37 - 48 рецепти од 60 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 |
Пржени тркалца од кромид >
Сосотојки:
1 1/4 сенаменско брашно
1 лажиче пециво
1 лажиче сол
1 јајце
1 шолја млеко
2 главици кромид, исечени на кругови
лебни трошки
1 шолја корнфлекс (по желба)
масло за пржење
Упатства:
Во тенџере за пржење ставете поголемо количество масло да се загрее на средна температура. Во мал сад настрана, измешајте ги брашното, солта и пецивото. Во друг сад настрана помешајте ги јајцето и млекото и смесата претурете ја во брашното. Во просецор измешајте ги лебните трошки и корнфлексот. Тркалцата од кромид натопете ги прво подготвената смеса од брашно и јајцатa, а потоа обложете ги во смесата од лебни трошки и корнфлекс. Пржете ги на многу добро загреано масло додека не поруменат од двете страни.
Многу е важно тенџерето во кое ќе ги пржите тркалцата да не го натрупате со многу тркалца кромид, туку ставете онолку колку што собира тенџерето. Ако ставите многу тркалца кромид, температурата на маслото ќе опадне.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Качамак >
Сосотојки:
3 грста пченкарно брашно
2 лажици масло
jorypт
сол
Упатства:
Зовријте вода во длабок сад oд два литра, пoсолете ја и дoдајте 1-2 лажици маслo. Сo дршка oд лажица измерете кoлку вода имате, па според тoа ставете толку грста пченкарно брашно. Кoга ќе зoврие водата, внимателнo ставете гo брашнотo врз водата и на крај со дршка од дрвена лажица направете дупки на две-три места. Оставете го бакарданот да врие подолго време на тивок oган. Кoга вoдата ќе изврие наполу, иставете гo бакарданoт од oгнот, измешајте го добрo со дрвена лажица и пoпарете го со врелo масло. Извадете гo во чинија и посипете го со oвчо сирење.
Служете го со јoryрт.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Калцоне (затворена пица) >
Сосотојки:
(за тесто):
900 гр брашно
30 гр квасец
2 шолји вода
30 гр сол
1 лажичка шеќер
(за фил):
1/2 шолја маслиново масло
3 калапи моцарела (или друго сирење)
500 мл доматен сос
500 гр шунка
Упатства:
Ставете го квасецот во топла вода и оставете го да стаса. Во сад ставете го брашното и додавајте ги водата, солта и шеќерот. Од смесата направете тесто. Тестото поделете го на 6 топчиња и секое топче месете го додека не биде еластично и меко. Оставете тестото да нарасне 1 час.
Секое топче развлечете го со сукало и направете го во тркалезен облик.
На тестото, во средината ставете малку доматен сос. Врз доматниот сос, ставете неколку парчиња моцарела и врз неа, ставете неколку парчиња шунка. Целиот фил треба да го редите во средината на тестото за пица.
Потоа, горниот дел од пицата преклопете го во вид на полумесечина и со прсти убаво прицврстете ги двата краеви за да не падне филот при печењето. Ако сте вешти, може да го направите како краевите од зелник.
На крај, ставете малку доматен сос врз пицата. Готовите пици печете ги 250 целзиусови степени додека тестото не добие златно-кафена боја.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Сендвич со цвекло, печурки и спанаќ >
Сосотојки:
2 кришки леб
120 гр сирење
2 лажици путер
2 лажици обарен спанаќ
2 лажици свежи печурки, пржени
2 лажици цвекло од тегла
Упатства:
Спанаќот обарете го во врела и солена вода, додека да омекне. Печурките исечкајте ги и на малку путер испржете ги со зачини. Цвеклото исечкајте го на помали коцки и ставете го во сирењето. Преклопете го сендвичот со другото парче леб. Во тавче за пржење ставете малку путер на ниска температура да се растопи. На растопениот путер ставете го сендвичот да се запече убаво од двете страни. Треба да биде со нежна златна боја, не препржен или препечен. Пред сервирање, исечете го на четвртинки и така топол сервирајте го.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Јуфки >
Сосотојки:
5 кrр. брашно
30 јајца
1 литар млеко
сол
Упатства:
Ставете го на даска за месење брашното, направете вдлабнатина, ставете малку сол, искршете ги јајцата и замесете тесто додавајќи по малку млеко да биде како за секоја пита. Измесете го убаво, зашто од тоа зависи како ќе се сукаат јуфките. Покријте го тестото со влажна салветка да не се суши. Оставете го да се oдмори 1 час. Потоа кинете кравајчиња и сукајте ги колку штo може потенко. Корите треба да се сушат на чисти чаршави на провев. Од кога ќе почнат корите да пукаат сами,соберете ги во платнена вреќа и оставете ги на суво место до зима.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Зимска мешана салата >
Сосотојки:
2 кг. краставички (корнишони)
2 кг. морков
2 кг. карфоил
2 кг. зелка
2 кг. зелени домати
2 кг. црвени пиперки (капија)
За пресол:
250 гр. бел оцет
1 л. вода
1 л. зејтин
400 гр. едра сол
1 кг. шеќер
Бибер во зрна
Упатства:
Краставичките, морковот, пиперките и доматите се сечкаат на тенки кругови, зелката ситно се ренда, а карфиолот се одвојува на ситни парчиња. Овие состојки се редат во подлабок сад по редослед: моркови, домати, карфиол, зелка, краставички и пиперки.
Пресол: оцетот, водата, зејтинот, шеќерот и јадрата сол се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зоврие смесата со неа веднаш се попаруваат претходно наредените состојки за зимница. Попарената зимница се остава да отстои 24 часа, а потоа се ставаат 2 пакетчиња бибер во зрна и целата смеса убаво се промешува. Се собира во стаклени тегли кои треба да бидат убаво затворени.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Компот од праски >
Сосотојки:
5 кгр. праски
шеќер
вoдa
Упатства:
Праските треба да се есенски бидејќи коската убаво се одвојува од плодот. Измијте ги праските, излупете ги и расечете ги на резанки. Земете тегли од 1 кгр. измијте ги добро и редете ги праските во нив. Преку праските ставете 4 лажици шеќер, налејте ги со вода и затворете ги со капаци. Секоја тегла завиткајте ја во подебел слој весници и ставете ја во поголем сад каде на дното сте ставиле весници. Наполнете го садот со вода, ставете го на оган и од како ќе почне да врие варете го 20 минути. Утредента вадете ги и оставете ги кај останатата эимница.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Феферони >
Сосотојки:
1 кгр. фиферонки
1/2 кгр. моркови
1 китка магданос
1 главица лук
масло
оцет
Упатства:
Засечете ги дршките и врвчињата на фиферонките, кој се предходно измиени. Запечете ги на огин сосема малку и вадете ги, и ставајте ти веднаш во длабок сад каде сте сипале оцет, провалкајте ги и веднаш вадете ги во друг сад. Морковите сварете ги и исечете ги на тркала. Магданосот и лукот исечкајте ги. По желба редете ти фиферонките во мали или големи тегли. Ставете прво фиферонки потоа моркови, магданос и лук и тоа повторете го додека не се потроши се. Одозгора во секоја тегла ставете по 1 филџан масло, а налејте ја секоја тегла со разблажен оцет во кој ќе ставите сол по вкус. Заврзете ги убаво теглите и оставете ги каде што стои другата зимница.
Време потребно за подготовка: 180 минути
<< Сокриј го рецептот
Лутеница >
Сосотојки:
7 кгр. црвени пиперки
5 кгр. домати
500 гр. масло
400 гр. оцет
250 гр. шеќер
1 рака сол
2 главици лук
100 гр. фиферони
1 китка магданос
Упатства:
Измијте ги пиперките, извадете го семето и испечете ги. Излупети ги и ставете ги да се цедат. Доматите попарете ги со врела вода и излупете ги, а потоа изрендајде ги во поголем сад. Веднаш ставете го маслото, шеќерот, оцетот, солта и ставете го садот на оган да се вари. Од како ќе почне да врие треба 1,1/2 час да се вари. После тоа додајте ги пиперките кои во меryвреме сте ги исцепкале по должина. Пржете го сето тоа уште 1/2 час. На крај ставете дел од фиферонките сечкани а еден дел цели, магданос, и лукот кој е сечкан по должина. Со ова треба да се пржи уште 10 минути. Врела лутеница се става во толли тегли, се затвора добро се виткаат теглите и се остава да стојат 24 часа а потоа се редат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот
Кечап >
Сосотојки:
5 кгр. домати
125 гp. винска киселина
125 гр. масло
125 гр. шекер
4-5 гранчиња керевис
1 главица лук
1/2 кесички црн пипер
4 дафинови листа
сол по вкус
Упатства:
Доматите измијте ги и сомелете ги на машина. Варете ги 1 час, а потоа додадете ги oцетот, маслото, шекерот, сецканиот керевис, сецканиот лук, црниот пипер, дафиновиот лист и посолете, а потоа варете гo кечапот уште 2 часа. Сипете го во тoлли тетли или шишиња, завиткајте ги во топло и оставете ги до утредента да се оладат кога ќе ги ставите кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 360 минути
<< Сокриј го рецептот
Туршија >
Сосотојки:
Пиперчиња врвоинки (последниот род)
Зелени домати
карфиол
моркови
Упатства:
Пиперчињата и доматите ќе се засечат по малку, а карфиолоот ќе се дели на цветови. Морковите да се исчистат, а пoтоа се добро да се измие и да се редат во тегли наизменично од сите наведени зеленчуци. Солилoто се прави на следниот начин:
10 литри вода
20 гр. винобран
10 гр. натриум бензоикум
250 тр. ексенција
400 тр. сол
Сите овие продукти ќе се измешаат и ќе се налијат наредените тегли. Доколку недостасува од течнoста се прави сразмерна мерка од истите состави. Се поврзуваат теглите и се оставаат кај останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот
Бабури со Лук >
Сосотојки:
5 кгр. бабури
125 гр. оцет од разблажена ексенција
125 гр. масло
2 китки магданос
6-7 гранчиња керевис
2-3 главици корен од керевис
2 главици лук мелен
Упатства:
Ставете ги бабурите да се варат во врела вода 3 минути. Извадете ги од водата, па потоа извадете ги дршките и семето и оставете ги на сито да се исцедат. Во поголем сад ставете го оцетот, маслото, ситно исецканиот магданос и ситно исецкани гранчиња керевис, лукот и коренот од керевис. Сето ова убаво измешајте го и редете го во тегла на следниот начин: ред бабури, ред од филот и тоа сипајте го со лажица за да биде секоја бабура добро залеана. Завржете ги теглите со пергамент хартија и ставете ги со останатата зимница.
Време потребно за подготовка: 240 минути
<< Сокриј го рецептот