25 - 36 рецепти од 71 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 6 |
Полнети пиперки со пченица >
Сосотојки:
8 пиперки/бабури
200 g буковка
500 g пченица
3 чешниња лук,
100 g домати,
300 g праз,
половина лажичка црвен пипер,
босилек.
Упатства:
Ситно исецкајте го празот и буковката, а доматот исецкајте го на коцкички.
Настрана динстајте го на вода лукот и црвената пиперка, па додадете ја варената и мелена пченица. Додадете босилек и дополнителни зачини по желба, па со подготвената смеса наполнете ги пиперките. Наредете ги во тавче за печење, покријте ги со фолија и печете 30-тина минути на 180 степени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети посни пиперки со компири >
Сосотојки:
4 големи пиперки
3 големи компира
масло
сол, црн пипер
чили пипер по желба
1 кромид
3 чешниња лук
Упатства:
Исечете ги пиперките на половина по должината и исчистете ги од семето. Изрендајте ги на ренде излупените компири и во сад измешајте ги со исеканите кромид, лук, сол, црн пипер. Потоа наполнете ги пиперките со смесата.
Покријте го садот за печење со алуминиумска фолија и печете до подготвеност на компирот. Отстранете ја фолијата и запечете до добивање на златна кора.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен мајонез >
Сосотојки:
- нишесте
- ладна вода
- сенф
- шеќер,сол, оцет
Упатства:
Нишестето растворете го во малку ладна вода.
Преостанатата вода загрејте ја, па кога ќе зоврие додадете го разреденото нишесте и на ниска температура сварете густ крем.
Изладената смеса ставете ја во соодветен сад и со постојано матење додавајте и ледена вода, шеќер, сол, сенф и оцет.
На крајот, матејќи, додајте ги маслото и сокот од лимон.
Ледената вода овозможуваме мајонезот побргу да се стегне.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Посен ролат "мачкини очи" >
Сосотојки:
250 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3 дл. бело вино
200 гр. брашно
1 лажичка сода бикарбона
Фил:
1 кесичка пудинг од ванила
5 лажици шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
сок и кора од 1 лимон
100 гр. чоколадо
4 банани
Упатства:
Измешајте ги мелените ореви, шеќерот, виното и брашното помешано со сода бикарбона. Тавата подмачкајте ја со масло и ставете ја смесата за тесто. печете во претходно загреана рерна на 200 степени.
Печеното тесто ставете го на платнена крпа и завиткајте го во форма на ролат. Оставете го да се излади.
Измешајте го пудингот со шеќерот во прав и сварете го со вода. Додадете го изматениот маргарин во пудингот.Потоа додадете ги мелените ореви и чоколадото стопено на пареа.
Се добро измешајте и рамноерно разнесете една половина од филот на веќе испечената кора.
Излупете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон. Наредете ги на средината на тестото во должина. Завиткајте го ролатот и одозгора премачкајте го со остатокот од филот. Украсете го ролатот со рендано чоколадо.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна гриз торта >
Сосотојки:
1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба
1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав
Упатства:
1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина.
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз.
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна Капри торта >
Сосотојки:
800 гр. посен кекс
1,5 литри сок од портокал
6 пудинзи од ванила
300 гр. посно чоколадо
4 лажици масло
250 гр. посен маргарин
500 гр. јаготки
250 гр. шеќер + 6 лажици
100 гр. шеќер во прав
посен шлаг
Упатства:
Во 1 литар сок од портокал ставете 6 лажици шеќер да зоврие, а потоа додадете 4 пудинзи, претходно соединети со 200 мл. сок. Сварете фил и оставете го да се излади. ИЗмиксирајте го маргаринот со шеќер во прав, а потоа додадете го во изладениот фил и добро измешајте.
Јагодите прелијте ги со 300 мл. вода, додадете 250 гр. шеќер и ставете да се готви околу 10 минути. Пред крај на готвењето испасирајте ги јагодите. 2 пудинзи соединете со 150 мл. ладна вода потоа додадете ги во сварените јагоди и направете фил, кој потоа ќе го измиксирате.
На чинија ставете го кексот (200 гр.), кој претходно сте го ставиле во сок од портокал. Премачкајте го со чоколадо. Над чоколадото ставете 1/3 од жолтиот фил, па 1/3 од филот од јагоди. Потоа ставете го натопениот кекс и по истиот редослед наредете три реда кекс и три реда фил. Одозгора ставете шлаг.
Најубаво е ако тортата преноќи во фрижидер.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна крем супа од печурки >
Сосотојки:
4 – 5 чешниња лук
5-6 сецкани печурки
рендан морков
зачини
3-4 лажици брашно
целер
Упатства:
Ситно сецканиот лук и ренданиот морков се пржат во тенџере, се додаваат сецканите печурки и се пржат додека не добијат боја. Се додаваат 3-4 лажици брашно и се пржи додека брашното не добие боја. Постепено се тура вода во тенџерето и се меша со жица за матење, за да не се добијат грутчиња. Се додава сецкан целер, сол и зачини. Се вари околу 30-тина минути.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна мусака со компири и ослич >
Сосотојки:
700 гр. компири
500 гр. ослч
1 главица кромид
масло
пченкарно брашно
вода
сол
зачини
Упатства:
Претходно одмрзнатите и исчистени филети од ослич исечете ги на коцки.
Компирот излупете го и исечете го на листови.
Обилно подмачкајте ја тавата со масло и наредете еден слој компири и посолете ги. Над компирите ставете ја исечканата риба и кромидот, посолете и ставете масло. Одозгора ставете ги останатите компири.
Четири лажици пченкарно брашно измешајте со вода за ја добиете смеса со густина како тесто за палачинки. Посолете ја смесата и прелијте ја мусаката.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути, додека не добие заруменета коричка.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна непечена торта >
Сосотојки:
300 гр. Мелени бисквити
300 гр. Кокосово брашно
250 гр. Маргарин
250 гр. Шеќер
400 мл. Вода
200 гр. Чоколадо
2 лажици масло
Упатства:
Водата и шеќерот да зовријат, се става маргаринот да се стопи. Се трга од оган и се ставаат кокосот и бисквитите. Се меша со лажица. Посебно напареа се топи чоколадото и маслото.
Половина од смесата се става во подмачкан плех, се става половина од чоколадото, па другата половина од смесата. Одозгора се полева со останатото чоколадо.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна ореова торта >
Сосотојки:
5 филџани млака вода
1 лажиче сода бикарбона
2 филџани филџани масло
1 ванила
5 филџани шеќер
4 филџани гриз
5 филџани мелени ореви
5 филџани брашно
2 лажици мармалад
1 лажиче какао
Упатства:
Се мешаат убаво сувите состојки, па се додаваат течните. Убаво се меша додека не се соедини да нема грутчиња Се печи во тавче бр.28, посипано со брашно, на 180 Ц, 30тина мин. По желба се посипува со шеќер во прав. Лесна, брза и вкусна. Напомена филџаните се за кафе од 100 мл.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна паштета од ореви >
Сосотојки:
4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ? лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус
Упатства:
Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита >
Сосотојки:
500 гр готови кори
За течен фил
200 мл топла вода
1 квасец
150 мл масло
1 лажичка сол
5-6 големи лажици брашно
Фил
соја трошки
печурки
кромид
бибер
сол
Упатства:
Состојките за фил се мешаат во длабок сад. Со него се премачкува цела кора, се става во неа фил од соја трошки, печурки, кромид, бибер и сол. Се витка посебно секоја кора како пирошка и се реди на подмачкана тава. Кога ќе се свиткаат сите кори, одозгора се прелева со течниот фил. Се пече на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот