61 - 71 рецепти од 71 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 |
Посно рижото со печурки >
Сосотојки:
200-300гр Ориз
500гр Шампињони живи
200гр варен грашак
1-2 моркови варени
100гр ореви
Упатства:
Оризот се вари со малку сол или вегета по желба
На страна се пржат исечените шампињони со малку масло.
Од кога ке се свари како пилав оризот, се додава грашакот, печурките и сецкан на коцки морковот како и кршени или сецкани оревчиња..
Може и по желба друг зеленчук.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени буковки со кромид >
Сосотојки:
3 до 4 главици кромид
1 до 2 домати
400 грама печурки буковки
1 кафена лажица црвен пипер
бибер, сол, зејтин
малку вода (пола филџан за кафе)
Упатства:
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и ја ставаме на рингла да се пржи кромидот, го пржиме на тивок оган. Додека се пржи кромидот го миеме и го лупиме доматот и него го сецкаме на ситни парчиња и го ставаме во подлабок сад, исто така и печурките ги сецкаме на ситни парчиња и нив ги ставаме во подлабок сад. Кога е кромидот поруменет го додаваме доматот и повторно пржиме, исто така ги додаваме и печурките и нив ги пропржуваме. Кога сето е испржено ставаме црвен пипер, бибер и сол и го додаваме филџанот со вода. Оставаме на тивок оган сето тоа убаво да прокрчка и кога ќе биде смесата загустена ја вадиме тавата од оган и кромидот го ставаме во убав голем тањир. Го служиме топло.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Проја >
Сосотојки:
500 гр. жолто пченкарно брашно
3 филџани млака вода
1 филџан масло
сол
прашок за печиво
Упатства:
Измешајте ги сите состојки за да добиете рамномерна смеса. Намрсете ја тавата за печење. Печете во загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Ролат од компири и риба >
Сосотојки:
1 кгр. компири
100 гр. маргарин
200 гр. обарена и од коски исчистена риба
200 гр спанаќ
200 гр. моркови
1 лажичка маргарин кристал
сол
бибер
2 чешниња лук
Упатства:
Обарете ги компирите во солена вода, исцедете ги, додадете му маргарин и испасирајте ги.
Намачкајте со масло три парчиња проѕирна фолија и на нив исплескајте три еднакви кори од пире.
на првата ставете фил од иситнета риба и обарен спанаќ зачинет по вкус.
На другата кора ставете мешавина од риба и обарен морков, а на третата мешавина од риба, спанаќ и морков.
Секоја кора завиткајте ја во ролат и ставете ја во фрижидер добро да се стегне.
Исечете ги ролатите на парчиња и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со туна >
Сосотојки:
-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 конзерва туна,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
-2-3 мали краставички за украсување.
Упатства:
Исчистените пиперки исечете ги на половина, а потоа на лентички. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата, крупно исечете ја и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туната иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со краставички и маслинки. Се служи со потпечени лепчиња.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Салата со туна и зеленчук >
Сосотојки:
400 g компир
300 g грашок
250 g боранија
Зачини
2 конзерви туна
Упатства:
Сварете ги компирот, грашокот и боранијата, а за време на варењето додајте суви зачини и посолете по вкус.
Исцедете го зеленчукот, а компирот исечете го на парчиња по желба. Ставете ги во голем сад и додајте ја туната, па добро измешајте.
Сервирајте во чинија и украсете со магдонос или босилек.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тава со тиквица и модар домат >
Сосотојки:
• 1 тиквица
• 1 модар домат
• 2 чешниња лук
• 150 мл доматно пире
• маслиново масло
• сол и црн пипер
Упатства:
Во тава за пржење загрејте го маслиновото масло и ситно исецкајте го лукот. Откако малку ќе се пропржи, додадете го доматното пире (во мојот случај користев домашно) и зачинете со сол и црн пипер. Вака подготвеното доматно пире ставете го како основа во тавчето, но сочувајте неколку лажици за подоцна.
Тиквицата и модриот домат исецкајте ги на тенки кругови и наредете ги во тавчето. Додадете врз нив малку маслиново масло, сол и црн пипер.
Тавчето покријте го со фолија и печете 20 минути на температура од 220-250°Ц. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.
Откако ќе ја извадите тавата, додајте го остатокот од доматното пире врз тиквицата и модриот домат.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Тавче ориз и компир >
Сосотојки:
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол
Упатства:
Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Три посни ролати од една смеса >
Сосотојки:
Состојки за основна смеса:
1 - 2 килограми компири,
400 г посни крекери,
250 г посен мајонез,
сол,
3 чена лук
За фил за 1 ролат
50 г. спанаќ,
100 г посен мајонез,
сол по вкус
За Фил за 2 ролат
1 лажичка оригано (за тестото,
3 лажици кечап,
180 г. туна
За фил за 3 ролат
3 лажици ајвар (за тестото),
200 г варена пченка,
100 г мајонез
Упатства:
Подготовка: компирите излупете ги и сварете со лукот. Водата оставете ја бидејќи во неа веднаш можете да ја сварите пченката (5 минути), а кога и неа ќе ја извадите од водата додајте го спанаќот (5. минути). Лукот извадете го бидејќи ни послужил само за подобра арома. Врелите,и исцедени компири, испасирајте ги како за пире и оставете малку да се изладат, да станат млаки. Додајте ги мелените крекери, мајонез и сол и со рака убаво соединете. Се добива околу 1500 грама тесто така што за секој ролат ќе ви треба по 500 грама. Останатите состојки можат да бидат по ваш вкус. Еве некои комбинации:
Прв ролат
1 лажичка куркума (за тестото), 50 г. спанаќ, 100 г посен мајонез, сол по вкус. Тестото измесете го со куркумата. Помеѓу два слоја хартија за печење расукајте правоаголник па намачкајте со подготвениот спанаќ кој сте го иситниле и сте вмешале мајонез и малку сол. Завиткајте со помош на хартијата и оставете до наредениот ден.
Втор ролат
1 лажичка оригано (за тестото), 3 лажици кечап, 180 г. туна. Тестото измесете го со ориганото и како првиот ролат, помеѓу две хартии расукајте правоаголник. Измешајте ја туната со кечапот и намачкајте, па со помош на хартија завиткајте ролат. И’, него префрлете го во фрижидер да отстои еден ден.
Трет ролат
3 лажици ајвар (за тестото), 200 г варена пченка, 100 г мајонез. Тестото измесете го со ајварот и развлечете - како и претходните два ролати. Намачкајте со филот, завиткајте и префрлете во фрижидер. Ролатите исечете ги, сервирајте и послуѓете.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Шпагети со сос од соја >
Сосотојки:
500 г. шпагети
400 г. кромид
250 г. печурки
250 г. соја трошки
200 мл. домата или доматно пире
200 мл. бело вино
2 лажици зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
Бибер
Сол
Оригано
Масло
Упатства:
Во длабок сад се става 3 л. вода, малку сол и малку масло и, откако водата ќе зоврие, се додаваат шпагетите и се варат колку што е потребно (колку што пишува на кесичката). Кога ќе се сварат, шпагетите се мијат со студена вода и се цедат. Кромидот се сецка на ситно, а сојата се прелива со врела вода, се остава пет минути да отстои и потоа убаво се цеди од водата. Во друг сад се загрева маслото и се пропржува кромидот, се додаваат печурките и се пржат с? додека не испари водата, притоа се зачинува и забиберува, па се додава сојата и се пржи околу дваесетина минути. Откако убаво ќе се испржи, се додаваат доматата, белото вино и ориганото и се динста уште десетина минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Штрудла со јаболка >
Сосотојки:
1/2 кг готови кори
1 кг јаболка
4 л. лебни трошки
4 л. шеќер во прав
цимет
маргарин
Упатства:
Јаболката се лупат и се рендаат. Се редат две кори една врз друга а мегу нив се попрскува растопен маргарин. Врз втората кора на едниот крај се става дел од ренданите јаболка, се наросува лебни трошки и шеќер во прав и малку цимет. Се витка во ролат. Постапката се повторува додека се потрошат корите. На крај се попрскува со останатиот маргарин и се пече триесетина минути на 200 степени. Испечената штрудла се покрива со алуминиумска фолија за малку да омекне. Кога ќе се излади се попрскува со шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот