265 - 270 рецепти од 270 | Страница: | 1 | << | ... | 21 | 22 | 23 |
Желирана торта од јагоди >
Сосотојки:
150 гр. бисквити
100 гр. маргарин
Прв фил:
500 гр. кисела павлака
300 гр. хопла
120 гр. шеќер
1 кесичка желатин
Втор фил:
1 кгр. јагоди
2 кесички желатин
Упатства:
Измелете ги бисквитите и замесете ги со маргаринот.
Измешајте ја киселата павлака со шеќерот додека не се растопи и додадете го изматканиот шлаг и желатинот кој сте го подготвиле по упатството на кесичката.
Ставете го филот на бисквитите (морате се да ставите во калап за торта). За едниот дел од филот да биде повисок, откако малку ќе се здрви земете фолија и обликувајте ја. Извадете ја фолијата откако малку ќе се стегне филот.
Јагодите исчистете ги, измелете ги, додадете шеќер и загрејте ја смесата неколку минути на шпорет додека шеќерот не се растопи. Направете две кесички желатин по упатството. Додадете го желатинот во смесата со јагоди и ставете го вториот фил над првиот фил на тортата.
Оставете ја тортата цела ноќ да се стегне.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Роденденска торта >
Сосотојки:
За тесто:
15 белки
20 лажици шеќер
20 лажици сецкани ореви
5 лажици мелени плазма бисквити
за фил:
15 жолчки
2 пудинзи од ванила
1 литар млеко
300 гр. маргарин
250 гр. сецкани ореви
250 гр. мелени плазма бисквити
1 литар слатка павлака
За украсување - 500 мл. слатка павлака
Упатства:
Изматете ги белките во цврст шлаг, додадете шеќер и матете додека шеќерот не се растопи. Додадете сецкани ореви и мелени плазма бисквити, па поделете ја масата на три еднакви делови и испечете 3 кори. За фил - со миксер изматете ги жолчките, шеќерот и пудингот и сварете ги во млекото. Во изладениот фил ставете го изматениот маргарин, додадете ги сецканите ореви и мелената плазма, па се добро измешајте. Изматете ја слатката павлака. Првата кора премачкајте ја со жолт фил, а потоа со шлаг. Ставете ја преку другата кора, па повторете ја постапката. Ставете ја и третата кора, жолтиот фил и на крај украсете ја тортата со шлаг.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Чуден колач од портокал >
Сосотојки:
700 мл. јогурт
сок од 1 портокал
80 гр. шеќер
200 гр. брашно
1/2 лажица сода бикарбона
2 белки
35 гр. шеќер
Друго тесто
4 жолчки
70 гр. шеќер
350 мл. млеко
250 г. брашно
2 белки
35 гр. шеќер
Прелив
сок од 1 портокал
80 гр. шеќер
Упатства:
Измешајте го јогуртот со сокот од портокал, додадете шеќер па брашно помешано со сода и на крај додадедте го снегот од белки.
Ставете го да се печи во тава посолена со брашно и печете околу пола час на температура од 160 степени.
На печениот прв дел додадете ја смесата за второто тесто, така што ќе ги измешате жолките со шеќер, па додадете брашно и млеко и на крај снег од белки.
Вратете го плехот во рерна и печете уште 40 минути
Жешкиот колач исечете г на коцки па прелијте го со шербет, кој ќе го направите така што ќе го варите сокот од портокал со шербетот.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Америчка пита од тиква >
Сосотојки:
Тесто
300 гр. брашно
150 гр маргарин
1 јајце
2 лажици шеќер
сол, кора од лимон
Смеса од тиква
300 гр. пире од тиква
200 гр. топено сирење
2 јајца
50 гр. сушена брусница
млеко по потреба
100 гр. жолт шеќер
2 лажици мед
ванила, рум цимет, индиско оревче кора од портокал
Упатства:
Замесете тесто од брашно, маргарин, сол, шеќер, кора од лимон и јајце. Ако не успевате да го замесите додадете 1-2 лажици ладна вода. Завиткајте го во фолија и ставете го пола час во фрижидер.
Сварете ја тиквата на пареа. Пасирајте за да добиете пире. Така направеното пире измешајте го со топеното сирење и двете јајца, медот и зачините. Ако смесата е сува додадете малку млеко.
Обликувајте го тестото во калап за пита и избоцкајте го со вилушка за да не испука. Ставете го во рерна околу 10 минути на 220 степени.
Потоа ставете ја смесата од тиква и сувата брусница. Печете 45 минути на 180 степени, или додека рабовите на тестото не потемнат.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадна торта >
Сосотојки:
3 х 6 јајца
3 х 6 лажици шеќер
3 х 4 лажици брашно
3 х 6 лажици мелени ореви
1 Фил
1/2 кгр. шеќер, 1 л. млеко, 200 гр. чоколадо
2 Фил
250 гр. маргарин, 200 гр. шеќер во прав и 3 јајца
3 фил
250 гр. мелени ореви и 1 чаша млеко
Упатства:
Изматете 3 х 6 јајца, додадете 3 х 6 лажици шеќер, 3 х 4 лажици брашно и 3 х 6 лажици мелени ореви. Секоја кора поделете ја на два дела, така што ќе добиете 6 кори.
1 фил - Ставете на оган 1/2 шеќер и 1 литар млеко да се вари шербет. Кога ќе почне да се згуснува додадете 200 гр. чоколадо и оставете на тивок оган филот убаво да се згусне. Премачкајте ги 6-те кори и оставете ги да се стегне чоколадото на нив.
2 фил - Измиксирајте 250 гр. маргтарин со 200 гр. шеќер во прав и додадете 3 јајца.
3 фил - 250 гр. мелени ореви прелијте ги со една шоља за кафе врело млеко.
Измешајте ги двата фила и филувајте ги корите кои се премачкани со чоколадо.
Глазура - 200 гр. чоколадо и 4 лажици масло
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Сусамки >
Сосотојки:
- 150 гр шеќер
- 65 мл. мед
- 15 мл. вода
- малку сол
- индиско оревче
- 30 гр. путер
- 140 гр. сусам
- ванилин шеќер
- 2 гр. сода бикарбона
Упатства:
Во помало тенџере ставете шеќер, мед, сол, 1 лажица вода и рендано индиско оревче. Сето тоа пуштете го да се стопи на тивок оган со привремено мешање.
Во смесата додадете сусам и пржете на тивок оган со постојано мешање додека не добиете златна боја (околу 5-10 минути)
Тргнете го тенџерето од оган додадете ванила и путер и мешајте додека путерот не се стопи. Додадете сода бикарбона и се убаво промешајте.
Силиконската (или обична) подлога за печење, премачкајте ја со масло и на неа ставете ја смесата многу внимателно да не се изгорите. Израмнете ја до дебелина до која сакате. Оставете да се излади и сечете по желба.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот