25 - 36 рецепти од 71 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Ќофтиња од црвена леќа >
Сосотојки:
1 чаша од 200 мл. леќа
3- 4 чаши вода
1 главица кромид
5-6 чешниња лук
1 лажица црвен пипер
1 лажица ким
1 лимон
сол
магданос
Упатства:
Измијте ја леќата и нека се исцеди.
Ставете во тенџере вода, па откако ќе зоврие додадете ја леќата, нека се вари на тивко околу 20 мин. Потоа тргнете ја настрана да се излади.
Испасирајте ја, додадете го ситно сецканиот кромид и магданос, пресуваниот лук, кимот, црвениот мелен пипер, сокот од лимонот и посолете според вкус.
Формирајте ќофтиња во големина која вие ја сакате и извалкајте ги во презла. Одлучете вие дали ќе ги пржите или само кратко потпечете во рерна откако ќе ги наредите на сосема малку помастено тавче.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Печени компири на италијански начин >
Сосотојки:
– 8 компири со средна големина, измиени и исечени во коцки
– 120 г. пармезан
– 60 г. лебни трошки
– ? чаша маслиново масло
– 2 лажици кари сос (или некој друг ваш омилен зачин)
Упатства:
1. Загрејте ја рерната на 425 степени F.
2. Измијте и исечете ги компирите на коцки. Во тенџере со средна големина ставете вода, додадете ги компирите, и гответе ги околу 10 минути само додека малку не омекнат.
3. Во сад, измешајте го пармезанот со лебните трошки и кари зачинот.
4. Веќе исушените компири компири прелиете ги со маслиново масло.
5. Посипете ги со мешавината од пармезан и лебни трошки, се додека не забележите дека сите коцки се добро посипани со смесата.
6. Печете ги 30 минути во рерна или се додека компирите не добијат златно-црвена боја.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посно овошно дуо >
Сосотојки:
6 лажици гриз
3 чаши вода
2-3 лажици шеќер
2 рендани јаболка
200 гр. посни бисквити
1 банана
Упатства:
Гризот се вари во однос 3 чаши вода И 6 лажици гриз, 2-3 лажици шеќер.Кога ке се свари се додават рендани јаболка. 200гр. кекси се мелат или бледираат со 1 банана. За да биде кремаста смесата се додава вода по потреба.
Во чаша за сервирање се става смесата од гризот,потоа смесата од кекси.Одозгора се ренда чоколадо за готвење и сецкано овошје по желба,во рецептов се вишни.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита од вишни >
Сосотојки:
тесто:
250 gr брашно
1 лажица сода бикарбона
175 gr маргарин, на собна температура
3-5 лажици вода
1-2 лажици шеќер (по желба)
фил:
300-500 gr замрзнати вишни без семки, одмрзнати и исцедени
3-5 лажици шеќер
Упатства:
Во сад се мешаат брашното и содата и шеќерот (ако ставате), се додава маргаринот и се меша прво со вилушка па со раце, и на крај се додава водата и се меси додека не се поврзе се во една смеса. тестото се остава на ладно околу пола саат, а потоа 2/3 од него се натапкуваат на дното и страните на округло тавче со пречник од 22 cm, или некое со слична големина, па се става филот, па останатото тесто. се пече во загреана рерна на 200°C околу пола саат.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Минeстра чорба >
Сосотојки:
50 грама Целер
•малку Сол
•100 грама Моркови
•малку Мешан зачин
•100 милилитри Маслиново масло
•2 чешниња Лук
•1 главица Кромид
•400 грама Компир
•200 грама Домат
•150 грама Грашок или црвен грав
•100 грама пченка
•малку Црн бибер
Упатства:
Гравот измијте го и оставете го да отстои преку ноќта во вода.
Утредента ситно исецкајте го црниот лук, а кромидот и морковот на кругчиња, а компирот и коренот целер на мали парченца, па додадете го исцедениот грав или грашок и сe заедно пропржете на малку масло.
Кога зеленчукот ќе омекне, додадете малку бибер, бел лук и излупен и на мали парченца исецкан домат, пржете 5 минути, па посипете со зачински билки и налијте со 1,5 литри вода.
Варете додека зеленчукот не стане мек, посолете по вкус и посипете со сецкани листови целер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
>
Сосотојки:
250 гр маргарин
150 гр шеќер
400 гр брашно
100 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
1 лимон
џем од кајсии
Упатства:
Се мати маргаринот пенасто со шеќерот, се додава брашното, изрендана кора од 1 лимон и сокот од лимонот и се замесува тесто.( тестото да не биде многу тврдо, но не и многу меко за да не се ронат ванилиците)
Се расукува тестото во кора со дебелина од 1 прст и се вадат ванилиците со чашка од ракија или модла.
Се редат во плех на хартија за печење и се печат на тивко (180Ц) во предходно загреана рерна околу 20 минути. (да останат светли, да не се препечат). Изладените колачиња се мачкаат со џем од кајсии и се спојуваат. Се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки "тупаници" >
Сосотојки:
- 3 филџани вода
- 5 филџани масло
- 1 пециво
- сок од половина лимон
- 5 чаши брашно
- шеќер во прав
- 1 ванила
- мармалад или ореви
Упатства:
Водата се става на оган. Откако ќе зоврие се додава маслото, пецивото и сокот од лимон. Се додава брашното и се меша со дрвена лажица.
Тестото се меша убаво додека не стане глатко. Се остава малку да се излади и од него се прават околу 30 топчиња. Секое топче сеплеска на рака со раширени прсти (треба да излезе малку тесто низ прстите). Насредина се става мармалад или сецкани ореви и се затвора со рака Малку се стегнува како тупаница и се превртува во плехот. Слатките се печат околу 20 минути на 250 степени. Топли се брбелаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посно рижото со печурки >
Сосотојки:
200-300гр Ориз
500гр Шампињони живи
200гр варен грашак
1-2 моркови варени
100гр ореви
Упатства:
Оризот се вари со малку сол или вегета по желба
На страна се пржат исечените шампињони со малку масло.
Од кога ке се свари како пилав оризот, се додава грашакот, печурките и сецкан на коцки морковот како и кршени или сецкани оревчиња..
Може и по желба друг зеленчук.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни крофни >
Сосотојки:
500гр брашно
300 мл топла вода
9 лажици зејтин
1 квасец
1/2 лажица сол
2 лажици шеќер
1 лимон
50 гр шеќер во прав за посипување
500 мл масло за пржење
Упатства:
Квасецот се става во водата да скисне заедно со шеќерот и 2-3 лажици брашно.
Брашното се просејува и се замесува тесто со квасецот, солта и маслото. Ако сакате благи крофни тогаш се ренда и кора од лимон, а ако сакате да бидат солени изоставете го лимонот.
Тестото се остава да стаса, а потоа на набрашнета маса со чаша се вадат крофни.
Стасани крофните се пржат на не многу врело масло додека заруменат од двете страни.Топли се поросуваат со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни полнети суви пиперки >
Сосотојки:
малку Црн бибер
50 грама Целер
малку Сол
50 грама Праз
10 Пиперки
200 грама Ориз
100 грама Моркови
50 милилитри Масло
малку Магдонос
3 чешниња Лук
1 ливче Ловоров лист
2 главица Кромид
Упатства:
Сувите пиперки, попарете ги во врела вода, пa oставете ги саат-два да отстојат, за убаво да се натопат. Оризот измијте го и оставете го да отстои во малку вода.На малку масло, пропржете ги кромидот, лукот, празот и ловоровиот лист, па
додадете го целерот и морковот, зачинете со сол, бибер и магдонос, па убаво измешајте.Кога сето тоа убаво ќе го сварите, додадете го оризот и благо прелијте со вода, намалете ја температурата и оставете да се вари половина час.Потоа, тргнете од оганот и оставете да се олади.Потоа, еден подлабок сад премачкајте го со масло. Пиперките убаво исцедете ги од водата во која што стоеја, па полнeте ги со смесата и редете ги во садот. Подготвените полнети пиперки налејте ги со 200 гр. вода и печете ги во рерна на 200 степени.
Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од рерната, оставете малку да се изладат, па послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашно млеко од јаткасти овошја >
Сосотојки:
1 чаша ореви, житарки или семиња
3 чаши филтрирана вода
3 лажички шеќер (од шеќерна трска, јаворов сируп,агава,стевиа,кокосов шеќер)
1 лажичка кокосово масло/путер (по желба)
1 лажичка соин или сончогледов лецитин
Ванила, какао, по желба
Прстофат морска сол.
Упатства:
По киснењето, бадемите и другите плодови со лушпа треба да се излупат.
Оваа смеса е доволна за 3-4 чаши, па ако не ги испиете веднаш, чувајте го млекото во стаклено шише во фрижидер.
Оревите, бадемите, семките или зрната ги оставате во филтрирана вода да искиснат. Во водата додавате и малку морска сол. Времетраењето на кинеснењето зависи од самите продукти што ќе ги одберете, но најдобро е да ги оставите цела ноќ. За тоа време во семките и зрната се активираат сите хранливи материи и ензимите.
Исплакнете ги семките и исцедете ги. Ставете ги во блендер заедно со филтрирана вода во однос 1:3. На една чаша семки, најдобро е да започнете со две чаши вода, а потоа за време на миксањето да ја додадете третата чаша вода. Блендерот вклучете го со најсилна брзина и миксајте се додека смесата не стане течна и мазна. Во млекото можете да додадете 1 лажичка кокосово масло, да го засладите по вкус со некој природен засладувач, и една лажичка соин или сончогледов лецитин.
Време потребно за подготовка: 24 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки со пиво >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
500 мл.масло
1 пециво
6 лажици гриз
250 мл пиво
Шербет
800 мл. вода
1 кгр. шеќер
овошје за декорација
Упатства:
Прво се вари шербетот и треба да се излади. Се замесува тесто од состојките. Се прават топчиња и по желба на средина се става некое овошје од слатко или компот, а може и суво овошје. Се пече на намастена тава на 220 Степепени 15-20 минути. Штом се извадат се полеваат врели колачи со изладен шербет. На крај се валкаат во кокос или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот