Ружи од лиснато тесто >
Сосотојки:
јаболка
лиснато тесто
смеѓ шеќер
цимет
индиско оревче
вода
кора од лимон
сок од лимон
бел шеќер
Упатства:
Начинот на подготовка со фотографии побарајте го тука
http://www.ringeraja.mk/statija/ruzhi-od-lisnato-testo_3328.html
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од јаболка со ореви >
Сосотојки:
За кора
1 + 1/4 чаша брашно
1/4 лажичка сол
4 лажици путер
2 лажици сало
4 лажици ладна вода
За прелив
1/2 чаша брашно
3/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша кафеав шеќер
1/4 лажица сол
4 лажици путер
За фил
1/2 чаша шеќер
1/4 чаша брашно
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка свежо рендана кора од лимон
Прстофат сол
6 поголеми јаболка, излупени и исечени на парчиња
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Подгответе го тестото за кора. Ставете ги во сад брашното и солта и промешајте. Ставете го путерот и салото и месете додека смесата не се соедини. Додавајте ја ладната вода, една по една лажица. Исплескајте го тестото на табла и ставете го во фрижидер да стои најмалку 30 минути.
Во меѓувреме направете го преливот. Во сад измешајте ги брашното, оревите, кафеавиот шеќер и солта. Ставете го и путерот и мешајте додека не се направат крупни трошки.
Загрејте ја рерната на 250 степени. Исучете го тестото на набрашета површина во круг. Ставете го во тепсија наменета за пита. Краевите на кората декоративно свиткајте ги како на сликата.
Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, циметот, кората од лимон и солта. Додадете ги парчињата јаболко и сокот од лимон и ставете ги на оган додека смесата се соедини. Ставете го филот на кората, а одозгора ставете го преливот од ореви. Печете на 250 степени околу 30-40 минути.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Нестле торта >
Сосотојки:
Кора:
6 белки
6 лажици шеќер
5 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
Прелив за кора:
300 гр чоколадо
125 гр маргарин
Фил:
1 л млеко
18 жолчки
10 лажици брашно
10 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр Несквик
Топ фил за цела торта:
300 гр шлаг крем
400 мл минерална вода
Упатства:
Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори.
Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Профитероли >
Сосотојки:
За тесто
- 130 мл. вода
- 40 гр. маргарин
- малку сол
- 90 гр. брашно
- 2 јајца
За крем
- 250 мл. млеко
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 50 гр. шеќер
- 20-30 гр. маргарин
- 1 кесичка шлаг
100 гр. чоколадо за преливање
Упатства:
Подготовка на тестото
Водата, маргаринт и солта ставете ги на оган да зовријат. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не почне да се одвојува од садот. Кога тестото ќе се излади ставајте едно по едно јајце и с лажичка формирајте мали топчиња во плех за печење (полупразна лажичка е доволна)Многу е важно тестото да не се излади потполно пред почетокот на печењето. Ставете го плехот во рерна и печете на температура од 175 С околу 20-25 минути. Извадете го плехот од рерната и оставете ги профитеролите да се изладат.
ПОдготовка на филот: Ставете го млекото да зоврие со шеќерот и додадете го разматениот пудинг. В пудингот, додека е топол, додадете го маргаринот и оставете потполно да се излади. Изматете го шлагот и откако пудингот ќе се излади измешајте го во него.
Наполнете ги профитеролите со фил сечејќи ги на половина илии со шприц. Наредете ги во чинија или чаша и прелијте ги со чоколадо.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Бушава торта >
Сосотојки:
За тесто
10 белки
10 жолчки
300 гр. шеќер
150 гр, мелена плазма
150 гр. мелени бадеми
3 лажици какао
За фил
5 јајца
300 гр. шеќер
150 гр. чоколадо за готвење
2 лажици брашно
2 лажици мелено кафе
350 гр. маргарин
50 гр. суво грозје
рум
За украсување
500 мл. слатка павлака
Упатства:
За тесто: изматкајте ги жолчките со шеќерот, додадете ја мелената плазма, бадемите и какаото. Кога смесата ќе стане компактна, додадете ги изматените белки и измешајте со дрвена лажица. Смесата излијте ја во 4 подмачкани плехови и печете на 200 степени.
Фил: Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и кафе и добиената смеса подготвувајте ја на пареа. Кога шеќерот ќе се стопи додадете чоколадо за готвење и продолжете се додека филот не почне да се згуснува. Кога филот ќе се излади, додадете му пенасто изматен маргарин и матете со миксер додека не добиете компактна смеса. Ставете суво грозје, кое претходно сте го потопиле во рум, па сето добро измешајте го. Тестата попрскајте ги со рум, секое тесто намачкајте го со фил и одозгора украсете со изматената слатка павлака.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од кафе и чоколадо >
Сосотојки:
- 8 жолчки
- 150 гр. смеѓ шеќер
- 600 мл. слатка павлака
- 2 лажици инстант кафе
- 2 лажици коњак
- 150 гр, темно чоколадо
- 1 лажица какао во прав
- Пластична кутија за сладолед
Упатства:
1. Во сад изматкајте ги жолчките ддека смесата не стане бледо жолта.
2. Во тенџере ставете ја слатката павлака, додадете го кафето и мешајте на тивок оган додека не зоврие.
3. Во павлаката почнете полека да ги додавате жолчките, со константно мешање.
4. Додадете го и коњакот и продлжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг.
5. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го какаото. Потполно растопеното чоколадо ставете го во кремот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да се излади.
6. Смесата ставете ја во пластична кутија и ставете ја во замрзнувач да стои најмалку 4 часа.
7. По четири часа извадете го сладоледот од замрзнувач и полузамрзнат измиксирајте го во блендер. Вратете го во садот и оставете го да замрзне уште 4 часа.
Време потребно за подготовка: 480 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед торта >
Сосотојки:
5 dcl. слатка павлака
400 гр. кондензирано млеко
4 чоколадни бананчиња или повеќе (по желба)
кекс за подлога (може чоколадна плазма)
Упатства:
Подготовка на кондензирано млеко:
1 л. млеко, 500 гр. шеќер, 50 гр, гликозен сируп, екстрат од ванила. Сите состојки се соединуваат и готват на средна температура 1 час и 15 минути.
Соединете ја слатката павлака со кондензираното млеко и изматете цврст крем.Додатете сецкани бананчиња измешајте и распоредете го кремот во калап на чие дно ќе го ставите кексот. Кексот претходно натопете го во млеко. Ставете го во замрзнувач цела ноќ, па потоа извадете го обрачот од калапот.
Време потребно за подготовка: 150 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од лешник >
Сосотојки:
1/2 кгр. лешници
1 л. слатка павлака
7 жолчки
250 гр. шеќер во прав
Упатства:
1. Лешниците ставете ги во плех и печете ги додека не се зацрвенат. Потоа извадете ги, изладете ги, излупете ги и издробете ги.
2. Слатката павлака ставете ја на оган и загрејте ја, но да не врие. Прелијте ја топлата неизматена павлака над лешниците, поклопете го садот и оставете да се излади
3.Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Изладената павлака и лешници додадете ги во смесата од жолчки. Добро измешајте. Со рачна мешалка матете ја смесата на пареа, додека не се згусне
4. Тргнете ја смесата од пареа и мешајте додека не се излади. Готовиот сладолед посипете го со дробени лешници.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Слоново око >
Сосотојки:
За жолт ролат:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
џем од кајсии
За темен ролат:
7 белки
7 лажици шеќер
3 жолчки
10 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
4 жолчки
две кесички ванила
100 гр. чоколадо
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За чоколадна глазура:
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За глазура:
100 гр. чоколадо две лажици масло и 1 коцка маргарин
Упатства:
Изматете ги целите јајца со шеќер, додека шеќерот не се стопи, потоа додадете брашно, ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и испечете ја во рерна.
Извадете го печениот ролат, внимателно одлепете ја хартијата и благо завиткајте го во ролат.
Темен ролат: Изматете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и матете додека не се стопи, потоа полека додавајте една по една жолчка. Во дрвена лажица внимателно промешајте ги оревите измешани со брашно и прашок за печиво. Ставете ја смесата до подмачкан и со хартија обложен плех. Изпечете го ролатот, отстранете ја хартијата и внимателно завиткајте го во ролат.
Додека се печат тестата, подгответе фил. Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и ставете ги на пареа. Кога филот ќе почне да се згуснува ставете го чоколадото искршено на коцки, маргарин и млеко, мешајте за се` да се соедини и тргнете го садот од оган. На крајот ставете две три капки рум и мелени ореви.
Ролатите филовајте ги додека се млаки. Најпрво жолтото тесто обилно премачкајте го со џем од кајсии и завиткајте. Темното тесто премачкајте го со фил потоа на неговиот почеток ставете го завитканиот жолт ролат, кој ќе го завиткате во темниот ролат. Премачкајте го со танок слој џем од сливи и одозгора ставете чоколадна глазура.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Есенски сон >
Сосотојки:
За тесто
3 жолчки
140 гр. шеќер
100 гр. маргарин
3 лажици какао
1 лажица ситно сецкано темно чоколадо
4 лажици млеко
80 гр. брашно
1/2 пак. прашок за печиво
снег од 3 белки
Прелив
6 лажици врело млеко + 1 лажица рум
Крем
2 јајца
4 лажици брашно
1 пак. ванилин шеќер + 2 лажици шеќер
3 дл. млеко
120 гр. маргарин
250 гр. пире од костени
Глазура
4 лажици Нутела
1 дл слатка павлака
рендано чоколадо
Упатства:
Пенесто изматете ги маргаринот и шеќерот, додавајќи една по една жолчка. Додадете го млекото и мешавината од брашно со прашок за печиво. Измешајте и додадете сецкано чоколадо и лажица по лажица снег од белки. Испечете го тестото во подмачкан плех (25 х 30)
Ставете го млекото на оган и додадете го румот. Врелиот колач прелијте го со млекото и оставете го да се излади.
Со миксер пенесто измешајте ги јајцата со две лажици шеќер брашно и ванилин шеќер.Додадете ги в о млекото кое врие и мешајте додека кремот не се згусне. Тргнете ги од оган, покријте ги со проѕирна фолија и оставете да се излади.
Пенесто изматете го маргаринот додадете го пирето од костени и додадете го во изладениот фил. Премачкајте го тестото.
На пареа стопете ја Нутелата и слатката павлака и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Оставете го преливот да се излади и премачкајте го колачот.
Оставете го колачот најмалку два часа во фрижидер пред послужување.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден сладолед со лешници >
Сосотојки:
- 120 гр. чоколадо
- 2 чаши слатка павлака
- 1 и 1/2 чаша млеко
- 1/2 чаша шеќер
- 5 жолчки
- 1/3 чаша млеко во прав
- малку сол
- 1 полна лажица какао
- 2 с.л. растворено кафе
- 1/2 чаша печени лешници
- 1 с.л. ликер од лешник
- екстрат од ванила
Упатства:
Растопете го чоколадото на пареа, со често мешање. Додадете ја слатката павлака, млекото,жолчките, шеќерот во прав и солта и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте ја растопената чоколада,
какаото и раствореното кафе и мешајте. Поставете го садот на пареа и миксирајте додека се згусни.
Додајте екстрат од ванила и ликер и оставете ја смесата да се замрзне во фрижидер. По еден час ставете ги
печените и на листови сечени лешници, а потоа вратете го сладоледот во фрижидер, додека не замрзне потполно.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тулумби >
Сосотојки:
300 гр. брашно
300 гр. вода
50 гр. маст
6 јајца
1 кгр. и 200 гр. шеќер
1 литар вода
малку сок од лимон
масло
Упатства:
Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако ќе зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се излади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот