1 - 12 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 6 |
Посен мајонез >
Сосотојки:
- нишесте
- ладна вода
- сенф
- шеќер,сол, оцет
Упатства:
Нишестето растворете го во малку ладна вода.
Преостанатата вода загрејте ја, па кога ќе зоврие додадете го разреденото нишесте и на ниска температура сварете густ крем.
Изладената смеса ставете ја во соодветен сад и со постојано матење додавајте и ледена вода, шеќер, сол, сенф и оцет.
На крајот, матејќи, додајте ги маслото и сокот од лимон.
Ледената вода овозможуваме мајонезот побргу да се стегне.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашно млеко од јаткасти овошја >
Сосотојки:
1 чаша ореви, житарки или семиња
3 чаши филтрирана вода
3 лажички шеќер (од шеќерна трска, јаворов сируп,агава,стевиа,кокосов шеќер)
1 лажичка кокосово масло/путер (по желба)
1 лажичка соин или сончогледов лецитин
Ванила, какао, по желба
Прстофат морска сол.
Упатства:
По киснењето, бадемите и другите плодови со лушпа треба да се излупат.
Оваа смеса е доволна за 3-4 чаши, па ако не ги испиете веднаш, чувајте го млекото во стаклено шише во фрижидер.
Оревите, бадемите, семките или зрната ги оставате во филтрирана вода да искиснат. Во водата додавате и малку морска сол. Времетраењето на кинеснењето зависи од самите продукти што ќе ги одберете, но најдобро е да ги оставите цела ноќ. За тоа време во семките и зрната се активираат сите хранливи материи и ензимите.
Исплакнете ги семките и исцедете ги. Ставете ги во блендер заедно со филтрирана вода во однос 1:3. На една чаша семки, најдобро е да започнете со две чаши вода, а потоа за време на миксањето да ја додадете третата чаша вода. Блендерот вклучете го со најсилна брзина и миксајте се додека смесата не стане течна и мазна. Во млекото можете да додадете 1 лажичка кокосово масло, да го засладите по вкус со некој природен засладувач, и една лажичка соин или сончогледов лецитин.
Време потребно за подготовка: 24 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегански мајонез >
Сосотојки:
60 мл. аквафаба
1/2 лажица сенф
1/2 лажица сол
1 лажица лимонов сок
1 лажица јаболков оцет
1 лажица сируп од агава
3/4 шолја масло
бибер
Упатства:
Ставете ги сите состојки во соковник и миксирајте додека не добиете густа смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегански рецепт: Чоколаден пудинг од просо >
Сосотојки:
1 шолја за кафе органско просо
2 средно големи банани
1 средно голем портокал
Засладувач по желба (кафеав шеќер, рогач..)
2 мали лажички какао
Цимет
Упатства:
Подготовка
Просото се вари на тивок оган околу 10-15 минути, откако ќе свари се става во блендер заедно со сите намирници. Се сервира изладено во мали чаши, наросено со кокосови снегулки или со мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата со макарони >
Сосотојки:
300 гр. спирални макарони посни
1 праз
2 конзерви туна
300 гр. посен мајонез
Упатства:
Се варат макароните во солена вода, се цедат.
Се ставаат во сад со ситно сечениот праз, исцедената тун и мајонез.
Се меша, лади и служи.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посно овошно дуо >
Сосотојки:
6 лажици гриз
3 чаши вода
2-3 лажици шеќер
2 рендани јаболка
200 гр. посни бисквити
1 банана
Упатства:
Гризот се вари во однос 3 чаши вода И 6 лажици гриз, 2-3 лажици шеќер.Кога ке се свари се додават рендани јаболка. 200гр. кекси се мелат или бледираат со 1 банана. За да биде кремаста смесата се додава вода по потреба.
Во чаша за сервирање се става смесата од гризот,потоа смесата од кекси.Одозгора се ренда чоколадо за готвење и сецкано овошје по желба,во рецептов се вишни.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Неодоливи посни макарони >
Сосотојки:
500 гр макарони
300 гр печурки
150 гр маслинки
свеж босилек
200 гр брокула
маргарин
кечап
кари
сол
Упатства:
Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.
Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.
Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари сос и друго по желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита >
Сосотојки:
500 гр готови кори
За течен фил
200 мл топла вода
1 квасец
150 мл масло
1 лажичка сол
5-6 големи лажици брашно
Фил
соја трошки
печурки
кромид
бибер
сол
Упатства:
Состојките за фил се мешаат во длабок сад. Со него се премачкува цела кора, се става во неа фил од соја трошки, печурки, кромид, бибер и сол. Се витка посебно секоја кора како пирошка и се реди на подмачкана тава. Кога ќе се свиткаат сите кори, одозгора се прелева со течниот фил. Се пече на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна непечена торта >
Сосотојки:
300 гр. Мелени бисквити
300 гр. Кокосово брашно
250 гр. Маргарин
250 гр. Шеќер
400 мл. Вода
200 гр. Чоколадо
2 лажици масло
Упатства:
Водата и шеќерот да зовријат, се става маргаринот да се стопи. Се трга од оган и се ставаат кокосот и бисквитите. Се меша со лажица. Посебно напареа се топи чоколадото и маслото.
Половина од смесата се става во подмачкан плех, се става половина од чоколадото, па другата половина од смесата. Одозгора се полева со останатото чоколадо.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети печурки >
Сосотојки:
1. 10-тина големи печурки.
2. 100 грама лебни трошки
(Препечете 2 парчиња леб во рерна или на тост, потоа изронете ги со сукало)
3. 50 грама посен рендан кашкавал
4. 2 големи лажици сок од домати
5. 1 лажица маслиново масло
6. сол и црн пипер за вкус
Упатства:
Измијте ги добро печурките и отстранете им ги рачките. Ставете ги на сува крпа да се исушат.
Во друг сад измешајте ги останатите состојќи, додадете ги ситно исечкани рачките од печурките кои претходно ги отстранивте. Додадете сол и црн пипер по вкус.
Загрејте ја рерната на 190 C
Наполнете ги печурките со вака подготвената смеса. Ставете ги во подмачкан плех на оддалеченост од 2см.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени буковки со кромид >
Сосотојки:
3 до 4 главици кромид
1 до 2 домати
400 грама печурки буковки
1 кафена лажица црвен пипер
бибер, сол, зејтин
малку вода (пола филџан за кафе)
Упатства:
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и ја ставаме на рингла да се пржи кромидот, го пржиме на тивок оган. Додека се пржи кромидот го миеме и го лупиме доматот и него го сецкаме на ситни парчиња и го ставаме во подлабок сад, исто така и печурките ги сецкаме на ситни парчиња и нив ги ставаме во подлабок сад. Кога е кромидот поруменет го додаваме доматот и повторно пржиме, исто така ги додаваме и печурките и нив ги пропржуваме. Кога сето е испржено ставаме црвен пипер, бибер и сол и го додаваме филџанот со вода. Оставаме на тивок оган сето тоа убаво да прокрчка и кога ќе биде смесата загустена ја вадиме тавата од оган и кромидот го ставаме во убав голем тањир. Го служиме топло.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со туна >
Сосотојки:
-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 конзерва туна,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
-2-3 мали краставички за украсување.
Упатства:
Исчистените пиперки исечете ги на половина, а потоа на лентички. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата, крупно исечете ја и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туната иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со краставички и маслинки. Се служи со потпечени лепчиња.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот