Непечена чоколадна торта >
Сосотојки:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300g млечно чоколадо
100g бело чоколадо
500ml слатка павлака
Пакетче бисквити
Упатства:
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.
Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.
Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ? додадете во темното и светлото чоколадо.
Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.
Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.
Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.
Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.
Сечете и декорирајте по желба.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна торта со јаготки >
Сосотојки:
500 гр. бисквити
800 мл. вода
400 гр. шеќер
1/4 маргарин
200 мл вода
2 пудинзи од ванила
овошје по желба
шлаг пена по желба
Упатства:
500гр бисквити,се кршат и се растураат во подлабок плех за печење. Настрана во тенџере тураме 800 мл вода и 400 гр секер да зоврие.
Кога ке зоврие црпиме една чаша (од оние за млеко) од шербетот и ги попрскуваме бисквитите.
Во останатиот шербет кој врие додаваме 1/4 маргарин.Во 200 мл вода разматуваме 2 пудинзи од ванила.Го оставаме шербетот да врие 5 мин.
Над бисквитите редиме 400-500 грама сецкани јагоди(може и вишни,праски,кајсии, малини и сл.)
Го тураме разматениот пудинг во шербетот и мешаме. Кога ке згусти смесата,потураме над овошјето.
Израмнуваме со лажица одозгора да биде рамномерно и оставаме да се излади.Потоа кога ќе се излади може да се декорира одозгора со шлаг пена.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече >
Сосотојки:
6јајца
300гр. шеќер
400гр брашно
1 пециво
2 пак. ванилин шеќер
0,5л хопла
350 мл.кондензирано млеко
0,5-0,6 л.млеко(трајно)
500гр карамел
Упатства:
6 јајца се матат со 300гр шеќер
потоа се додава 400гр. брашно,1 прашак за пециво и 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Смесата се тура во правоаголен подлабок плех,прекриен со хартија за печење.
Се печи на 180-200 степени околу 20 мин. Се вади тестото од плехот и му се отстранува хартијата.На дното од плехот тураме половина од хоплата(да се прекрие дното)Одозгора го ставаме тестото и го сечиме на коцки.Потоа ја дотураме одозгора другата половина од хоплата.Следно го тураме кондензираното млеко,на крај го дотураме и трајното млеко.Оставаме 5-6 мин.млекото да се впие во тестото и премачкуваме со карамел одозгора.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Колач со наполитанки >
Сосотојки:
Состојки за тесто:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
половина кесичка прашок за пециво
Состојки за фил:
1 л. млеко
3 пудинзи од ванила
3 лажици густин
6 жолчки
200 гр. шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. Милка чоколадо
150 мелени наполитанки
Упатства:
Изматете снег од белките, додадете шеќер, а потоа пополека со лажица додадете го брашното, прашокот за печиво и оревите. Испечете го тестото во плех.
Сварете го пудингот и густинот во млекото и додадете жолчки. Кога ќе се излади додадете го маргаринот. Поделете го кремот на 2 дела. Во едниот дел додадете го растопеното чоколадо, а во другиот дел додадете ги наполитанките. На тестото намачкајте го прво кремот од наполитанки, а над него кремот од чоколадо. На крај украсете го колачот со шлаг.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Сахер торта за Св. Валентин >
Сосотојки:
Тесто:
180 гр. чоколадо за готвење
140 гр. маргарин
160 гр. Шеќер
120 гр. Брашно
8 јајца
1 ванила
Премаз:
150 гр. Мармалад од кајсии
1 лажица рум
Глазура:
200 гр. Чоколадо за готвење
80 мл. Вода
80 гр. Шеќер во прав
50 гр. Маргарин
1 капка масло
Упатства:
Изматете го маргаринот пенасто, додадете го омекнатото чоколадо, шеќер и ванилин шеќер и се изматете додека не добиете еднолична смеса. Потоа додавајте една по една жолчка, а потоа и брашно. На крај додадете го изматениот снег од белки.
Калапот за торта (во вид на срце) обложете го со хартија за печење на колачи или намачкајте го со маргарин и набрашнете. Ставете ја смесата за кора и печете во претходно загреана рерна на 180 C околу еден час.
Тестото исечете го на половина и премачкајте ги двете половини со мармалад, во која ќе измешате малку рум и поклопете ги двете теста.
Премачкајте ја целата торта со мармалад и прелијте ја со чоколадо.
Глазура: Шеќерот и водата загрејте ги на тивок оган, додека шеќерот не се растопи. Оставете кратко да врие, тргнете го од оган и измешајте чоколадо и маргарин, додека се` не се спои. Гответе на тивок оган околу 3 минути.
Украсете ја тортата по сопствен вкус.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Еским торта >
Сосотојки:
Тесто
6 јајца
15 лажици млака вода
8 лажици шеќер
300 гр. брашно
100 гр. мелени ореви
1 прашак за печиво
Фил
1 литар млеко
11 лажици гриз
100 гр. мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
кора од лимон
1 маргарин
250 гр. шеќер во прав
Упатства:
Јајцата се матат со млаката вода и шеќерот. Им се додава брашното, печивото и оревите. Се печи со намрзен плех, обложен со хартија. Откако ќе се излади се сечи на две ленти.
Гризот се меша со дел од млекото и шеќерот, а останатото млеко се вари. Се додава гризот и се меша додека не се згусне. Се остава потполно да се излади.
Маргаринот се миксира со 250 гр. шеќер во прав.
Се меша изладениот гриз со маргаринот, се додаваат 100 гр. меленим ореви, две ванили и кора од лимон (или портокал).
Се филува тортата
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Panna cotta од чоколадо >
Сосотојки:
250гр чоколадо за готвење
250мл млеко
250мл слатка павлака
5 жолчки
200гр шеќер во прав
1 лажица густин
1 кесичка желатин
2 лажици врела вода
за глазура:
35гр бело чоколадо
35гр темно чоколадо
лажица масло
Упатства:
Загрејте го млекото и слатката павлака, прелијте преку чоколадо скршено на прачиња, измешајте чоколадото да се стопи.
Жолчките, шеќерот и густинот матете ги со миксер со поголема брзина додека жолчките не осветлат и не станат како крем. Во изматените жолчки додадете млеко и чоколадо, лесно измешајте, ставете на тивок оган и повремено мешајќи почекајте да зоврие, варете 2,3 минути. Кремот ќе стане доста густ. Тргнете од оган, додадете желатин кој во меѓувреме сте го стопиле со врела вода, измешајте и истурете во калап претходно облиен со ладна вода.
Глазура-растопете чоколадо со лажичка масло.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Трилече торта >
Сосотојки:
За пандишпан:
6 јајца
300 гр брашно
300 гр шеќер
1 ванила
1 пециво
За прелив:
750 мл хопла (нематена)
1 л млеко
250 мл млеко во прав
За премачкување - карамела
Упатства:
Белките се матат со шеќерот цврсто како шлаг, па се додаваат жолчките една по една, и се мати додека смесата не се соедини. Се додава брашното и пецивото и се меша со жица за матење. Веднаш се истура во подмачкан и набрашнет плех, и се става во загреана рерна, првите 10 минути на 200 степени, па се намалува на 180, и се печи уште 20-тина минути.
Се остава да се излади, па се превртува на крпа. Во меѓувреме се мешаат млеката и хоплата, па половина од преливот се става во плехот, во него се става пандишпанот(може да го избоцкате со вилушка за поубаво до го впие преливот), и над него се тура другата половина. Се остава да впие од млекото околу 2 часа, па се сече на коцки и се става во фрижидер. По желба се премачкува со готов карамел.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јагоди >
Сосотојки:
500 гр. кори
500 гр. јагоди
250 мл. слатка павлака
3 јајца
100 гр. шеќер во прав
100 гр. шеќер кристал
малку сол
малку масло
Упатства:
Имијте ги и исчистете ги јагодите. исечете ги на четвртини. Поделете ги подеднакво во пет садови и во секој сад додадете по 20 гр. шеќер во прав. измешајте. Изматете ги белките со малку сол, а жолчките со шеќер кристал. Изматете ја со миксер и слатката павлака. Се заедно измешајте. Во секој сад со јагоди додадете по 7 лажици од смесата. Оставете малку смеса за премачкување на кората.
Првата кора премачкајте ја со малку масло и на неа ставете ја втората кора. Повторете ја постапката со 3-те кори. На последната кора ставете ја цела смеса од 1 сад. завиткајте ја во форма на ролат и краевите на кората завиткајте ги кон внатрешната страна. Повторете ја постапката со сите кори. Корите одозгора премачкајте ги со смесата. Печете на 200 степени.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Кремисимо коцки >
Сосотојки:
600 милилитри млеко
2 кесички пудинг од ванила
125 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
3 лажици шеќер
100 грама крем
70 грама темно чоколадо
4 крем банани
36 парчиња бисквити
200 милилитри млеко за бисквитите
Упатства:
Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
Исечете го на коцки и послужете.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пржени лепчиња полнети со еурокрем >
Сосотојки:
Парчиња леб
Еурокрем/џем
јајце
Упатства:
Од парчиња бриош лепче(или по избор) исечете ги коричките од 4 страни. Секое лепче нежно исукајте го со сукало или овален предмет. Премачкајте го со еурокрем или џем и завиткајте го. Потопете го во изматено јајце и пржете го на сосем малку масло на загреана тава. Јас ги правев во грил тава. Испржете ги убаво од сите страни и наросете им шек?ер во прав, а послужете ги со овошје по избор.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Брз колач со овошје >
Сосотојки:
3 јајца
3 чаши шеќер
3 чаши млеко
6 чаши брашно
1 чаша масло
1 пециво
Упатства:
Во длабок сад изматете ги јајцата со шек?ерот, додадете ги маслото, млекото па брашното и пецивото(шолја 200-220 мл). Смесата истурете ја на хартија за печење или намрсен плех(бр.30 или поголем). Одозгора ставете парчиња овошје, свежо или од компот и печете во загреана рерна на 180 С околу 30-40 минути. Јас ставив свежи цреши и јаготки(околу 150 гр овошје). Оставете да се излади, па исечете го.Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот