1 - 12 рецепти од 19 | Страница: | | 1 | 2 |
Ликер со цреши >
Сосотојки:
2,5 кгр. здрави и цврсти цреши
2 литри домашна ракија со 40% алкохол
0,75 литри вода
2 кгр. шеќер
Упатства:
Измијте ги и добро исчистете ги црешите. Можете да му ги извадите и коските. Ставете ги во стаклен сад и покријте ги со ракија. Затворете го садот и оставете ги да стојат на сончево место
По отприлика 5-6 седмици, алохолниот сок процедете го со густа, повеќеслојна стерилна газа.
Во водата додадете шеќер, варете и мешајте додека шеќерот не се стопи. Оставете го шербетот да се излади. Соединете го со алкохолниот сок и ставете го ликерот во шишиња кои добро ќе ги затворите. Чувајте го ликерот на суво и темно место.
Подобар ќе биде ако отстои уште 2 месеци пред употреба.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер од јаготки >
Сосотојки:
350 мл. вино розе
250 гр. шеќер
350 гр. исчистени јаготки
100 мл. вотка или ракија
Упатства:
Загрејте го виното на ниска температура. Јаготките измијте ги, исчистете ги и исушете ги. Исечете ги на половина или на четвртина
Загреаното вино прилијте го преку јаготките, поклопете го тенџерето и оставете да стои 48 часа.
По 48 часа процедете ја течноста и добро исцедете.
Тенџерето со течност ставете го да врие на оган, додадете шеќер и тргнете го од оган. Мешајте додека шеќерот не се стопи.
Оставете ја течноста да се излади. Во изладената течност додадете вотка, промешајте и уживајте во ликерот.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Маргарита >
Сосотојки:
40ml текила
20ml ликер од портокал (Cointreau, Triple sec)
10ml сок од зелен лимон
сол
мраз
Упатства:
Чашата во која што се служи коктелот Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен.
1. Со парче лимон навлажнете го работ на чашата и потопете го во сад со покрупна сол.
2. Состојките ставете ги во шејкер и додајте мраз.
3. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
4. Потоа прецедете ја течноста и налејте ја во претходно приготвената чаша.
5. Украсете го коктелот со парче зелен лимон
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана - малина Smoothie >
Сосотојки:
1 банана
10-12 урми без семки
200-300 грама малини или јагоди
30 грама сладок компир (добар извор на прогестерон кој штити од рак на дојка)
1-2 лажици ленено семе за Омега 3
Упатства:
Ставете ги состојките во блендер и напитокот е готов.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Диетално топло чоколадо >
Сосотојки:
За 1 шолја потребни ви се:
1 шолја вода
2 лажици какао во прав
1 лажица мак во прав
? лажица екстракт од стевија или засладувач
Малку цимет
4-5 лажици бадемово млеко
Неколку капки ванила арома
Упатства:
Зовријте ја водата и ставете ја во голема шолја. Не ја полнете цела, да има место и за останатите состојки.
Додајте го какаото и макот во прав и добро промешајте. Додадете ги и другите состојки и продолжете да мешате.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Коктел Бунарче >
Сосотојки:
2 литри бело вино
1/2 литар газиран сок
1/2 литар газирана вода
2 лимони
1 портокал
1 јаболко
суво грозје
коцки лед
Упатства:
Во длабок сад измешајте ги сте состојки. овошјето измијте го и ситно исецкајте го. Изборот на овошје е по желба, но мора да ставите лимон. Светлиот газиран сок најчесто да биде Schweppes или Sprite
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Ирско кафе со бурбон и ликер од лешници >
Сосотојки:
Бурбон
Ирски крем (за најдобар вкус – Бејлис)
1 лажица ликер од лешници
Свежо подготвено кафе
Шлаг пена
Упатства:
Наполнете ја шолјата до половина со жешко кафе, а останатата половина дополнете ја со бурбон и ирски крем (со еднаква количина). За крај додајте го и ликерот од лешници и декорирајте со шлаг пена.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Кубанско мохито >
Сосотојки:
1 мала лажичка шеќер во прав
сок од 1 лимета (60 мл)
4 листа ментол-нане
1 гранче нане
бел рум „хавана клуб“ (60 мл)
60 мл газирана вода
Упатства:
Ставете ги листовите ментол-нане во висока чаша за мохито и врз нив истискајте го сокот од лимета.
Додајте го шеќерот во прав, а потоа со толчник (или со дршка на виљушка или лажица, ако немате толчник) нежно изгмечете го нането во сокот од лимета и шеќерот. Додајте мраз (по можност искршен), а потоа додајте го румот и измешајте, и завршете со додавање на газираната вода. Украсете со гранче ментол-нане.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадно кафе >
Сосотојки:
200 гр. чоколадо
200 мл. вода
800 гр. млеко
200 гр. шеќер
100 мл. кафе
Упатства:
Чоколадото се ренда и се става во загреана вода. Се става на тивок оган и во него се додава засладеното млеко. Добро се разбива. На крај се додава кафето.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер од млад орев >
Сосотојки:
40 оревчиња
2 л ракија (по избор)
1 кг. шеќер
Упатства:
Сето тоа се става во големо шише или голема тегла, се да собере во едно, и се остава да стои 40 дена. Доколку ракијата е многу лута, може да се стави повеќе шеќер.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
me_mother_of_three: Бронхи млеко >
Сосотојки:
Една шолја (250 мл) млеко
5-6 (30 гр) Бронхи бонбони
Упатства:
На тивко се загрева млекото, се додаваат карамелите и постојано се меша додека целосно не се стопат.
Се консумира топло а по желба додадете матена слатка павлака.
Пробајте, гарантирано ќе стане вашиот омилен зимски напиток
Follow me_mother_of_three on Instagram
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден ликер >
Сосотојки:
100 милилитри Вода
200 милилитри Водка
500 милилитри Млеко
100 грама Чоколадо
500 грама Шеќер
Упатства:
Се мешаат млекото, шеќерот, чоколадото и водата.
Откако ќе проврие мешавината и добро ќе се излади, се додава 200 грама алкохол.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот