25 - 36 рецепти од 270 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 23 |
Американски палачинки >
Сосотојки:
2 банани
3 јајца
5-6 лажици брашно
Упатства:
Јајцата се мамат со миксер. Бананата се пасира и се додава во јајцата. На крај се додава брашно и се мати со миксер. Се пржат и се филуваат по желба.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Кукис (Cookies) >
Сосотојки:
500 гр. брашно
3 јајца
200 гр. шеќер
250 гр. путер или маргарин
1 кесичка прашок за печиво
2 кесички ванила
200 гр. чоколадо
Упатства:
Изматете ги јајцата со шеќерот додека се соединат. Додадете го омекнатиот путер и матете додека не се создаде изедначена смеса. Потоа се додаваат сите состојки и се меша со лажица се додека тестoто не се изедначи и не почне да се одделува од садот.
Исукајте го тестото на набрашнета површина. Потоа развлечете кора со дебелина од 1/2 cm. и вадете форми со мала чаша.
Наредете ги колачите во плех прекриен со хартија за печење и печете 15 минути на 200 C
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Смоква - кокос ролат >
Сосотојки:
За дел од смокви
200 гр. смокви
100 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
50 гр. мелени ореви
За дел од кокос
150 гр. кокос
150 гр. шеќер
150 гр. маргарин
2 лаж. рум
Упатства:
Сомелете ги смоквите, додадете им маргарин исечкан на листови, ореви и шеќер во прав и се добро измешајте со рака додека не добиете компактна смеса.
За делот од кокос измешајте го кокосот, шеќерот и маргаринот исечкан на листови. Додадете рум и мешајте со рака додека смесата не се соедини.
По желба може да направите еден поголен ролат или два помали. Ако правите два помали ролати преполовете ги двете смеси. Исто така само одберете кој дел сакате да Ви биде надворешен, а кој внатрешен.
Ставете на работната маса проѕирна фолија и на неа ставете го белиот дел, одозгора ставете проѕирна фолија и исплескајте ја смесата. Над белиот дел со нож разнесете го делот со смокви, додека потполно не го прекриете белиот дел.
Направете ролат и ставете го да се стегне во фрижидер.
Исечете парчиња со тенок нож.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоко лешник мафини >
Сосотојки:
- 100 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 јајца
- 50 гр. топено чоколадо
- 200 мл. млеко
- 100 гр. брашно
- 100 гр. какао
- 50 гр. пудинг од чоколадо
- 1/2 пак. прашок за печиво
- 1 лажиче сода бикарбона
- 2 лажички цимет
- 70 гр. сецкани лешници
Упатства:
Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете 1 јајце, па потоа додадете го и другото. Во смесата ставете го стопеното чоколадо, а потоа наизменично додавајте какао, млеко и пудинг со постојано матење. На крај додадете го претходно измешаните прашок за печиво, сода бикарбона и цимет. Во плех за мафини ставете хартиени корпички и наполнете ги со смесата до висина од 2/3. Наросете со сецкани лешници и печете околу 20 минути на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тути фрути мафини >
Сосотојки:
- 150 гр. суво овошје
- 300 гр. брашно
- 100 гр. шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- малку сол
- 1 јајце
- 250 мл. млеко
- 125 гр. маргарин
- сок од половина лимон
- шеќер во прав
Упатства:
Во сад измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за печиво и малку сол. Во омекнатиот маргарин додајте јајце и млеко, па со миксер изматете ги пенесто. Додадете ги сувите сстојки и сувото овошје кое претходно сте го исечкале. Смесата ставете ја во калап за мафини, во хартиени корпички. Готовите мафини наросете ги со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Снек бар од јатки >
Сосотојки:
-Чаша за чај ореви
-Чаша за чај лешници
-Еден филџан бадеми
-Една рака сусам
-Една рака ленено семе
-Една лажичка мед
-Две табли чоколада
Упатства:
Истурате се заедно во подлабок сад.Претходно ја топите чоколадата.Ја ставате во врела вода(отприлика 5-6 лажици) без да ја загревата,таа сама се топи...Мешате со раце убаво.Ја истурате смесата на најлон(од тој за готвење)и ја притискате со нешто рамно,може со чинија.Идеално ќе биде ако имате некоја плитка но широка чинија.Убаво ја притискате и ја ставате во фрижидер.Сечете како сакате, може да се извадат и некакви форми.
Извор: http://makstrip.com.mk/
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден чизкејк - Срце за двајца >
Сосотојки:
-Филџан сецкани ореви(може и мелени)
-филџан сецкани лешници
-2-3 лаж. овесни снегулки
-2 лаж. семе од лен
-2 лаж. сусам
-10-тина урми(со извадена семка и исецкани на ситно)
-1 лаж. кафеав шеќер
-2 табли чоколадо за готвење(стопени на водена пареа)
Упатства:
Истурате се во еден подлабок сад и мешате со рака.Треба да добиете нешто како ровко тесто.Тоа тесто го лепите на некоја рамна површина која ја поросувате со кокосови струготини,за полесно да се сече.
За филот:
-1 банана со две лажици мелени пченични никулци(испасирани)
-за срцето,4-5 вишни со едно резне праска и кокосови струготини
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Бајадера со оризови снегулки >
Сосотојки:
2 јајца
300 грама шеќер
150 грама чоколадо
250 грама маргарин ( коцка)
300 грама мелени бисквити
100 грама оризови снегулки
100 грама чоколадо
3 лажици масло
Упатства:
Јајцата и шеќерот се матат пенесто. Ги ставаме на тивок оган и ги додаваме маргаринот и чоколадото. Мешаме додека убаво не се стопат маргаринот, шеќерот и чоколадото.
Тргаме од оган и ги додаваме бисквитите и снегулките. На намастена тава ја истураме смесата рамниме со раце и ставаме глазура.
Глазурата ја правиме со растопено чоколадо на 3 лажици масло.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Ситни колачи >
Сосотојки:
300 грама локум
150 грама шеќер
100 грама ореви
150 грама бисквити
50 грама печен сусам
125 грама маргарин
Упатства:
Се става шеќерот и еден мал филџан вода да зовријат.Се меша на тивок оган додека не се растопи шеќерот.
Локумот се сече на на ситни парчиња и се додава во шербетот.Се меша на тивок оган додека не се растопи.Се трга од оган и се додава маргаринот.Мешаме додека не се растопи.
Се додаваат оревите, бисквитите и сусамот и смесата се изедначува.Оставаме да се излади.
Од изладената смеса на маса расукуваме кора од неа вадиме колачиња со помош на калапчиња.Украсуваме со растопено бело и црно чоколадо.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Полумесечинки од ресанa >
Сосотојки:
4 пакетчиња ресана
250 грама шеќер во прав
2 пудинга од ванила
1 пакетче кокос
1 маргарин коцка
400 милитри млеко
Упатства:
Се варат пудинзите спрема упатството на кесичката.
Го оставаме да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и му се додава на пудингот па уште малку се меша.
Ресаните ги сечкаме на пола и ги мачкаме со фил тала што чоколадната страна да биде одозгора и одоздола.
Се валкаат во кокос од страните.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта >
Сосотојки:
за фил:
3 пудинзи од ванила ( може и овошни ) или комбинирани
1 лажица нишесте
10 лажици шеќер
1 маргарин
250 грама шеќер во прав
за кора:
1 чаша вода ( за се се користи чаша за млеко )
1 чаша шеќер
1 чаша масло
2 чаши брашно
малку сода бикарбона
1 пециво
1 ванила
3 лажици мармалад
портокал
Упатства:
3 пудинзи се варат со вода ( ако сакате мрсна со млеко ) заедно со 10 лажици шеќер и нишестето, се остава да се лади, настрана го матиме маргаринот со шеќерот па го мешаме со убаво оладените пудинзите.
Се ставаат сите состојки по ред, се ренда малку кора од портокал и се става малку сок од портокалот, смесата се меша убаво па се става во намачкан плех со маргарин и се пече во загреана рерна на 200 степени.Откако ќе се испече се филува и декорира по желба.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кадаиф >
Сосотојки:
500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје
Упатства:
Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимунот сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот