13 - 19 рецепти од 19 | Страница: | | 1 | 2 |
Диетално топло чоколадо >
Сосотојки:
За 1 шолја потребни ви се:
1 шолја вода
2 лажици какао во прав
1 лажица мак во прав
? лажица екстракт од стевија или засладувач
Малку цимет
4-5 лажици бадемово млеко
Неколку капки ванила арома
Упатства:
Зовријте ја водата и ставете ја во голема шолја. Не ја полнете цела, да има место и за останатите состојки.
Додајте го какаото и макот во прав и добро промешајте. Додадете ги и другите состојки и продолжете да мешате.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Густ сок >
Сосотојки:
- 1 кгр. јаболка
- 1 кгр. круши
- 1 кгр. дуњи
- 1 кгр. моркови
- 1,5 кгр. шеќер
- вода
Упатства:
Јаболката, дуњите, крушите и морковите излупете ги и исечете ги на парчиња. Секој производ варете го посебно.
Исцедете ги јаболката, дуњите, крушите и морковите. Составете ја водата во која ги варевте. Додадете иста количина на вода, колку што имате.
Обареното овошје бленирајте го, додека не добиете каша.
Добиената каша соединете ја со водата.
Во тоа додадете шеќер.
Ставете го сокот да проврие во лонец. Соберете го во топли стаклени шишиња. Завиткајте ги шишињата со кебе и останете ги да отстојат цела ноќ.
Од оваа количина ќе добиете 15 л сок.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Кубанско мохито >
Сосотојки:
1 мала лажичка шеќер во прав
сок од 1 лимета (60 мл)
4 листа ментол-нане
1 гранче нане
бел рум „хавана клуб“ (60 мл)
60 мл газирана вода
Упатства:
Ставете ги листовите ментол-нане во висока чаша за мохито и врз нив истискајте го сокот од лимета.
Додајте го шеќерот во прав, а потоа со толчник (или со дршка на виљушка или лажица, ако немате толчник) нежно изгмечете го нането во сокот од лимета и шеќерот. Додајте мраз (по можност искршен), а потоа додајте го румот и измешајте, и завршете со додавање на газираната вода. Украсете со гранче ментол-нане.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Чоколадно кафе >
Сосотојки:
200 гр. чоколадо
200 мл. вода
800 гр. млеко
200 гр. шеќер
100 мл. кафе
Упатства:
Чоколадото се ренда и се става во загреана вода. Се става на тивок оган и во него се додава засладеното млеко. Добро се разбива. На крај се додава кафето.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер со цреши >
Сосотојки:
2,5 кгр. здрави и цврсти цреши
2 литри домашна ракија со 40% алкохол
0,75 литри вода
2 кгр. шеќер
Упатства:
Измијте ги и добро исчистете ги црешите. Можете да му ги извадите и коските. Ставете ги во стаклен сад и покријте ги со ракија. Затворете го садот и оставете ги да стојат на сончево место
По отприлика 5-6 седмици, алохолниот сок процедете го со густа, повеќеслојна стерилна газа.
Во водата додадете шеќер, варете и мешајте додека шеќерот не се стопи. Оставете го шербетот да се излади. Соединете го со алкохолниот сок и ставете го ликерот во шишиња кои добро ќе ги затворите. Чувајте го ликерот на суво и темно место.
Подобар ќе биде ако отстои уште 2 месеци пред употреба.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Ликер со круши и вишни >
Сосотојки:
малку Цимет
300 милилитри Суво бело вино
100 милилитри Сок од боровница
1 парче/чиња Лимон
500 грама Круши
200 грама Шеќер
Упатства:
Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.
Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин.
Исцедете ги и оставете ги настрана.
Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира.
Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.
Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Леден меден напиток >
Сосотојки:
мед - 100 г
јајца - 2 пар.
црн чај - 500 мл
шеќер - 100 г
лимони - 1 пар.
Упатства:
Жолчките се разбиваат и се раствораат во медот, па се мешаат се додека не се добие хомогена смеса.
Се додава топол чај и смесата се става на водена бања со постојано мешање.
Се додава сок од лимон. Се лади и се сервира во високи чаши.
Белковините се матат како снег со половина од шеќерот. Останатиот шеќер се карамелизира.
Врз пијалокот се става шне од белки и одозгора се полева со топол карамел.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот