25 - 36 рецепти од 71 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Баклава со кикиритки a la Тања >
Сосотојки:
1 кг кори)
300 грама кикиритки (повеќето мелени, мал дел сецкани)
200 г. посни мелени бисквити
100 г рендано посно чоколадо за говење
1 лажица шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 маргарин (за преливање)
1200 г шеќер (за шербет)
1 лимон
Упатства:
Состојките се мешат во еднолична сува смеса. На секоја кора се става од смесата на едниот кај и се витка во ролат. Така се виткаат сите кори. Се редат во четвртаст плех. Се сече на долгнавести парчиња и се полева со растопениот маргарин. Се пече 40 минути на 200 степени. Кога ќе се олади се прелева со врел шербет приготвен од 1200 г шеќер и 1000 мл вода на кој му се додава неколку тркалца лимон.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилав со зеленчук >
Сосотојки:
2 главици кромид
4-5 зелени пиперки
2-3 супени масло
4 средни домати
2 средни компири
1 сад булгур пилав
2,5 сад варена вода
1 лажичка шеќер
Упатства:
Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки пржете ги во 2-3 лажици масло.
4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садот за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете.
Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека оризот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тавче ориз и компир >
Сосотојки:
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол
Упатства:
Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна мусака со компири и ослич >
Сосотојки:
700 гр. компири
500 гр. ослч
1 главица кромид
масло
пченкарно брашно
вода
сол
зачини
Упатства:
Претходно одмрзнатите и исчистени филети од ослич исечете ги на коцки.
Компирот излупете го и исечете го на листови.
Обилно подмачкајте ја тавата со масло и наредете еден слој компири и посолете ги. Над компирите ставете ја исечканата риба и кромидот, посолете и ставете масло. Одозгора ставете ги останатите компири.
Четири лажици пченкарно брашно измешајте со вода за ја добиете смеса со густина како тесто за палачинки. Посолете ја смесата и прелијте ја мусаката.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути, додека не добие заруменета коричка.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни кифлички >
Сосотојки:
140 гр. масло
180 гр. брашно
70 гр. мелени бадеми
30 гр. шеќер
шеќер во прав
Упатства:
Замесете тесто од маслото и брашното, додадете ги измелените бадеми и шеќер. од тестото направете мали кифлички и наредете ги во подмачкан плех.
Печете на умерена температура, но внимавајте да не се зацрвенат. Посипете ги со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки - бовчи >
Сосотојки:
3 фил масло,
2 фил вино
1 пециво
Брашно по потреба
Фил:
4 јаболка лупени рендани
2 лајци гриз
2-3 лајци шеќер во зависност од киселоста на јаболкото
Ореви сецкани
Цимет
Сето ова се меша заедно
Упатства:
Се меси тврдо тесто и се дели на топчиња околу 35-40, се плеска колку тацна големина и се става фил и се виткаат како бовчи. Се печат на 200 степени и на крај се брбелаат со шеќер во прав
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни варени гевречиња >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
1 лажица сол
150 мл. масло
1 квасец
500 мл. вода
Упатства:
Во длабок ставаме 1 кг брашно,1 голема лажица сол,една мала лажичка шеќер,150 мл масло и 1 коцка квасец растопен во малку вода.Сето ова се замесува со 500 мл млака вода.Се остава да се одмори тестото 30 минути ии се прават мали топчиња.Топчињата се расукуваат со сукало ,се засекуваат на едниот крај и се виткаат.Секое ѓеврече се потопува во ладна вода , се валка во сусам и се реди во подмачкан плех .Одозгора се става по малку маргарин и се пече на 250 20-30 минути
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки со пиво >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
500 мл.масло
1 пециво
6 лажици гриз
250 мл пиво
Шербет
800 мл. вода
1 кгр. шеќер
овошје за декорација
Упатства:
Прво се вари шербетот и треба да се излади. Се замесува тесто од состојките. Се прават топчиња и по желба на средина се става некое овошје од слатко или компот, а може и суво овошје. Се пече на намастена тава на 220 Степепени 15-20 минути. Штом се извадат се полеваат врели колачи со изладен шербет. На крај се валкаат во кокос или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен ролат "мачкини очи" >
Сосотојки:
250 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3 дл. бело вино
200 гр. брашно
1 лажичка сода бикарбона
Фил:
1 кесичка пудинг од ванила
5 лажици шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
сок и кора од 1 лимон
100 гр. чоколадо
4 банани
Упатства:
Измешајте ги мелените ореви, шеќерот, виното и брашното помешано со сода бикарбона. Тавата подмачкајте ја со масло и ставете ја смесата за тесто. печете во претходно загреана рерна на 200 степени.
Печеното тесто ставете го на платнена крпа и завиткајте го во форма на ролат. Оставете го да се излади.
Измешајте го пудингот со шеќерот во прав и сварете го со вода. Додадете го изматениот маргарин во пудингот.Потоа додадете ги мелените ореви и чоколадото стопено на пареа.
Се добро измешајте и рамноерно разнесете една половина од филот на веќе испечената кора.
Излупете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон. Наредете ги на средината на тестото во должина. Завиткајте го ролатот и одозгора премачкајте го со остатокот од филот. Украсете го ролатот со рендано чоколадо.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата "Јадран" >
Сосотојки:
250 гр. интегрален ориз
2 кисели краставички
1 пиперка
3 големи конзерви туна
2 конзерви сардина
1 рака црни маслинки
1 филџан масло
5 домати
1 лажичка мајоран
1 лажичка мајчина душица
3 чешнина лук
сок од 2 лимони
1 лажица посен мајонез
зелен асалата
бибер
сол
Упатства:
Сварете ги интегралниот ориз во вода во која ќе додадете 1 лажиче сол и 1 лажица масло. Изцедете го и оставете го да се излади. Исечете ги краставичките на кругови, а пиперката и доматот на коцки. Туната и сардината исцедете ги од маслото, исечкајте ги и измешајте ги со другите состојки. сето измешајте го со оризот. Направете смеса за маринирање од масло, лук, сок од лимон и зачини и прелијте ја салатата со маринада. Сервирајте ја на листови зелена салата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети модри домати >
Сосотојки:
2 модри домати
1 главица кромид
2 чешниња лук
200 гр свежи шампињони
1 тиквица
5 лажици доматно пире
Сирење по желба (било кое млечно сирење)
1 домат или неколку шери домати
Зачини по желба (сол, црн пипер, босилок, мајчина душичка)
Упатства:
Модрите домати ги сечеме на половина по должина и ја вадиме внатрешноста. Вака празни ги ставаме на хартија за печење и ги посолуваме, попрскуваме малку со масло за јадење и ги ставаме 10 минути на 180оЦ. Во меѓувреме ги пропржуваме кромидот и лукот и потоа ги додаваме ситно исецканите печурки и малку вода и динстаме неколку минути. Кон ова ја додаваме внатрешноста од модрите домати, ситно исецкана, и ситно исецканата тиквица. Мешаме и додаваме зачини и оставаме да се динста 10-тина минути. Потоа додаваме доматно пире и динстаме уште неколку минути. Со оваа смеса ги полниме модрите домати и ставаме кругови од доматите. Ги оставаме да се печат на 180 оЦ, 10-15 минути. Потоа при крај ги редиме кришките сирење и допекуваме уште неколку минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети посни пиперки со компири >
Сосотојки:
4 големи пиперки
3 големи компира
масло
сол, црн пипер
чили пипер по желба
1 кромид
3 чешниња лук
Упатства:
Исечете ги пиперките на половина по должината и исчистете ги од семето. Изрендајте ги на ренде излупените компири и во сад измешајте ги со исеканите кромид, лук, сол, црн пипер. Потоа наполнете ги пиперките со смесата.
Покријте го садот за печење со алуминиумска фолија и печете до подготвеност на компирот. Отстранете ја фолијата и запечете до добивање на златна кора.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот