61 - 71 рецепти од 71 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Посен мајонез >
Сосотојки:
- нишесте
- ладна вода
- сенф
- шеќер,сол, оцет
Упатства:
Нишестето растворете го во малку ладна вода.
Преостанатата вода загрејте ја, па кога ќе зоврие додадете го разреденото нишесте и на ниска температура сварете густ крем.
Изладената смеса ставете ја во соодветен сад и со постојано матење додавајте и ледена вода, шеќер, сол, сенф и оцет.
На крајот, матејќи, додајте ги маслото и сокот од лимон.
Ледената вода овозможуваме мајонезот побргу да се стегне.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Варен ѓеврек >
Сосотојки:
1 кг брашно,
2 лажици шеќер,
1 лажица сол,
2 пакетчиња сув квасец.
Упатства:
Се меси тестото со млака вода, да не е многу меко.
Се прави кора и се вадат ѓевреци кои се варат во врела вода.
Се вадат од вода се ставаат на сув лист хартија и се валаат во сусам.
Се печат во плех подмачкан со малку масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со туна >
Сосотојки:
-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 конзерва туна,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
-2-3 мали краставички за украсување.
Упатства:
Исчистените пиперки исечете ги на половина, а потоа на лентички. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата, крупно исечете ја и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туната иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со краставички и маслинки. Се служи со потпечени лепчиња.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1/2 кг готови кори
1 кг јаболка
4 л. лебни трошки
4 л. шеќер во прав
цимет
маргарин
Упатства:
Јаболката се лупат и се рендаат. Се редат две кори една врз друга а мегу нив се попрскува растопен маргарин. Врз втората кора на едниот крај се става дел од ренданите јаболка, се наросува лебни трошки и шеќер во прав и малку цимет. Се витка во ролат. Постапката се повторува додека се потрошат корите. На крај се попрскува со останатиот маргарин и се пече триесетина минути на 200 степени. Испечената штрудла се покрива со алуминиумска фолија за малку да омекне. Кога ќе се излади се попрскува со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Алва од бадеми >
Сосотојки:
- 50 гр. бадеми
- 2 чаши шеќер
- 150 гр. маргарин
- 1 чаша гриз
- 3 чаши вода
Упатства:
На оган ставаме тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги сечкаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме сечканите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. маргарин и промешуваме со лажица за побрзо да се растопи. Откако шеќерот и маргаринот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата.
Подготовка на чоколаден прелив:
На оган ставаме тенџере и во него ставаме маргарин и чоколадо за готвење да се растопат. Откако маргаринот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да се стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилав со зеленчук >
Сосотојки:
2 главици кромид
4-5 зелени пиперки
2-3 супени масло
4 средни домати
2 средни компири
1 сад булгур пилав
2,5 сад варена вода
1 лажичка шеќер
Упатства:
Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки пржете ги во 2-3 лажици масло.
4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садот за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете.
Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека оризот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени буковки со кромид >
Сосотојки:
3 до 4 главици кромид
1 до 2 домати
400 грама печурки буковки
1 кафена лажица црвен пипер
бибер, сол, зејтин
малку вода (пола филџан за кафе)
Упатства:
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и ја ставаме на рингла да се пржи кромидот, го пржиме на тивок оган. Додека се пржи кромидот го миеме и го лупиме доматот и него го сецкаме на ситни парчиња и го ставаме во подлабок сад, исто така и печурките ги сецкаме на ситни парчиња и нив ги ставаме во подлабок сад. Кога е кромидот поруменет го додаваме доматот и повторно пржиме, исто така ги додаваме и печурките и нив ги пропржуваме. Кога сето е испржено ставаме црвен пипер, бибер и сол и го додаваме филџанот со вода. Оставаме на тивок оган сето тоа убаво да прокрчка и кога ќе биде смесата загустена ја вадиме тавата од оган и кромидот го ставаме во убав голем тањир. Го служиме топло.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со кикиритки a la Тања >
Сосотојки:
1 кг кори)
300 грама кикиритки (повеќето мелени, мал дел сецкани)
200 г. посни мелени бисквити
100 г рендано посно чоколадо за говење
1 лажица шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 маргарин (за преливање)
1200 г шеќер (за шербет)
1 лимон
Упатства:
Состојките се мешат во еднолична сува смеса. На секоја кора се става од смесата на едниот кај и се витка во ролат. Така се виткаат сите кори. Се редат во четвртаст плех. Се сече на долгнавести парчиња и се полева со растопениот маргарин. Се пече 40 минути на 200 степени. Кога ќе се олади се прелева со врел шербет приготвен од 1200 г шеќер и 1000 мл вода на кој му се додава неколку тркалца лимон.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Тавче ориз и компир >
Сосотојки:
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол
Упатства:
Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети печурки >
Сосотојки:
1. 10-тина големи печурки.
2. 100 грама лебни трошки
(Препечете 2 парчиња леб во рерна или на тост, потоа изронете ги со сукало)
3. 50 грама посен рендан кашкавал
4. 2 големи лажици сок од домати
5. 1 лажица маслиново масло
6. сол и црн пипер за вкус
Упатства:
Измијте ги добро печурките и отстранете им ги рачките. Ставете ги на сува крпа да се исушат.
Во друг сад измешајте ги останатите состојќи, додадете ги ситно исечкани рачките од печурките кои претходно ги отстранивте. Додадете сол и црн пипер по вкус.
Загрејте ја рерната на 190 C
Наполнете ги печурките со вака подготвената смеса. Ставете ги во подмачкан плех на оддалеченост од 2см.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Печена пастрмка >
Сосотојки:
малку Сол
300 грама Пастрмка
1 мала китка Магдонос
3 чешне/ниња Лук
Упатства:
Исчистете ја пастрмката и посолете ја минимално. Исчисете го лукот и ситно исецкајте го. Измијте го магдоносот и исецкајте го. Лукот и магдоносот измешајте ги и со добиената смеса наполнете го стомакот на пастрмката. Положете ја вака наполнетата пастрмка во помастено тавче. Покријте го тавчето со фолија.
Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете го тавчето. Печете точно 15 минути. Исклучете ја рерната, извадете ја фолијата и оставете ја пастрмката во рерна уште неколку минути малку да се зарумени.
Сервирајте ја цела во голема чинија и украсете ја по желба.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот