61 - 71 рецепти од 71 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Посна руска салата > Сосотојки: 1кг ослиќ (сварен и исчистен од кожата и коските?)
400гр варен грашок?
400гр морков (варен и сецкан на коцки?)
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан како, ви е полесно?
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства: Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнета скуша > Сосотојки: 3 парчиња скуша, околу 1 кгр.
1 лажица презла
3-4 шампињони
1 главица кромид
2 чешниња лук
магдонос
сол
лимон
Упатства: Исецкајте ги лукот и кромидот и испржете ги. Потоа додадете ги исечканите шампињони и магдонос. Кога ќе се излади додадете 1 лажица презла.
Исчистените риби посолете ги и наполнете ги со подготвениот фил. Врзете ги рибите со кујнски конец и печете на 200 степени. Во текот на печењето завртете ја рибата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна Капри торта > Сосотојки: 800 гр. посен кекс
1,5 литри сок од портокал
6 пудинзи од ванила
300 гр. посно чоколадо
4 лажици масло
250 гр. посен маргарин
500 гр. јаготки
250 гр. шеќер + 6 лажици
100 гр. шеќер во прав
посен шлаг
Упатства: Во 1 литар сок од портокал ставете 6 лажици шеќер да зоврие, а потоа додадете 4 пудинзи, претходно соединети со 200 мл. сок. Сварете фил и оставете го да се излади. ИЗмиксирајте го маргаринот со шеќер во прав, а потоа додадете го во изладениот фил и добро измешајте.
Јагодите прелијте ги со 300 мл. вода, додадете 250 гр. шеќер и ставете да се готви околу 10 минути. Пред крај на готвењето испасирајте ги јагодите. 2 пудинзи соединете со 150 мл. ладна вода потоа додадете ги во сварените јагоди и направете фил, кој потоа ќе го измиксирате.
На чинија ставете го кексот (200 гр.), кој претходно сте го ставиле во сок од портокал. Премачкајте го со чоколадо. Над чоколадото ставете 1/3 од жолтиот фил, па 1/3 од филот од јагоди. Потоа ставете го натопениот кекс и по истиот редослед наредете три реда кекс и три реда фил. Одозгора ставете шлаг.
Најубаво е ако тортата преноќи во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети пиперки со пченица > Сосотојки: 8 пиперки/бабури
200 g буковка
500 g пченица
3 чешниња лук,
100 g домати,
300 g праз,
половина лажичка црвен пипер,
босилек.
Упатства: Ситно исецкајте го празот и буковката, а доматот исецкајте го на коцкички.
Настрана динстајте го на вода лукот и црвената пиперка, па додадете ја варената и мелена пченица. Додадете босилек и дополнителни зачини по желба, па со подготвената смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во тавче за печење, покријте ги со фолија и печете 30-тина минути на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни пирошки со фил од ајвар > Сосотојки: 1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
50 мл масло
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
млака вода по потреба
ајвар
1 лажица сенф
сусам за наросување
Упатства: Подготовка:
Во длабок сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот, една лажица брашно и додајте 100 мл млака вода. Убаво измешајте ги состојките за да се растопи квасецот. Потоа, садот ставете го на топло место за време од 5 до 10 минути, за да нарасне квасецот.
Брашното просејте го низ сито. Во садот со нараснатиот квасец, додајте ги брашното, ладно цеденото масло, солта и постепено додавајте млака вода. Продолжете со месење за време од неколку минути, додека добиете меко тесто. Тестото оставете го двојно да нарасне за време од 20 до 30 минути.
Нараснатото тесто поделете го на два до три дела. Од секој дел, со помош на сукало исучете кора со дебелина од 5 милиметри. Потоа, со калап за пирошки или со чаша, од кората исечете кругови. Во секој круг ставајте по 1 мала лажичка ајвар, а потоа формирајте пирошки.
Во претходно намрсен плех редете ги пирошките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
Во мал сад ставете го сенфот и додајте малку вода. Измешајте ја смесата.
Секоја пирошка премачкајте ја со смесата од сенф и вода, а потоа наросете сусам по желба. Вака припремените посни пирошки печете ги во загреена рерна на 250 степени, за време од 20 минути, додека добијат убава румена боја.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни бомбици со маслинки и сусам > Сосотојки: 500 гр. компири
100 гр. растителен маргарин
100 гр. црни и зелени маслинки
100 гр. сусам
бибер
сол
Упатства: Сварете ги компирите со лушпата, изладете ги, излупете ги и испасирајте ги заедно со маргаринот. Додадете и бибер и сол на смесата по сопствен вкус. Оставете ја смесата во фрижидер околу 5 часа.
Формирајте бомцици во чија средина ќе ставите маслинки на кои им е извадена коската. бомбиците валкајте ги во сусам средно пржен на масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Алва од бадеми > Сосотојки: - 50 гр. бадеми
- 2 чаши шеќер
- 150 гр. маргарин
- 1 чаша гриз
- 3 чаши вода
Упатства: На оган ставаме тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги сечкаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме сечканите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. маргарин и промешуваме со лажица за побрзо да се растопи. Откако шеќерот и маргаринот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата.
Подготовка на чоколаден прелив:
На оган ставаме тенџере и во него ставаме маргарин и чоколадо за готвење да се растопат. Откако маргаринот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да се стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Варен ѓеврек > Сосотојки: 1 кг брашно,
2 лажици шеќер,
1 лажица сол,
2 пакетчиња сув квасец.
Упатства: Се меси тестото со млака вода, да не е многу меко.
Се прави кора и се вадат ѓевреци кои се варат во врела вода.
Се вадат од вода се ставаат на сув лист хартија и се валаат во сусам.
Се печат во плех подмачкан со малку масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Ќофтиња од леќа > Сосотојки: леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ? шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета
Упатства: Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегетаријански полнети пиперки > Сосотојки: 2 лажици маслиново масло
1 кромид (100 гр.)
1 чешне лук
160 гр црвена леќа
2 лисја ловоров лист
1 лажичка слатка пиперка
? лажички мелен ким
? лажички мајчина душица
Упатства: За полнење
Загрејте го маслиновото масло во голема тава и пржете го ситно исецканиот кромид на неа 3-4 минути додека не се карамелизира. Додадете го исечканиот лук и пржете додека лукот не мириса добро.
2
Измијте ја црвената леќа под млаз ладна вода, исцедете и додадете го кромидот и лукот.
Потоа додадете ловоров лист, пушена пиперка, ким и мајчина душица. Промешајте добро, потоа истурете го целото вино и динстајте додека не испари целиот алкохол.
3
Промешајте ги исецканите излупени домати, истурете намалете ја топлината и варете, повремено мешајќи, 15-20 минути.
4
Кога леќата целосно ќе омекне, се згусне, додадете го оризот.
Зачинете со сол и мелен црн пипер и варете кратко додека не се згусне. Тргнете од оган, оставете десет минути и потоа додадете ги пиперките.
5
Во меѓувреме, подгответе го сосот. Загрејте го маслиновото масло во мало тенџере. Додадете го ситно исечканиот лук и пржете накратко за да мириса убаво, но внимавајте да не изгори.
6
Истурете во пире од домати, намалете го огнот и варете околу 15 минути да се згусне малку. Додадете сол на крајот.
Измијте ги пиперките, исечете ги врвовите и внимателно отстранете ги семките и белите мембрани.
7
Прелијте ги исчистените пиперки одвнатре со малку маслиново масло, посолете, па одозгора ставете ги со подготвеното полнење.
8
Наредете го сосот од домати на дното на сад за печење или огноотпорна тава.
Наредете ги полнетите пиперки преку неа.
9
Истурете малку повеќе маслиново масло врз се.
Покријте ги со фолија и печете во рерна загреана на 180 ° C 30 минути.
10
Отстранете ја фолијата, зголемете ја температурата на рерната на 200 ° C и печете ги пиперките.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Три посни ролати од една смеса > Сосотојки: Состојки за основна смеса:
1 - 2 килограми компири,
400 г посни крекери,
250 г посен мајонез,
сол,
3 чена лук
За фил за 1 ролат
50 г. спанаќ,
100 г посен мајонез,
сол по вкус
За Фил за 2 ролат
1 лажичка оригано (за тестото,
3 лажици кечап,
180 г. туна
За фил за 3 ролат
3 лажици ајвар (за тестото),
200 г варена пченка,
100 г мајонез
Упатства: Подготовка: компирите излупете ги и сварете со лукот. Водата оставете ја бидејќи во неа веднаш можете да ја сварите пченката (5 минути), а кога и неа ќе ја извадите од водата додајте го спанаќот (5. минути). Лукот извадете го бидејќи ни послужил само за подобра арома. Врелите,и исцедени компири, испасирајте ги како за пире и оставете малку да се изладат, да станат млаки. Додајте ги мелените крекери, мајонез и сол и со рака убаво соединете. Се добива околу 1500 грама тесто така што за секој ролат ќе ви треба по 500 грама. Останатите состојки можат да бидат по ваш вкус. Еве некои комбинации:
Прв ролат
1 лажичка куркума (за тестото), 50 г. спанаќ, 100 г посен мајонез, сол по вкус. Тестото измесете го со куркумата. Помеѓу два слоја хартија за печење расукајте правоаголник па намачкајте со подготвениот спанаќ кој сте го иситниле и сте вмешале мајонез и малку сол. Завиткајте со помош на хартијата и оставете до наредениот ден.
Втор ролат
1 лажичка оригано (за тестото), 3 лажици кечап, 180 г. туна. Тестото измесете го со ориганото и како првиот ролат, помеѓу две хартии расукајте правоаголник. Измешајте ја туната со кечапот и намачкајте, па со помош на хартија завиткајте ролат. И’, него префрлете го во фрижидер да отстои еден ден.
Трет ролат
3 лажици ајвар (за тестото), 200 г варена пченка, 100 г мајонез. Тестото измесете го со ајварот и развлечете - како и претходните два ролати. Намачкајте со филот, завиткајте и префрлете во фрижидер. Ролатите исечете ги, сервирајте и послуѓете.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
|
|