37 - 48 рецепти од 71 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Посна пита од вишни >
Сосотојки:
тесто:
250 gr брашно
1 лажица сода бикарбона
175 gr маргарин, на собна температура
3-5 лажици вода
1-2 лажици шеќер (по желба)
фил:
300-500 gr замрзнати вишни без семки, одмрзнати и исцедени
3-5 лажици шеќер
Упатства:
Во сад се мешаат брашното и содата и шеќерот (ако ставате), се додава маргаринот и се меша прво со вилушка па со раце, и на крај се додава водата и се меси додека не се поврзе се во една смеса. тестото се остава на ладно околу пола саат, а потоа 2/3 од него се натапкуваат на дното и страните на округло тавче со пречник од 22 cm, или некое со слична големина, па се става филот, па останатото тесто. се пече во загреана рерна на 200°C околу пола саат.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита со кељ >
Сосотојки:
500 гр. готови кори
100 гр. кромид
150 гр. ориз
500 гр. кељ
100 мл. масло
сол
бибер
Упатства:
Обарете го кељот и исечете го на крупно. Кромидот испржете го, а оризот обарете го.
Зачинете и ставете першун.
Во подмачкан плех наизменично редете кори и фил и завршете со кори.
Исечете ја питата на коцки, премачкајте ја со масло и вода и печете околу половина час на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита со компири >
Сосотојки:
800 гр. готови кори
2 дл. масло
2 главици кромд
1,5 кгр. компири
2 дл. вода
сол
Упатства:
Излупете ги компирите и изрендајте ги. спржете го ситно сецканиот кромид во маслото и додадете ги ренданите компири. Ставете сол и бибер.
Подмачкајте го плехот со масло и вклучете ја рерната на 220 степени.
Земајте една по една кора, прскајте со масло, ставајте од филот со кромид и компири, виткајте ја во ролна и ставајте ја во плехот. Печете ја питата 10 минути за 220 степени, а потоа намалете на 200 степени и печете уште половина час. Врелата пита прелејте ја со мешавина од масло и врела вода. Вратете ја питата во рерна да ја впие течноста а потоа извадете ја и покријте ја со крпа.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пица од шпагети >
Сосотојки:
200 гр. посни шпагети
1 главица кромид
200 гр. шампињони
2 домати
сол
оригано
Упатства:
Сварете ги шпагетите во солена вода. Исцедете ги и ставете ги во подмачкан плех.
Ситно исецкајте го кромидот, доматите на кругови, а шампињоните на парчиња. Малку посолете, измешајте и ставете ги над шпагетите. Посолете го оригано и печете во загреана рерна.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна руска салата >
Сосотојки:
1кг ослиќ (сварен и исчистен од кожата и коските?)
400гр варен грашок?
400гр морков (варен и сецкан на коцки?)
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан како, ви е полесно?
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства:
Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна руска салата >
Сосотојки:
1кг ослиќ сварен и исчистен од кожата и коските?
400гр варен грашок?
400гр морков варен и сецкан на коцки?
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства:
Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата "Јадран" >
Сосотојки:
250 гр. интегрален ориз
2 кисели краставички
1 пиперка
3 големи конзерви туна
2 конзерви сардина
1 рака црни маслинки
1 филџан масло
5 домати
1 лажичка мајоран
1 лажичка мајчина душица
3 чешнина лук
сок од 2 лимони
1 лажица посен мајонез
зелен асалата
бибер
сол
Упатства:
Сварете ги интегралниот ориз во вода во која ќе додадете 1 лажиче сол и 1 лажица масло. Изцедете го и оставете го да се излади. Исечете ги краставичките на кругови, а пиперката и доматот на коцки. Туната и сардината исцедете ги од маслото, исечкајте ги и измешајте ги со другите состојки. сето измешајте го со оризот. Направете смеса за маринирање од масло, лук, сок од лимон и зачини и прелијте ја салатата со маринада. Сервирајте ја на листови зелена салата.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата со макарони >
Сосотојки:
300 гр. спирални макарони посни
1 праз
2 конзерви туна
300 гр. посен мајонез
Упатства:
Се варат макароните во солена вода, се цедат.
Се ставаат во сад со ситно сечениот праз, исцедената тун и мајонез.
Се меша, лади и служи.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата со туна >
Сосотојки:
200 гр. посни макарони
200 гр. посен мајонез
1 конзерва туна
1 парче млад лук
1 парче млад кромид
2 лажички сусам
малку лута пиперк
сол
бибер
оригано
Упатства:
Сварете ги макароните, исцедете ги и оставете ги на чинија да се изладат.
Исцедете ја туната. Сусамот средно испржете го на масло. Ситно исецкајте ги лукот и кромидот и лутото пиперче. Во изладените макарони ставете го мајонезот, сусамот, туната, лукот,кромидот, пиперката, ориганото, посолете по вкус и се добро измешајте.
Оставете ја салатата да се излади во фрижидер и служете ја ладна.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта со мармалад >
Сосотојки:
1 чаша шеќер
две чаши брашно
една чаша вода
половина чаша масло
1 лажичка сода
1 лажичка цимет
4 големи полни лажици мармалад
Упатства:
Сите состојки се мешаат со лажица и смесата се става во подмачкан плех. Се пече околу 30 минути на 200 Степени.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни бомбици со маслинки и сусам >
Сосотојки:
500 гр. компири
100 гр. растителен маргарин
100 гр. црни и зелени маслинки
100 гр. сусам
бибер
сол
Упатства:
Сварете ги компирите со лушпата, изладете ги, излупете ги и испасирајте ги заедно со маргаринот. Додадете и бибер и сол на смесата по сопствен вкус. Оставете ја смесата во фрижидер околу 5 часа.
Формирајте бомцици во чија средина ќе ставите маслинки на кои им е извадена коската. бомбиците валкајте ги во сусам средно пржен на масло.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни варени гевречиња >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
1 лажица сол
150 мл. масло
1 квасец
500 мл. вода
Упатства:
Во длабок ставаме 1 кг брашно,1 голема лажица сол,една мала лажичка шеќер,150 мл масло и 1 коцка квасец растопен во малку вода.Сето ова се замесува со 500 мл млака вода.Се остава да се одмори тестото 30 минути ии се прават мали топчиња.Топчињата се расукуваат со сукало ,се засекуваат на едниот крај и се виткаат.Секое ѓеврече се потопува во ладна вода , се валка во сусам и се реди во подмачкан плех .Одозгора се става по малку маргарин и се пече на 250 20-30 минути
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот