13 - 19 рецепти од 19 | Страница: | | 1 | 2 |
Ликер со круши и вишни >
Сосотојки:
малку Цимет
300 милилитри Суво бело вино
100 милилитри Сок од боровница
1 парче/чиња Лимон
500 грама Круши
200 грама Шеќер
Упатства:
Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.
Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин.
Исцедете ги и оставете ги настрана.
Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира.
Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.
Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер со цреши >
Сосотојки:
2,5 кгр. здрави и цврсти цреши
2 литри домашна ракија со 40% алкохол
0,75 литри вода
2 кгр. шеќер
Упатства:
Измијте ги и добро исчистете ги црешите. Можете да му ги извадите и коските. Ставете ги во стаклен сад и покријте ги со ракија. Затворете го садот и оставете ги да стојат на сончево место
По отприлика 5-6 седмици, алохолниот сок процедете го со густа, повеќеслојна стерилна газа.
Во водата додадете шеќер, варете и мешајте додека шеќерот не се стопи. Оставете го шербетот да се излади. Соединете го со алкохолниот сок и ставете го ликерот во шишиња кои добро ќе ги затворите. Чувајте го ликерот на суво и темно место.
Подобар ќе биде ако отстои уште 2 месеци пред употреба.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Маргарита >
Сосотојки:
40ml текила
20ml ликер од портокал (Cointreau, Triple sec)
10ml сок од зелен лимон
сол
мраз
Упатства:
Чашата во која што се служи коктелот Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен.
1. Со парче лимон навлажнете го работ на чашата и потопете го во сад со покрупна сол.
2. Состојките ставете ги во шејкер и додајте мраз.
3. Растресете го шејкерот. Доволни се 20 секунди.
4. Потоа прецедете ја течноста и налејте ја во претходно приготвената чаша.
5. Украсете го коктелот со парче зелен лимон
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Рецепт за домашна боза >
Сосотојки:
1 кгр. пченкарно брашно
10 литри вода
50 гр. пресен квасец
Упатства:
Во голем лонец ставете 1 кг пченкарно брашно со 10 литри млака вода.
Оставете го лонецот да преноќи.
Следниот ден ставете го на тивок оган да се готви околу 2 часа. За време на готвењето потребно е почесто да се меша смесата со дрвена лажица.
Настрана во еден филџан издробете 50 г.квасец во млака вода и оставете го да стаса. Кога квасецот ќе се удвои додајте го и него во лонецот па убаво промешајте.
Смесата процедете ја низ газа и по желба засладете. Кога бозата ќе излади, преточете ја во чисти шишиња кои ќе ги чувате на ладно.
Ако оваа количина ви е голема, тогаш состојките сразмерно намалете ги зошто бозата треба да се испие во следните неколку дена.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Топло бело чоколадо со тиква >
Сосотојки:
650 мл млеко
220 мл пире од тиква
100 г бело чоколадо (ситно исечкано)
1 лажичка ванила
? лажичка цимет
прстофат сол
малку мускантно оревче
малку џумбир
шлаг пена (за декорација)
Упатства:
1.Во сад ставете го млекото, пирето од тиквата и сите зачини. Загрејте го до точка на вриење.
2.Додате го чоколадото. Промешајте додека добро не се растопи. Треба да добиете фина смеса.
3.Префлете го коктелот во чаша, декорирајте со шлаг пена и наросете малку цимет.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколаден ликер >
Сосотојки:
100 милилитри Вода
200 милилитри Водка
500 милилитри Млеко
100 грама Чоколадо
500 грама Шеќер
Упатства:
Се мешаат млекото, шеќерот, чоколадото и водата.
Откако ќе проврие мешавината и добро ќе се излади, се додава 200 грама алкохол.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадно кафе >
Сосотојки:
200 гр. чоколадо
200 мл. вода
800 гр. млеко
200 гр. шеќер
100 мл. кафе
Упатства:
Чоколадото се ренда и се става во загреана вода. Се става на тивок оган и во него се додава засладеното млеко. Добро се разбива. На крај се додава кафето.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот