13 - 24 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 6 |
Шпагети со сос од соја >
Сосотојки:
500 г. шпагети
400 г. кромид
250 г. печурки
250 г. соја трошки
200 мл. домата или доматно пире
200 мл. бело вино
2 лажици зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
Бибер
Сол
Оригано
Масло
Упатства:
Во длабок сад се става 3 л. вода, малку сол и малку масло и, откако водата ќе зоврие, се додаваат шпагетите и се варат колку што е потребно (колку што пишува на кесичката). Кога ќе се сварат, шпагетите се мијат со студена вода и се цедат. Кромидот се сецка на ситно, а сојата се прелива со врела вода, се остава пет минути да отстои и потоа убаво се цеди од водата. Во друг сад се загрева маслото и се пропржува кромидот, се додаваат печурките и се пржат с? додека не испари водата, притоа се зачинува и забиберува, па се додава сојата и се пржи околу дваесетина минути. Откако убаво ќе се испржи, се додаваат доматата, белото вино и ориганото и се динста уште десетина минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни грицки со сончоглед и сусам >
Сосотојки:
250 мл масло
250 мл пиво
250 гр сусам
250 гр лупен сончоглед
1 лажиче сол
2 кесички прашок за печиво
брашно по потреба (околу три шолји)
Упатства:
Ставете ги сите состојки во поголем сад за месење и замесете ги. Тестото убаво се меси за добро да се соединат состојките. Потоа, со помош на сукало се формира кора со дебелина околу 1 см. Со помош на калапи се сечат форми од кората.
Добиените форми се ставаат во намрсена тава со малку маргарин, а од тестото кое останува, се повторува истата постапка како претходно, се додека не се потроши.
Формираните грицки се печат околу 20 минути на температура од 200 степени.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни пирошки со фил од ајвар >
Сосотојки:
1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
50 мл масло
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
млака вода по потреба
ајвар
1 лажица сенф
сусам за наросување
Упатства:
Подготовка:
Во длабок сад за месење ставете ги квасецот, шеќерот, една лажица брашно и додајте 100 мл млака вода. Убаво измешајте ги состојките за да се растопи квасецот. Потоа, садот ставете го на топло место за време од 5 до 10 минути, за да нарасне квасецот.
Брашното просејте го низ сито. Во садот со нараснатиот квасец, додајте ги брашното, ладно цеденото масло, солта и постепено додавајте млака вода. Продолжете со месење за време од неколку минути, додека добиете меко тесто. Тестото оставете го двојно да нарасне за време од 20 до 30 минути.
Нараснатото тесто поделете го на два до три дела. Од секој дел, со помош на сукало исучете кора со дебелина од 5 милиметри. Потоа, со калап за пирошки или со чаша, од кората исечете кругови. Во секој круг ставајте по 1 мала лажичка ајвар, а потоа формирајте пирошки.
Во претходно намрсен плех редете ги пирошките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
Во мал сад ставете го сенфот и додајте малку вода. Измешајте ја смесата.
Секоја пирошка премачкајте ја со смесата од сенф и вода, а потоа наросете сусам по желба. Вака припремените посни пирошки печете ги во загреена рерна на 250 степени, за време од 20 минути, додека добијат убава румена боја.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата со макарони >
Сосотојки:
300 гр. спирални макарони посни
1 праз
2 конзерви туна
300 гр. посен мајонез
Упатства:
Се варат макароните во солена вода, се цедат.
Се ставаат во сад со ситно сечениот праз, исцедената тун и мајонез.
Се меша, лади и служи.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети посни пиперки со компири >
Сосотојки:
4 големи пиперки
3 големи компира
масло
сол, црн пипер
чили пипер по желба
1 кромид
3 чешниња лук
Упатства:
Исечете ги пиперките на половина по должината и исчистете ги од семето. Изрендајте ги на ренде излупените компири и во сад измешајте ги со исеканите кромид, лук, сол, црн пипер. Потоа наполнете ги пиперките со смесата.
Покријте го садот за печење со алуминиумска фолија и печете до подготвеност на компирот. Отстранете ја фолијата и запечете до добивање на златна кора.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна руска салата >
Сосотојки:
1кг ослиќ (сварен и исчистен од кожата и коските?)
400гр варен грашок?
400гр морков (варен и сецкан на коцки?)
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан како, ви е полесно?
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства:
Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашна сардина >
Сосотојки:
1,5 кгр. замрзната сардина
3 лажици сув зачин
2-3 ловорови листа
10 зрна бибер
450 мл. масло
100 мл. бела киселина
Упатства:
Исчистете ги сардините и исечете му ги главите. Измијте ги и ставете ги во тенџере во кое претходно сте ставиле дрвени стапчиња од сладолед или нешто слично, за рибата да не загори. Наредете ги сардините, ставете зачини и бела киселина (киселината се става за коските да омекнат и рибата да се јаде без да се чисти). Редете додека имате риба и ставајте од зачините. На крај прелијте со масло и оставете да се варат на тивок оган околу 5-6 часа. Откако ќе се изладат можете да ги ставите во тегли.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнета скуша >
Сосотојки:
3 парчиња скуша, околу 1 кгр.
1 лажица презла
3-4 шампињони
1 главица кромид
2 чешниња лук
магдонос
сол
лимон
Упатства:
Исецкајте ги лукот и кромидот и испржете ги. Потоа додадете ги исечканите шампињони и магдонос. Кога ќе се излади додадете 1 лажица презла.
Исчистените риби посолете ги и наполнете ги со подготвениот фил. Врзете ги рибите со кујнски конец и печете на 200 степени. Во текот на печењето завртете ја рибата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пица од шпагети >
Сосотојки:
200 гр. посни шпагети
1 главица кромид
200 гр. шампињони
2 домати
сол
оригано
Упатства:
Сварете ги шпагетите во солена вода. Исцедете ги и ставете ги во подмачкан плех.
Ситно исецкајте го кромидот, доматите на кругови, а шампињоните на парчиња. Малку посолете, измешајте и ставете ги над шпагетите. Посолете го оригано и печете во загреана рерна.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна Капри торта >
Сосотојки:
800 гр. посен кекс
1,5 литри сок од портокал
6 пудинзи од ванила
300 гр. посно чоколадо
4 лажици масло
250 гр. посен маргарин
500 гр. јаготки
250 гр. шеќер + 6 лажици
100 гр. шеќер во прав
посен шлаг
Упатства:
Во 1 литар сок од портокал ставете 6 лажици шеќер да зоврие, а потоа додадете 4 пудинзи, претходно соединети со 200 мл. сок. Сварете фил и оставете го да се излади. ИЗмиксирајте го маргаринот со шеќер во прав, а потоа додадете го во изладениот фил и добро измешајте.
Јагодите прелијте ги со 300 мл. вода, додадете 250 гр. шеќер и ставете да се готви околу 10 минути. Пред крај на готвењето испасирајте ги јагодите. 2 пудинзи соединете со 150 мл. ладна вода потоа додадете ги во сварените јагоди и направете фил, кој потоа ќе го измиксирате.
На чинија ставете го кексот (200 гр.), кој претходно сте го ставиле во сок од портокал. Премачкајте го со чоколадо. Над чоколадото ставете 1/3 од жолтиот фил, па 1/3 од филот од јагоди. Потоа ставете го натопениот кекс и по истиот редослед наредете три реда кекс и три реда фил. Одозгора ставете шлаг.
Најубаво е ако тортата преноќи во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Неодоливи посни макарони >
Сосотојки:
500 гр макарони
300 гр печурки
150 гр маслинки
свеж босилек
200 гр брокула
маргарин
кечап
кари
сол
Упатства:
Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.
Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.
Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари сос и друго по желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Три посни ролати од една смеса >
Сосотојки:
Состојки за основна смеса:
1 - 2 килограми компири,
400 г посни крекери,
250 г посен мајонез,
сол,
3 чена лук
За фил за 1 ролат
50 г. спанаќ,
100 г посен мајонез,
сол по вкус
За Фил за 2 ролат
1 лажичка оригано (за тестото,
3 лажици кечап,
180 г. туна
За фил за 3 ролат
3 лажици ајвар (за тестото),
200 г варена пченка,
100 г мајонез
Упатства:
Подготовка: компирите излупете ги и сварете со лукот. Водата оставете ја бидејќи во неа веднаш можете да ја сварите пченката (5 минути), а кога и неа ќе ја извадите од водата додајте го спанаќот (5. минути). Лукот извадете го бидејќи ни послужил само за подобра арома. Врелите,и исцедени компири, испасирајте ги како за пире и оставете малку да се изладат, да станат млаки. Додајте ги мелените крекери, мајонез и сол и со рака убаво соединете. Се добива околу 1500 грама тесто така што за секој ролат ќе ви треба по 500 грама. Останатите состојки можат да бидат по ваш вкус. Еве некои комбинации:
Прв ролат
1 лажичка куркума (за тестото), 50 г. спанаќ, 100 г посен мајонез, сол по вкус. Тестото измесете го со куркумата. Помеѓу два слоја хартија за печење расукајте правоаголник па намачкајте со подготвениот спанаќ кој сте го иситниле и сте вмешале мајонез и малку сол. Завиткајте со помош на хартијата и оставете до наредениот ден.
Втор ролат
1 лажичка оригано (за тестото), 3 лажици кечап, 180 г. туна. Тестото измесете го со ориганото и како првиот ролат, помеѓу две хартии расукајте правоаголник. Измешајте ја туната со кечапот и намачкајте, па со помош на хартија завиткајте ролат. И’, него префрлете го во фрижидер да отстои еден ден.
Трет ролат
3 лажици ајвар (за тестото), 200 г варена пченка, 100 г мајонез. Тестото измесете го со ајварот и развлечете - како и претходните два ролати. Намачкајте со филот, завиткајте и префрлете во фрижидер. Ролатите исечете ги, сервирајте и послуѓете.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот