13 - 24 рецепти од 71 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 6 |
Ролат од компири и риба >
Сосотојки:
1 кгр. компири
100 гр. маргарин
200 гр. обарена и од коски исчистена риба
200 гр спанаќ
200 гр. моркови
1 лажичка маргарин кристал
сол
бибер
2 чешниња лук
Упатства:
Обарете ги компирите во солена вода, исцедете ги, додадете му маргарин и испасирајте ги.
Намачкајте со масло три парчиња проѕирна фолија и на нив исплескајте три еднакви кори од пире.
на првата ставете фил од иситнета риба и обарен спанаќ зачинет по вкус.
На другата кора ставете мешавина од риба и обарен морков, а на третата мешавина од риба, спанаќ и морков.
Секоја кора завиткајте ја во ролат и ставете ја во фрижидер добро да се стегне.
Исечете ги ролатите на парчиња и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна пита со компири >
Сосотојки:
800 гр. готови кори
2 дл. масло
2 главици кромд
1,5 кгр. компири
2 дл. вода
сол
Упатства:
Излупете ги компирите и изрендајте ги. спржете го ситно сецканиот кромид во маслото и додадете ги ренданите компири. Ставете сол и бибер.
Подмачкајте го плехот со масло и вклучете ја рерната на 220 степени.
Земајте една по една кора, прскајте со масло, ставајте од филот со кромид и компири, виткајте ја во ролна и ставајте ја во плехот. Печете ја питата 10 минути за 220 степени, а потоа намалете на 200 степени и печете уште половина час. Врелата пита прелејте ја со мешавина од масло и врела вода. Вратете ја питата во рерна да ја впие течноста а потоа извадете ја и покријте ја со крпа.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна руска салата >
Сосотојки:
1кг ослиќ сварен и исчистен од кожата и коските?
400гр варен грашок?
400гр морков варен и сецкан на коцки?
400гр кисели краставички сецкани?
400гр компир варен, сецкан или рендан
Сушен зачин
Посен мајонез?
Упатства:
Сите горнаведени состојки измешајте ги и салатата е готова!
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посна салата со туна >
Сосотојки:
200 гр. посни макарони
200 гр. посен мајонез
1 конзерва туна
1 парче млад лук
1 парче млад кромид
2 лажички сусам
малку лута пиперк
сол
бибер
оригано
Упатства:
Сварете ги макароните, исцедете ги и оставете ги на чинија да се изладат.
Исцедете ја туната. Сусамот средно испржете го на масло. Ситно исецкајте ги лукот и кромидот и лутото пиперче. Во изладените макарони ставете го мајонезот, сусамот, туната, лукот,кромидот, пиперката, ориганото, посолете по вкус и се добро измешајте.
Оставете ја салатата да се излади во фрижидер и служете ја ладна.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Проја >
Сосотојки:
500 гр. жолто пченкарно брашно
3 филџани млака вода
1 филџан масло
сол
прашок за печиво
Упатства:
Измешајте ги сите состојки за да добиете рамномерна смеса. Намрсете ја тавата за печење. Печете во загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни варени гевречиња >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
1 лажица сол
150 мл. масло
1 квасец
500 мл. вода
Упатства:
Во длабок ставаме 1 кг брашно,1 голема лажица сол,една мала лажичка шеќер,150 мл масло и 1 коцка квасец растопен во малку вода.Сето ова се замесува со 500 мл млака вода.Се остава да се одмори тестото 30 минути ии се прават мали топчиња.Топчињата се расукуваат со сукало ,се засекуваат на едниот крај и се виткаат.Секое ѓеврече се потопува во ладна вода , се валка во сусам и се реди во подмачкан плех .Одозгора се става по малку маргарин и се пече на 250 20-30 минути
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни полнети суви пиперки >
Сосотојки:
малку Црн бибер
50 грама Целер
малку Сол
50 грама Праз
10 Пиперки
200 грама Ориз
100 грама Моркови
50 милилитри Масло
малку Магдонос
3 чешниња Лук
1 ливче Ловоров лист
2 главица Кромид
Упатства:
Сувите пиперки, попарете ги во врела вода, пa oставете ги саат-два да отстојат, за убаво да се натопат. Оризот измијте го и оставете го да отстои во малку вода.На малку масло, пропржете ги кромидот, лукот, празот и ловоровиот лист, па
додадете го целерот и морковот, зачинете со сол, бибер и магдонос, па убаво измешајте.Кога сето тоа убаво ќе го сварите, додадете го оризот и благо прелијте со вода, намалете ја температурата и оставете да се вари половина час.Потоа, тргнете од оганот и оставете да се олади.Потоа, еден подлабок сад премачкајте го со масло. Пиперките убаво исцедете ги од водата во која што стоеја, па полнeте ги со смесата и редете ги во садот. Подготвените полнети пиперки налејте ги со 200 гр. вода и печете ги во рерна на 200 степени.
Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од рерната, оставете малку да се изладат, па послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посни слатки "тупаници" >
Сосотојки:
- 3 филџани вода
- 5 филџани масло
- 1 пециво
- сок од половина лимон
- 5 чаши брашно
- шеќер во прав
- 1 ванила
- мармалад или ореви
Упатства:
Водата се става на оган. Откако ќе зоврие се додава маслото, пецивото и сокот од лимон. Се додава брашното и се меша со дрвена лажица.
Тестото се меша убаво додека не стане глатко. Се остава малку да се излади и од него се прават околу 30 топчиња. Секое топче сеплеска на рака со раширени прсти (треба да излезе малку тесто низ прстите). Насредина се става мармалад или сецкани ореви и се затвора со рака Малку се стегнува како тупаница и се превртува во плехот. Слатките се печат околу 20 минути на 250 степени. Топли се брбелаат во шеќер во прав.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
>
Сосотојки:
250 гр маргарин
150 гр шеќер
400 гр брашно
100 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
1 лимон
џем од кајсии
Упатства:
Се мати маргаринот пенасто со шеќерот, се додава брашното, изрендана кора од 1 лимон и сокот од лимонот и се замесува тесто.( тестото да не биде многу тврдо, но не и многу меко за да не се ронат ванилиците)
Се расукува тестото во кора со дебелина од 1 прст и се вадат ванилиците со чашка од ракија или модла.
Се редат во плех на хартија за печење и се печат на тивко (180Ц) во предходно загреана рерна околу 20 минути. (да останат светли, да не се препечат). Изладените колачиња се мачкаат со џем од кајсии и се спојуваат. Се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Посно овошно дуо >
Сосотојки:
6 лажици гриз
3 чаши вода
2-3 лажици шеќер
2 рендани јаболка
200 гр. посни бисквити
1 банана
Упатства:
Гризот се вари во однос 3 чаши вода И 6 лажици гриз, 2-3 лажици шеќер.Кога ке се свари се додават рендани јаболка. 200гр. кекси се мелат или бледираат со 1 банана. За да биде кремаста смесата се додава вода по потреба.
Во чаша за сервирање се става смесата од гризот,потоа смесата од кекси.Одозгора се ренда чоколадо за готвење и сецкано овошје по желба,во рецептов се вишни.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Неодоливи посни макарони >
Сосотојки:
500 гр макарони
300 гр печурки
150 гр маслинки
свеж босилек
200 гр брокула
маргарин
кечап
кари
сол
Упатства:
Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.
Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.
Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари сос и друго по желба.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Вегански рецепт: Чоколаден пудинг од просо >
Сосотојки:
1 шолја за кафе органско просо
2 средно големи банани
1 средно голем портокал
Засладувач по желба (кафеав шеќер, рогач..)
2 мали лажички какао
Цимет
Упатства:
Подготовка
Просото се вари на тивок оган околу 10-15 минути, откако ќе свари се става во блендер заедно со сите намирници. Се сервира изладено во мали чаши, наросено со кокосови снегулки или со мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот