Француски слатки гевречиња >
Сосотојки:
2 јајца
6 лажици млеко
6 лажици масло или растопен путер/маст
6 лажици шеќер
1 прашок за печиво
350 г брашно +/-
Упатства:
Од наведените состојки се замесува тесто од кое се расукува кора. Со чаша се вадат тркалца, а со помала чашка се прават дупчиња во нив.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Макаронс со малини >
Сосотојки:
2 белки
80 гр. мелени бадеми
120 гр. шеќер во прав
50 гр. ситен кристал шеќер
прехранбена боја или малку какао
Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал
100 гр. бела чоколада
30 мл. слатка павлака
малку сок од лимон
прстофат изрендана кора од лимон или портокал
Упатства:
1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав.
2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сe додека не добиете цврста смеса.
3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини.
4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри.
6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови.
7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате.
Ганаж со лимон и портокал:
Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сe додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Цимет - ролнички со јаболка >
Сосотојки:
500 гр меко брашно
25 гр свеж квасец
250 мл топло млеко
3 лажици шеќер
1 јајце
За премачкување и за посипување
100 гр путер
150 гр шеќер
2 рамни лажици цимет
3 јаболка
За прелив
100 гр шеќер во прав
2 лажици млеко
2 лажици путер
2 пакетчиња ванилин
Упатства:
1. Сите состојките за тесто ги промешуваме и месиме тесто и чекаме да стаса околу 30 минути.
2. Нараснатото тесто се сука со сукало во правоаголник со дебелина на 5 мм-1 см и се премачкува со 100 г стопен путер исе посипува со мешавина од цимет и шеќер.
3. Јаболката се лупат и се рендаат, па добро се цедат и се распоредуваат преку шеќерот и циметот . Тестото внимателно се витка во ролат, па се сече на парчиња дебели 2-3 см.
4. Соодветна тепсија се премачкува со преостанатиот путер и во неа се редат ролничките и се остава да нараснат околу 20 минути. Потоа се премачкуваат со путер и се печат во рерна загреана на 180 степени додека се зарумени.
5. Прелив. Путерот се растопува, па се соединува со шеќерот, ванилинот и млекото.
6. На топлите ролнички се нанесува приготвениот прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини баклави во калапи за мафини >
Сосотојки:
1/2 шолја ф’стаци, плус уште малку за декорација
1 1/2 шолја ореви
1/2 шолја бадеми
1/3 шолја шеќер
1 лажичка цимет
500g кори за баклава
3/4 шолја стопен путер
За шербет:
3/4 шолја вода
3/4 шолја шеќер
3/4 шолја мед
1 лажичка рендана кора од лимон
2 лажички свеж сок од лимон
Упатства:
Во блендер иситнете ги јаткастите плодови и додадете ги шеќерот и циметот.
Загрејте ја рерната на 350 степени. Исечете 24 квадрати со средна големина од тестото и 72 кругови со чаша со големина отприлика колку калапот за мафини. Поголемите квадрати наредете ги на дното од калапот.
Наизменично редете кора, од измелената смеса, па премачкувајте со растопен путер.
Повторувајте додека не го потрошите материјалот. Печете околу 30-35 минути или додека корите не добијат златесто-кафеава боја.
Шербетот се подготвува го така што сите состојки ќе ги ставите во поголемо тенџере и ќе варите околу 10 минути. Оладете, па со лажичка истурете врз баклавите по печењето.
Декорирајте со малку измелени ф’стаци. Оладете ги баклавите барем 4 часа на собна температура пред да ги послужите.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадна лазања >
Сосотојки:
36 сендвич колачиња со крем
6 лажици стопен путер
235 gr маскарпоне
? шолја шеќер
2 лажици млеко
2 пакетчиња чоколаден пудинг подготвен според упатството
4 пакетчиња шлаг пена
Чоколадни топчиња или мрвички
Упатства:
1. Во блендер (или во проѕирна ќеса со помош на сукало) изгмечете ги добро сендвич-колачињата додека не добиете покрупни трошки.
2. Истурете ги во подлабок сад заедно со стопениот путер и мешајте додека добро не се соединат.
3. Во правоаголно тавче или стаклен сад истурете ја смесата и нежно притиснете за да ја израмните добро.
4. Во подлабок сад ставете го маскарпонето и започнете да го матите рачно или со миксер. Додадете ги двете лажици млеко и шеќерот и добро промешајте.
5. Додадете половина од подготвената (или готовата) шлаг пената во смесата од маскарпоне и измешајте. Потоа нанесете ја врз слојот од здробени колачиња и ставете ја лазањата во фрижидер да се стегне околу 10-тина минути.
6. Подготвениот чоколаден пудинг (според упатството на ќесичката) истурете го врз белиот слој маскарпоне. Повторно вратете ја лазањата во фрижидерот уште 10 минути.
7. На крајот, додадете го остатокот од шлаг пената и посипете чоколадни топчиња, мрвички или покрупно рендано чоколадо.
8. Покријте ја чоколадната лазања со проѕирна фолија и оставете ја добро да се олади околу 4 часа во фрижидерот пред да ја исечете на парчиња.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Нутела тирамису >
Сосотојки:
2 шолји слатка павлака за готвење
2 шолји маскарпоне
Ванилин шеќер или екстракт од ванила
2 жолчки
2 лажици шеќер
2 шолји Нутела
2/3 шолја полномасно млеко
12 бисквити
Какао во прав за горниот слој
Упатства:
1. Ставете ги жолчките заедно со шеќерот во длабок сад. Матете додека добро не се соединат, а потоа додадете ја павлаката и ванилата. На крајот додадете го маскарпонето и нежно измешајте со лажица додека не добиете убав бел крем.
2. Обичното млеко ставете го во тенџерче на оган и додадете 1 лажица Нутела. Мешајте додека млекото не се загрее и не се соедини со кремот. Тргнете го настрана добро да се олади.
3. На кратко, потопете ги бисквитите еден по еден во течноста и наредете ги на дното од садот.
4. Врз наредените бисквити, намачкајте слој од белиот крем со павлака.
5. Остатокот од Нутела кремот додадете го во течноста во која ги потопивте бисквитите. Добро промешајте и истурете ја целата смеса врз првиот бел слој од тирамисуто.
6. Врз ова нанесете го остатокот од белиот крем. Добро измазнете и посипете со какао.
7. Оставете го добро да се олади пред да ги вкусите залчињата тирамису со Нутела.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од портокали >
Сосотојки:
300 мл слатка павлака
100 мл кисела павлака
5 портокали
150 грама шеќер во прав
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 лажичка ситно рендана кора од портокал
Упатства:
Во сад ставете ги слатката павлака, киселата павлака, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Потоа се заедно добро изматете со миксер, па додадете го сокот од исцедените портокали и ренданата кора од портокал.
Се заедно добро измешајте и ставете ја смесата во соодветен сад.
Сладоледот ставете го во ладилник за да стегне.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Бела пита >
Сосотојки:
400 грама шеќер
250 грама путер
1 кесичка прашак за печиво
300 милилитри млеко
250 грама маст
2 лажици лимонов сок
50 грама Гриз
1 кесичка ванилин шеќер
500 грама брашно
2 јајца
Упатства:
Свинската маст убаво изматете ја со миксер, додадете ги јајцата, 200 гр.шеќер и брашното, прашокот за печиво и половина кесичка ванилин шеќер.
Добро изматете.
Добиената смеса поделете ја на три дела.
Сите три дела расукајте ги, наредете ги на плех и испечете ги во рерна, една по една.
Фил: Во млекото сварете ги 200 гр. шеќер и гризот.
Додадете ја преостанатата половина ванилин шеќер и малку лимонов сок.
Филувајте ги корите: најпрво ставате една кора, па фил, потоа ја ставате втората кора, повторно фил и најгоре ја ставате третата кора.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Англиска пита од јаболкa >
Сосотојки:
250гр.- брашно
170гр. -путер
1вреќичка-Ванилин шекер
6 лажици вода
1кг.-Јаболки
1 лимон
4лажици шеќер
3 лажици густин
100гр.-суво грозје
цимет
2 лажици мармалад од кајсија(или било кој)
Упатства:
Омекнатиот путер го гмечиме со вилушка,го додаваме брашното и 6 лажици вода и мешаме со рака. Добиеното тесто го оставаме во прозирна фолија замотано и го ставаме на 10мин во фрижидер. Така оладеното тесто го делиме на два еднакви дела.Првиот дел го ставаме во калапот за печење,и со прстите го оформуваме рамномерно на долниот дел од калапот. Потоа го бодиме тестото со вилушка.
Јаболкате ги лупиме и сецкаме на мали коцки или пак може и едно рендано јаболко. Така на исецканите (рендани) јаболка го додаваме сокот од лимонот,го додаваме сувото грозје,шеќерот,густинот,ванилиниот шекер и циметот.Состојките ги мешаме и овој прелив од јаболка го ставаме врз тестото.
Останатиот дел од тестото,го ставаме на набрашнетата работната површина и со помош на сукало го развлекуваме тестото до саканата големина и го ставаме врз преливот од јаболка.Полека го притискаме за убаво да се залепи на смесата,и да не излегува од страната.
Печиме 30 минути на 170 степени во загреана рерна.
Така изладена питата ја вадиме од калапот и ја премачкуваме со мармаладот од кајсија и по желба ставаме шеќер во прав.
Бон апетит! :))
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни коцки >
Сосотојки:
100 грама оризови снегулки
200 грама чоколадо ( било какво може и за готвење)
100 мл млеко
сечкани ореви или лешници
малку путер
Упатства:
Во топло млеко го ставаме чоколадото да се стопи , мешаме па ги тураме останатите состојки и мешаме додека не се добие
густа и хомогена смеса.Смесата ја тураме во помал правоаголен сад ја виткаме , превиткуваме со фолија и оставаме неколку часа во фрижидер да се стегне.Се сече по желба.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Млечна плетенка - козињак >
Сосотојки:
- 500 гр. брашно
- 1 инстант квасец
- 2 јајца
- сол
- 50 гр. маргарин
- 50 гр. шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- 200 мл. млеко
- кора од лимон
- 1 белка (за премачкување)
Упатства:
Измешајте го брашното со квасецот, додадете шеќер, ванилин шеќер, растопениот маргарин, изматените јајца, малку сол и рендана кора од лимон. Малку промешајте и со топло млеко замесете меко тесто. Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место да скисне.
Тестото премесете го лесно и разделете го на два дела и тоа еден дел од 1/3 од тестото, а другиот дел од 2/3 од тестото. Двата дела обликувајте ги во должина и скоро до врвот засечете ги на три делови. Исплетете две плетенки еднакно долги.
Поставете ја помалата на пошироката плетенка, премачкајте со белка, посипете шеќер и ставете ја да се печи околу 50 минути на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Раванија >
Сосотојки:
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
4 лажици брашно
3а шербетот:
1,5 литар вода
650 гр. шеќер
Упатства:
Изматете ги белките. Потоа изматете ги жолчите со шеќерот, па додајте го гризот и брашното и на крај изматените белки. Измешајте се добро и ставете ја смесата во намачкано тавче и печете ја 10 минути на температура од 200?С. Откако се испече оставете ја раванијата да се олади. Од шекерот и водата сварете шербет и ладната раванија попарете ја со врел шербет. Потоа вратете ја раванијата во исклучена рерна да се олади.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот