13 - 19 рецепти од 19 | Страница: | | 1 | 2 |
Кубанско мохито >
Сосотојки:
1 мала лажичка шеќер во прав
сок од 1 лимета (60 мл)
4 листа ментол-нане
1 гранче нане
бел рум „хавана клуб“ (60 мл)
60 мл газирана вода
Упатства:
Ставете ги листовите ментол-нане во висока чаша за мохито и врз нив истискајте го сокот од лимета.
Додајте го шеќерот во прав, а потоа со толчник (или со дршка на виљушка или лажица, ако немате толчник) нежно изгмечете го нането во сокот од лимета и шеќерот. Додајте мраз (по можност искршен), а потоа додајте го румот и измешајте, и завршете со додавање на газираната вода. Украсете со гранче ментол-нане.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Густ сок >
Сосотојки:
- 1 кгр. јаболка
- 1 кгр. круши
- 1 кгр. дуњи
- 1 кгр. моркови
- 1,5 кгр. шеќер
- вода
Упатства:
Јаболката, дуњите, крушите и морковите излупете ги и исечете ги на парчиња. Секој производ варете го посебно.
Исцедете ги јаболката, дуњите, крушите и морковите. Составете ја водата во која ги варевте. Додадете иста количина на вода, колку што имате.
Обареното овошје бленирајте го, додека не добиете каша.
Добиената каша соединете ја со водата.
Во тоа додадете шеќер.
Ставете го сокот да проврие во лонец. Соберете го во топли стаклени шишиња. Завиткајте ги шишињата со кебе и останете ги да отстојат цела ноќ.
Од оваа количина ќе добиете 15 л сок.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана - малина Smoothie >
Сосотојки:
1 банана
10-12 урми без семки
200-300 грама малини или јагоди
30 грама сладок компир (добар извор на прогестерон кој штити од рак на дојка)
1-2 лажици ленено семе за Омега 3
Упатства:
Ставете ги состојките во блендер и напитокот е готов.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Маргарита >
Сосотојки:
40ml текила
20ml ликер од портокал (Cointreau, Triple sec)
10ml сок од зелен лимон
сол
мраз
Упатства:
Чашата во која што се служи коктелот Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен.
1. Со парче лимон навлажнете го работ на чашата и потопете го во сад со покрупна сол.
2. Состојките ставете ги во шејкер и додајте мраз.
3. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
4. Потоа прецедете ја течноста и налејте ја во претходно приготвената чаша.
5. Украсете го коктелот со парче зелен лимон
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер со круши и вишни >
Сосотојки:
малку Цимет
300 милилитри Суво бело вино
100 милилитри Сок од боровница
1 парче/чиња Лимон
500 грама Круши
200 грама Шеќер
Упатства:
Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.
Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин.
Исцедете ги и оставете ги настрана.
Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира.
Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.
Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден ликер >
Сосотојки:
100 милилитри Вода
200 милилитри Водка
500 милилитри Млеко
100 грама Чоколадо
500 грама Шеќер
Упатства:
Се мешаат млекото, шеќерот, чоколадото и водата.
Откако ќе проврие мешавината и добро ќе се излади, се додава 200 грама алкохол.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер од млад орев >
Сосотојки:
40 оревчиња
2 л ракија (по избор)
1 кг. шеќер
Упатства:
Сето тоа се става во големо шише или голема тегла, се да собере во едно, и се остава да стои 40 дена. Доколку ракијата е многу лута, може да се стави повеќе шеќер.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот