето заедно се миксира. На крај се додава прашокот за печиво.
Белките се матат во посебен сад. Кога ќе се направи снег од белки, смесата се истура во садот со жолчките. Се меша со жица за матење. Смесата треба да остане пенаста.
Се подготвува тркалезна тава бр. 30. Се мачка со масло и се посипува со брашно. Во тавата се истура смесата за колач. Над смесата се ставаат обарените цреши/вишни една по една на растојание.
Се печи во загреана рерла на 250 степени. По 15 минути се намалува температурата на 200 степени.
Печениот колач се сече на парчиња и се посипува во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чизкејк од Нутела >
Сосотојки:
250 гр бисквити
100грама Путер
400 грама нутела
500 грама несолено сирење (како на пример Маскарпоне)
? чаша шеќер во прав
Упатства:
Во сад, измешајте го путерот исечен на коцки и една лажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка, само малку, колку да се растопат состојките.
Бисквитите сомелете ги, а потоа помешајте ја смесата од путер и Нутела.
Промешајте ги сите состојки и истурете ја во округол плех, кој претходно сте го намрсиле со путер.
Во посебен сад, изматете го крем сирењето со шеќер, а потоа додадете го остатокот од нутелата.
Изматете со миксер, за сe да се соедини убаво.
Истурете ја смесата врз смесата со бисквити, убаво оформете и ставете во фрижидер да се "стегне", пред да послужите.
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Галета - мирисна торта од Париз >
Сосотојки:
150-200 г ореви
2-3 лажици масло
-сливи, свежи или смрзнати
2-3 јаболка
-шеќер
-цимет
-ѓумбир
Упатства:
1.Изладеното лиснато тесто извадете го од фрижидер. Развлечете го на побрашнета работна површина и префрлете го врз калап обложен со хартија за печење.
Можеби е подобро доколку тавата за печење ја превртите а тестото да го ставите на надворешната страна (на тој начин галетата полесно ќе се извади од тавата.
2.Врз тестото намачкајте ја пастата од ореви. Врз неа рамномерно наредете сливи и јаболка и доколку сакате, дополнително поросете со шеќер. Овошјето не го редете до краевите, туку оставете неколку центиметри празно.
3.Откако ќе го наредите овошјето, завртете ги рабовите од тестото кон внатре.
4.Премачкајте ги рабовите од тестото со изматено јајце. Печете на 200°C околу 30 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот