Банана торта >
Сосотојки:
300 гр. бисквити
5 банани
околи 1 л. млеко
2 пудинзи од ванила
250 гр маргарин(коцка)
250 гр.шеќер во прав
2 јајца
2 кесички шлаг пена
Упатства:
Пола литар млеко да зоврие и во него се додаваат два претходно растопени во малку млеко пудинзи од ванила.Се меша убаво за да се добие пудинг.Се остава да се излади. На страна се мати 250 гр маргарин(коцка), 250 гр. шеќер во прав и 2 жолчки.Кога ќе се изедначи смесата се додава и изладениот пудинг и сето тоа уште малку се промешува.
Во караванче бр.30 се реди ред бисквити,ред сецкани на кругчиња банани,па се мачка пола од кремот.Потоа пак ред бисквити,ред банани и остатокот од кремот,за најгоре да се премачка со шлаг(2 чесички шлаг матени со 200 мл млеко).
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кекс куглоф >
Сосотојки:
4 јајца со 4 фил.шеќер се матат
3 фил.пресно млеко
2 фил.масло
6 фил.брашно
1 пециво
1 ванила
2лаж. какао
Упатства:
Се дели на два дела, едното да биде бело, а другото кафено, тестото се тура заедно и се пече
Откако ќе се испече се става шеќер во прав или може да се прелее со чоколадо (по желба)
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тостерки >
Сосотојки:
5 јајца
400 грама шеќер
300 грама млеко
300 грама масло за јадење
800 грама брашно
1 пециво
2 кесички ванилин шеќер
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат во подлабок сад додека шеќерот не се растопи.
Се додаваат млекото, маслото, брашното, кесичките со ванилин шеќер и пецивото. Продолжуваме да матиме со миксер додека состојките не се изедначат.
Од смесата црпиме со лажиче и ставаме на загреан, малку со масло подмачкан тостер, поклопуваме со горниот дел од тостерот и оставаме да се печат 1 – 2 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Црнчиња >
Сосотојки:
За торта:
3 јогуртa (3 ? 180 г)
300 g брашно
120 ml масло
25 гр какао
2 лажички сода бикарбона
путер за премачкување
За глазура:
150 г путер
150 г чоколадо за готвење
120 гр шеќер
120 мл млеко
250 г шеќер
Упатства:
Јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона се мешаат со електричен
миксер за 2-3 минути.
2. Истурете ја смесата во тава со големина од 20 ? 30 cm претходно обложена со путер и
печете во загреана рерна на 200 ° C околу 20 минути.
3. Зовриен,путерот отстранете го од топлината, ставете чоколадо искршено на коцки, шеќер
и млеко и мешајте додека не се изедначи смесата.
4. Оставете го колачот да се излади и потоа прелијте го со чоколадната смеса.
Послужување:
Послужете торта со шлаг крем, а во зависност од сезоната може да се служи со овошје по желба.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Браунис >
Сосотојки:
185 гр квалитетно чоколадо
125 гр путер
2 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
150 гр брашно
70 гр сечкани лешници (ореви, бадеми ... по желба)
Упатства:
На пареа растопете ги путерот и чоколадата. Кога ќе се растопат, додадете ги претходно лесно изматените јајца и останатите состојки. Во четвртасто тавче за печење ставете хартија за печење и претурете ја смесата.
Печете во претходно убаво загреана рерна на 180 целзиусови степени, 20 минути. Средината на колачот не треба да биде убаво исепечена. Таа ќе се стврдне во текот на ладењето.
Испечениот колач оставете го убаво да се олади и сервирајте го исечен на коцки.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Милка торта >
Сосотојки:
12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол маргарин)
300 г мелена плазма
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни Милка чоколади
Упатства:
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да се вари на пареа за да згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки. Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со шлаг.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава-гнездо >
Сосотојки:
1/2 кг. кори за баклава
1 маргарин за готвење (коцка)
еурокрем
200 гр. лешници
700 гр. шеќер.
Упатства:
Маргаринот се растопува и стои на тивок оган со цел да остане растопен во текот на целата постапка. Секоја кора се премачкува со маргарин, и се сече на шест еднакви дела. Секој дел посебно се витка во тенок ремен. Ремените пак се виткаат во круг околу прстот, како би се добил отвор на средината на завитканата баклава, и се редат во плех за печење. Откако ќе се завиткаат сите баклавчиња, се печат во загреана рерна, 10-15 минути на 200 степени. Испечените баклави треба добро да се оладат. Се припрема шербетот (700 гр. шеќер со 700 мл. вода да зоврие) и се потура врз изладените баклави. Се ладат шербетираните баклави, и се шприц за готвење се полнат на средина со еурокрем. Врз секое баклавче се става по еден лешник.
Овој рецепт е погоден за време на пости.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашно баунти >
Сосотојки:
За 25-30 топчиња
200 гр. кокос
100 мл. слатка павлака
70 гр. шеќер во прав
70 гр. маргарин
200 гр. чоколадо
Упатства:
Во сад ги ставаме кокосот и шеќерот во прав. Ја загреваме слатката павлака заедно со маргаринот, додека маргаринот не се стопи. Изладената смеса ја преливаме преку кокосот и шеќерот во прав. Сето добро го мешаме. Ако смесата Ви се чини ретка, додадете кокос. Мешајте додека не добиете тврда смеса.
Направете мали топчиња со мало лажиче.
Ставајте ги топчињата на тацна, на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Оставете ги во фрижидер околу 1 час.
Растопете го чоколадото на пареа.
Со помош на чечкалица, потопете ги топчињата во чоколадо и повторно ставете ги на фолијата
Оставете ги во фрижидер пред сервирање.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Кекс со јаболка >
Сосотојки:
5 јајца
4 филџани шеќер
1 чаша брашно
1 филџан масло
1 филџан млеко
1 пециво
3-4 поголеми јаболка
сецкани ореви
мед
шлаг
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат, се додава брашно, пециво, масло, млеко.
Јаболката се лупат и се сечат на кругови. Се редат во намрснета тава (со маргарин и брашно), се става врз нив мед, и сецкани ореви. Се потпекува 10-тина минути на 180 степени, па се тура тестото, и се враќа во рерна.
Откако ќе се излади, се превртува јаболката да дојдат горе, и се става шлаг.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадни топчиња >
Сосотојки:
50гр. путер
150 гр. чоколадо
150 гр. мелени бисквити
100 гр. ореви
чоколадни трошки
Упатства:
Путерот се растопува на оган.Се става чоколадото и се меша додека не се растопи и тоа.Се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и оревите.Се тоа се меша за да се добие хомогена смеса.Се прават мали топчиња и се валкаат во чоколадните трошки.Од овие мерки се добиваат околу 15 чоколадни топчиња.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Чајни чоколадни колачиња >
Сосотојки:
-500 гр брашно
-200 гр шеќер во прав
-2 јајца
-2 пецива
-2 лаж.какао
-200 гр маргарин
-5 лаж.млеко
Упатства:
Се меси тесто од сите овие состојки и се сучи кора.Се прават форми со калапчиња,па се редат во тава подмачкана со путер. Се печат во претходно загреана рерна на 250 степени околу 5-6 минути.Се премачкуваат со растопено чоколадо, па се попрскуваат со сецкани оревчиња.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со грозје >
Сосотојки:
(за тесто)
250 гр.брашно, 75 гр.шеќер, 150 гр.путер, жолчка, малку сол.
(за фил)
750 гр.бело грозје, 200 гр.несолено сирење, 75 гр.шеќер, 3 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 гр.слатка павлака, стругана лимонова кора, 1/ 2 кеса пудинг-ванила, 2 лажици џем од кајсии.
Упатства:
Замесете брашно, жолчка, шеќер, сол на врв на нож и путер и направете тесто во облик на топка. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер 1,5 час. Две третини од тестото ставете го на дно од подмачкана округла тава (со пречник од 30 см). Од преостанатата 1 / 3 направете „колбас“ и обложете ги ѕидовите на тавата, на висина од 4 см.
Изматете го несоленото сирење, шеќерот, јајцата и лимоновата кора, потоа додадете слатка павлака измешана со прашакот за пудинг и ванилин шеќер, и измиени зрна од белото грозје, па сето тоа истурете го преку тестото во калапот.
Во рерна, на 200Ц, печете го 45-50 минути. Врелата површина на колачот премачкајте ја со тенок слој од џемот (малку растопен и измешан со 1 лажица вода) и сето тоа вратете го на печење уште 2 минути.
Извадете го колачот, посипете го со прав-шеќер и оставете го да се олади.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот