25 - 36 рецепти од 60 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
Џем од сливи печен во рерна >
Сосотојки:
Количина по желба
Упатства:
Измијте ги зрелите сливи, извадете им ги коските и наредете ги зависно од количината на сливите во помал или поголем сад.
Вклучете ја рерната на 250 степени и печете околу 20 минути, а потоа намалете на 150 степени. Продолжете ја печете, со повремено мешање, додека џемот не почне да се згуснува, бидејќи при ладење повторно ќе се згусне.
Врелиот џем ставете го во добро измиени и топли тегли, затѕворете ги со оригиналните капачиња и завиткајте ги во ќебе за постепено да се изладат.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Мантии >
Сосотојки:
1 кгр. брашно
2 лажички сол
550 мл. млака вода
Фил:
2 главици кромид
1/2 мелено месо
бибер
сол
200 гр. путер
1 чаша масло
Упатства:
Замесете средно тврдо тесто од брашно, сол и млака вода. Тестото поделете го на 4 дела. Од секој дел направете мазни топчиња. Оставете го тестото да се одмори околу 30 минути во зависност од квалитетот на брашното. Тестото покријте го со крпа.
Од секое топче исучете кора, додека убаво не се истанчи и притоа прскајте ја со масло.Потоа преклопете ја на сите 4 страни да добиете коцка. Преклопете ја прво едната страна, па другата страна и повторно попрскајте со масло. Повторете го истото со третата и четвртата страна.
Добиената коцка исечете ја на ленти, а секоја лента на коцки. На секоја коцка ставете фил. Потоа повлечете го секое ќоше и преклопете го со фил. Така се добива мантија. Повторете ја постапката со останатото тесто.
Наредете ги мантиите во тепсија. Добро преачкајте ги со растопен путер и печете ги на 250 C додека ќе се зацрвенат.
Фил: Испржете две големи главици кромид на малку масло, па додадете половина килограм мелено месо. Додадете сол и бибер, па потоа се убаво измешајте
Доколку сакате да ја дознаете постапката на правење мантии преку слики, испратете mail на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Ачма >
Сосотојки:
една и пол шолја топло млеко
еден свеж квасец
половина шолја топла вода
половина шолја шеќер
една шолја масло
едно јајце (одделно жолчка и белка)
лажиче сол
4-6 шолји брашно
ким, сусам или крупна сол
Упатства:
Водата се става во длабок сад за месење, се додава шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се кисне квасецот, а потоа се додава млекото, белката од јајце, маслото (околу две третини од шолјата), солта и се меша повторно со дрвена лажица. Се додава брашно за да се замеси малку лепливо но компактно тесто. Се остава да кисне. Со преостанатото масло се мачкаат рацете и се кинат парчиња од тестото од кои се формираат гевречиња (ачми). Се редат во плех на хартија за печење. Со жолчката од јајцето измешана со лажица масло се премачкуваат ачмите и се посипуваат со сусам, ким или крупна сол. Може и да се додаде сирење или маслинки во тестото кога се формираат гевречињата. Се печат во загреана рерна на 200 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Еџе - арапски вегетаријански плескавици >
Сосотојки:
10-15 млади кромитчиња сосе зелениот дел
3 јајца
половина китка магдонос
три големи лажици брашно
една лажица масло за говење
по желба се додава и ситно сечкан копар и рузмарин, а може и малку сечкано лукче.
Упатства:
Кромидот се сечка поситно, се додаваат трите јајца, брашното, магдоносот и маслото за готвење, копарот, рузмаринот и лукчето. Смесата убаво се замешува, а по потреба се додава уште малку брашно. Во тава се загрева масло за готвење, па откако ќе се загрее убаво со лажица се става малку од смесата и ептен малку се стиска озгора за да се формира плескавица. Се пржи по 1-2 минути од двете страни и се служи со павлака или сирење.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Велигденска плетенка >
Сосотојки:
500 г. Брашно
100 г. Шеќер
приближно 2,4 дл. Млеко
1 јајце
100 г. Суво грозје
50 г.кандирана кора од портокал
50 г. Квасец
1 ванилин шеќер
малку сол
малку путер за печење и премачкување
Упатства:
Предподготовка
Брашното го ставаме во поголем сад. Во средината правиме дупка, во која ставаме квасец. Истураме млако млеко, додаваме малку шеќер, сето заедно добро го замесуваме. Го покриваме со крпа и го поставуваме на топло место да се крене.
Сувото грозје го миеме со топла вода и добро го цедиме. Кандираната кора од портокал ситно ја сецкаме. Земаме округло тавче и го премачкуваме со путер.
Подготовка
Го топиме путерот и го оставаме малку да се излади. Го истураме во смесата. Го додаваме остатокот од шеќерот, ванилиниот шеќер и солта, потоа го месиме тестото. Додаваме суво грозје и сецкана кандирана кора од портокал. Се заедно повторно месиме додека не се изедначи смесата и не се одвојува лесно од садот за месење. Го покриваме со крпа и повторно го оставаме на топло место околу 30 минути за да нарасне.
Тестото го ставаме на површина на која претходно сме наросиле брашно. Го делиме на два дела, од кои формираме две ролни, дебели околу пет сантиметри (тестото, може да го поделиме и на 3 дела за формирање на 3 ролни). Од нив правиме плетенка и ја сместуваме во подмачкана тава. Двата краја на плетенката ги спојуваме, за да добиеме форма на венец. Во делови на плетенката каде може да се направат мали отвори вметнуваме парчиња на лушпи од јајце. Ја покриваме плетенката и оставаме 15 минути да порасне
Надојдената плетенка, ја премачкуваме со стопен путер (или јајце) и ја ставаме во загреана рерна до 200 ° C да се пече околу 45 минути.
Сервирање
Печената плетенка ја вадиме од рерна и ја поставуваме на тркалезна чинија за сервирање. Ја оставаме да се излади, потоа празните луши од јајце ги заменување со бојадисани Велигденски јајца. Печената плетенка може да се сервира млака или ладна. Велигденската плетенка е вкусна и воедно ја разубавува секоја празнична трпеза.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовна торта >
Сосотојки:
За тесто:
- 10 гускини јајца
- 2 лажици сол
- 18 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 лажици сенф
- 2 чаши варова вода
За фил:
- 100 грама шампињони
- 1 главица кромид
- 1 страк праз
- 3 лажици мармалад
- пудинг од ванила
- 150 грама непечени кикиритки
- 1 лажица сало
Упатства:
Се матат јајцата со солта, им се додава брашното, содата, варовата вода и сенфот. Се пече на температура од 100 C.
Ситно се сецкаат празот и кромидот, им се додаваат сецканите шампињони и непечените кикиритки. Се пржат околу 2 часа на силен оган.
Се вари пудинг во 1 литар млеко и се додава сол.
Се соединуваат двата делови од филот.
Тортата се украсува со маслинки и кисели краставички.
Со овој вкусен десерт Ви предлагаме да се напиете 1 чаша јаболков оцет.
АПРИЛИЛИЛИИИИИИИ. Среќен ден на шегата! :)
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети печурки >
Сосотојки:
500 грама свежи шампињони
250 грама свински врат или сланина
200 грама кашкавал
200 грама бело кравјо сирење
соја сос
масло, сол
Упатства:
1.Печурките се чистат со влажна крпа и им се вадат дршките.
2. Сланината и сирењето се сечкаат на многу ситни коцки а кашкавалот на малку поголеми. Сирењето може и да се згмечи со виљушка.
3.Во отворот од печурките прво ставаме малку сол, па ги полниме со сланина и сирење. Одозгора им ставаме по едно кашкавалче.
4.Се ставаат по плех намачкан со масло и се печат во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.
5.Дршките од печурките ситно ги сечкаме и ги пржиме со остатокот од сирењето и сланината.Им додаваме едно лажиче соја сос.
Ова се служи како прилог со печурките.
Многу едноставен и вкусен рецепт.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Плескавици од грав >
Сосотојки:
50 грама Презла
4 лажица/ци Масло
100 грама Маслинки
60 грама Мајонез
1 чешниња Лук
80 грама Кашкавал
250 грама Грав
200 грама Брашно
2 Јајца/це
малку Сол
Упатства:
Сварете го гравот убаво, или доколку е од конзерва исцедете го од течноста.
Измешајте јајце во посебен сад.
Испасирајте го убаво да се добие смеса како пире.
Измешајте го со кашкавалот, додете малку сол, 1 јајце и ситно исечкан лук.
Смесата убаво промешајте ја, измесете ја со рацете ако е неопходно и направете плескавици.
Извалајте ги во брашно а потоа веднаш и во изматеното јајце и на крај во презлата. Повторете ја постапката за секое од плескавиците.
Во една тава поставете масна хартија (огноотпорна), поставете ги ќофтињата и полијте ги малку со масло.
Печете ги на 200 степени околу 10-тина минути.
Сецканите маслинки промешајте ги со мајонезот.
По желба полијте ги ќофтињата со смесата од мајонез и маслинки или сервирајте ги одвоено.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Имунитет салата >
Сосотојки:
- 1 кгр. цвекло
- 1 кгр. моркови
- 1 кгр. целер
- 1 кгр. јаболка
- 1 кгр. лимони
- 1 кгр. мед
Упатства:
Цвеклото, морковот и целерот се лупат. Јаболката се користат со лушпа, претходно добро измиени. Лимонот се чува во сода бикарбона и исто така се користи со лушпа. Сите производи се мелат во машина за месо, или во соковник. Смесата се прелива со мед, добро се меша и се става во тегли, или во пластични садови.
Бидејќи се добива голема количина добро е да се замрзне, за да не се расипе.
Секое утро се јадат по две супени лажици. Се подобрува крвната слика, проверено.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Сочни компири >
Сосотојки:
- 1 кгр. компири
- 2 моркови исечкани на кругови
- 2 чешниња лук
- 100 гр. домати
- масло
- вегета
- црвена пиперка
- 1 лажица пире од домати
- 250 мл. врела вода
- 300 гр. грашок
- 150 мл. млеко
За одозгора:
- сирење по желба
Упатства:
Во поголемо тенџере загрејте го маслото и испржете го лукот заедно со морковот и доматите. Додајте ги компирите, пирето од домати и зачинете со вегера. Мешајте додека малку се испржи и додадете врела вода. Нека врие околу 15 минути.
Додадете го грашокот па повторно измешајте, додадете го млекото и посолете по желба.
Смесата ставете ја во тава, прекријте ја со фолија и печете во загреана рерна. По 20 минити извадете ја фолијата и ставете рендано сирење.
Печете додека компирите не добијат златно жолта боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица за заљубени >
Сосотојки:
- замрзнато лиснато тесто
- 300 гр. чери домати
- 2 лажички масло
- 1 чешне лук
- 1/2 лаж. сол
- 1 лаж. исецкан магдонос
- 150 грама моцарела
- 1 лаж. ливчиња босилек
Упатства:
Исукајте го тестото во големина од тепсија а потоа исечете го во форма на срце.
На тестото ставете ги исечените домати и ставете го да се печи во релна претходно загреана на 210 C. За тоа време измешајте го маслото со толчениот лук, солта и магданосот.
Исечете парчиња моцарела.
Кога ќе ја извадите пицата од рерна, веднаш прелијте ја со подготвеното масло и одозгора ставете ја моцарелата. По желба ставете шунка и печурки. Вратете ја во рерната и печете уште 10 минути.
Добар апетит вљубени!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Шницли од печурки >
Сосотојки:
200 гр свежи шампињони
4 јајца
2 лажици масло за јадење
сол, бибер, вегета (по желба)
3 парчиња бајат леб
лебни трошки
Упатства:
Измијте ги печурките и исушете ги на кујнска крпа, а потоа исечкајте ги на покрупни парчиња. Во тенџере на оган загрејте го маслото и пропржете ги печурките набрзина. Потоа, во тавче испржете кајгана од три јајца. Во меѓувреме, трите парчиња леб потопете ги во млеко. Потоа, настрана, во еден подлабок сад измешајте ги кајганата и печурките и додајте го лебот на крај. Додајте ги зачините и едното јајце и измешајте убаво, а потоа формирајте шницли со раце. Ставете ги во лебните трошки и пржете во многу врело масло. Послужете ги со убава салата или јогурт.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот