1 - 12 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 6 |
>
Сосотојки:
250 гр маргарин
150 гр шеќер
400 гр брашно
100 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
1 лимон
џем од кајсии
Упатства:
Се мати маргаринот пенасто со шеќерот, се додава брашното, изрендана кора од 1 лимон и сокот од лимонот и се замесува тесто.( тестото да не биде многу тврдо, но не и многу меко за да не се ронат ванилиците)
Се расукува тестото во кора со дебелина од 1 прст и се вадат ванилиците со чашка од ракија или модла.
Се редат во плех на хартија за печење и се печат на тивко (180Ц) во предходно загреана рерна околу 20 минути. (да останат светли, да не се препечат). Изладените колачиња се мачкаат со џем од кајсии и се спојуваат. Се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Посна веге пица >
Сосотојки:
Потребни состојки
- 1 чаша топла вода
- 2 чаши брашно
- 1 пециво
- 4 лажици масло
Упатства:
Замесете тесто од состојките и веднаш направете тенка кора на намрсена тепсија или на хартија за печење(за подобро да го распоредите тестото намрсете ги дланките или исукајте ја кората со сукало). Ставете кечап, оригано, печурки, растителен кашкавал, растителна зденка, маслинки, пченка, грашок и зеленчук по желба. Печете 10тина минути во загреана рерна на 250.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Алва од бадеми >
Сосотојки:
- 50 гр. бадеми
- 2 чаши шеќер
- 150 гр. маргарин
- 1 чаша гриз
- 3 чаши вода
Упатства:
На оган ставаме тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги сечкаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме сечканите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. маргарин и промешуваме со лажица за побрзо да се растопи. Откако шеќерот и маргаринот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата.
Подготовка на чоколаден прелив:
На оган ставаме тенџере и во него ставаме маргарин и чоколадо за готвење да се растопат. Откако маргаринот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да се стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со кикиритки a la Тања >
Сосотојки:
1 кг кори)
300 грама кикиритки (повеќето мелени, мал дел сецкани)
200 г. посни мелени бисквити
100 г рендано посно чоколадо за говење
1 лажица шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 маргарин (за преливање)
1200 г шеќер (за шербет)
1 лимон
Упатства:
Состојките се мешат во еднолична сува смеса. На секоја кора се става од смесата на едниот кај и се витка во ролат. Така се виткаат сите кори. Се редат во четвртаст плех. Се сече на долгнавести парчиња и се полева со растопениот маргарин. Се пече 40 минути на 200 степени. Кога ќе се олади се прелева со врел шербет приготвен од 1200 г шеќер и 1000 мл вода на кој му се додава неколку тркалца лимон.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи посни питулици >
Сосотојки:
4 чаши брашно
2 и 1/2 чаши млака вода
1 лажица сув квасец
2 лажици шеќер
1 лажиче сол
1 лажиче ракија
Масло за пржење
Упатства:
Во еден сад ја ставаме водата, шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Додаваме сол, ракија и брашно.
Смесата ја соединуваме со миксер.
Садот го покриваме со прозирна фолија и го оставме реткото тесто да се дуплира.
Може да се замесат и навечер, да одстојат во фрижидер преку ноќта и утрото да се испржат.
Во касерола загреваме масло на умерен оган, никако на јак, бидејќи нема да се испржат во внатрешноста.
Со помош на намастена лажица земаме од тестото и спуштаме во загреаното масло.
Пржиме од едната, па од другата страна.
Испржени ги редиме на хартиени салфети.
Потоа ги сервираме со џем, слатко, шеќер, сирење....
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Варен ѓеврек >
Сосотојки:
1 кг брашно,
2 лажици шеќер,
1 лажица сол,
2 пакетчиња сув квасец.
Упатства:
Се меси тестото со млака вода, да не е многу меко.
Се прави кора и се вадат ѓевреци кои се варат во врела вода.
Се вадат од вода се ставаат на сув лист хартија и се валаат во сусам.
Се печат во плех подмачкан со малку масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Вариво од леќа >
Сосотојки:
250 гр. леќа
1 страк млад лук
1 главица кромид
малку корен од целер
лист од першун
1 компир
сос од домати
сол, бибер
Упатства:
Издинстајтего исечканиот лук, кромид, целер и компир. Во садот ставете вода , додадете ја леќата. Посолете, забиберете и додадете сос од домати по вкус. Варете на тивок оган околу 1 час (додека леќата и компирот не се сварат)
Пред крај додадете го исечканиот першун.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Веганска мусака од модри домати со печурки >
Сосотојки:
2 Модри домати
500 гр. Шампињони
2 главици Кромид
2 чешниња Лук
1 тегла Доматно пире
Маслиново масло
ЗАЧИНИ
Сол и бибер
Босилок
Куркума
Копар
Мајчина душица
Магдонос
Упатства:
Модрите домати се сечат на кругови со дебелина од 0.5 см, се посолуваат и оставаат на страна 15-тина минути.
Во тава со малку маслиново масло, на умерен оган, се пропржуваат кромидот, лукот и шампињоните. Се додава половина од доматното пире и зачините и уште малку се остава да се продинста. Се трга од оган.
Садот во кој ќе се пече мусаката се попрскува со малку маслиново масло. Потоа се реди еден ред модри домати, врз него половина од динстаните шампињони. Пак ред модри домати, па втората половина од шампињоните. И на крај, мусаката се завршува со ред модри домати.
Во останатиот дел од доматното пире се додава малку вода, убаво се промешува и со оваа смеса се прелева целата мусака. Од горе се наросува со сушен магдонос.
Се пече во загреана рерна на 180°C – 200°C, околу 40-тина мин или прилагодено на сопствената рерна.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегански мајонез >
Сосотојки:
60 мл. аквафаба
1/2 лажица сенф
1/2 лажица сол
1 лажица лимонов сок
1 лажица јаболков оцет
1 лажица сируп од агава
3/4 шолја масло
бибер
Упатства:
Ставете ги сите состојки во соковник и миксирајте додека не добиете густа смеса.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегански рецепт: Чоколаден пудинг од просо >
Сосотојки:
1 шолја за кафе органско просо
2 средно големи банани
1 средно голем портокал
Засладувач по желба (кафеав шеќер, рогач..)
2 мали лажички какао
Цимет
Упатства:
Подготовка
Просото се вари на тивок оган околу 10-15 минути, откако ќе свари се става во блендер заедно со сите намирници. Се сервира изладено во мали чаши, наросено со кокосови снегулки или со мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегетаријански полнети пиперки >
Сосотојки:
2 лажици маслиново масло
1 кромид (100 гр.)
1 чешне лук
160 гр црвена леќа
2 лисја ловоров лист
1 лажичка слатка пиперка
? лажички мелен ким
? лажички мајчина душица
Упатства:
За полнење
Загрејте го маслиновото масло во голема тава и пржете го ситно исецканиот кромид на неа 3-4 минути додека не се карамелизира. Додадете го исечканиот лук и пржете додека лукот не мириса добро.
2
Измијте ја црвената леќа под млаз ладна вода, исцедете и додадете го кромидот и лукот.
Потоа додадете ловоров лист, пушена пиперка, ким и мајчина душица. Промешајте добро, потоа истурете го целото вино и динстајте додека не испари целиот алкохол.
3
Промешајте ги исецканите излупени домати, истурете намалете ја топлината и варете, повремено мешајќи, 15-20 минути.
4
Кога леќата целосно ќе омекне, се згусне, додадете го оризот.
Зачинете со сол и мелен црн пипер и варете кратко додека не се згусне. Тргнете од оган, оставете десет минути и потоа додадете ги пиперките.
5
Во меѓувреме, подгответе го сосот. Загрејте го маслиновото масло во мало тенџере. Додадете го ситно исечканиот лук и пржете накратко за да мириса убаво, но внимавајте да не изгори.
6
Истурете во пире од домати, намалете го огнот и варете околу 15 минути да се згусне малку. Додадете сол на крајот.
Измијте ги пиперките, исечете ги врвовите и внимателно отстранете ги семките и белите мембрани.
7
Прелијте ги исчистените пиперки одвнатре со малку маслиново масло, посолете, па одозгора ставете ги со подготвеното полнење.
8
Наредете го сосот од домати на дното на сад за печење или огноотпорна тава.
Наредете ги полнетите пиперки преку неа.
9
Истурете малку повеќе маслиново масло врз се.
Покријте ги со фолија и печете во рерна загреана на 180 ° C 30 минути.
10
Отстранете ја фолијата, зголемете ја температурата на рерната на 200 ° C и печете ги пиперките.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашна сардина >
Сосотојки:
1,5 кгр. замрзната сардина
3 лажици сув зачин
2-3 ловорови листа
10 зрна бибер
450 мл. масло
100 мл. бела киселина
Упатства:
Исчистете ги сардините и исечете му ги главите. Измијте ги и ставете ги во тенџере во кое претходно сте ставиле дрвени стапчиња од сладолед или нешто слично, за рибата да не загори. Наредете ги сардините, ставете зачини и бела киселина (киселината се става за коските да омекнат и рибата да се јаде без да се чисти). Редете додека имате риба и ставајте од зачините. На крај прелијте со масло и оставете да се варат на тивок оган околу 5-6 часа. Откако ќе се изладат можете да ги ставите во тегли.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот