13 - 24 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 6 |
Посна руска салата >
Сосотојки:
1кг ослиќ сварен и исчистен од кожата и коските?
400гр варен грашок?
400гр морков варен и сецкан на коцки?
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства:
Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Проја >
Сосотојки:
500 гр. жолто пченкарно брашно
3 филџани млака вода
1 филџан масло
сол
прашок за печиво
Упатства:
Измешајте ги сите состојки за да добиете рамномерна смеса. Намрсете ја тавата за печење. Печете во загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта со мармалад >
Сосотојки:
1 чаша шеќер
две чаши брашно
една чаша вода
половина чаша масло
1 лажичка сода
1 лажичка цимет
4 големи полни лажици мармалад
Упатства:
Сите состојки се мешаат со лажица и смесата се става во подмачкан плех. Се пече околу 30 минути на 200 Степени.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Печена пастрмка >
Сосотојки:
малку Сол
300 грама Пастрмка
1 мала китка Магдонос
3 чешне/ниња Лук
Упатства:
Исчистете ја пастрмката и посолете ја минимално. Исчисете го лукот и ситно исецкајте го. Измијте го магдоносот и исецкајте го. Лукот и магдоносот измешајте ги и со добиената смеса наполнете го стомакот на пастрмката. Положете ја вака наполнетата пастрмка во помастено тавче. Покријте го тавчето со фолија.
Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете го тавчето. Печете точно 15 минути. Исклучете ја рерната, извадете ја фолијата и оставете ја пастрмката во рерна уште неколку минути малку да се зарумени.
Сервирајте ја цела во голема чинија и украсете ја по желба.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна крем супа од печурки >
Сосотојки:
4 – 5 чешниња лук
5-6 сецкани печурки
рендан морков
зачини
3-4 лажици брашно
целер
Упатства:
Ситно сецканиот лук и ренданиот морков се пржат во тенџере, се додаваат сецканите печурки и се пржат додека не добијат боја. Се додаваат 3-4 лажици брашно и се пржи додека брашното не добие боја. Постепено се тура вода во тенџерето и се меша со жица за матење, за да не се добијат грутчиња. Се додава сецкан целер, сол и зачини. Се вари околу 30-тина минути.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки "тупаници" >
Сосотојки:
- 3 филџани вода
- 5 филџани масло
- 1 пециво
- сок од половина лимон
- 5 чаши брашно
- шеќер во прав
- 1 ванила
- мармалад или ореви
Упатства:
Водата се става на оган. Откако ќе зоврие се додава маслото, пецивото и сокот од лимон. Се додава брашното и се меша со дрвена лажица.
Тестото се меша убаво додека не стане глатко. Се остава малку да се излади и од него се прават околу 30 топчиња. Секое топче сеплеска на рака со раширени прсти (треба да излезе малку тесто низ прстите). Насредина се става мармалад или сецкани ореви и се затвора со рака Малку се стегнува како тупаница и се превртува во плехот. Слатките се печат околу 20 минути на 250 степени. Топли се брбелаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Печени компири на италијански начин >
Сосотојки:
– 8 компири со средна големина, измиени и исечени во коцки
– 120 г. пармезан
– 60 г. лебни трошки
– ? чаша маслиново масло
– 2 лажици кари сос (или некој друг ваш омилен зачин)
Упатства:
1. Загрејте ја рерната на 425 степени F.
2. Измијте и исечете ги компирите на коцки. Во тенџере со средна големина ставете вода, додадете ги компирите, и гответе ги околу 10 минути само додека малку не омекнат.
3. Во сад, измешајте го пармезанот со лебните трошки и кари зачинот.
4. Веќе исушените компири компири прелиете ги со маслиново масло.
5. Посипете ги со мешавината од пармезан и лебни трошки, се додека не забележите дека сите коцки се добро посипани со смесата.
6. Печете ги 30 минути во рерна или се додека компирите не добијат златно-црвена боја.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посно рижото со печурки >
Сосотојки:
200-300гр Ориз
500гр Шампињони живи
200гр варен грашак
1-2 моркови варени
100гр ореви
Упатства:
Оризот се вари со малку сол или вегета по желба
На страна се пржат исечените шампињони со малку масло.
Од кога ке се свари како пилав оризот, се додава грашакот, печурките и сецкан на коцки морковот како и кршени или сецкани оревчиња..
Може и по желба друг зеленчук.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Посна веге пица >
Сосотојки:
Потребни состојки
- 1 чаша топла вода
- 2 чаши брашно
- 1 пециво
- 4 лажици масло
Упатства:
Замесете тесто од состојките и веднаш направете тенка кора на намрсена тепсија или на хартија за печење(за подобро да го распоредите тестото намрсете ги дланките или исукајте ја кората со сукало). Ставете кечап, оригано, печурки, растителен кашкавал, растителна зденка, маслинки, пченка, грашок и зеленчук по желба. Печете 10тина минути во загреана рерна на 250.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни лазањи со сос од домати и зачини >
Сосотојки:
1 пакетче кори за лазањи
1 кромид
1 голема конзерва излупени домати
1 чаша доматно пире
2 чешниња лук
2 прстофат босилек, сушен
1 прстофат сол
1 прстофат црн пипер
2 гранчиња свеж магдонос
Упатства:
Загрејте маслиново масло на средна топлина. Во него пропржете го искршениот лук. Додадете кромид и измешајте неколку минути. Откако ќе се прошири аромата на тавата, додадете ги доматите и пирето. Зачинете со зачини. Покријте со капак и динстајте на тивок оган додека не се згусне.
Посебно во длабок тенџере зовријте вода. Во неа кратко потопете ги корите од лазањите. Исцедете ги и оставете ги на страна. Откако сосот е готов, во плех наредете ред кори, ред сос и слично додека не се испразнат производите.
Печете ги лазањите завиткани во фолија во загреана рерна на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1/2 кг готови кори
1 кг јаболка
4 л. лебни трошки
4 л. шеќер во прав
цимет
маргарин
Упатства:
Јаболката се лупат и се рендаат. Се редат две кори една врз друга а мегу нив се попрскува растопен маргарин. Врз втората кора на едниот крај се става дел од ренданите јаболка, се наросува лебни трошки и шеќер во прав и малку цимет. Се витка во ролат. Постапката се повторува додека се потрошат корите. На крај се попрскува со останатиот маргарин и се пече триесетина минути на 200 степени. Испечената штрудла се покрива со алуминиумска фолија за малку да омекне. Кога ќе се излади се попрскува со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна ореова торта >
Сосотојки:
5 филџани млака вода
1 лажиче сода бикарбона
2 филџани филџани масло
1 ванила
5 филџани шеќер
4 филџани гриз
5 филџани мелени ореви
5 филџани брашно
2 лажици мармалад
1 лажиче какао
Упатства:
Се мешаат убаво сувите состојки, па се додаваат течните. Убаво се меша додека не се соедини да нема грутчиња Се печи во тавче бр.28, посипано со брашно, на 180 Ц, 30тина мин. По желба се посипува со шеќер во прав. Лесна, брза и вкусна. Напомена филџаните се за кафе од 100 мл.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот