13 - 24 рецепти од 270 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 23 |
Чоколадни корпички со кајсии >
Сосотојки:
4 супени лажици бело брашно
4 супени лажици шеќер
2 супени лажици какао
2 јајца
50 гр чоколадо за готвење (исечкано на помали парчиња)
20 гр путер
120 мл јогурт
1 ванилин шеќер
3 свежи кајсии
6 супени лажици мед
Упатства:
1.Во подлабок сад измешајте го брашното, какаото и шеќерот.
2.Во друг сад изматете ги јајцата со ванилиниот шеќер и путерот, а потоа додадете го јогуртот и мешајте со дрвена лажица или со маталка за јајца додека смесата не се изедначи.
3.Истурете ја смесата со јајца во садот со брашно, какао и шеќер, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. На крајот додадете ги парчињата чоколадо и повторно промешајте.
4.Со путер или маргарин убаво намастете 6 модли за мафини.
5.Поделете ја смесата во модлите (наполнете ги скоро до врв, така да остане уште околу 5 мм од ивицата), а потоа во секоја модла врз смесата ставете по половинка кајсија (со средината свртена нагоре).
6.Печете ги околу 25 минути на 200 степени во загреана рерна.
7.Кога малку ќе се подоладат, а додека се сеуште топли колачињата, со нож нежно поминете околу страните на модлата (нема потреба од ова ако печете во силиконски модли) и внимателно извадете ги корпичките.
8.Врз секоја корпичка истурете по една супена лажица мед (полна) и послужете ги топли или на собна температура.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Сос од јаготки >
Сосотојки:
300 гр. јаготки
30 мл. вода
4-5 лажички жолт шеќер
1 супена лажица густин
30 мл. вода
Упатства:
Во тенџере ставете 30 мл. вода и шеќер и мешајте додека шеќерот не се стопи. Кога ќе почне да врие додадете ги јагодите и се заедно варете околу 15 минути.
Во друг сад измешајте 30 мл. вода со густинот и мешајте за да не останат грутчиња, а потоа додадете го во јагодите и мешајте додека не згусне.
Тргнете го од оган и оставете го да се излади.
Изладената смеса ставете ја во блендер и добро измиксирајте.
Служете со палачинки или сладолед.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадна обланда >
Сосотојки:
1 паковање обланди
1 ванилин шеќер
250 гр. маргарин
100 гр. млечно чоколадо
100 гр. ореви
100 гр. лешници
500 гр. бисквити
700 гр. шеќер
500 мл. вода
Упатства:
Се вари шербет од шеќер, ванилин шеќер и вода. Кога ќе почне да врие се ставаат маргаринот и чоколадото да се растопат. Кога се веќе целосно растопени, се трга од оган и се додаваат мелените бисквити, ореви и лешници. Се редат обландите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Италијански колач со јаболка >
Сосотојки:
4 јаболка
200 гр. брашно
140 гр. шеќер
4 јајца
4 лажици мармалад
200 гр. слатка павлака или шлаг
1 лажица сок од лимон
Упатства:
Јаболката (кои би требало да бидат со приближно иста големина) излупете ги и исечете ги на половина. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна околу 20 минути. Оставете ги да се изладат. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег со додавање на малку сол. Постепено додајте 140 гр. шеќер и сок од лимон. Добро изматете и додавајте една по една жолчка, миксирајќи. На крај додадете го и брашното. Обложете го со хартија правоаголниот калап за торта па на дното ставете малку тесто. Одозгора наредете ги печените јаболка така што ќе ги поставите исправени, една до друга. Прелијте го остатокот од тестото над нив. Печете околу 40 минути. Изладениот колач премачкајте го со мармалад одозгора, па украсете го со изматен шлаг.
Пријатно
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана Сплит >
Сосотојки:
1 банана
3 топки сладолед
малку сецкани ореви
шлаг
чоколаден прелив
Упатства:
Бананата се расекува по должина и се става во долгманест сад. Во средината меѓу двете половинки се ставаат трите топчиња сладолед и се посипуваат со сецканите ореви. Одозгора се става шлаг и чоколаден прелив. Се украсува по желба.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
100gr кокосово брашно
200gr бисквити
100ml млеко
200gr маргарин
400gr шеќер во прав
150gr лешници
Упатства:
Сите состојки се мешаат и рачно се прават бомбици. Во секоја од нив се става по еден лешник. Потоа, секоја бомбица посебно се валка во кокос.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Киндер алва >
Сосотојки:
1 чаша масло за јадење
2 чаши пченкарен гриз
3 чаши шеќер (одбијте ако не сакате многу благо)
2 чаши вода
2 чаши млеко
1 кесичка ванилин шеќер
Упатства:
Во поголемо тенџере на оган се пржи гризот со маслото. Во друго тенџере се ставаат млекото,водата,ванилиниот шеќер и шеќерот. Додека го мешате гризот течноста во другото тенџере треба да зоврие и шеќерот да се растопи. Кога гризот сосем малку ќе зарумени се трга настрана и се додава зовриената течност. Мора да се меша брзо за да не се направат грутки. Алвата е готова кога ќе почне да се одлепува од рабовите на тенџерето. Половина се истура во плехче а на другата половина и се додава 60-70 гр чоколадо или какао.(по желба). Врз белиот се става црниот дел и откако кје се олади се сече на коцки.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Грчка баклава >
Сосотојки:
2 jaja
1 jogurtska casa secera
1 jogurtska casa mleka
1 чаша брашно
1/2 чаша масло
1/2 чаша мелени ореви
1/2 чаша сецкани ореви
1 прашок за печиво
Шербет:
250 гр. шеќер
100 мл. вода
Упатства:
Изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додадете ги сите останати состојки, измешајте и добро изматете. Ставете ја смесата во подмачкан плех со средни димензии и печете на температура од 250 степени, околу 20 минути.
Кога колачот ќе се испече исечете го на коцки и прелијте го со претходно сварениот и изладен шербет.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Фритула >
Сосотојки:
400 г брашно
200 мл млеко
1 јогурт
2 жолчки од јајце
1 лажица рум
2 лажици шеќер
Рендана кора од портокал
? мала лажица сол
квасец
Упатства:
Измешајте го квасецот со малку брашно, шеќер и топло млеко. Во посебен сад ставете брашно, па додадете шеќер, јогурт, рендана кора од портокал, рум, сол, жолчки и квасец (што го подготвивте претходно). Истурете топло млеко и мешајте со миксер, додека не се појават меурчиња. Оставете ја смесата на топло околу еден час. Потоа, со лажица вадете го тестото и пржете на загреано масло, додека не примат жолто-златна боја.
По желба, додадете суво грозје или рендано јаболко во смесата.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Јаболка во бел гроздов сируп >
Сосотојки:
1кг јаболка златен делишес
400мл гроздов сируп од бело грозје
200г ореви
150мл млеко
50г путер
2 кесички ванилин шеќер
2 лажици мед
Цимет
Упатства:
Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки листови.
Ставете ги во длабок сад и додајте гроздов сок и цимет.
Варете ги 15 минути, додека не добијат златно-жолтеникава боја и стаклест изглед.
Во посебен сад зовријте млеко со ванилин шеќер. Растопете го путерот во млекото и додајте ја смесата на претходно сомелените ореви.
Додајте мед и измешајте ја смесата за да добие кремаста структура.
Сервирајте ги јаболката во садови за сервирање и врз нив нанесете го кремот со помош на готварски шприц.
Во порцијата можете да додадете и сладолед од ванила со што ќе го подобрите вкусот на приготвениот десерт.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадно задоволство >
Сосотојки:
200 гр. чоколадо за готвење
2 лажици густин
300 мл. Млеко
150 гр. маргарин
200 гр. чоколадно млеко
300 гр. пишкоти
50 гр. чоколадо
1 лажица масло
Упатства:
Разматете го густинот со малку млеко, а остатокот од млекото сварете го. Додадете го разматениот густин и варете додека смесата не се згусне. Во топлиот фил ставете чоколадо, мешајте додека не се растопи и оставете да се излади. Пенесто изматете маргарин и соединете го со чоколадниот фил. Пишкотите натопувајте ги во чоколадно млеко и ставајте ги во калап. Премачкајте ги со половина од филот, наредете уште еден ред пишкоти, па премачкајте ги со втората половина од филот. Украсете ја тортата со чоколадна глазура и служете ја ладна.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Англиски колачи Cookies >
Сосотојки:
100гр сецкано чоколадо
100гр сецкани ореви
50 гр сецкано суво грозје
1 маргарин
450гр брашно
2 јајца
170гр шеќер
и 1/2 пакетче пециво.
Упатства:
Сето се замесува со малку стопениот маргарин,се прави кора со дебелина од 2 цм(еден прст) и се сечат колачињата со калап. Се печат на температура од 180 степени.на крај може да се посипат со шеќер во прав или прелив од топено чоколадо.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот