1 - 12 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 6 |
Посен мајонез >
Сосотојки:
- нишесте
- ладна вода
- сенф
- шеќер,сол, оцет
Упатства:
Нишестето растворете го во малку ладна вода.
Преостанатата вода загрејте ја, па кога ќе зоврие додадете го разреденото нишесте и на ниска температура сварете густ крем.
Изладената смеса ставете ја во соодветен сад и со постојано матење додавајте и ледена вода, шеќер, сол, сенф и оцет.
На крајот, матејќи, додајте ги маслото и сокот од лимон.
Ледената вода овозможуваме мајонезот побргу да се стегне.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Вариво од леќа >
Сосотојки:
250 гр. леќа
1 страк млад лук
1 главица кромид
малку корен од целер
лист од першун
1 компир
сос од домати
сол, бибер
Упатства:
Издинстајтего исечканиот лук, кромид, целер и компир. Во садот ставете вода , додадете ја леќата. Посолете, забиберете и додадете сос од домати по вкус. Варете на тивок оган околу 1 час (додека леќата и компирот не се сварат)
Пред крај додадете го исечканиот першун.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна ореова торта >
Сосотојки:
5 филџани млака вода
1 лажиче сода бикарбона
2 филџани филџани масло
1 ванила
5 филџани шеќер
4 филџани гриз
5 филџани мелени ореви
5 филџани брашно
2 лажици мармалад
1 лажиче какао
Упатства:
Се мешаат убаво сувите состојки, па се додаваат течните. Убаво се меша додека не се соедини да нема грутчиња Се печи во тавче бр.28, посипано со брашно, на 180 Ц, 30тина мин. По желба се посипува со шеќер во прав. Лесна, брза и вкусна. Напомена филџаните се за кафе од 100 мл.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна торта со мармалад >
Сосотојки:
1 чаша шеќер
две чаши брашно
една чаша вода
половина чаша масло
1 лажичка сода
1 лажичка цимет
4 големи полни лажици мармалад
Упатства:
Сите состојки се мешаат со лажица и смесата се става во подмачкан плех. Се пече околу 30 минути на 200 Степени.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита >
Сосотојки:
500 гр готови кори
За течен фил
200 мл топла вода
1 квасец
150 мл масло
1 лажичка сол
5-6 големи лажици брашно
Фил
соја трошки
печурки
кромид
бибер
сол
Упатства:
Состојките за фил се мешаат во длабок сад. Со него се премачкува цела кора, се става во неа фил од соја трошки, печурки, кромид, бибер и сол. Се витка посебно секоја кора како пирошка и се реди на подмачкана тава. Кога ќе се свиткаат сите кори, одозгора се прелева со течниот фил. Се пече на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна крем супа од печурки >
Сосотојки:
4 – 5 чешниња лук
5-6 сецкани печурки
рендан морков
зачини
3-4 лажици брашно
целер
Упатства:
Ситно сецканиот лук и ренданиот морков се пржат во тенџере, се додаваат сецканите печурки и се пржат додека не добијат боја. Се додаваат 3-4 лажици брашно и се пржи додека брашното не добие боја. Постепено се тура вода во тенџерето и се меша со жица за матење, за да не се добијат грутчиња. Се додава сецкан целер, сол и зачини. Се вари околу 30-тина минути.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна непечена торта >
Сосотојки:
300 гр. Мелени бисквити
300 гр. Кокосово брашно
250 гр. Маргарин
250 гр. Шеќер
400 мл. Вода
200 гр. Чоколадо
2 лажици масло
Упатства:
Водата и шеќерот да зовријат, се става маргаринот да се стопи. Се трга од оган и се ставаат кокосот и бисквитите. Се меша со лажица. Посебно напареа се топи чоколадото и маслото.
Половина од смесата се става во подмачкан плех, се става половина од чоколадото, па другата половина од смесата. Одозгора се полева со останатото чоколадо.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна паштета од ореви >
Сосотојки:
4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ? лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус
Упатства:
Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети печурки >
Сосотојки:
1. 10-тина големи печурки.
2. 100 грама лебни трошки
(Препечете 2 парчиња леб во рерна или на тост, потоа изронете ги со сукало)
3. 50 грама посен рендан кашкавал
4. 2 големи лажици сок од домати
5. 1 лажица маслиново масло
6. сол и црн пипер за вкус
Упатства:
Измијте ги добро печурките и отстранете им ги рачките. Ставете ги на сува крпа да се исушат.
Во друг сад измешајте ги останатите состојќи, додадете ги ситно исечкани рачките од печурките кои претходно ги отстранивте. Додадете сол и црн пипер по вкус.
Загрејте ја рерната на 190 C
Наполнете ги печурките со вака подготвената смеса. Ставете ги во подмачкан плех на оддалеченост од 2см.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тавче ориз и компир >
Сосотојки:
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол
Упатства:
Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Баклава со кикиритки a la Тања >
Сосотојки:
1 кг кори)
300 грама кикиритки (повеќето мелени, мал дел сецкани)
200 г. посни мелени бисквити
100 г рендано посно чоколадо за говење
1 лажица шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка цимет
1 маргарин (за преливање)
1200 г шеќер (за шербет)
1 лимон
Упатства:
Состојките се мешат во еднолична сува смеса. На секоја кора се става од смесата на едниот кај и се витка во ролат. Така се виткаат сите кори. Се редат во четвртаст плех. Се сече на долгнавести парчиња и се полева со растопениот маргарин. Се пече 40 минути на 200 степени. Кога ќе се олади се прелева со врел шербет приготвен од 1200 г шеќер и 1000 мл вода на кој му се додава неколку тркалца лимон.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пржени буковки со кромид >
Сосотојки:
3 до 4 главици кромид
1 до 2 домати
400 грама печурки буковки
1 кафена лажица црвен пипер
бибер, сол, зејтин
малку вода (пола филџан за кафе)
Упатства:
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и ја ставаме на рингла да се пржи кромидот, го пржиме на тивок оган. Додека се пржи кромидот го миеме и го лупиме доматот и него го сецкаме на ситни парчиња и го ставаме во подлабок сад, исто така и печурките ги сецкаме на ситни парчиња и нив ги ставаме во подлабок сад. Кога е кромидот поруменет го додаваме доматот и повторно пржиме, исто така ги додаваме и печурките и нив ги пропржуваме. Кога сето е испржено ставаме црвен пипер, бибер и сол и го додаваме филџанот со вода. Оставаме на тивок оган сето тоа убаво да прокрчка и кога ќе биде смесата загустена ја вадиме тавата од оган и кромидот го ставаме во убав голем тањир. Го служиме топло.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот